
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека во последното деноноќие имало 24 пожари на отворено, како и дека 13 од нив се сè уште активни, а се гасат и од земја и од воздух со сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји. Оттаму посочија дека активен е пожарот во неготинското село Калањево каде што гориниско стеблеста шума и грмушки. Претседателката Гордана Силјановска – Давкова, како што информираат ...
Не може да се зборува за примена на Вештачката интелигенција, подобрување на транспарентноста или откривање на случаи на корупција доколку над 90% од институциите податоците ги чуваат на хартија или ги разменуваат на традиционален начин, a не се дигитално поврзани, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој кажа дека во следниот период приоритет ќе биде конечно да профункционира платформата која овозможува електронска ...
Листите на чекање за операции се зголемуваат, а хирурзите во скопскиот клинички центар и натаму оперираат со помош на надворешни компресори, кои требаше да бидат привремено решение. Откако пропадна тендерот за изградба на нова компресорска станица, од Службата за општи и заеднички работи велат дека чекаат насоки од Министерството за здравство и Владата за како да ја продолжат постапката. Три фирми го посетиле клиничкиот центар, но ниту една не ...
Состојбата со пожарот на планината Огражден станува алармантна. И покрај неколкудневните интервенции и од земја и од воздух пламените јазици продолжуваат да ја голтат шумата. За сериозноста на пожарот сведочи изјавата на градоначалникот на Ново Село кој преку социјалните мрежи информираше дека тој заедно со пожарникарите, ловџии и неколку жители од околните села извесен период останаа опколени од огнената стихија во радиус од околу 500 метри. ...
Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. На прес-конференција во Владата таа информира дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани ...
Романските авиони „Спартан“ и „Херкул“, кои како дел од меѓународната помош се испратени во Македонија, слетаа на скопскиот аеродром. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека авионите наскоро ќе се вклучат во гаснењето на пожарите кои се активни во земјава. Романскиот „Спартан“ ќе гасне пожари со таканаречени водни бомби од пет тони. „Херкул“ ќе биде негова логистичка поддршка. Од ЦУК утрово информираа дека во последното деноноќие ...
Од ЦУК утрово информираат дека во последното деноноќие имало вкупно 38 пожари на отворено од кои активни се 18. По одржаниот утрински брифинг, пилотите ги кренаа воздухопловите и се упатија кон пожарите кои беснеат во Македонија, за нивно гаснење. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утринава информира дека кон пожарот на планината Серта во неготинскиот дел се испратени четири хеликоптери, два армиски, еден хеликоптер ...
Во Велес и Демир Капија била измерена највисоката температура на територијата на Македонија од 42 степени целзиусови. Портокаловото ниво за опасност од високи температури останува активно до крајот на работната седмица. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, 41 степен денеска биле измерени во Кавадарци, Виница, Гевгелија, 40 Струмица, 39 Штип, 38 Битола, Скопје-Зајчев Рид, 37 Тетово, 36 Берово, Крива Паланка, Прилеп, 34 ...
Претседателот на Владатa, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Централниот дневник на ТВ Сител вели дека владината седница за ребаланс на Буџетот се уште не е завршена, укажувајќи дека состојбите кои се наследени се алармантни и катастрофални, но потенцираше дека ќе има истрага како и што е трошено. „Има една катастрофална алармантна состојба која што ја оставиле, направиле Буџет за 6 месеци, како да кога го правеле Буџетот знаеле ...
Претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили Гордана Силјановска-Давкова попладнево била информирана од Генералштабот на Армијата за активностите на војската во справувањето со пожарите откако е прогласена кризна состојба. Од Кабинетот на претседателката информираат дека припадници на Армијата во координација со сите инволвирани државни субјекти се ангажирани на неколку локации – пред сѐ на планината Серта, а една екипа ...
Предлог законот за здравствена заштита, кој ќе овозможи укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи го помина првиот собраниски филтер, во Комисијата за здравство. Според образложението на министерот за здравство Арбен Таравари, со укинувањето на 40-тина директорски фунцкции, годишно ќе се заштедат околу два милиони евра, средства кои ќе можат да се пренаменат, со цел поефикасна здравствена услуга. Фатмир ...
Со многу љубов кон вистината и правдата ќе ви споделам едно непријатно искуство што го имав вчера во хирургија- Охрид,(15.07.2024/ 00:30h) нормално, со цел за нештата да се придвижат кон подобро, пишува охриѓанка која сподели нетигно искуство во Охридската болница. Статусот ви го пренесуваме во целост: Вака ќе почнам. За да бидеш доктор мора да имаш нешто љубов, нешто срце и нешто душа. Не си доктор само со диплома. Секоја ЧЕСТ на исклучоци. ...
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека пожарот кај Радовиш е под целосна контрола. Ангелов упати благодарност до радовишките пожарникари, градоначалникот и локалното население кое дале голема поддршка со справувањето со овој пожар. Општина Битола информираше дека со целосна и континуирана ангажираност на екипите на ТППЕ Битола, поддршка од јавните претпријатија и дополнителна помош од Центарот за ...
ДКСК да испита и отвори случај за џипот на Филипче, крие ли имот на друго име? Прашуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. За Деспотовски, Филипче е поданик на Заев ДКСК да провери како е набавено луксузното Ауди Q8. Дали Филипче го платил со свои пари или друг го купил за него. Доколку друг го купил зошто му го дал на Филипче и дали може да се доведе во корелација со некој тендер или можеби со фирма или поединец кои имале бенефит од власта. ДКСК да ...
Неколку членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители веќе имаат сериозни индиции дека е фалсификуван записник од нивната седницата одржана на 15 март, пишува на својот фејсбук-профил потпретседателот на Собранието на Македонија Антонио Милошоски. Неговиот статус на Фејсбук го пренесуваме во целост. „На 12 јули директорката на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), Наташа Габер поднесе оставка од функцијата, а ...
Министерството за одбрана на Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во земјава на помош, за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите. „Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ“, се вели во соопштеието на министерството во Загреб, пренесе „Индекс“. Во Македонија на сила е кризна состојба поради зголемена појава на пожари. Помош вчера испрати ...
Полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици денеска продолжи да дејствува врз пожар што е се уште активен на планината Серта. Хеликоптерот во 23 налети исфрли над 35 тони вода, а се дејствуваше во атарот на с. Калањево, општина Неготино. Поради пожарот во неготинско затворен е регионалниот пат Неготино – Штип Сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште е во прекин за сите видови возила, ...
Во последната епизода на емисијата „На кавга со Иван“, еден од кандидатите за лидер на СДСМ, Јован Деспотовски, упати сериозни критики кон новоизбраниот лидер на СДСМ, Венко Филипче. Деспотовски истакна дека Филипче не успева да го обедини партиското членство и да ја врати довербата на гласачите. Според него, Филипче покажува недостаток на визија и неспособност за справување со предизвиците што ја очекуваат партијата. Поделби во СДСМ Според ...
Денеска (15.07.2024), во Центарот за управување со кризи се одржа седница на Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности Стојанче Ангелов. „На седницата беше утврдена потребата ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 3:0 во сетови (6:2, 6:2, 7:6) го совлада Новак Ѓоковиќ од Србија во финалето на Вимблдон кое траеше два часа и 30 минути. Ѓоковиќ не успеа да го освои својот осми трофеј на Вимблдон, односно 25. Грен слем, што го направи неприкосновен во светскиот тенис, а треба да се напомене и дека 21-годишниот Алкараз денеска го одигра веројатно најдобриот меч во кариерата. Ѓоковиќ не влезе баш најдобро во мечот, а тоа ...
Петровска: Мицкоски си го зел синот во делегацијата во САД, првото владино патување го претвори во семејно Пратеничката Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана од СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на првото, официјално, владино патување во САД на самотот на НАТО со себе си го зел синот. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од средба на премиерот Мицкоски и министерот за одбрана Тимчо Муцунски со Едвард Џозеф, ...
Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и за одбрана Владо Мисајловски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов направија теренска посета на Неготинскиот регион зафатен со пожари, соопштија од Владата. Истакнаа дека на терен со заеднички сили на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, ЦУК, со поддршка на локалните самоуправи во тек е акција за справување со пожарите. Вклучени се и ...
Инвестициските аналитичарите истакнуваат дека обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе влијае врз неговиот рејтинг и ги зголемува шансите тој повторно да биде избран на 5 ноември. Пред пукањето, берзите реагираа на изгледите за реизбор на Трамп со зајакнување на доларот, а тој тренд би можел да продолжи и во наредната недела, изјави претставник на сингапурската фирма „Истспринг инвестментс“ (Eastspring ...
Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди. Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места – работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето се во работен ден, поточно во петокот имавме вкупно осум интервенции, вели во изјава за МИА доктор ...
Стабилни се сите клинички и лабораториски параметри на четворицата малолетници кои затруени и во бессознание беа примени на Клиниката за токсикологија, потврдува директорот Андон Чибишев. Вели дека пациентите се со подобрена општа здравствена состојба. Во текот на утрешниот ден, по утринската визита ќе одлучиме дали ќе ги пуштиме дома, вели Чибишев. МВР и ОЈО вчера излегоа со информации за тоа што се случувало со децата во куќата во Скопје. ...
Владата донесе одлука за постоење кризна состојба поради зголемена појава на пожари на територијата на Македонија. На седницата, која се одржа доцна синоќа, поради топлотниот бран и состојбата со пожарите, Владата одлучи кризната состојба да биде во траење од 30 дена. Како што информираат од Владата, Министерството за внатрешни работи се задолжува да ангажира полициски сили во функција на поддршка при гасење на пожарите. Министерството за ...
И во неделата во Македонија ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен ...
По пукањето за време на говорот на Доналд Трамп, АП објави и каква била првата реакција на актуелниот американски претседател Бајден. Американскиот претседател беше прашан за инцидентот кога излегуваше од црквата во плажата Рехобот, но тој рече дека не бил целосно информиран за нападот. Одделот за домашна безбедност наскоро објави дека Бајден добива ажурирани информации од американската тајна служба. Дури потоа следеше целосна реакција. ...
На социјалните мрежи се појави видео од реакцијата на снајперистите на Тајната служба кои, според Си-Ен-Ен, веднаш возвратиле кога одекнале истрелите, од кои еден бил полесно ранет поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Според извештаите, еден од снајперските парови бил лоциран на покривот на блиската зграда. Додека атентаторот испука три брзи истрели кон Трамп, од кои едниот го погоди во уво поранешниот американски претседател ...
По наредбата од страна на претседателката и Врховен Командант на Вооружените Сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети на Армијата, велат од Министерството за одбрана. Алармантна е состојбата со пожарот кај Неготино, а пламените јазици се доближуваат до патот и се ...