
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги повлече од собраниска процедура спорните три закони од таканаречениот пакет за реформи во јавната администрација поднесени со европско знаменце на предлог на претходната Влада. Токму овие законски решенија во минатото беа причина синдикатите да излезат на протести поради стравот дека ќе се спречи усогласување на платите со раст на минималецот. Минчев ќе отвори широка дебата, во која ќе бидат ...
Внимателно го следиме процесот, Министерството не е истражен орган, но ќе се заложиме за тоа никој да не биде обвинуван во државата без да има соодветни докази за тоа, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во врска со обвинувањата од Венецуела дека „хакери од Северна Македонија“ направиле сајбер-напад врз системот за пренос на податоци на изборите во оваа јужноамериканска земја. Прашан за коментар во врска со ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека до овој момент нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за безбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASSF), дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни производи говедска и пилешка коцка за супа од хрватската компанија „Подравка“ од Копривница. АХВ посочува дека ќе ја следи состојбата и доколку добие известување веднаш ќе ги спроведе потребните мерки и ќе ја ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорката на Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ и со одбранбеното аташе, полковникот Небојша Ѓорѓевиќ. -Изразивме задоволство од развојот на соработката и можностите за проширување на истата која во моментов опфаќа школување, обука, стручно оспособување, размена на искуства во делот на цивилно воената соработка и заедничко учество во меѓународни вежби. Можеби ќе те интересира: ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска на седница на Влада ќе го презентира извештајот за искористувањето на средствата од Европската Унија преку ИПА фондовите и ќе побара од Владата нови вработувања за јакнење на ИПА капацитетот. На прес-конференција пред почетокот на седницата, тој рече дека „ургентна“ е потребата од комплетирање на ИПА структурата, бидејќи, како што рече, постои значителен недостаток на доволен број, но и ...
Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби наводно незаконски ги снимал и ги следел своите вработени преку надзорни камери. Новиот министер Иван Стоиљковиќ за Канал 5 потврди дека биле направени проверки и биле утврдени „некакви неправилности“. Тој посочи дека е ангажирана фирма која се грижи за системот која забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи. Канал 5 објави ...
На 4 август во 10 часот во судница 1 во Кривичниот суд почнува судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, соопштија од Кривичниот суд откако Обвинителството ја заврши истргата за првосомничениот Љупчо Палевски Палчо и останатите обвинети и побара спојување на двете постапки. -Како што претходно информиравме, расправата која требаше да се одржи денеска е отповикана по предлог за одлагање од Основното ...
Секоја реформа на Судскиот совет и секоја реформа воопшто на правосудниот систем треба да се направи многу внимателно, треба внимателно да се разгледаат и да се донесат мудри одлуки, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како треба да се спроведат реформите во оваа сфера. На прашањето да го каже својот став во однос на реформите по посетата на припадниците на Лесната пешадиска ...
Во светиниколско три села се зафатени од пожарите, додека во селото Немањици од пожарот се изгорени една четвртина од куќите, вели градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Младев. Во моментот со огнената стихија се справуваат пожарникари од Свети Николе, доброволци, месното население, пожарникари од Штип, Неготино и Кавадарци и Велес. На терен е присутна и војската, а еден хеликоптер интензивно ги гаси куќите кои горат во село Немањици. ...
По прекрасната изведба на ,,Мојата Македонија”, Ајдин Османовиќ и неговиот професор Јасмин Брашњиќ со уште потешка задача. Момчето од Босна и Херцеговина со бисерен глас ги освои симпатиите на Македонците, но и на сите љубители на музиката од Екс-Ју просторите. Сега Ајдин и Јасмин си поставија тешка задача, а тоа е изведбата на прекрасната македонска песна – „Заветна“. – Заветна е песна која обединува. Тоа е парче музика за душата на ...
Полицијата ќе го чешла работењето на Лотарија на Македонија. По информацијата дека лотарија од 2017 година незаконски давала лиценци за приредување онлајн игри на среќа иако не смеела да го прави тоа бидејќи и била истечена лиценцата , МВР оформи предмет. Од министерството за Алфа информираат дека започнале постапка за проверка на изнесените информации за незаконското работење на Лотарија. Во врска со случајот со Државна лотарија, Ве ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 % во однос на одлуката од 26.7.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,393%, кај дизелот ...
Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1-ви август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ. Намалување од 1,71 отсто ќе има за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика. За деловните корисници и училиштата, парното поевтинува за 17,3 отсто кај ЕСМ, за 17,22 кај Скопје Север и за околу 40 отсто кај ЕСМ Енергетика. -Одлуката е позитивна за потрошувачите, но состојбата на терен е ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на средба со претставниците на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија најави намалување на даноците. „Апсолутно во периодот кој што следи ќе ја анализираме и таа појава ние кажавме и тоа е дел од нашата програма дека ќе се стремиме кон намалување на даноците, но, да го видиме приходот оваа година каков ќе биде во Буџетот. Прво намалување премиерот Мицкоски најави на данок на добивка којшто се плаќа ...
Денеска (29.07.2024) во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министерот Панче Тошковски и амбасадорот на Чешката Република Н.Е. Јарослав Лудва. На средбата двете страни изразија задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, кое изминативе години, особено за време на миграциската криза, но и периодот после се покажа дека е од голема важност за нас како ...
Ограбена држава – Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Дали фирмата од Струмица е директно поврзана со СДС, а фирмата од Скопје со ДУИ? Дали вака СДС и ДУИ ги книжеле милионите под закрила на институциите. Со години фирмите преку игрите на среќа се богателе и тоа прво без законски основ, а сепак со ...
Имавме денес навистина содржаен состанок со комората на Северо-Западна Македонија и мислам дека со сите предизвици со кои што компаниите се соочуваат бевме запознаени. Наш главен приоритет и примарен интерес е македонските компании да растат. Зашто е тоа интерес- затоа што колку тие побрзо ќе растат, колку по робусно ќе растат толку повеќе приходи ќе имаат во самиот буџет, а колку повеќе приходи ќе имаат толку повеќе инвестиции ќе има во ...
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30.000 евра. Имено, на 26.07.2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани. ФОТО: Запленети непријавени евра на ГП „Табановце“C На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават ...
Коалицијата „Вреди“ фрли ракавица со најавата за формирање Албанска академија за науките и уметности. Не отстапуваат од решението кое беше во нивната партиска програма, но не стана дел и од владината програма. „Вреди“ најави дека Академијата ќе добие поддршка од општините Според „Вреди“, во прва фаза Академијата ќе добие поддршка од општините, а потоа и од државата, иако, вицепремиерот Меџити не ја отфрла можноста да се функционира во рамки на ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Андраш Клајн и со одбранбеното аташе, потполковникот Ласло Надаш. „Благодарност до Унгарија која беше наш голем поддржувач за членството во НАТО, која ни помогна кога се соочивме со пандемијата COVID-19, мигрантската криза, поплавите и држава која ни дава поддршка за почеток на преговорите за членство со Европската Унија”, рече министерот ...
Во билтенот на МВР во кој се нотираат покарактеристични кривични дела и се објавува секој ден, за 25.07.2024, некаде на 20-тата позиција во документот е посочено дека 39-годишен кичевчанец е осомничен за дело “попречување на правдата”, извршено ден пред парламентарните избори. Всушност зад иницијалите К.Б. се крие министер на функција во тој период. МВР не посочило дека за ова сериозно дело извршено кон полициски началник гонат поранешен висок ...
Ноќеска во 03.00 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас го лишија од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија, информираше полицијата. МВР ги расчисти убиството во Батинци и обидот за убиство во Чаир „Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол ‘Смит и Весон’, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој ...
Професорката Тања Каракамишева вели дека науката и уметностите се универзални категории, и тие немаат етничко, туку вредносно значење! -Тие не се мерат и не се споредуваат на светската скала според етничките параметри, дали некој научник или уметник е припадник на една или на друга етничка група, туку според тоа дали сознанијата или уметничките дела имаат научна и вредносна тежина согласно светски утврдените параметри. Науката и научните ...
Нивната неподготвеност да се вклучат во играта на заведување може да се должи на различни особини кои ги прават единствени, но и несмасни кога е во прашање привлекувањето на вниманието на потенцијалниот партнер. Ајде да дознаеме кои се тие знаци. Девица Девиците се познати по нивната аналитичка и склоност кон перфекционизам. Кога станува збор за флертувањето, овие особини можат да бидат сериозна пречка. Девиците често се толку фокусирани на ...
Во чест на големиот македонски празник Илинден, традиционалната коњаница „Патот на црешовото топче“ повторно го направи својот годишен поход до Свештената бигорска обител. И оваа година, по петнаесетти пат, Бигорски беше домаќин на илинденската манифестација „Бигорски манастир – Патот на црешовото топче“, информираа од Бигорскиот манастир. Со благослов на нашиот старец и игумен, Епископ Антаниски г. Партениј, група млади родољубиви комити, ...
Владата во пресрет на одбележувањето на еден од најголемите национални празници во Република Македонија, 2ри Август – Денот на Републиката, информира за активностите кои ќе се одржат под слоганот „Борбата трае“. Централната манифестација, како и секоја година, ќе се одржи на 2ри Август во Крушево, на месноста Гумење, на Мечкин Камен. На оваа свеченост обраќање ќе има Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Оваа манифестација претставува ...
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници. Како критериум за членството во Академија на науките не може да биде етничка или политичка припадност, туку научните достигнувања и придонесот во општеството. Науката не е нешто кое треба и може да се политизира и етнизира, ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ. ...
Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите остро реагираа, изразувајќи незадоволство и огорченост од неприфаќањето на нивното барање за загарантирани пратенички места со измените во изборната реформа, што доцна синоќа ја изгласа албанскиот парламент. -Во име на партиите на македонската, влашката, египтјанската и ромската заедница во Албанија, особено партијата Македонска алијанса за европска интеграција, партијата Алијанса за ...
Студентите ќе добиваат квалитетна храна во студентските домови. Министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за новинската агенција „Мета.мк“ рече дека прво ќе се изврши проверка на начинот на кој досега работеле студентските домови, врз основа на поплаките што досега стигнале во министерството, а потоа контролите ќе бидат на редовна основа. -Досегашните поплаки за работењето на студентските домови ги проследивме до Државниот ...
ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата, истакна на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков. Лефков посочи дека Ахмети свесно ја оштетил државата, ја ограбил. -ЈО не смее да остане под притисок на поранешната власт на СДС и ДУИ, и мора да почне да постапува согласно закон. ЈО да не се плаши од таткото на Дрин Ахмети кој буквално му ...