Tapas e веб сајт преполн со интересни стрипови и раскази кои припаѓаат на најразлични жанрови. Во оваа ризница од уметнички остварувања, имате посебни оддели за: Во зависност од одбраната категорија, имате на располагање најразлични правци, како комедија, хорор, мистерија, драма и многу повеќе. Откако ќе одберете соодветен жанр и стрип, односно роман, читањето е исклучително флуидно и модерно, влечејќи се од страна до страна, оставајќи впечаток ...

Популарноста на Minecraft е повеќе од очигледна и многу фанови на играта бараат начини да имплементираат елементи од неа и со украсување на десктоп површината. Еден таков проект е WallCraft – веб сајт кој ви дозволува да искористите икони и дизајни од Minecraft за да создадете визуелно впечатливи шаблони кои подоцна ги користите за создавање позадини, банери и слични креативни проекти. Со посетување на Wallcraft избирате на кој начин да се ...

Ако во периодот на dial-up интернет бевте едни од првите корисници на интернет во Македонија веројатно се сеќавате на сите онлајн авантури на Yahoo, страницата без која не можеше да се замисли почетокот на денот. На сајтот имаше вести, прогноза, пристап до мејл, берзански информации и што уште не.. Поранешниот гигант – Yahoo е една од првите компании чии основачи ги сфатија можностите и потенцијалот на Интернет. Тие се еден од првите интернет ...

Сите ние сакаме финансиска слобода, а повеќето млади луѓе (миленијалци и Gen Z) сметаат дека криптовалутите се новиот начин на кој може да се направат многу пари за кратко време. Денес, никој не им верува на владините репрезентативци во одела и кравати кои не доведоа во оваа состојба на инфлација. Заради тоа, многу луѓе кои не се запознаени со светот на инвестирање одлучија своите пари да ги стават на проверени и непроверени криптоберзи. Една од ...

Секојдневно се зборува за најновата криптовалута или токен, за растење и паѓање на цените и така натаму. Ова е слично како златната треска за време на откривањето на Америка. Но во тоа време оние што направиле најмногу пари се луѓето кои продавале лопати или алатки за копање злато. Во Blockchain светот постојат огромни можности, моментално се развива основната инфраструктура и дефицитот на програмери е огромен, а инвестициите се огромни. Да ...

Во првиот дел од овој серијал, разгледавме како функционираат дигиталните потписи и јавните и приватни клучеви. Бидејќи се многу сигурни методи, знаеме дека единствениот начин на кој дигиталниот потпис може да биде направен е доколку потпишувачот ги има и јавниот и приватниот клуч. Но, во самиот процес на креирање на протоколот има уште еден проблем. Да кажеме дека Никола му должи 1.000 денари на Стефан. Иако Стефан не може да го фалсификува ...

Во вториот дел од серијалот почнуваме директно со програмскиот јазик Solidity. Ќе претпоставам дека секој што го чита овој текст, веќе знае да програмира. Доколку не знаете да програмирате, Solidity воопшто не треба да ви е прв програмски јазик. Smart Contracts наликуваат на класи како што сме сретнале во Java, C#, Python и слично. Од сега ќе го пишувам на скратено Smart Contract како SC. Секој SC се деплојува на блокчеин како посебна единка, ...

Ubisoft + е месечна претплата која, по цена од 900 денари, ви дава пристап до сите игри на издавачот Ubisoft; не само основните игри, туку и сите додатоци и експанзии кои се за играта. Па така, Far Cry 6 можете да ја играте заедно со сезонската пропусница, но и со неодамна излезената експанзија, Lost Between Worlds. Чисто за пример, комплетната едиција на Far Cry 6 чини 7300 денари, а за одредени промоции може да се зграпчи за нешто повеќе од ...

MagnaPlay е нова платформа која дозволува да играте игри на независни издавачи. По месечна претплата од 8 долари, имате на располагање 11 игри, од кои се истакнуваат Kill it with Fire, Punch Club, Party Hard и Hello Neighbor. Според ветувањето на тимот зад Magna Play, листата од игри значително ќе се зголеми како поминува времето. Откако ќе се претплатите, можете да пишувате рецензии за игрите или да одделите дел од парите од претплатата да се ...

Постојат бројни начини за константно информирање со најновите и најдлабоките попусти на дигитални игри. Претходно, зборувавме за огромните потенцијали на сајтовите како CheapShark, особено можноста да оставите имејл за инстантно известување кога вашата омилена игра ќе биде на одреден попуст. Овојпат, би сакале да го споменеме GameDeals – дестинација на Reddit која константно се обновува со најновите зделки од останатите членови. GameDeals е една ...

Над 520 летови се откажани, а повеќе од 3578 се одложени откако откажа критичен компјутерски систем на Федералната управа за воздухопловство (ФАА). Сите летови од САД требаше да бидат паузирани барем до 15:30 часот (македонско време), но полетувањата продолжија половина час порано од предвиденото. „По прекинот во текот на ноќта поради откажување на Notice to Air Missions системот кој обезбедува безбедносни информации за летачките екипажи, ...

Речиси 20 години од лансирањето на Facebook и нешто помалку од лансирањето на Twitter, најголем дел од политичарите во Македонија не научија да ги користат како што треба. Наместо двонасочна комуникација со која ќе се претставуваат идеи, друштвените мрежи најчесто овие канали се користат како поевтина алтернатива на печатените памфлети. Не очекуваме одговори баш на секое прашање, но за некои поважни теми може да се отвори дискусија онлајн. На ...

Напредокот на очилата за проширена реалност можеби досега не ги носи сите придобивки на кои се надевавме кога прв пат го видовме Project Glass. За среќа од време на време може да видиме нови уреди и примена, на која можеби не сме ни помислиле, а сепак е импресивна. Апликацијата XRAI Glass има единствена примена. Ги претвора очилата за проширена реалност во помошно средство за лицата со оштетен слух. Кога корисникот ќе ги стави очилата може да го ...

Friday the 13th: Killer Puzzles е одлична инди игра со загатки кои се поврзани со култниот филмски серијал Friday the 13th. Низ годините, играта уживаше огромна популарност од страна на фановите поради уникатната формула и препознатливата атмосфера од познатите хорор филмови. Токму поради тоа, беа исфрлени едно чудо последователни додатоци. За жал, авторите зад Friday the 13th: Killer Puzzles не успејале да ги обноват правата кои се поврзани со ...

Се случува ли често да ви дојдат гости и да ја побараат вашата мрежа и лозинка за да се конектираат на интернет? Во случај да сакате да одите еден чекор понапред, можете да го посетите QiFi и од тука да ги внесете податоците за вашата мрежа, начинот на шифрирањето и безбедносниот клуч. По внесување на податоците и кликнување на копчето Generate! ќе добиете QR код кој откако ќе се скенира од вашите гости, автоматски ќе ги „прикачи“ на вашиот ...

PSVR беше одлична направа за сите ентузијасти на виртуелната реалност, а PSVR 2 се заканува да биде уште подобра и да понуди зашеметувачки добро и, пред се, реално искуство. На 22 февруари излегува PSVR 2, а за истиот ден се предвидени над 30 игри кои ќе можат да се играат преку направата, во комбинација со PS5 конзолата. Ова се само дел од нив! PSVR 2 игри кои ќе излезат на 22 февруари: Која игра ви делува интересна? Дали поради неа би купиле ...

Ако сте љубител на хардвер веројатно веќе знаете дека оваа недела немаше премногу новитети. По некое компјутерско глувче, камери, шпекулации за уреди на Apple и Google беше речиси сѐ што видовме оваа недела. Sony ги објави игрите кои ќе излезат со PlayStation VR2 Видеоигрите секако не се дел од хардверот. Сепак во овој случај насловите кои ќе бидат достапни во исто време со уредот ќе бидат клучни и за интересот на потенцијалните купувачи. Дел од ...

„Мои Пратки“ е нова македонска Android апликација од Мартин Рајовски – Fatal1ty_. Апликацијата ги користи јавно достапните податоци од Македонски пошти и на корисниците им овозможува да ги следат своите поштенски пратки на многу полесен начин. „Апликацијата ја направив за полесен пристап до следењето на пратките, а воедно да ја поттикнам и зголемам базата на домашни апликации“, вели Мартин. Корисниците кои чекаат пратки сега не мора да го прават ...

Дури и да не сте графички дизајнер кој понекогаш има работа со слики со лош квалитет, веројатно сте се сретнале со слики кои ви се допаѓаат, но имаат ужасен квалитет. Благодарение на развојот на вештачката интелигенција и повеќе различни техники, поправањето на слики со лоша резолуција веќе не премногу тешко. Онлајн се достапни куп алатки како Photo Enhancer од Fotor или Let’s Enhance. Најголем дел од овие сервиси имаат бесплатна верзија и се ...

Што се случува кога ем сакате вселенски игри со уништување бродови, ем сакате да пишувате? ZType е веб сајт кој ве мотивира да научите да пишувате побрзо така што ги комбинира баш овие две работи! Вашиот брод се наоѓа на долната страна од екранот, а најразлични зборови паѓаат од горната страна. Ваша задача е да ги напишете зборовите кои паѓаат за да вашиот брод благовремено ги уништи непријателите. Стазите се кратки, но секоја наредна стаза е за ...

Има куп апликации кои нудат различни модификации на нашите профилни фотографии. Без разлика дали овозможуваат „да ја видите иднината“ и креираат предвидување како ќе изгледате остарени, креираат некое „уметничко“ дело, или нешто сосем трето, овие апликации имаат пристап до нашите фотографии. Споделувањето на слики за обработка кај компании кои се фокусирани на ова, за жал најчесто не е добра идеја. Матијас Маркс е германски активист кој се ...

Зголемениот интерес за електрични возила можеби е добредојден во борбата со климатските промени, но металите кои се потребни за батериите во овие возила се ретки. Реткоста на материјалите кои се користат во батериите е само еден од проблемите, речиси подеднакво голем проблем е просторот кои овие батерии го зафаќаат на депониите. Дел од материјалите кои се користат во батериите се и отровни, па управување со овој отпад не е едноставно. Дури 60 до ...

После 6 години од последниот редизајн, го редизајниравме IT.mk, пак. Шести пат во 14 години. :) Оваа верзија е малку пообемна и затоа ја претставуваме првин во бета фаза – која ја користиме како делумен изговор за можните багови и недосредени секции во моментот на лансирање, меѓутоа ја користиме и како причина заедно со вас – IT.mk заедницата – да работиме на подобрување и досредување пред да ја официјализираме и извадиме од бета, бидејќи целта ...

Една од поинтересните статистики која произлезе од истражувањето Мапирање на ИТ индустријата во .мк – издание 2022, кое го спроведовме летово, е дека најпосакуван модел на работа на македонските ИТ професионалци е хибридниот модел со работа од канцеларија и од дома по сопствен избор. 66% го преферираат хибридниот модел на работа Прашањето Префериран метод на работа.го одговорија 2.225 испитаници, а 66.56% од нив го избраа хибридниот модел на ...

За време на меѓународната конференција за паметни технологии и уреди – Ubicomp и ISWC 2022 во Кембриџ, Англија, македонски тим на научници и инженери заедно со своите англиски колеги од компанијата за wearable технологии Emteq Labs, се здобија со прва награда за најдобра демострација на иновативна технлогија – паметните очила OCOSense. Победничката демонстрација покажува паметни очила кои што преку иновативни сензори и Вештачка Интелигенција ги ...

Падот на крипто-берзата последниве неколку недели без сомневање е болна реалност за сите кои инвестирале во криптовалутите или во опрема за копање, а највеќе ги боли оние кои влегле во изминатите неколку месеци кога пазарот беше во подем. Намалувањето на вредноста на криптовалутите на еден или на друг начин ги опфаќа и ги афектира сите играчи во еко-системот, без разлика дали станува збор за инвеститори во криптовалути или алт-коини, или пак за ...

Криптовалутите, а пред сѐ blockchain, се дел од највозбудливите технологии последниве неколку години. Но, дали знаете што се криптовалути и што е blockchain? Ако не знаете точно што се криптовалути и технологијата зад нив не грижете се, не сте осамени. Неодамна на една тема на ProductHunt се отвори прашањето за најдобар материјал за запознавање со можностите на технологијата. Најголем дел од советите кои ги споделија корисниците се однесуваа на ...

Една од придобивките на читателите кои ќе се решат да го поддржат IT.mk со 1337 премиум членство е и учество во рандом месечен giveaway, во кој доделуваме вредни награди. Секој месец доделуваме по еден подарок, а изборот се врши на 15-ти во месецот кога се прави избор од листата на активни 1337 членови преку Random.org. Подарокот за овој месец е: Веб камера Logitech HD PRO C920e 1080p USB со Privacy shutter 960-001360 Logitech C920e е веб ...

Кога обемот на работа расте реактивните апликации се скалабилни, но и издржливи кога ќе се појават проблеми. Ако апликацијата е скалабилна и издржлива тоа значи дека истата реагира. Vert.x е алатка што се користи за создавање реактивни апликации на JVM користејќи асинхрон и неблокирачки модел на извршување. Бидејќи се базира на Netty, која е рамка за мрежна апликација управувана од настани и асинхрона, Vert.x помага да се изградат реактивни ...

Доколку имате барем малку време во текот на денот и сакате да го посветите на оформување на вашето тело, тогаш MuscleWiki е веб сајт само за вас! По посетување на вебсајтот, избирате машки или женски пол, а потоа, од понудените слики на телото, кое е прикажано од предна и задна страна, одбирате на кој дел сакате да работите. По одбирање некој дел од телотo, ќе ви бидат прикажани чекор-по-чекор инструкции за тоа какви вежби да правите и кои ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
29%
1008
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
4.63
37%
1008
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
5.14
47%
1008
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
44%
1009
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.68
23%
1009
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
74%
1009
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
6.17
50%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
29%
1012
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
30%
1010
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
45%
1010
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
4.63
34%
1006
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
6.69
47%
1010
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484