Може да се случи да наидете на физичка копија на табела полна со податоци и истата да ви ја треба и во електронска форма, како би можеле да менувате или додавате дополнителни бројки. Одново правење и пололнување на табелата во Excel документ знае да биде долг, здодевен и крајно непотребен процес. Секојпат кога ќе сакате да префрлите табела од хартија во Excel документ, потребно е да го направите следново: Добивај известувања 0 View all ...
Текстот е колумна во која се изразени личните ставови на авторот. Пренесен е во оригинал со цел задржување на автентичноста, стилот и тонот на комуникација на авторот. Не, стварно, нема потреба да купувате MX Keys Mechanical Mini. Не гледам никаква причина некој да ја купи. In fact, не гледам ни причина да постои. Ок, можеби малку престрого, ама сепак, тастатурава секако не е за некој кој е љубител и/или корисник на механички тастатури. Не би ...
Канадската компанија BlackBerry која во минатото беше во самиот врв на производители на паметни телефони во целост се повлекува од пазарот. Откако минатиот месец заврши поддршката за телефоните, минатата недела за 600 милиони долари го продадоа и патент портфолиото. Купувач на патентите е „Catapult IP Innovations Inc.“, а патентите се однесуваат на мобилни уреди, пораки и безжични мрежи. Новиот сопственик на патентите Catapult IP Innovations ...
На крајот на август жртва на хакерски напад и кражба на податоци беше еден од најпопуларните сервиси за управување со лозинки – LastPass. Во овој напад податоците на корисниците останаа недопрени. За жал тоа што напаѓачите го дознаа од првиот напад, го применија во период кој следеше, а сега се украдени и податоци на корисниците. По објавувањето на нападот во август, LastPass објасни дека податоците на корисниците не биле мета на нападот. ...
За проверка на вашето познавање англиски зборови постојат најразлични тестови, но досега немаме наидено на тест како тој од универзитетот од Гент. Откако ќе го посетите сајтот потребно е да создадете профил преку одговарање десетина прашања за вашата возраст, пол, и познавање јазици, одговори кои им помагаат за понатамошни истражувања на научниците од универзитетот. Доколку не сакате да одговорите на прашањата, едноставно одете на Save my ...
Празничното расположение допринесува месецот јануари да е еден од потивките месеци во годината, барем во поглед на игрите кои се исфрлаат тој период. И покрај ова, како и секоја година, така и оваа може да се најде нешто интересно, независно од тоа дали сте по квалитетен римејк, невообичаена авантура или аниме акциона игра. Lone Ruin (Switch, PC) – 12 јануари Vengeful Guardian: Moonrider (PlayStation 5, PlayStation 4, Switch, PC) – 12 јануари ...
Графичките картички се познати како една од најважните компоненти кај било кој компјутер. Без оглед на тоа дали се работи за интегиран модел, кој доаѓа заедно со процесорот, или засебна графичка картичка, истата е потребна за да добиете слика на вашиот монитор. Како компонента, графичката картичка доаѓа со јадро (GPU) кое има за цел да ја манипулира и менува меморијата за да го забрза создавањето на слики, кои потоа се прикажуваат на монитор. ...
Борче Стаменов од Кавадарци е ентузијаст кој многумина веднаш ќе го поврзат со „Донирај компјутер“. На хумана акција веројатно повеќе не и е потребно некаково дополнително претставување. Донирај компјутер е самоиницијативна акција за прибирање половни компјутери и донирање на граѓани од ранлива категорија. За акцијата првпат пишувавме кога стигнаа до 200 компјутери, сега 2 години подоцна Борче и ентузијастите од Донирај компјутер се приближуваат ...
Со претходните генерации, конзолата на Sony отсекогаш била неколку чекори понапред од конзолата на Microsoft. По првпат се чини дека ситуацијата се менува и Xbox Series X значително се приближува на тронот на PlayStation 5. Во оваа прилика, ги анализираме најважните точки на двете конзоли и пробуваме еднаш-засекогаш да го извлечеме ултимативниот победник. За да успееме во тоа, решивме да ги разгледаме клучните аспекти со кои конзолите се ...
Откако на крајот на јуни вештачката интелигенција за креирање слики Dall-E 2 влезе во отворена бета се отвори прашањето кој всушност ги поседува авторските права за генерираните слики. Се чини дека мислењата по ова прашање се драстично поделени – од една страна, едни сметаат дека тоа се крeаторите на Dall-E генераторот на слики и вештачката интелигенција, други пак дека носител на интелектуалната сопственост сепак е корисникот кој ја креира ...
Пред неколку недели да заштедам време наместо стандардното „направи си бекап, па после реинсталирај Windows“, одлучив да пробам како функционира Windows Recovery – Reset PC (hint: не заштедив време). Функционалноста на корисникот му овозможува да го ресетира Windows и да одбере дали сака да ги зачува своите фајлови или ќе избрише сѐ. За жал не одеше сѐ по планот, за време на инсталацијата снема струја и инсталацијата престана. Секако ова значеше ...
Рекорден број на запишани студенти, највисока оценка за инструкторите, најмногу изработени реални проекти, најголемиот организиран хакатон во живо, најголем број на вработени во тимот, и основање на првиот акредитиран практичен ИТ-факултет, Brainstеr Next College. Годинава во Бреинстер (Brainster), најуспешната Еd-Tech организација во земјава, сѐ оди во нагорна линија. Но, оттаму велат дека успесите никогаш не си ги препишуваат сами на себе, ...
Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој профилираме по еден .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [ноември, 2022]: FitKit е првата фитнес платформа во Македонија што ти овозможува да вежбаш различни спортски активности – каде и кога ќе посакаш – во голем број фитнес и спа центри или од удобноста на твојот дом. Апликацијата денеска има повеќе од 16.000 регистрирани ...
За љубителите на техника и технологијата не е потребно никакво дополнително претставување на CES. Consumer Electronics Show се одржува секоја година на почетокот на годината во Лас Вегас. Саемот на техника и технологија се одржува од крајот на 60-тите години на минатиот век и уште од тогаш ги претставува трендовите за следните години. За жал последните неколку години поради пандемијата саемот не беше на нивото на кое навикнавме. Оваа година се ...
Основачот и директор на Facebook, Марк Закерберг, оваа недела беше гостин на популарниот подкаст на Џо Роган – „The Joe Rogan Experience“. Гостувањата на Закерберг во медиумите се реткост, а овој пат со Роган разговараа речиси 3 часа на повеќе различни теми. Веројатно две од поинтересните теми кои беа разговарани се однесуваа на виртуелната реалност и начинот на кој Facebook ја цензурира модерира содржината. Нов Oculus во октомври За неколку ...
Face Swapper е бесплатна и забавна услуга преку која можете да замените едно лице со друго на брз и едноставен начин. Благодарение на напредни AI алгоритми, конечните резултати се веродостојни, а ги добивате за исклучително брзо време. Откако ќе го посетите сајтот, кликнете на upload a photo, изберете ја фотографијата со лицето кое сакате да го смените и разгледајте ги резултатите. Нема никакво рачно менување лица, целиот процес е автоматизиран ...
Постојат еден куп софтверски решенија кои дозволуваат симулација и автоматско кликнување на глувчето без ваша интервенција. Обично, потребата за ова е кај гејмери или кај тестери на софтверски апликации, каде е потребно константно кликање. На пример, во Minecraft можете на брз начин да изградите нешто без да се мачите постојано да кликнувате за поставување блокови. Оној кој играл World of Warcraft исто така знае колку може да се олесни работата ...
Се види крајот на 2022-та година. Ваква или онаква, годината беше исполнителна за гејмерите затоа што донесе исклучително бројни и квалитетни игри. Доколку вашите гејминг сесии беа започнувани преку Steam, ја имате уникатната можност да се информирате како, колку и со какви игри сте се дружеле низ изминатите месеци. Steam Replay е веб алатка која ја анализира вашата активност со игрите во 2022-та година и ве опсипува со статистички податоци. Па ...