
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Microsoft е извор на едно од најголемите протекување на податоци последниве неколку години. Во над 2,4 терабајти податоци се вклучени фактури, договори, информации за договори, електронска пошта на 65000 компании, од последните 5 години. Протекувањето на податоци го открија и споделија безбедносните експерти на SOCRadar. Протекувањето е откриено благодарение на „Cloud Security Module“ развиен од SOCRadar. „Податоците од BlueBleed вклучуваат ...
Веќе трет месец по ред наставата на учениците во Скопје редовно се прекинува со дојави за поставени бомби. Дојавите пристигаат и во другите градови, а освен училишта, бомби започнаа да „се дојавуваат“ и во државни институции, на железничката станица, во трговски центри… Иницијалните дојави на почетокот од оваа сага доаѓаа од ProtonМail. Единствениот приведен за овој случај, всушност беше невин и наскоро беше ослободен. Во периодов се ...
Групата која работи на развој и одржување на популарната Python библиотека за машинско учење PyTorch имаше „возбудливи“ Новогодишни празници. Администраторите на PyTorch ги предупредија сите корисници кои инсталирале PyTorch-nightly да го проверат својот систем. Верзијата на PyTorch-nightly која беше достапна од 25-ти декември до 30-ти декември доаѓа со компромитирана депенденси (dependency). Дел од „torchtriton“ во оваа верзијата на ...
Во 2019-та инспирирани од како тоа го прави StackOverflow, решивме да започнеме слично истражување на локално ниво наречено “Мапирање на ИТ индустријата во Македонија” преку метод на анонимна анкета во кое тогаш учествуваа повеќе од 1.000 лица и ни дадоа корисен фидбек за индустријата во земјава. Резултатите беа бесплатно јавно споделени и сè уште се достапни на овој линк. Оваа година, решивме да го повториме истражувањето и да направиме еден ...
На 15-ти јуни го отпочнавме процесот на прибирање на податоци за истражувањето Мапирање на македонската ИТ индустрија – издание 2022, во кое за само 24 часа ги добивме таргетираните 1.000 учесници. Ви благодариме на довербата! И покрај стартниот успех, одлучивме да го истераме истражувањето заклучно со 10-ти јули, до 23.59 часот, па по тој повод би сакале да упатиме последен повик до сите оние ИТ професионалци кои се уште го немаат пополнето ...
Топ три примарни програмски јазици кај македонските програмери и девелопери се JavaScript, Java и C#. Оваа статистика ја потврдува мапирањето на ИТ индустријата – издание 2022, во кое 22.41% од интервјуираните ИТ професионалци (1.785 валидни одговори за ова прашање) во сегментот програмирање/девелопмент го избраа JavaScript како примарен програмски јазик, додека за 14.45% од нив изборот беше C#, а на трето место со 13.89% е Java. 50% од ...
Програмерите кои користат алатки базирани на вештачка интелигенција како Github Copilot или Facebook InCoder, пишуваат понебезбеден код од програмерите кои не користат вакви алатки. Како дополнителен проблем програмерите кои користат вештачка интелигенција, веруваат дека пишуваат безбеден код. Ова го покажа истражувањето на Универзитетот Станфорд. Резултатите од истражувањето се објавени во труд со наслов „Дали корисниците пишуваат понебезбеден ...
Кога се работи за дигитална симулација на животи, нема подобра игра од која било игра од The Sims серијалот. The Sims 4 е исклучително комплексна и детална симулација која стануваше се подобра со секоја експанзија. Се чини дека конечно доаѓа времето играта да биде проверена од повеќе играчи. Од 18 октомври, The Sims 4 ќе биде бесплатна на сите платформи, почнувајќи со Mac, движејќи се кон PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, and Xbox Series ...
Шпионски скандал во Грција ја принуди владата на оваа соседна земја во целост да ја забрани трговијата со шпионски софтвер. Предлог законот кој пред пратениците треба да се појави наскоро, доаѓа откако весникот Documento објави листа на 30 имиња кои биле следени. Новинарите тврдат дека помеѓу следените луѓе има политичари, бизнисмени и министри, а следењето го правеле државни агенции. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го обвини весникот за ...
Twitter најави многу промени кои треба да ја направат платформата значително попрофитабилна во иднина. Целта на овие промени е микро-блогот да ја удвои својата заработка до 2023 година. „Super Follow“ е прв „производ“ од Twitter за кој корисниците ќе треба да платат. Ова е нов начин на кој корисниците ќе можат да ги поддржат своите омилени креатори на содржина. Од дел од споделените слајдови може да се забележи дека претплата ќе чини 5 долари, ...
Најновата и најинтересна друштвена мрежа во моментов Clubhouse е пред куп предизвици поврзани со приватноста. Покрај дел од другите пропусти снимањето на разговори ќе биде и најмал пропуст. За среќа бројот на корисници е релативно мал, па платформата може да ги надмине овие проблеми пред да продолжи со уште поголемо ширење. Одлична листа на сите поголеми пропусти за приватноста може да погледнете на Inc. Снимање на разговорите Clubhouse чува ...
Иако имал податоци Facebook ги игнорирал предупредувањата за пропусти кои им овозможувале на политичките кампањи да ја манипулираат јавноста. Интерна документација од друштвената мрежа до која дојде Guardian го покажува непреземањето на мерки во случаи на манипулација која била откриена од вработените во Facebook. „Многу од работите кои прават штета на Facebook не се поправаат бидејќи Facebook не смета дека се доволен ПР ризик. Последиците не ги ...
На виртуелната реалност и недостасува содржина и поголема прифатеност, но Facebook веќе започна да им покажува реклами на првите корисници. Рекламите за Oculuс засега се во тест фаза, а може да ги забележат играчите на играта Blaston. Ова е почеток, но веќе има најави за додавање на виртуелни реклами и во видеоигрите на други развивачи. „Ова е нова иновација во рекламната индустрија и сè уште сме на почеток. Во моментов инвестираме во ...
TikTok e најновата и најбрзо растечка платформа за споделување и гледање видео содржина. Една од причините за ова е алгоритамот кој го користат за прикажување на содржина. TikTok секако не е исклучок; сите конкуренти од YouTube до Facebook користат некаков алгоритам за изборот на содржина која се прикажува на корисниците. Алгоритмите на TikTok се чини дека се направени да ја пронајдат и да ни ја прикажат содржината која најдолго нè задржува на ...
Популарната друштвена мрежа за споделување на куси видео записи – TikTok, има навистина импресивен раст. Минатата недела објавија дека имаат 1 милијарда активни корисници месечно. TikTok успеа да дојде и до над 3 милијарди преземања глобално и со ова е единствена апликација која не е под Facebook со олкав број на преземања, вели TechCrunch. Aпликацијата е слична на поранешниот Vine или на делот на Instagram Stories. Им овозможува на корисниците ...
Најголемата друштвена мрежа ќе се преструктуира и ќе го промени своето име во Meta. Ребрендирањето треба да помогне да се разделат останатите делови компанијата од друштвената мрежа. Заедно со името, Facebook го менува и логото, па палецот наскоро ќе биде заменет со мета симболот. „Нашиот бренд е толку поврзан со еден производ што нема никаква можност да покаже што сè правиме денес, и уште повеќе што ќе правиме во иднина“, вели Марк Закерберг. ...
Речиси е неверојатно, но TikTok, платформа која само до пред неколку години не постоеше денес е на врвот по бројот на посети во 2021 година. Во 2021 го преземаа првото место од Google и се најпосетуван вебсајт оваа година, покажува анализата на податоците на Cloudflare. Што е TikTok TikTok минатата година беше на седмото место според бројот на посети. За да стигне до врвот сајтот ги прескокна и Facebook, Microsoft, Apple, Netflix и Amazon. ...
Ви опадна активноста на Facebook и се најдовте себе си како скрулате низ содржина која веќе нема логика и се решивте да го избришете вашиот профил, но бидејќи имате куп слики и пораки кои не сакате да ги загубите, правите компромис и не постапувате кон целосно бришење на профилот, туку правите само деактивација… Со ова дефинитивно сте направиле добар потег – бидејќи помалку време на друштвените медиуми, значи повеќе време за вас… но иако со овој ...
Покрај мировните преговори, војната во Украина продолжува. Оваа недела на друштвените мрежи се појави видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое ги советува украинските трупи да се предадат. Видеото се распространи преку друштвените мрежи, но за среќа Metа релативно брзо го отстрани видеото. Причина за отстранувањето е што видеото е лажно – „deepfake“ видео. Украинската ТВ-станица TV24 објави дека на 16-ти март биле ...
Компанијата Meta во чија сопственост се Facebook, Instagram и WhatsApp ќе мора да се збогува со Giphy. Британската агенција за заштита на конкуренцијата ѝ нареди на компанијата да ја продаде популарната платформа за GIF анимирани слики. Ова е потврда на одлуката која агенцијата ја донесе пред една година (ноември 2021), но тогаш по жалбата на Meta беше одложена. Случајот беше вратен до Агенцијата за заштита на конкуренција и пазар (Competition ...
Оваа недела за Twitter започна со распуштање на бордот на директори и со нивна замена со Елон Маск. Новиот сопственик сега е единствен на врвот на компанијата, иако веќе најави дека ова е привремено, и бордот ќе се врати во иднина. Купувањето започна и беше најавено во април, но по спорот со бројот на ботови купувањето се оддолжи. Уште веднаш дел од познатите личности најавија дека ако милијардерот го купи микроблогот тие ќе си одат. Сепак друг ...
Mесецов за жал медиумите многу повеќе пишуваа за отпуштањата од Twitter отколку за луѓето кои решиле да останат, за нови вработувања или пак за некои нови функционалности кои платформата ги лансираше. Неделава, благодарение на едно познато име во ИТ индустријата кое се пријави за дванаесет неделна пракса во Twitter, текот на вестите за Twitter барем малку се промени. Џорџ Френсис Хоц (George Francis Hotz) е хакер, претприемач и софтверски ...
Многу фотографии и видеа подлежат под авторски права и не можете слободно да ги користите без да му платите на авторот или да побарате дозвола. Pexels е веб сајт кој има милиони фотографии и видеа кои се поставени од автори кои дозволуваат бесплатна употреба без никакви ограничувања. Со посетување на сајтот можете да видите што е тренди или ново во моментот, а штом кликнете на фотографија, можете истата да ја сместите во ваша колекција, да ја ...
Пред само неколку месеци најголемиот проблем на компаниите кои работеа во техничко-технолошкиот сектор беше недоволниот број на квалификувани работници. Денес само неколку месеци подоцна најлаички гледано се чини дека ИТ компаниите не знаат што да прават со работниците кои ги имаат, меѓутоа проблемот е малку поспецифичен и ја инволвира продуктивноста и одржливоста на компаниите. Отпуштањата во ИТ секторот продолжуваат, а ниту вработените во ...
PDF форматот е еден од најраспространетите формати, но знае да биде предизвик кога ќе наидете на некој документ во кој сакате да вметнете дополнителни елементи, да одстраните или прилепите страни, како и да го конвертирате документот во некој друг формат. Sejda е вебсајт кој нуди директен пристап до над 30 онлајн алатки за максимална манипулација со PDF документите. Откако ќе прикачите некој документ, лесно можете да започнете со вметнување ...
Дали конечно ти е преку глава од Twitter? Еден дел од корисниците кои го напуштаат микро-блогот по неговото преземање од Елон Маск се префрлаат на платформата Mastodon. Од минатата недела Mastodon има 2.5 милиони активни корисници месечно, а само во еден ден добиле 180.000 нови корисници. Што е Mastodon? Mastodon е друштвена мрежа, иако е многу поблиска до платформа. За разлика од останатите друштвени мрежи, Mastodon им овозможува на сите да ...
Дали често ви се случува да започнете со работа на компјутерот, па само на „кратко“ да посетите еден веб сајт, само за да се изгубите во море од сајтови и со часови непотребно да губите време? Со Productivity Owl нема баш да можете така. Не не, по инсталирање на оваа екстензија, како дел од вашиот прелистувач ќе се вдоми осудувачко бувче коe постојано ќе ве опоменува дека премногу време посветувате на непотребни сајтови и дека мора да се вратите ...
Доколку немате можности да патувате, но имате желба да разгледате квалитетни панорами во 360 степени, тогаш Gigapixels е сајт само за вас! Gigapixels е видео галерија која прикажува панорани во 360 степени. Со оглед на тоа да квалитетот е исклучително висок, лесно можете да го ротирате и зумирате погледот. Наспроти она што името на сајтот би можело да алудира, панорамите не се со резолуција од 360 гигапиксели, туку од 3 до 5 гигапиксели. Со ...
Radiooooo е веб сајт со уникатен дизајн и уште поуникатни механизми за откривање најразлична музика. По посетување на сајтот, пречекани сте од мапа од целиот свет. Преку мапата можете да изберете одредена држава, а потоа и деценија за да слушате песни од изведувачи од таа земја во одреден временски период. Најблиску до Македонија што можевме да дојдеме е да избереме Југославија и да преслушаме интересни нумери од изведувачи во најразлични ...
Речиси еден месец откако започна со „праксата“ во Twitter, хакерот Џорџ Хоц, крена раце и ја напушти компанијата. Првично во Twitter требаше да остане 12 недели, а во овој период ветуваше дека значајно ќе го подобри пребарувањето на друштвената мрежа сега во сопствеништво на Елон Маск. Според најавата, тој требаше да овозможи олеснување на пронаоѓање на напредните модификатори во пребарувањето и да го направи истото помалку зависно од пишувањето ...