За Србија и нејзиниот стартап екосистем 2021 се покажа како една од најуспешните години досега, бидејќи тамошните компании успеаја да привлечат над 123 милиони евра инвестиции. Според неодамнешниот извештај за екосистемот насловен “Стартап Скенер 2022“, во однос на 2020-та година ова претставува зголемување од 600% од година, а најавите за 2022 најавуваат привлекување на уште повеќе капитал. Додека српските стартапи особено се истакнуваат во ...

Како една од земјите од регионот каде стартап екосистемот е сè уште во зародиш споредбено со поразвиените стартап екосистеми во Хрватска и во Србија за кои пишувавме изминативе недели, Албанија работи на создавање на силна и одржлива стартап заедница од која ќе произлеат голем број на технолошки стартапи. Во земјата годишно дипломираат околу три илјади студенти на студии поврзани со ИКТ, но сепак на поголем број од нив се уште им недостасува ...

Минатата година грчките стартапи собраа над половина милијарда евра во инвестиции – сума што е речиси тројно поголема во споредба со претходната година. Грција исто така веќе има и неколку компании еднорози – еден од нив е т.н. клауд необанка Viva Wallet, која доби финансирање од 66 милиони евра, а во неа исто така вложи и американската банка JP Morgan Chase, стекнувајќи удел од 49 проценти. Додека Viva Wallet одбива да ја открие својата ...

Енергетската криза ги принуди европските телеком провајдери да побараат алтернативни решенија. Deutsche Telekom, Orange, Telefonica и уште 13 европски провајдери побараа од американските технолошки гиганти да ја поделат сметката за надградба на инфраструктурата. Како главни причини се наведени енергетската криза и поставените цели за климатски промени во Европа. Комисијата претходно побара мислење од двете засегнати страни, од провајдерите, и од ...

Викендов започнува Светското првенство во фудбал кое оваа година се одржува во Катар. „Најважната споредба работа“ оваа година е преполна со контроверзии. Започнаа со обвинувањата за корупција при изборот; следеа лошиот третман на работниците кои ги граделе стадионите и односот кој државата го има кон жените и хомосексуалците. Вообичаено во неделата пред Светското првенство споделуваме информации за апликациите кои може да ви помогнат за детално ...

Последните две години соочени сме со ситуација која не натера да живееме на еден малку поинаков начин. Пандемијата не одвои од најблиските, но и од колегите. Работењето од дома стана секојдневие и новите, а и старите колеги ги гледавме само на Zoom или Skype. Токму таа неможност да се дружиме и да креираме спомени, го инспирира маркетинг тимот на ⋮IWConnect да размислува за активности кои би ни помогнале да останеме поврзани, секако со ...

Најпопуларната апликација за споделување на видеа и најновиот тренд во социјалните медиуми – TikTok би можела да има сериозни проблеми. Комесарот на Федералната комисија за комуникација на САД, Брендан Кар, објави дека комисијата побарала од Apple и Google да ја отстранат TikTok од AppStore и Google Play. Виралните видеа се само дел од содржините кои апликацијата ги „собира“ од корисниците. Според податоците на Комисијата TikTok испраќа ...

Независно од тоа дали сакате да работите, учите, спиете или едноставно да се релаксирате, A Soft Murmur е веб сајт и апликација која ве опсипува со пријатни звуци. Некои луѓе се смируваат со слушање како дожд паѓа, други со огин како гори, а трети со комбинација од двете, плус со повремени звуци на птици, штурчиња, бранови, ветер, или грмотевици. A Soft Murmur го има сево ова и многу повеќе. По посетување на веб сајтот, одбирате какви звуци ...

Во моменти кога пазарната вредност на Bitcoin се намали под 20.000 US долари се разгореа дискусиите за дали всушност оваа криптовалута има вистинска вредност или е само една маестрална пирамидална шема. Многумина мислеа дека ланскиот скок до 69.045 долари ќе го лансира Bitcoin-от уште повисоко. Но, масивната инфлација низ целиот свет натера многумина инвеститори да си ги повлечат средствата од крипто сферата. Војната меѓу Русија и Украина беше ...

Екосистемот на блокчејнот Solana е цел на засега непозната хакерска група. Напаѓачите испразниле средства од илјадници „hot“-новчаници (новчаници кои постојано се поврзани на интернет). „Си ги поправав очилата за сонце кога добив нотификација дека од мојот паричник се префрлени сите SOL средства. Ова е мојот главен hot-паричник, и имав поврзувања со многу различни мобилни и веб-екстензии од провајдери за паричници, и со многу децентрализирани ...

IT.mk е онлајн дестинацијата која веќе 14 години ја едуцира, промовира и поддржува македонската ИТ заедница, а пред две недели ја објавивме шестата верзија од IT.mk – v6 (бета), во која најавивме драстична промена во бизнис моделот – на кратко, воведуваме е-комерц решение и се пренасочуваме кон ИТ заедницата. Откако повеќе години мачиме мака со финансиските резултати на IT.mk, се решивме на еден нов, релативно храбар чекор… Новиот бизнис модел ...

Како што сигурно знаете, во училиштата се вложуваат огромни напори за образование на деца со попреченост. Но, секој што работел со вакви ученици знае дека таквото нешто, ако не е предизвик, тогаш е значително поразлично. За подобро справување со учениците и максимално извлекување на нивните потенцијали, можат да ви помогнат бројни апликации. Во оваа прилика разгледуваме три од нив, а доколку има интерес, со задоволство би ја прошириле листата со ...

Во денешно време, англискиот јазик е исклучително важна алатка за напредување на професионален план. Но, нема магичен начин за учење јазик и потребна е одредена експериментација со бројните методи и наставни средства. Па така, некои ученици го учат англискиот со BBC Learning English, некои учат англиски идиоми со Idioms, а некои целосно се посветуваат на непресушната ризница од лекции и вежби преку AgendaWeb. Како и да е, она што дефинитивно ...

Независно од тоа што можеби сте слушнале, Marvel’s Avengers се одликува со долга и одлично реализирана кампања која изобилува со интересни механики, особено во начинот на кој се реализирани ликовите и нивните уникатни борбени потези. Меѓутоа, како игра која е етикетирана како live-service, за многумина немаше соодветни end-game содржини, и покрај тоа што тимот даде се од себе да ја освежи основната игра со нови ликови и активности. Поради ...

Symphony Digital има влијание на ИТ пазарот во Македонија од 2019 година. Кога за прв пат го отворија својот инженерски центар во Скопје, тие воедно и ја поставија основата за нови можности за талентирани IT инженери, истовремено активно придонесувајќи за развојот на локалниот ИТ еко систем. Оттогаш, Symphony Digital гради и негува силен тим кој успешно соработува со водечки компании во банкарскиот, здравствениот, трговскиот, транспортниот и ...

Европскиот Парламент денес со огромно мнозинство ја потврди употребата на единствен приклучок за полнење. Од 2024 година сите, или барем најголем дел од електронски уреди, ќе мора да доаѓаат со USB-C приклучок за полнење. Обврската од 2026 година ќе се прошири и на лаптоп компјутерите. За одлуката гласаа 602 претставници, 13 беа против, а 8 беа воздржани. „Универзалниот полнач конечно ќе стане реалност во Европа. Чекавме повеќе од десет години ...

ПроКредит Банка ја претстави најновата, унапредена верзија на апликацијата за мобилно банкарство, со нов, подобрен кориснички интерфејс кој е практичен и интуитивен, и нуди лесна навигација низ бројните функционалности. Покрај новиот, модерен изглед, со новата верзија на апликацијата корисниците добиваат низа нови функционалности кои се создадени како одговор на потребите на клиенти за брз и практичен начин да ги завршат своите банкарски ...

Ако нешто има за извоз во IT сферата тоа се бројни акроними. Користејќи акроними како WI-FI, USB, ROM, PDF, и ATM и многу други е исклучително практично, но дали некогаш сте се запрашале што всушност значат и од која комбинација на зборови потекнуваат? Во оваа прилика ги разгледуваме токму нив, заедно со кратко објаснување извлечено од македонската верзија на Wikipedia. WI-FI – Wireless Fidelity, безжична веродостојност) — заштитен знак на ...

Австралиската берза за тргување со хартии од вредност – ASX овој месец ги сопре своите блокчејн планови. Берзата последните пет години работеше на блокчејн надградба на својот систем за тргување. Сепак на средината на ноември, ASX се одлучи да го паузира проектот, иако досега има инвестирано над 171 милион американски долари во развој. Системот на кој работеа во ASX требаше да ја замени постоечката CHESS платформа. CHESS е кратенка од Clearing ...

Една од придобивките на читателите кои ќе се решат да го поддржат IT.mk со 1337 премиум членство е и учество во рандом месечен giveaway, во кој доделуваме вредни награди. Секој месец доделуваме по еден подарок, а изборот се врши на 15-ти во месецот кога се прави избор од листата на активни 1337 членови преку Random.org. Подарокот за овој месец е: Екстерен хард диск WD Elements Portable Black 2TB USB 3.0 Преносливите хард дискови WD Elements со ...

Symphony Solutions се гордее што работи со фантастични луѓе кои нé инспирираат секојдневно со нивните лични вредности, работлива природа и проактивно живеење. Овој пат разговаравме со Гордана Андоновска, Service Delivery Manager во Symphony Solutions Македонија која ни раскажа за нејзината работа овде како и за нејзините проекти кои имаат општествен придонес, па дури и за специјалното образование. Гордана исто така кажа и збор-два околу тоа како ...

На 34-тата Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2022), која од 7-ми до 15-ти август се одржува во Индонезија во градот Јогјакарта, македонскиот тим средношколци го постигнаа историски највисокиот резултат во повеќегодишната традиција на ова натпреварување. Македонскиот тим на овој интернационален натпревар во програмирање беше составен од учениците Благојче Павлески, Марко Таневски, Софија Велковска и Тео Китановски, предводени од д-р ...

Голем дел од технолошките гиганти благодарение на здравствената криза успеаја значително да ја зголемат својата заработка и својата вредност. Ова траеше неколку години, а профитот дури и кога некои други компании едвај се справуваа, растеше. Благодарение на ова Amazon, Microsoft, Apple, Meta, значително ја зголемија својата вредност. За жал, економијата не продолжи како што најголем дел од компаниите очекуваа. Па, дел од нив мораат да отпуштат ...

Додека индустријата со недвижнини е една од најголемите светски индустрии, истовремено со неа се развива и се поголемата станбена криза, присутна во многу земји ширум светот. Стартапите од оваа индустрија, односно т.н. protech (кованица од property и tech) стартапи во последните години пак излегуваат со нови решенија околу тоа како да се изборат со оваа криза. Еден од нив е грчкиот стартап Protio, кој работи на иновативна платформа за ...

По двегодишна пауза, глобалната заедница на програмери повторно се враќа со настани во живо, овојпат преку WeAreDevelopers конференцијата која се одржа во Берлин од 14-ти до 15-ти јуни. Интересно е што речиси целата комплетна организација на конференцијата е од лица со потекот од Балканот, започнувајќи од 33-годишниот Австриец со потекло од Босна и Херцеговина, Сеад Ахметовиќ, кој е и извршен директор на конференцијата и истоимената ИТ ...

Работењето од дома овозможува зголемена слобода, но и зголемени предизвици. Самите сте одговорни за распределба на вашето време и за дисциплината да бидете продуктивни. Самото тоа што нема никој друг околу вас што работи може многу лесно да ве наведе кон прокрастинација и губење време. Ова се моите топ 3 техники за зголемување на продуктивноста. Имајте дневна мисија Мојата дневна мисија се состои од 3 категории: 1. Мастер листа на задачи Мастер ...

Последнава недела, IT.mk, како и други македонски популарни сајтови и системи (засега јавно се произнесоа од KlikniJadi.mk) се соочуваат со DDoS напади. Со цел појаснување на овој сајбер напад на пошироката јавност, како и споделување на нашето искуство со митигација на DDoS нападот – го започнуваме овој серијал од текстови. Откако скоро цела недела бевме под DDoS напад од страна на засега непознат сторител, веќе 48 часа пиеме „кафе на раат“… ...

По двомесечна обработка на податоците кои ни ги доставија над 2.200 ИТ професионалци во земјава (бескрајно сме ви благодарни на сите што учествувавте!), конечно дојде моментот да го објавиме истражувањето Мапирање на ИТ индустријата во .мк, издание 2022. Истражувањето, како и она во 2019-та година, има за цел да даде сеопфатен приказ на актуелната состојба со плати и примања, технологии, едукација и развој на ИТ кадарот, како и вработените во ...

Идејата е едноставна. Во Македонија имаме стартап заедница во неколку градови, имаме успешни приказни и искусни ментори; има добри акцелератори и иновативни претприемачи. Но, тоа што фали е меѓусебната соработка, што е можеби причина на поларизираното општество. Сепак, кога зборуваме за бизнис иновации и креативност, сите се согласни дека доброто на заедницата треба биде на првото место. – вака започнa текстот објавен на 16-ти август, 2016-та ...

Нино Васков е музичар кој е присутен на македонската сцена долги години, веројатно најпрепознатлив преку неговата работа во рап колективот Флека. Во моментов е актуелна неговата соработка со Тони Зен на новобјавените нумери Планот и Првата нота. Сепак, колку и да нè интересира музичката сцена (disclousure: во редакција има фанови на Флека), овојпат со Нино зборуваме за неговата работа на видеоигрите. Кажи ни нешто за себе, кој е всушност Нино ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
56%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
53%
1011
weather icon

Загреб

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
58%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 18ᴼ
1.54
41%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.52
44%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.51
76%
1010
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
2.57
49%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
41%
1012
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
50%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
4.63
60%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
0.89
50%
1010
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
7.2
47%
1012
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484