Периодов е супер богат со нов хардвер. Оваа недела тоа е најмногу благодарение на Google и презентациите на Pixel уредите, нo имаше уште куп други интересни презентации од новиот Raspberry Pi до Galaxy Smart Tag 2. Pixel 8 и Pixel 8 Pro најдобри Android телефони На презентацијата на новите Pixel телефони Google објави дека отсега Pixel телефоните ќе имаат 7 годишна софтверска поддршка. Ова се однесува на оперативниот систем и на безбедносните ...

Ужасите од Втората Светска Војна се огромни и доаѓаат во многу форми. Преку очи на малечко девојче, Torn Away е игра која прикажува само дел од нив, но она што го покажува е сосема доволно да ве растревожи. Во навидум безизлезната борба против гладот, елементите и луѓето, десетгодишната Асија се втурнува во долго и макотрпно патување низ Германија и Полска, се со цел да успее да се врати дома. Torn Away е карактеристична авантура, но со елементи ...

Project Planet – Earth vs Humanity е одличен избор доколку ви се собере друштво и сакате да одиграте игра каде треба да го уништите или спасите човештвото од бројни вируси, удари на астероиди, бројни политички и економски кризи, и други природни катастрофи. По покренување на играта, на екранот ќе се покаже код. По внесување на кодот преку телефоните, еден играч има за цел да започнува одредени катастрофи и да проба по секоја цена да ја уништи ...

Компанијата зад Facebook и Instagram започна со додавање на први алатки за маркетарите базирани на вештачка интелигенција. Алатките треба да им ја олеснат работата на сите кои работат маркетинг и преку алатките да им помогнат да ја зголемат својата креативност и продуктивност. Дел од новите функционалности ќе овозможат генерирање на позадина, проширување на слики, креирање на различни варијанти на текст. Иако компанијата веќе ги најави ...

Првата фитнес платформа во Македонија, FitKit која во Македонија функционира од 2016-та година и веќе има над 23.000 регистрирани корисници, од кои 3.500 активни членови кои плаќаат членарина за да користат 800+ услуги од 230 провајдери, од октомври планира да го освои и грчкиот пазар. Приказната за почетоците на овој македонски стартап, предводен од Ангелина Блажевска и Јосиф Дамјанов, ја објавивме минатиот ноември, кога FitKit беа прогласени ...

Месецот кој го оставивме зад нас, беше полн со одлични игри за играње. Како една од игрите кои навистина сакавме да ја пробаме беше и SUPER BOMBERMAN R 2. Уште пред да излезе, чедото на KONAMI ни оставаше впечаток на носталгично, шаренолико патување низ различни светови и бројни можности за предизвикувачки пресметки со другите играчи. Првата Super Bomberman излезе во 2018 година и, покрај проблематичните рецензии, сепак успеја да собере бројни ...

Meta го објави планот со кој планира да ги исполни европските правила. Засега изгледа тешко да се поверува дека компанијата ќе успее да се договори со претставниците на Европската Унија. Практично Facebook и Instagram ќе имаат два различни начини за користење во Европа. Едниот е бесплатен и значи дека корисниците ќе мора да се согласат на персонализирани реклами. Премиум моделот ќе биде без реклами, но ќе доаѓа со претплата, и тоа прилично ...

80-ите и 90-ите беа одличен период за beat ’em up игрите. Поискусните, да не кажеме постарите, гејмери дефинитивно ги паметат игрите како Cadilac, Final Fight и Punisher, а поновата генерација од неодамна помина низ новите остварувања како Scott Pilgrim Vs The World: The Game или Teenage Mutant Ninja Turtles: Shredder’s Revenge. Во случај да ви здосадија тие игри и барате малку поразлични тепачки игри од сличен калибар, па, засукајте ги ракавите ...

Се чини дека го начекуваме Никола Ангелковски секогаш кога ќе заврши некоја „втора“ сезона. Минатиот пат со него разговаравме кога работеше на втората сезона на популарната серија Witcher, а сега го контактиравме по крајот на втората сезона Foundation. Во оваа серија Никола има улога на Environment Technical Director. Со Никола зборувавме за неговата работа на серијата, но и за насоките во кои се движи VFX индустријата. Foundation е серија ...

Полека се приближуваме до почетокот на октомври, а за македоснката гејминг заедница тоа значи дека дечките од GG.MK се враќаат назад во студио и продолжуваат со поткастот. Ова е јубилејна 10 сезона од GG.MK, а идејата за прва емисија за видеоигри е многу постара. Традиционално за новата сезона го контактиравме Гораст, а тој без размислување се согласи да ни одговори на прашањата за почетоците и плановоте за новата сезона. Со GG.MK почнавте пред ...

Со свечено отворање денеска (28 септември), ќе започне со работа „The Hub”, новиот коворкинг простор во Скопје, поддржан од домашната ИТ компанија Adeva. Просторот се наоѓа на бул. Партизански одреди, спроти Соборниот Храм и нуди 30 индивидуални бироа за работа, простории за групни и индивидуални состаноци, простор за оддржување настани, како и приватни канцеларии со можност за долгорочно изнајмување. Во просторот на располагање се и опуштен дел ...

Vampire Survivors воведе вистински бум и ги размрда roguelite жанровите така што воведе нови и свежи механики. Но, она што е ново и свежо обично не трае долго и откако ќе почнат да се редат копија по копија слични наслови, се појавува ризик да се презасити гејмерската популација и она што некогаш беше свежо сега да е бајато. За среќа, многу девелопери суптилно ги менуваат survival action-roguelike механиките кои беа препознатливи за Vampire ...

Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој профилираме по еден .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [септември, 2023]: Influencers Club е платформа која ги поврзува брендовите со инфлуенсерите. Стартапот собира и агрегира јавни информации за инфлуенсери од над 40 платформи и истите ги филтрира и организира по повеќе од 100 податочни точки. Компанијата основана во 2016-та ...

Во случај да сте корисник на Android телефон, тогаш самиот систем се одликува за можност за користење дополнителни кодови кои извршуваат одредени операции, како маскирање на вашиот телефонски број, или прикажување корисни податоци, како листање на IMEI податоците или пак информирање за Wi0Fi сигналот, батеријата, и други податоци за користење. Надополнување: првите два кода се универзални! 3 корисни кодови #31# – Непознат број Пред да завртите ...

Основан во 2000 година во Калифорнија, Keiretsu Forum е глобална мрежа на бизнис ангели и VC инвестиции во повеќе од 60 оддели нa четири континенти. Во соработка со Keiretsu Capital, членовите се најголеми инвеститори во САД. Неодамна, Форумот се прошири и во Југоисточна Европа. Одделот за Југоисточна Европа – KFSEE е непрофитна организација која ја реинвестира целата заработка и ги поврзува глобалните инвеститори со регионалните старт-апи. ...

Во денешно време, нема за што не постои веб сајт. Придружувајќи се до принципот: кратко, но слатко, одбравме 5 корисни сајтови кои ќе ви помогнат во извршување на 5 различни работи. Почнуваме со сајт за автоматизирање постови, се движиме преку сајтови за најразлични курсеви, а завршуваме со сајтови кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни или пак подобро да пишувате. 1. Автоматизација Buffer.com ви дозволува да постирате и да закажувате кога ...

Во мај, девелоперите SenAm Games го исфрлија прологот за нивната мрачна детективска игра – Hauma. Оние фанови на визуелни новели кои бесплатно го проверија прологот беа одушевени од чистиот графички стил, впечатливата приказна и одличната глума. Неколку месеци подоцна, целата игра конечно излезе, но дали успева да ги заитригира гејмерите или пак се дави во морето од слични игри? Како и повеќето визуелни новели, најсилната страна во Hauma – A ...

Веб девелоперот Никола Стојков неодамна во Facebook групата „Сојузен Комитет на Програмери на Република Македонија“ го објави својот хоби проект наречен „Мое Здравство“, кој има за цел на едно место да ги обедини сите медицински податоци достапни од повеќе извори и отворени датабази во Македонија. Проектот е достапен на доменот infomed.mk. Благодарение на ентузијазмот на Никола времето кое е потребно да се пронајдат различни медицински податоци ...

Во далечната 2005, F.E.A.R. го револуционизира FPS жанрот со тоа што искомбинира хорор елементи со адреналинска акција. До ден-денес играта е за многумина вистински акционен спектакл. Чедото на Monolith се истакнува со впечатливи пукачки секвенци и со задоволителен систем за успорување на времето каде куршуми, искри и искршено стакло ползи на сите страни. Дали Trepang2 успева да ја модернизира препознатливата акција и да воведе нова свежина во ...

Популарната пејачка Тејлор Свифт во соработка со Google на супер интересен начин го промовира својот старо-нов албум „1989 (Taylor’s Version)“. Промоцијата ја скокотка креативноста на обожавателите и ги држи ангажирани. Секогаш кога некој во пребарувачот ќе го внесе името на популарната пејачка, во долниот-десен агол може да забележи „син сеф“. Сефот крие загатки во кои корисниците требаа да пронајдат скриени зборови. Заедно со Google креираа 89 ...

OpenAI, компанија за која несомнено ќе се зборува многу повеќе во блиска иднина, својот главен продукт на компанијата – ChatGPT, веќе добро познат со своите извонредни можности, го надогради со нова функционалност. Оваа недела компанијата најави интеграција својот надограден модел за графика и фотографии, DALL-E 3 ќе го интегрира во ChatGPT. Овој модел е наследник на моделот DALL-E 2. Што е DALL-E, на кој начин се користи и дали е бесплатен? ...

Chants of Sennaar имплементира уникатни механики во секој аспект од играта, почнувајќи со дизајнот и графичкиот приказ, движејќи се преку механиките за решавање загатки, и завршувајќи со суптилната музичка подлога која одлично го доловува мистериозниот свет околу нас. Како резултат, оставени сте со една од најоригиналните инди игри која би била особено ценета од љубители на загатки, а особено од лингвисти. Вавилонскиот плач Светот во Chants of ...

Денеска, бројот на продавници на видео игри е исклучително голем. Steam и понатаму седи на тронот непредизвикан, но под планината неуморно се борат Epic, EA, Ubisoft, GreenManGaming, GoG и ред други продавници. Сите од нив, меѓутоа, само ви продаваат клучеви односно лиценци за играње игри. Откако ќе завршите со играта, не можете истата да ја продадете, како во ситуација со физички копии на игри. Robot Cache е единствената продавница која ви ...

На PlayStation, ASTRO BOT успеја да ги фасцинира гејмерите со шареноликата графика, симпатичните анимации и предизвикувачките платформски левели. Играта беше (и сеуште е) совршенство во најчиста форма и е задолжителна лектира за сите PS гејмери. Boti: Byteland Overclocked е игра која се труди да го долови духот на таа игра. Дали успева во мисијата или пак трапаво се сопнува и паѓа на дното како сосема просечна имитација? Дебитантска игра Како ...

Без сомневање најголемата вест од хардвер светот минатата недела беше настанот на кој Apple претстави куп нови производи. Од остатокот на вестите баш немаше нешто премногу, иако Meta најави интересно партнерство со LG, а и Huawei споделија детали за новиот телефон и процесор. Google и iFixit го проширија партнерството за делови Google и iFixit го продлабочија своето партнерство за поголема достапност на резервните делови за поправка. Досега ...

Франција му забрани на Apple да продолжи со продажбата на iPhone 12. Причина за сопирањето на продажбите е емитирањето на преголемо електро-магнетно зрачење. Покрај забраната Apple треба и да ги поправи своите постоечки уреди. Зрачењето кај овие телефони не е во согласност со европските закони, вели Француската национална агенција за фреквенции. „Што се однесува до веќе продадените телефони, Apple мора во најкраток рок да преземе корективни ...

Trackle.mk е нова Android и iOS апликација која овозможува следење на поштенски пратки. Последниве неколку години видовме неколку слични апликации. Најпрво тука беше ПТТ Тракер, па „Мои Пратки“, а сега е достапна и Trackle.mk. Trackle е дело на Никола Ѓоргиев кој пред неколку години објавуваше C# и JavaScript туторијали на Youtube. Новата апликација е бесплатна, а Никола вели дека е подарок од него, сопругата и неговиот син Мартин, за сите ...

Да се направи добра RPG игра знае да биде огромен предизвик, особено кога се работи за имплементирање забавни механики. Но, она што е забавно за едни, може да е крајно здодевно за други. Age of Reforging: The Freelands е cRPG игра која би била интересна на фанови на класични RPG игри, како Baldur’s Gate, но и на игри како Mount and Blade серијалот или пак Kenshi. Age of Reforging: The Freelands не е игра која се заснова на срамотно копирање ...

Индустријата за вештачка интелигенција во Хрватска забележува огромен раст во последните години, нешто што станува видливо и преку скорешните примери како што е неодамнешната аквизиција на хрватскиот стартап PhotoMath од страна на Google. Токму овој пример со PhotoMath, едукативна апликација која им овозможува на корисниците да решаваат математички задачи, претставува и нов поттик за развојот на оваа индустрија во земјата, која што расте со ...

Од крајот на минатата недела започна да функционира новиот проект Worldcoin на Tools for Humanity. Ко-основачи на компанијата Worldcoin се Сем Алтман од OpenAI и Алекс Бланиа, а поддршка дојде и од еден од најпознатите инвеститори, како Андерсен Хоровиц. Седиштето на компанијата е лоцирано во Сан Франциско и Берлин, иако САД не се една од државите во кои се започнати јавни тестови. Идејата зад проектов е да се креира платформа за идентификација ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1021
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1022
weather icon

Загреб

16ᴼ / 10ᴼ
2.06
62%
1024
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.7
86%
1021
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
0.5
88%
1024
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
73%
1020
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
100%
1020
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
88%
1020
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1020
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
68%
1021
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
94%
1020
Currency

61.6038

Currency

52.8468

Currency

70.9593

Currency

34.3595

Currency

37.689

Currency

66.6453

Currency

7.41691

Currency

0.65209

Currency

0.35097

Currency

0.52569

Currency

1.26189

Currency

0.5983