
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Движењето IT4Charity е креирано од повеќе ИТ компании во 2016 година со цел да ја зближи ИТ заедницата преку хуманитарни активности кои се наменети за собирање средства за поддршка на ранливите групи во нашето општество. Во тој контекст, од тогаш-наваму, ИТ заедницата и СОС Детско село организираат една IT4Charity кампања на годишно ниво која има за цел да ја поддржи ранливата група на деца и млади во грижа на СОС Детско село. Овогодишната цел ...
Како гром од ведро небо, ArenaNet денеска ја најавија нивната четврта експанзија. Насловена како Secrets of the Obscure, експанзијата ќе ви наметне предизвик при откривање нови тајни кои лежат зад вистината за магичната кула и кое е вистинското место во космосот за Тириа. Трејлерот и описот можеби делуваат мистериозни, но не и бројните вести кои ги открија девелоперите за најновата експанзија. Имено, Secrects of the Obscure излегува на 22 август ...
Сите имаме проблеми. Она што обично се случува при соочување со проблем е една од две ситуации – или ќе се затвориме во себе или ќе се отвориме кон некого. И двете ситуации имаат бројни облици, а најчестите при отварање кон некого се зборување за вашите чувства и, преку самото тоа, надевање дека ќе произлезе некое решение или, во најмала рака, подобро ќе се чувствувате. Ако сметате дека најблиските не ве разбираат, а немате пари за ...
Минатата недела Google на листата земји во кои може да се користи Google Wallet ја додаде и Македонија. Компанијата последното проширување го најави на блогот на Wallet. Заедно со Македонија, паричникот на Google е достапен и за корисниците на Албанија, Аргентина, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Платформата на Google овозможува куп различни функционалности. Покрај плаќањето со Google Pay, овозможува чување на картички за автобуски превоз, лична ...
Како и сите во денешното време, ви се има случено да ве фати блага паника кога помислите дека ви го нема телефонот. Често се случува и да скокате низ едни исти страни од страв да не пропуштите нешто. Згора на ова, би можеле и да се навраќате на социјалните профили на лицето кое ви се допаѓа за да видите да не сте пропуштиле некој пост или фотографија. Нема ништо лошо во ова и ваквите активности се сосема нормални. Но, што доколку границите ...
Компанијата во чии фокус е приватноста на корисниците – DuckDuckGo конечно ја издаде и Windows верзијата на својот прелистувач. Засега прелистувачот е во бета, но може да го преземат сите. Компанијата се прослави со пребарувачот кој е приватна алтернатива на Google, а сега ќе бидат конкуренција на уште едно поле Прелистувачот (може да го преземете тука) доаѓа на Windows една година откако е достапен за macOS. За рендерирање на страниците ...
Во бизнис и стартап светот, зборот „еднорог“ претставува стартап во приватна сопственост кој достигнал или надминал вредност од 1 милијарда US долари. Дефиниција за стартап еднорог Во стартап екосистемот поради брзиот раст, диструптивниот модел и потенцијалот за голема заработка, овие компании се едни од најинтересните за инвеститорите. Вообичаено компаниите се од технолошкиот сектор (поради лесната скалабилност) и со глобален пазарен фокус, ...
За само неколку дена два од најголемите креатори на Twitch се префрлија на Kick. Феликс „xQc“ Ленфеил и Кејтлин „Amouranth“ Сирагуса отсега ќе стримаат и на новата платформа. Од претходно на платформата се присутни Тајлер „Ninja“ Блевинс, Хикару Накамура и Ејдин Рос. Сепак, во моментов се актуелни xQc и Amouranth, како поради популарноста, така и поради висината на договорот. За договорот на Кејтлин нема детали, но Феликс следните две години ќе ...
Македонскиот продукт HeyReach – алатка за автоматизирана комуникација на LinkedIn, се пофали дека за само четири дена успеале да направат продажба од скоро 200.000 US долари ($190.080), продавајќи го продуктот на над 1.110 клиенти глобално. Кампањата ја реализирале преку платформата на AppSumo – маркетплејс за дигитални продукти. “WOW. Just WOW. Минатите 4 дена, ја изведовме досега најголемата маркетинг кампања која сме ја имале некогаш, и тоа ...
Good Old Games ја лансираа нивната најголема распродажба летово, нудејќи над 5400 игри со запрепастувачки попусти до 90%. Апсолутно сите од игрите што ќе ги купите преку продавницата се оперирани од какви било DRM заштити, што значи дека играта навистина е ваша и можете да ја инсталирате на онолку направи колку што сакате, без никакви ограничувања. А, не ни мора да потрошите пари за да си се почастите игра. Имено, моментно имате промоција и ...
Една од придобивките на читателите кои ќе се решат да го поддржат IT.mk со 1337 премиум членство е и учество во рандом месечен giveaway, во кој доделуваме вредни награди. Секој месец доделуваме по еден подарок, а изборот се врши на 15-ти во месецот кога се прави избор од листата на активни 1337 членови преку Random.org. Подарокот за овој месец е: RAM меморија DDR4 16GB (2x8GB) 3600MHz G.SKILL RipjawsV F4-3600C19D-16GVRB DDR4 DRAM меморијата на ...
Како што сајбер криминалот продолжува да се зголемува и сајбер нападите стануваат пософистицирани, автентикацијата со два фактори станува сè поважна за заштита на вашите сметки од напаѓачи. Во декември 2021 година, Фејсбук објави дека сметките со висок ризик, вклучително и владини службеници и активисти за човекови права, ќе треба да користат двофакторна автентикација. Според TechCrunch, повеќе од 1,5 милиони Фејсбук сметки сега имаат овозможено ...
Ameca е хуманоиден робот, кој благодарение на интеграцијата на ChatGPT сега зборува на повеќе јазици. Engineered Arts, компанијата која е креатор на роботот, планираше да додаде четбот функционалност од минатата година, но сега конечно може да видиме како ова изгледа. „Неверојатно е како едноставни работи може да направат машините да изгледаат свесно“, вели директорот на Engineering Arts, Вил Џексон за Verge. Роботот на видеата зборува на ...
Можеби веќе забележавте. Одите на вашиот омилен форум на Reddit, а таму ве пречекува порака дека е затворена заедница. Илјадници форуми, во знак на протест ќе бидат затворени од 12-ти до 14-ти јуни поради API промените кои ги најави платформата. На протестот се приклучија и некои од најголемите форуми со милиони членови. R/Gaming (над 32 милиони членови), R/music (29 милиони членови), R/todayilearned (26.5 милиони), R/funny (37,5 милиони ...
Summer Game Fest 2023 произлезе дека е феноменалан настан кој ја разгоре гејмерската страст за најновите и најочекуваните игри во годината што следи, па и понатаму! Доколку од некоја причина го пропуштивте настанот, приклучете ни се во заедничката мисија да поминеме низ бројните трејлери и демо прикази! Prince of Persia во Metroidvania руво доаѓа од студиото кое е најдобро познато по Rayman игрите. Не е она што очекувавме за оживување на овој ...
Безбедносната компанија Mandiant оваа недела го објави својот извештај за онлајн безбедноста во 2022 година. Ситуацијата е нешто подобра отколку минатата година, но е далеку од посакувана. Mandiant е американска компанија за онлајн безбедност која од 2022 година е дел од Google. Компанијата се „прослави“ откако во 2013 издаде извештај во кој дел од сајбер-нападите во САД директно ги поврза со кинеска шпионажа. Ова е прв извештај кој компанијата ...
Без сомневање, SuperImage е феноменална апликација која на корисен начин ја користи вештачката интелигенција за да ви помогне да станете попродуктивни и брзо и квалитетно да ја зголемите резолуцијата на фотографиите. Преку користење напредни Real-ESRGAN алгоритни и MNN длабоко учење можете да вметнете каква било фотографија, особено доколку фотографијата е во многу лош квалитет, и истата да ја трансформирате во многу поквалитетна алтернатива. ...
Низ годините, крај на училишната година стана синоним за непреспиени ноќи и серија од главоболки помеѓу наставниците. Цела недела како е-дневникот поставен на ednevnik.edu.mk е едвај функционален затоа што сите наставници се трудат да ги внесат оценките за крајот на годината. Од друга страна, бројни родители го оптоваруваат системот за да се информираат за оценките на нивните деца. Како директен резултат на сево ова, повторно се најдовме во ...
Имате слободно време, пристап до одлични сервиси за стримување, но не знаете што да гледате? WHATTAWATCH – What To Watch е апликација за Android и iOS, a нејзината цел е да ве информира кој филм или серија е тренди, популарна, или има освоено награди. Најмоќната опција кај оваа апликација е можноста Discover. Преку оваа опција вршите претражување според одредени корисни критериуми. Имено, можете да одберете листање во зависност од жанрот (ги има ...
Во моментот на Steam можат да се најдат неколку игри кои се привремено бесплатни. Поголемиот дел од игрите се навистина добри и некако сметавме дека би било навистина штета да не си ги зграпчите и прикачите на вашиот акаунт. Некои од нив ќе се бесплатни само уште ден – два, така да не губете време и „купете“ ги веднаш! :) Field of Glory 2, turn based игра сместена за време на римјанското доба. Играта има 86% позитивни рецензии и е бесплатна само ...
Најмногу вести за хардвер минатата недела дојдоа благодарение на WWDC23 на Apple. Компанијата претстави нови модели на MacBook Air 15, Mac Studio и Mac Pro. Секако можевме да ги видиме и првите очила за проширена реалност на Apple, Vision Pro. Сепак ова не беше сѐ што видовме. Достапни се првите податоци и за Meta Quest 3, Noctua најави нов вентилатор за PC, a во вестите повторно се враќа електричното возило на VW, ID.Buzz. MacBook Air 15’’ ...
Европската Унија ги одобри државните субвенции во висина од 8 милијарди евра наменети за развој на чипови. Заедно со финансиите од приватните фондови, проектот ќе вреди 22 милијарди евра. Основна намена на фондот е да овозможи домашно производство на чипови во Европската Унија. Последните години покажуваат дека најголем дел од државите се зависни од увоз кога чиповите се во прашање. Ковид пандемијата и војната во Украина значително ја отежна ...
Ако некој серијал често се споменува во хорор жанрот, тоа се игрите Amnesia – директните наследници на Penumbra игрите. Првата игра, Amnesia: The Dark Descent излезе дури во 2010-та година и инстантно стана препознатлива по уникатна смеса од хорор и истражувачки елементи, свет во кој силата не се содржи во бројните огнени оружја туку во интелектуалното прикрадување и користење на вистинските моменти. Три години подоцна, се појави Amnesia: A ...
Одлични вести за сите кои работат на Mac, но повремено сакаат да се разонодат и да изиграат некоја видеоигра. Новата верзија на оперативниот систем на Mac – macOS Sonoma, ќе има и гејминг мод на работа. Во модот за гејмање ќе бидат приоритизирани видеоигрите на највисоко ниво, и тоа и на процесорот и на графичкиот процесор. Ова ќе овозможи подобра и „помазна“ работа со повеќе фрејмови во секунда. Истовремено ќе биде намалено доцнењето на звукот ...
Веројатно до сега изгледавте барем едно видео од презентациите на Apple во кои компанијата го претставува својот нов револуционерен производ Apple Vision Pro. Првата верзија на очилата за проширена реалност на Apple e „исполиран“ производ, но кога Apple е во прашање на ова сме и навикнати. Цената на првиот модел започнува од 3500 долари. Удобен и лесен за управување Компанијата мислела на сѐ, и на удобноста на корисниците, но и на оние околу ...
Фановите на table-top игри имаат што да најдат во Dark Quest 3 – симпатична инди игра со уникатен графички стил, едноставен концепт, но непредвидливи и длабоки механики. Приказната во DQ3 е фрлена во спореден план и силно се потпира на генеричен заплет каде тим од четири херои, од максимум дванаесет, треба да стават крај на злобен волшебник. Патот до него е исполнет со бројни предизвици. Првиот предизвик доаѓа во форма на уникатниот графички ...
Набљудувањето на птици е процес на проучување на птици со голо око или со оптичка направа за подобра видливост. Оваа активност повеќе е хоби отколку формален научен метод. Предност на хобито е што е прилично евтино и може да го практикуваат луѓе од различна возраст. За да ги пронајдат птиците, луѓето кои го практикуваат ова хоби треба да бидат на отворено, често во природа. Хранењето на птици е уште едно супер популарно хоби. Над 57 милиони ...
Денеска, запрепастува бројот на онлајн продавници кои продаваат клучеви за дигитални игри. Бројни игри често се на огромни попусти и просечниот гејмер има на располагање многу добри игри за малку пари. Но, снаоѓањето низ нивните веб страни знае да биде предизвик, особено доколку сакате да ви се прикажат игрите според највисоки попусти, (историско) најниски цени и ред други параметри како време на излегување, продавници, претплати, рецензии и ...
Градски паркинг Скопје ќе изнајмува 500 електрични тротинети, стационирани на 19 станици низ градот. Проектот е доделен на турската компанија BinBin која свое присуство има во Турција, Азербејџан, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија. Тротинетите може да се оставаат било каде, а екипи на BinBin на крајот од денот ќе ги собираат по претходно лоцирање со GPS. Најавената цена е девет денари по минута за изнајмување на електричен тротинет ...
Една интересна карактеристика за македонската ИТ индустрија е дека компаниите во неа се срамат од споделување на бројки – дали станува збор за број на вработени, приходи, профити, број на клиенти, аквизиции или инвестиции – бројките позади овие настани многу ретко се споделуваат јавно од страна на компаниите, освен ако истите не се очигледно добри за фалење. Приходот, профитот и бројот на вработени на секоја компанија, покрај еден куп други, е ...