Креаторите на ChatGPT, Open AI, претставија нова алатка која ќе го олесни животот на академската заедница. Веб-алатката може да им помогне на наставниците и професорите да препознаат дали некој текст е напишан од човек или машина. Веста дека OpenAI работи на ваков софтвер ја објави Register на средината на јануари, а сега веќе постои готова алатка. AI Text Classifier е трениран за да може да препознае разлика помеѓу текст напишан од луѓе и ...

Моделите на вештачка интелигенција кои креираат слики од едноставни текстуални барања веќе се супер интересни за корисниците. Во 2023 година оваа технологија би можела да доживее „експлозија“ според предидувањата на MIT Technology Review, кој ја стави вештачката интелигенција што црта на листата највлијателни технологии во моментов. Една од причините за ова е што алатките кои со помош на вештачка интелигенција креираат слики веќе успеаа да ...

Пред неколку дена Mercedes-Benz објави дека е првиот производител на автомобили кој ќе започне да тестира 3-то ниво на автономија на своите возила. Неофицијално компанијата го објави ова на CES на почетокот на јануари, но официјално објавија дека започнуваат со тестови минатата недела. Технологијата ќе ги има првите тестови на улиците на Невада, и тоа со повеќе ограничувања. Брзината мора да биде под 64 km/h (40 mi/h), а возач постојано мора да ...

Февруари обично се смета како релативно слаб месец во поглед на нови игри, но најзагрижените гејмери сепак нема да останат со празни раце. Како една од најочекуваните игри е секако Hogwarts Legacy. Лудилото по Хари Потер книгите и филмовите можеби е одамна завршено, но играта на ЕА озбилно се заканува да ја врати старата слава на големата врата. За истиот ден се планира и Wanted: Dead – уште една игра која ветува многу со уникатни борбени ...

MusicLM е нова вештачка интелигенција од Google која може да компонира музика од внесен текст. Како и останатата вештачка интелигенција корисникот внесува текст како опис, а MusicLM компонира врз база на овој опис. Она што можеби ќе ве разочара (или израдува) е дека Google нема намера да ја направи вештачката интелигенција достапна до корисниците. Веројатно главна причина поради која вештачката интелигенција нема да биде достапна за јавноста е ...

Google најави дека ќе воведе промени во Google Store, Google Play Store, Google Hotels и Google Flights. Промените ќе овозможат поголема транспарентност и појасни информации за корисниците. Со ова услугите ќе бидат во согласност со законите во Европската Унија. Google во 2021 година се согласи да ја поддржи Мрежа за соработка за заштита на потрошувачите (Consumer Protection Cooperation Network). Промените во Google Flights и Google Hotels ќе им ...

Има одредени ситуации кога за некоја песна сакате да го одстраните вокалот, и да ја извлечете само музиката. Ваквото нешто знае да биде исклучително корисно доколку организирате караоке забава или пак спремате претстава во, да кажеме, училиште. Vocal Remover е моќна онлајн алатка која користи напредни AI алгоритми за да ги отстрани вокалите или пак да ја изолира музиката. По посетување на сајтот, потребно е да одберете и поставите одреденa песна ...

Microsoft, Salesforce, SAP, IBM и Google последниве десет дена најавија дека ќе мораат да го намалат бројот на вработени. Компаниите ќе отпуштат поголем број на вработени, од 12.000 во Google, до 3.000 во IBM, а причината за ова е забавениот раст, непродуктивноста и економските случувања. Microsoft и Google им се приклучија на останатите големи и помали компании од секторот кои минатата година ја завршија со кратења на бројот на вработени. ...

На почеток на неделата, откако на социјалните медиуми беше споделена веста, пишувавме за тоа како сајтот на Бирото за јавни набавки – https://bjn.gov.mk – при секоја посета во позадина активира скрипта која ги искористува ресурсите од уредот на посетителот за да си копа криптовалути преку доменот au****et.org. Само три недели пред оваа вест објавивме за тоа како сајтот на vlada.mk беше хакиран и преку него се продаваa патики, па одлучивме веста ...

При играње мрежни игри често се случува страстите да ве понесат и да се развикате или гласно да комуницирате со останатите членови од тимот. Ова знае да биде проблем за сите останати кои не играат, а се во ваша непосредна близина. Mutalk, верувале или не, е „решение“ кое би требало да стави крај на вашето пречење врз најблиските и комшиите. Се работи за блутут микрофор кој се поставува преку вашите усни и ја намалува гласноста до 20dB доколку ...

За денот на вљубените напаѓа една од најочекуваните игри во месецот, особено доколку сте фанови на Ninja Gaiden и Dead or Alive. Soleil Ltd. е тим во кој се наоѓаат поголемиот дел од девелоперите кои претходно работеа на горе споменатите игри и, од она што до сега го имаме видено, нивната најнова игра делува како одлично надоврзување на нивниот минат труд. Wanted: Dead е уникатен хибрид чии механики влечат инспирација од бројни шутери, но и од ...

„Explain like I’m five“ (Објасни ми како да имам 5 години) е термин кој се користи кога нешто треба да се објасни супер едноставно. Токму ова е намената на Eli5 (името е креирано од првите букви на Explain like I’m five), да објаснува комплексни теми на наједноставен начин. ELI5 е вештачка интелигенција изградена врз OpenAI од тим на претприемачи и како што велат самите, AI-фанатици. Засега технологијата е во бета фаза, а нејзиното користење е ...

Ова е гостински текст на Стојанчо Туџарски, експерт за вештачка интелигенција и креатор на јазични модели за македонскиот, и сите останати балкански јазици. Вовед Во 2017-та Google со својот познат натпис “Attention is all you need” ја обзнанува во јавноста својата нова архитектура на невронски мрежи Transformers. Како последица од неа, пет години подоцна, светот се соочува со мини-индустриска револуција. Овој натпис е посветен на тоа како јас ...

Напредокот на вештачката интелигенција и се поголемата достапност на различни платформи за експериментирање, отвора простор за куп нови апликации. Eightify е една од алатките која е овозможена од овој напредок. Алатката на корисниците треба да им заштеди време со тоа што ќе креира кратка содржина за YouTube видеата. Потоа ако на корисникот кратката содржина му изгледа интересно, може да го погледне видеото. Eightify е достапен како екстензија за ...

За Србија и нејзиниот стартап екосистем 2021 се покажа како една од најуспешните години досега, бидејќи тамошните компании успеаја да привлечат над 123 милиони евра инвестиции. Според неодамнешниот извештај за екосистемот насловен “Стартап Скенер 2022“, во однос на 2020-та година ова претставува зголемување од 600% од година, а најавите за 2022 најавуваат привлекување на уште повеќе капитал. Додека српските стартапи особено се истакнуваат во ...

Како една од земјите од регионот каде стартап екосистемот е сè уште во зародиш споредбено со поразвиените стартап екосистеми во Хрватска и во Србија за кои пишувавме изминативе недели, Албанија работи на создавање на силна и одржлива стартап заедница од која ќе произлеат голем број на технолошки стартапи. Во земјата годишно дипломираат околу три илјади студенти на студии поврзани со ИКТ, но сепак на поголем број од нив се уште им недостасува ...

Минатата година грчките стартапи собраа над половина милијарда евра во инвестиции – сума што е речиси тројно поголема во споредба со претходната година. Грција исто така веќе има и неколку компании еднорози – еден од нив е т.н. клауд необанка Viva Wallet, која доби финансирање од 66 милиони евра, а во неа исто така вложи и американската банка JP Morgan Chase, стекнувајќи удел од 49 проценти. Додека Viva Wallet одбива да ја открие својата ...

Енергетската криза ги принуди европските телеком провајдери да побараат алтернативни решенија. Deutsche Telekom, Orange, Telefonica и уште 13 европски провајдери побараа од американските технолошки гиганти да ја поделат сметката за надградба на инфраструктурата. Како главни причини се наведени енергетската криза и поставените цели за климатски промени во Европа. Комисијата претходно побара мислење од двете засегнати страни, од провајдерите, и од ...

Викендов започнува Светското првенство во фудбал кое оваа година се одржува во Катар. „Најважната споредба работа“ оваа година е преполна со контроверзии. Започнаа со обвинувањата за корупција при изборот; следеа лошиот третман на работниците кои ги граделе стадионите и односот кој државата го има кон жените и хомосексуалците. Вообичаено во неделата пред Светското првенство споделуваме информации за апликациите кои може да ви помогнат за детално ...

Последните две години соочени сме со ситуација која не натера да живееме на еден малку поинаков начин. Пандемијата не одвои од најблиските, но и од колегите. Работењето од дома стана секојдневие и новите, а и старите колеги ги гледавме само на Zoom или Skype. Токму таа неможност да се дружиме и да креираме спомени, го инспирира маркетинг тимот на ⋮IWConnect да размислува за активности кои би ни помогнале да останеме поврзани, секако со ...

Најпопуларната апликација за споделување на видеа и најновиот тренд во социјалните медиуми – TikTok би можела да има сериозни проблеми. Комесарот на Федералната комисија за комуникација на САД, Брендан Кар, објави дека комисијата побарала од Apple и Google да ја отстранат TikTok од AppStore и Google Play. Виралните видеа се само дел од содржините кои апликацијата ги „собира“ од корисниците. Според податоците на Комисијата TikTok испраќа ...

Независно од тоа дали сакате да работите, учите, спиете или едноставно да се релаксирате, A Soft Murmur е веб сајт и апликација која ве опсипува со пријатни звуци. Некои луѓе се смируваат со слушање како дожд паѓа, други со огин како гори, а трети со комбинација од двете, плус со повремени звуци на птици, штурчиња, бранови, ветер, или грмотевици. A Soft Murmur го има сево ова и многу повеќе. По посетување на веб сајтот, одбирате какви звуци ...

Во моменти кога пазарната вредност на Bitcoin се намали под 20.000 US долари се разгореа дискусиите за дали всушност оваа криптовалута има вистинска вредност или е само една маестрална пирамидална шема. Многумина мислеа дека ланскиот скок до 69.045 долари ќе го лансира Bitcoin-от уште повисоко. Но, масивната инфлација низ целиот свет натера многумина инвеститори да си ги повлечат средствата од крипто сферата. Војната меѓу Русија и Украина беше ...

Екосистемот на блокчејнот Solana е цел на засега непозната хакерска група. Напаѓачите испразниле средства од илјадници „hot“-новчаници (новчаници кои постојано се поврзани на интернет). „Си ги поправав очилата за сонце кога добив нотификација дека од мојот паричник се префрлени сите SOL средства. Ова е мојот главен hot-паричник, и имав поврзувања со многу различни мобилни и веб-екстензии од провајдери за паричници, и со многу децентрализирани ...

IT.mk е онлајн дестинацијата која веќе 14 години ја едуцира, промовира и поддржува македонската ИТ заедница, а пред две недели ја објавивме шестата верзија од IT.mk – v6 (бета), во која најавивме драстична промена во бизнис моделот – на кратко, воведуваме е-комерц решение и се пренасочуваме кон ИТ заедницата. Откако повеќе години мачиме мака со финансиските резултати на IT.mk, се решивме на еден нов, релативно храбар чекор… Новиот бизнис модел ...

Како што сигурно знаете, во училиштата се вложуваат огромни напори за образование на деца со попреченост. Но, секој што работел со вакви ученици знае дека таквото нешто, ако не е предизвик, тогаш е значително поразлично. За подобро справување со учениците и максимално извлекување на нивните потенцијали, можат да ви помогнат бројни апликации. Во оваа прилика разгледуваме три од нив, а доколку има интерес, со задоволство би ја прошириле листата со ...

Во денешно време, англискиот јазик е исклучително важна алатка за напредување на професионален план. Но, нема магичен начин за учење јазик и потребна е одредена експериментација со бројните методи и наставни средства. Па така, некои ученици го учат англискиот со BBC Learning English, некои учат англиски идиоми со Idioms, а некои целосно се посветуваат на непресушната ризница од лекции и вежби преку AgendaWeb. Како и да е, она што дефинитивно ...

Независно од тоа што можеби сте слушнале, Marvel’s Avengers се одликува со долга и одлично реализирана кампања која изобилува со интересни механики, особено во начинот на кој се реализирани ликовите и нивните уникатни борбени потези. Меѓутоа, како игра која е етикетирана како live-service, за многумина немаше соодветни end-game содржини, и покрај тоа што тимот даде се од себе да ја освежи основната игра со нови ликови и активности. Поради ...

Symphony Digital има влијание на ИТ пазарот во Македонија од 2019 година. Кога за прв пат го отворија својот инженерски центар во Скопје, тие воедно и ја поставија основата за нови можности за талентирани IT инженери, истовремено активно придонесувајќи за развојот на локалниот ИТ еко систем. Оттогаш, Symphony Digital гради и негува силен тим кој успешно соработува со водечки компании во банкарскиот, здравствениот, трговскиот, транспортниот и ...

Европскиот Парламент денес со огромно мнозинство ја потврди употребата на единствен приклучок за полнење. Од 2024 година сите, или барем најголем дел од електронски уреди, ќе мора да доаѓаат со USB-C приклучок за полнење. Обврската од 2026 година ќе се прошири и на лаптоп компјутерите. За одлуката гласаа 602 претставници, 13 беа против, а 8 беа воздржани. „Универзалниот полнач конечно ќе стане реалност во Европа. Чекавме повеќе од десет години ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.69
89%
1010
weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
3.25
71%
1013
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.45
61%
1015
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
0.95
90%
1008
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
5.89
88%
1009
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
0.45
84%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.47
62%
1007
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.86
91%
1005
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
5.1
82%
1008
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
6.71
70%
1007
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
55%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.1
50%
1011
Currency

61.535

Currency

55.0132

Currency

73.1384

Currency

35.2718

Currency

39.3856

Currency

65.8314

Currency

7.62172

Currency

0.68661

Currency

0.37794

Currency

0.52429

Currency

1.41392

Currency

0.64306

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.52

Кобалт

42.99

Никел

15674.41

Рутениум

19869.16

Калај

33.17

Сребро

1036.22

Злато

102976.31

Бакар

9.31

Паладиум

30607.51

Платина

31455.58

Родиум

175221.57

Цинк

2.74