Не сме големи фанови на авантури со загатки. Би можеле да кажете дека мразиме игри со загатки. Но, Viewfinder, исто како и Portal 2, се исклучок на оваа правило. Причината за тоа е што и двете игри воведоа нови, револуционерни и крајно забавни механики. Viewfinder го прави истото што и Portal 2. Воведува целосно нова димензија и начин за играње; до-сега-невидени механики кои го фасцинираат играчот како прв поглед преку телескоп… „Фотографиите се ...

Dredge е инди игра која во првите пет минути остава впечаток на исклучително релаксирачки и невин наслов, нешто слично на Dave the Diver каде потребно е да се опуштите и наместо водени длабочини да истражувате водени површини. Набргу, суптилни хинтови ви шепотат за нешто скапано во градчето во кое се наоѓате. Она што првично ветуваше да биде безгрижна водена површина крие ужаси од епски пропорции, а релаксираниот риболов бргу отстапува место за ...

Со вакви гејминг препораки целта ни е да ви презентираме наслов кој има огромни потенцијали, но можеби ви се има провлечено под радарот. Играта можеби е излезена пред десет дена, десет години или некаде помеѓу тоа, но е игра која, сметаме, го заслужува вашето внимание. Првата од таквите е… This War of Mine: Final Cut This War of Mine е survival симулација кога ги покажува ужасите на војната во најчиста можна форма. Обработувајќи проблематични и ...

По само еден ден побуната на платениците Wagner е завршена. Нивниот лидер Евгениј Пригожин доби помилување, ќе ја напушти Русија и ќе оди во Белорусија. Групата Wagner го запре својот марш кон Москва, а кривичната пријава против Пригожин е отфрлена. Правна постапка нема да има ниту за членовите на паравоените сили. Што се случи… По бунтот на Wagner интернет остана достапен, ама… Она што целиот мини-пуч со сигурност го покажа е дека властите во ...

Killer Frequency создава интерактивна фикција преку која успешно жонглира комични елементи во хорор приказна. Финалниот производ е неколку часовно патување во осумдесетите години, носталгично впивање на времето кога плочите и касетите беа врв на музичкото достигнување, а радио станиците – спас од здодевноста… Гробарска смена Во 1987 година Форест Неш е сенка од она што некогаш бил. Од непознати причини, Форест е принуден да се повлече во мало ...

Летото по се изгледа ќе помине без премногу најави за хардвер. За среќа наскоро Samsung ќе има презентација на уреди со која малку ќе се раздвижи секторот. Минатата недела за жал немаше премногу, иако за љубителите на Android телефоните Noting Phone донесе каква – таква свежина. Од останатите вести: објавен е Li-Fi стандардот, Intel престанува со производство на NUC, a HP го претстави Оmen 16 (2023). Nothing Phone 2 Љубителите на Android ...

ChatGPT пали и жари на бројни фронтови, олеснувајќи ја работата на едни луѓе, но и загрозувајќи ги професиите на бројни други. Неодамна разгледавме 5 AI алатки за пишување, кодирање, како и создавање и уредување видеа и музика. Во оваа прилика разгледуваме уште 5 други! Fliki – создавајте кратки видеа, читани од AI гласови, на различни јазици (па дури и дијалекти) и на различни начини. Алатката особено се препорачува за создавање и сервирање ...

Axapta Masters, водечка компанија за Microsoft решенија во Македонија со голема прослава го одбележа официјалното отворање на новите канцеларии во Скопје. Проширувањето и потребата од нов модерен деловен простор е резултат на успешно реализираната стратегија за развој на Axapta Masters. Новите деловни простории во современиот Ентерпрајз Бизнис Центар, зафаќаат повеќе од 3.000 квадратни метри и се распространети на два ката. Објектот е уреден со ...

Во 2018 година, шведското студио The Bearded Ladies се здобија со позитивна репутација откако го објавија нивното чедо Mutant Year Zero: Road to Eden. Оваа постапокалиптична стратегија успеја да освои бројни фанови на turn-based жанрот, особено поклониците на XCOM серијалот кои бараа малку поразлична димензија за акционо тактизирање. Критичка-признаеност на Mutant Year Zero допринесе не само да се објави чистокрвно DLC туку и дополнително да се ...

Pixyle AI е македонска компанија која со помош на вештачка интелигенција им ја олеснува работата на брендовите од модната индустрија. Истовремено нуди подобар и побрз избор за потрошувачите. Стартапот е креатор на редок македонски продукт кој може да се пофали со поголеми бројки, како и потврдена пазарна адаптација на глобалниот пазар. На крајот на минатота година од South Central Ventures добија инвестиција од 1 милион евра. Pixyle AI досега ...

На почетокот на јуни дел од најпопуларните сервиси на Microsoft беа цел на напад на хактивистите Anonymous. Office, Outlook, OneDrive и Azure Portal беа преплавени со DDoS напади, а одговорноста за нападите ја презема Anonymous Sudan на својот Telegram канал. Microsoft неодамна ја потврди веста за DDoS напади, иако во соопштението нема потврда дека се извршени од Anonymous Sudan. Безбедносните експерти од компанијата ја следат групата под име ...

Според извештајот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, во 2022 година вредноста на вкупните трансакции на македонските онлајн купувачи бележи пораст од 25% во однос на 2021 година. Паралелно на ова, расте и ризикот од сајбер напади и злоупотреба на личните податоци. Еден од главните ризици е можноста за злоупотреба на лични податоци при купување на интернет. Ова може да се случи доколку купувате производи на недоверливи веб-сајтови, ...

Често купувате најразлични производи и едноставно не можете да водите ред за тоа кој производ колку има рок на траење? За одредени производи, како за лекови, козметички средства и храна, незапазување на датумот на истекување знае да биде проблем, особено доколку работите во продавница и потребно е роковите да се и тоа како запазени. Expiry date tracker е едноставна апликација која ги следи датумите на истекување на вашите продукти и благовремено ...

Под паролата “загриженост за приватноста на корисниците”, Италија привремено го банираше ChatGPT. Претходно четботот на OpenAI беше баниран и во Русија, Кина, Египет, Иран и Украина. Според италијанската агенција за заштита на податоци, системот нема соодветна правна основа за собирање лични информации за своите корисници и нивните дејствиа на платформата. Податоците што се внесуваат, всушност се собираат за да помогнат во развивањето на ...

Дали Тик Ток треба да се цензурира или не е една од поактивните дискусии во моментот низ целиот Балкан. Но, критиките насочени кон друштвените мрежи започнаа уште пред некоја година со популаризацијата на Facebook, Snapchat и Instagram… Поради самиот факт што голем број интернет корисници огромен дел од своето време онлајн го трошат на друштвените медиуми, платформите често се прегледувани и анализирани од различни организации и експерти кои се ...

Starship Troopers e sci-fi филм од 1997 година. На времето, филмот беше лошо оценет од критичарите и се користеше секоја прилика да се плука по него, но, со текот на времето, филмското остварување успеја да си собере култни следбеници. Starship Troopers: Extermination е видео игра направена во духот на филмот. Со оглед на тоа дека е дел од раниот пристап на Steam, моментно она што има да понуди е гол минимум и останува да се види дали со текот ...

На почетокот на оваа недела Европската комисија и формално потврди дека новата правна рамка за трансатлантски трансфер на податоци е доволна компаниите да продолжат со нормална работа. Заклучокот кој доведе до поддршка на EU-U.S. Data Privacy Framework е дека САД и Европа имаат слично ниво на заштита на податоците. EU-U.S. Data Privacy Framework ќе обезбеди безбеден проток на податоци за Европејците и ќе донесе правна сигурност за компаниите од ...

ChatGPT пали и жари на бројни фронтови, олеснувајќи ја работата на едни луѓе, но и загрозувајќи ги професиите на бројни други. Како и да е, нема никакво сомневање во моќните способности на AI-то, иако е сеуште во релативно рани почетоци на развој. Во оваа прилика разгледуваме пет моќни алатки кои ќе ви помогнат за различни ситуации. Writesonic – Пишува содржина за блогови, реклами, мејлови, веб сајтови! Од самиот сајт имате интеграција на ...

Љубителите на хардвер веројатно веќе се свесни дека оваа недела немаше баш што многу да видат. Речиси да немаше вести за нови уреди, а немаше баш многу вести ниту од хардвер индустријата. Најголем дел од вестите се гласини, а Samsung за 26-ти јуни најави настан во кој ќе презентира уреди со еластичен екран. Apple Vison Pro за малку ќе доаѓаше со прстен контролер Пред да се одлучат за контрола со гласовни команди и гестикулации, инженерите на ...

Хорор жанрот, особено авантуристичките игри кои се потпираат на градење тензична атмосфера со испреплетени jump scare-ови и понатаму е резервирана за помала, специфична група од гејмери. И покрај тоа, не една туку две хорор игри излегоа во период од месец дена. За Amnesia: The Bunker, имавме доста пофални работи да кажеме во нашата рецензија, но дали публиката е спремна и ќе го прифати најновото остварување во Layers of Fear серијалот. Токму во ...

Францускиот претседател Емануел Макрон е цел на критики, откако се закани дека ќе го ограничи пристапот до друштвените мрежи. Макрон се надева дека со стопирање на пристапот до друштвените мрежи ќе запре и насилството на улиците во Франција. Треба да размислиме за тоа како младите ги користат друштвените мрежи, на училиште, во семејството, и како да ги ограничиме… Ова го кажувам многу јасно, бидејќи тие го менуваат начинот на кој младите се ...

Новата платформа на Meta – Threads нема да биде достапна во Европа. Платформата оваа недела ќе биде достапна во остатокот на светот, но во државите членки на Европската Унија нема да биде достапна подолго време. Threads ќе излезе на 6-ти јули; iOS верзијата веќе е достапна на App Store, но за Android барем во моментов треба да почекаме. За да бидете во тек со лансирањето може да ја следите официјалната страница на Threads, која барем засега има ...

Дали ви здосади играње безмислосни souls-like игри и барате нешто шаренолико и со релаксирачки жички? Целосната верзија на DAVE THE DIVER излезе пред недела дена и ги освои гејмерите со феноменална атмосфера, едноставни но интересни гејмплеј механики во симпатична графика и суптилна приказна. Во сржтта на играта, се крие RPG авантура со механики на управување каде преку ден можете да ги истражувате секогаш-променливите длабочини на Blue Holе, ...

Ако последните неколку денови забележавте нешто чудно на Twitter, не сте единствени. Микроблогот за да го ограничи собирањето податоци (data scrapping) на платформата, го ограничи пристапот до објави кои се достапни за корисниците. Верификуваните профили може да прегледаат 10000 објави дневнo, неверификуваните 1000 објави, а новите неверификувани профили 500 објави. Мерката според објавата на Елон Маск е привремена, но нема објаснување кога ќе ...

Минатата недела и немаше премногу нов хардвер. Неколку нови телефони и прегледите на Google Pixel Fold беа помеѓу најинтересните, а новиот Snapdragon 4 Gen 2 и најавата за нови чипови на Samsung се погрижија листата да не биде составена исклучиво од телефони. ASUS Zenfone 10 Asus го претстави својот нов „flagship“-телефон, ASUS Zenfone 10. Уредот доаѓа со 5,9-инчен AMOLED дисплеј со рефреш 120 Hz. Zenfone 10 е еден од првите уреди со новиот ...

Доколку сакате една појдовна точка за максимална конверзија на аудио и видео формати, како и конверзија на слики, документи, и многу повеќе, тогаш SkyConvert e веб сајт кој треба да ви биде дел од листата омилени веб сајтови. Верувале или не, авторот нуди над 400 конверзии онлајн. Не бара регистрација или кредитна картичка, услугите се бесплатни и не се сервираат реклами. По посетување на сајтот инстантно ќе ви бидат понудени бројни паѓачки ...

Полека, но сигурно навлегуваме во летово, а со зголемување на температурите се намалуваат бројните цени на дигитални видео игри. Од вчера, Steam ги отворија портите на нивната најголема распродажба и понудија илјадници и илјадници игри со попусти до 90 проценти. Доколку сакате точно да дознаете кои се најдобрите или најевтините игри, проверете ги потенцијалите на сајтот Steam 500! Но, ни другите продавници не седат со скрстени раце и никако не ...

Европа продолжува да работи на правната рамка за креирање на првата официјална европска крипто валута. Комисијата оваа недела ја објави законската рамка, а како и со сѐ во Европа, фокусот е на приватноста. Внесувањето на еврото во дигиталната ера е важен европски проект. Како дополнување на готовината, не се сомневам дека дигиталното евро ќе донесе предности за граѓаните и бизнисите низ ЕУ. Но, свесен сум дека тоа бара доверба од луѓето. ...

Особено важно е да бидете во вашиот елемент и да успеете да ги извршувате бројните секојдневни обврски со полн потенцијал. Ако таквото нешто е важно при фокусирање, тогаш истото се чини двојно поважно кога ќе ставите крај на работата/ учењето и ќе пробате да се релаксирате и да спиете. За многу луѓе, ваквото нешто е незамисливо без соодветна и квалитетна музика во позадина. (Not Boring) Vibes е нова iOS апликација која ви сервира персонализирана ...

Според почетната страна на Steam 250 ова е веб сајт кој помага да се пронајдат добри игри на Steam уште од 2017 година. Ние, меѓутоа, сосема случајно го откривме сајтот неодамна и инстатно бевме импресионирани од начинот на кој сервира корисни листа од игри кои можат да се најдат на Steam. Со посетување на почетната страна, добивате листа од топ 250 најдобри игри според рецензии оставени од гејмери. Hidden Gems прикажува 250 игри кои не се толку ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.71
88%
1009
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
0.89
85%
1011
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
2.12
86%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
0.64
73%
1009
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.77
57%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
2.1
88%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.58
59%
1011
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.82
96%
1009
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.19
87%
1011
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 12ᴼ
1.34
52%
1006
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.45
61%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.17
50%
1013
Currency

61.535

Currency

55.0132

Currency

72.9831

Currency

35.4162

Currency

39.3595

Currency

65.4658

Currency

7.62714

Currency

0.68383

Currency

0.37633

Currency

0.526

Currency

1.41743

Currency

0.64188

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.52

Кобалт

42.99

Никел

15674.41

Рутениум

19869.16

Калај

33.17

Сребро

1036.22

Злато

102976.31

Бакар

9.31

Паладиум

30607.51

Платина

31455.58

Родиум

175221.57

Цинк

2.74