
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Оваа недела Adobe претстави нова алатка базирана на вештачка интелигенција за Photoshop која во иднина значително ќе им ја олесни работата на дизајнерите, но и на сите оние кои го користат нивниот софтвер за креирање и обработка на слики. Новата алатка ќе биде интегриран дел во новата верзија на Photoshop, а начинот на кој работи е сличен на Dall-e или Midjourney. Користењето е едноставно и наликува на сите досегашни генератори на слика, дури ...
Интернационалната ИТ компанија Singular организираше низа тимски активности по повод одбележување на мај како месец којшто глобално е посветен на подигнување на свеста за важноста на менталното здравје. Секоја активност е организирана со цел да посочи како различни аспекти од секојдневниот живот не треба да бидат занемарени бидејќи имаат позитивно влијание на нашата психо-физичка добросостојба. „Активностите што ги презедовме овој месец служат ...
По релативно лошото време во мај, месецот јуни се заканува значително да ја затопли работата, не само во поглед на времето туку и во поглед на игрите кои ќе излезат. Од 25-те планирани игри се истакнуваат неколку невидени и долго-очекувани шампиони. Почетокот на месецот се резервира за продолжеток на еден од најпознатите серијали, особено во нашиот регион. Street Fighter 6 ќе се одликува со подобрени механики во визуелно импресивна графика и низ ...
Хрватската компанија за трговија со криптовалути BitLucky успеала да ги олесни своите клиенти за 15 милиони евра. Ова е најголема крипто измама во Хрватска досега, а основачите на компанијата се во бегство. Во регионот, по црногорската авантура на кралот на крипто валутите До Квон, сега е на ред критпо Овој хрватски проект имаше ветување дека ќе обезбеди месечни повратни инвестиции од 5 до 25%. „Ќе се обидеме да санираме дел од штетите и да ја ...
Отпуштањата во технолошките компании продолжуваат и во овој период, а делува и дека нема наскоро да забават. Речиси нема компанија која ги задржи сите вработени, а некои веќе започнаа и со други мерки на штедење. Google на пример, ќе ги намали трошоците за вработените, од службени лаптопи, до селотејп, пренесе CNBC. За компанијата ова ќе биде повеќегодишен обид да се намалат трошоците. Во документите кои протекоа од Google, компанијата најавува ...
Souls-like игрите обично се сметаат за мрачни игри со предизвикувачки борбени механики. Но, што ако од оваа формула го замените мрачното со шареноликото и, згора на тоа, вметнете загатки кои се разрешуваат на креативен начин? KAKU: Ancient Seal можеби е сеуште во ран пристап програмата на Steam, но веќе нуди удобен и впечатлив престој со делумно отворениот свет, симпатичните ликови и визуелно-импресивните битки. KAKU: Ancient Seal е игра која се ...
Во денешно време и со константната изложеност пред екрани, нема некој да нема проблеми со очите. Најдобар совет што можеме да дадеме за ова е да си направите офталмолошки преглед доколку забележите нарушување на видот. Во меѓувреме, можете да го истестирате вашиот вид, да дознаете до кој степен се проблемите и да прочитате корисни информации и совети преку апликацијата Eye Patient. Како бесплатна Android апликација, Eye Patient ви дозволува ...
Веројатно не е изненадување што вештачката интелигенција е фокус на годинешната Microsoft Build конференцијата. Од надградби на плагините за вештачка интелигенција, до куп интеграции на AI Copilot во Windows 11, Microsoft 365, Edge… Една од ретките вести кои не се однесуваа на вештачка интелигенција е скорото додавањето на „native“ поддршка за RAR во Windows 11. Покрај за RAR-архивите, поддршка за архивирање ќе биде достапна и за останатите ...
Нова функционалност на Instagram, ќе ја приближи друштвената мрежа за слики до Twitter. Најавата за конкурент на микроблогот не е нова, но оваа недела за прв пат има некаков споделен податок за изгледот. Она што досега е познато е дека Instagram работи на децентрализирана друштвена мрежа. Мрежата ќе биде слична на апликации како Mastodon, но корисниците ќе ги користат своите Instagram профили, а ќе има и синхронизација помеѓу профилите. Името, ...
Во минатото постапката за издавање на уверение за државјанство започнуваше со пополнување на печатено барање за издавање на уверение за државјанство на Република Македонија, истото требаше да се поднесе до Секторот за внатрешни работи при МВР во зависност од подрачјето во кое барателот има живеалиште. Потоа вообичаено во рок од 3-5 работни дена подносителот може да оди и да го подигне уверението. Ако сакате, сѐ уште може да го правите ова на ...
Како и кога отпочна приказната за Deltatre? Што работи компанијата денеска и какви клиенти има? Основана во Торино во 1986 година, Deltatre е лидер во создавање на комплетно стриминг-искуство за спортските обожаватели.Од почетокот сме компанија фокусирана на развој на софтвер а отпочнавме со креирање на графички решенија за приказ на спортски резултати, истите беа користени од преносители на спортски содржини. После 37 успешни години, нашата ...
Од одредени аспекти, на корисниците повеќе им одговара да слушаат наместо да читаат одредени текстови, особено додека се во движење или изведуваат некоја паралелна активност. Дополнително, за оние кои работат на усовршување на јазик се препорачува да се читаат и слушаат текстови. За таа цел, Playtext поддржува читање на шест јазици: англиски, шпански, португалски, француски, италијански, и германски. Playtext е алатка за трансформирање текст во ...
Сакале или несакале, лесно доаѓа моментот кога е потребно да носите очила. Секако, постојат опции и доколку не сакате да носите очила, на располагање имате ласерка операција, носење леќи или удирање во столбови на секои десет метри. Поголемиот број од луѓето кои се изјаснуваат дека не можат да се замислат како носат очила е затоа што или никогаш не пробале очила или пак пробале неколку модели кои и не ги баш прикажале во најдобро светло. Поради ...
Со модерното време доаѓаат и модерни болести. Технологијата се има интегрирано во нашите животи до тој степен да се бришат границите за умерено користење. Како резултат, се создаваат нездрави навики кои, доколку продолжат со екстремно негување, резултираат со огромни последици по физичкото и менталното здравје. Зависноста од технологијата може да остави поголема штета кај деца кои сеуште се мачат за пронаоѓање на нивниот идентитет и место во ...
Текстот е колумна во која се изразени личните ставови на авторот. Пренесен е во оригинал со цел задржување на автентичноста, стилот и тонот на комуникација на авторот. SEO или Search Engine Optimization, во буквален превод „оптимизација за пребарувачи“ е процес при кој се подобрува веб сајтот за…. всушност, знаете што, не! Нема да започнеме така со општо познати сувопарни дефиниции, кои со многу зборови, најчесто повторени на милион места, ...
Социјалните мрежи, како Facebook, Reddit, LinkedIn, Instagram, TikTok, Twitter, YouTube се одлични алатки за социјализација и информирање. Но, често се случува да наидувате на постови за работи кои не ве интересираат или ви предизвикуваат мачнина. На што точно мислиме? Преку глава ви е од Илон Маск, презаситени сте од крипто валутите, нити сакате да бидете изложени на филмски спојлери нити сакате Facebook или YouTube постојано да ви ...
На крајот на јануари Google ја претстави MusicLM, вештачка интелигенција која од зборови креира музика. Корисникот внесува текст опис, поточно параметри, по кои вештачката интелигенција ќе генерира музика. Сепак компанијата во тој период објави дека нема планови да ја направи достапна за корисниците. Едвај неколку месеци подоцна, вештачката интелигенција им е достапна на корисниците. Една од причините кои беа наведени во оригиналната објава беше ...
Брзиот раст и популарноста на вештачката интелигенција последните неколку месеци направи многу промени, но отвори и многу нови можности. Корисниците набрзина се навикнаа да користат вештачка интелигенција, па сега компаниите брзаат да ја прилагодат својата понуда и да ја олеснат дополнително работата на своите клиенти. Македонската компанија Embed Social, која нуди SaaS решение за интеграција на друштвени мрежи и кориснички-генерирана содржина, ...
Women in Tech Macedonia ја спрема својата најголема конференција до сега, која ќе се одржи на 20ти мај 2023 година, од 09:30ч-16:30ч во хотел Мериот. WITCON е конференција чијашто главен фокус и цел е технологијата и иднината. Преку експертски разговори и панели, говорници-професионалци од индустријата ќе ги споделат своите искуствата на актуелни теми во ИТ индустријата во последните неколку години, предизвиците со кои компаниите се соочуваат и ...
Discord е онлајн комуникациска платформа која овозможува текстуална, гласовна и видео комуникација помеѓу различни корисници. Платформата првенствено е дизајнирана за гејмери, но се користи од сите за комуникација во групни разговори. Discord е платформа која е бесплатна за користење и може да се користи од прелистувач, десктоп компјутер или мобилен уреди. Она што го разликува Discord од друштвени мрежи како Facebook или Twitter е што ...
Иновацијата и имплементацијата на тема вештачката интелигенција не престанува. Сите во ИТ секторот планираат, адаптираат или веќе користат активно AI алатки за да ја подобрат својата понуда или да освојат нов пазарен сегмент. Така и македонската компанија EmbedSocial понуди на пазарот четири нови функционалности базирани на вештачка интелигенција. Додека сегментот за вештачката интелигенција напредува, се чини дека златната ера на социјалните ...
Македонија можеби не е првата земја што ќе ви падне на ум кога ќе помислите на видео игрите, но има растечка индустрија за игри која произведе неколку возбудливи и уникатни наслови во последниве години. Во оваа статија ќе ги разгледаме топ 10-те македонски игри достапни на Steam. Wounded Во Wounded, вие ја имате улогата на Тим, татко кој се разделува од својата ќерка Лиза за време на силна морска бура. Додека Тим се впушта низ мотелот „Big ...
Книги, кој има време за нив? Со оглед на тоа дека го читате овој текст, шансите се големи дека или имате време или сте спремни да си го реорганизирате обврските. Денеска, љубителите на пишаниот збор можат да се втурнат во истражување бројни светови на писателите, под услов да се спремни да ја платат цената на пристапот. Ова се трите најдобри сајтови на кои можете да се претплатите и да читате, односно слушате најразлични книги. Scribd – Книги, ...
ПроКредит Банка скрои примамлива понуда наменета за фриленсери од Македонија, специјално дизајнирана да ги задоволи уникатните потреби на современите професионалци. Како прва банка во земјата што ја препозна важноста на фриленсерите во земјата, ПроКредит Банка нуди низа финансиски решенија и поддршка за младите луѓе кои вообичаено работат за странски пазар. Фриленс пакетот обезбедува целосна поддршка на фриленсерите, кои работат дигитално, имаат ...
Оваа недела се одржува најголемата годишна конференција на Google – Google I/O. Компанијата традиционално на овој настан ги преставува Pixel уредите, различна технологија и сервиси кои ќе се користат во иднина. Оваа година изгледа ќе биде поинаква. Секако очекуваме нов хардвер, но фокусот на Google I/O на 10-ти мај би можела да биде вештачката интелигенција. Компанијата планира да ги најави PaLM 2 и нови надградби на Bard и пребарувачот. Google ...
После двете ужасни ситуации во Србија, какви што не се паметат во поновата историја на овие простори, се појавија видеа на друштвената платформа ТикТок, на кои што деца го имитираат пукањето во училиштето и го доживуваат како да е некоја видео игра или филм. Покрај видеата, можат да се забележат и коментари под видеата, на кои што дел од соучениците убиецот го доживуваат како некој херој. Кога се читаат коментарите, делува како ова да е некоја ...
Во денешната дигитална ера и презаситен пазар важно е да знаеме како да се издвоиме од конкуренцијата. Секако, веб-страницата е идентитетот на бизнисот, но сама по себе не е доволна за да се привлечат повеќе корисници кои би го купиле вашиот производ или би се претплатиле на вашиот сервис. Затоа треба да знаете како да го извлечете максималниот потенцијал на сајтот. Веќе се подразбира дека веб-страницата мора да биде добро оптимизирана за ...
По несреќните случки изминатата недела во Србија, во Македонија се прошири шпекулација за потенцијална забрана на друштвената мрежа TikTok како платформа која има лошо влијание над денешните млади генерации. Од МИОА велат дека забрана на социјалната мрежа Тик Ток во државава ќе следи само доколку се донесе одлука на координирана активност со правосудните, образовните и безбедносните институции. Останати кратки вести од ИТ индустријата за денеска ...
Ова е одличен период да се обединат сите љубители на квалитетна музика! Доколку креирате нов акаунт на музичката стриминг платформа Spotify ќе можете да уживате во сите премиум можност за нула денари! Spotify е одлична апликација за непречен стриминг на музика која се прилагодува на вашите музички вкусови. Песните кои се сервираат се слични на песните кои најмногу ги слушате или лајкнувате, а секоја недела можете да уживате во листа од песни ...
Вештачка интелигенција е широк термин кој се користи за опис на машини, најчесто компјутери, кои можат да симулираат човечка интелигенција. Може да имаат различна примена, од експертски системи, до обработка на природен јазик (natural language processing), препознавање на говор или препознавање на предмети на слики. Системите за вештачка интелигенција може да имаат различна „форма“ од едноставни четботови и калкулатори, до системи кои се ...