Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Репрезентацијата на Португалија забележа победа на подготвителниот натпревар пред Светското првенство против селекцијата на Чиле која ја совлада со резултат 2-1 (0-0). Мечот понуди и тензија и црвени картони. Првиот дел на натпреварот кој се одигра во Лисабон го одбележаа шанси на Португалија и еден поништен гол на Кристијано Роналдо заради офсајд, но и масовна тепачка пред крајот на првото полувреме по која најдебелиот крај го извлекоа ...
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 20 години, Александар Таневски, го објави списокот на повикани фудбалери за контролниот натпревар против селекцијата на САД до 20 години. Натпреварот ќе биде одигран на 8 јуни во Петрич, Бугарија и претставува одлична можност за проверка на формата и потенцијалот на младите македонски фудбалери против квалитетен противник. На списокот на Таневски се наоѓаат 22 фудбалери: Голмани: Стефан ...
Кошаркарите на Дубаи направија огромен чекор кон освојување на својата прва титула во АБА лигата, откако и во вториот финален натпревар го совладаа Партизан, овојпат со 86-81 на домашен терен. Тимот од Обединетите Арапски Емирати сега има предност од 2-0 во финалната серија и се наоѓа само на една победа од историски успех во својата дебитантска сезона во регионалното натпреварување. Натпреварот понуди две сосема различни полувремиња. ...
Кошаркарите на Реал Мадрид нема да ја бранат титулата во шпанското првенство, откако сензационално беа елиминирани уште во четвртфиналето на плејофот. „Кралскиот клуб“ загуби на домашен терен од Тенерифе со 107-95 во решавачкиот трет натпревар од серијата и така остана без можност да стигне до третата последователна шампионска титула. Тенерифе приреди едно од најголемите изненадувања во сезоната и покрај тоа што во плејофот влезе како ...
Унгарскиот ракометен гигант Ѓер го продолжи трендот на пласманот во финалињата со тесна победа над француски Брест (31-30) во еден супер-драматичен натпревар кој можеше да има поинаков тек. Брест даде голем отпор на фаворитот, а во финишот скапо ги плати грешките. Посебно последната, кога Брест имаше напад за реми и продолжение, но, сепак, Вјахирева ја фрли топката кон Брокари, ама од Ѓер ја пресекоа и тука тргна големото славје. Францускиот ...
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски настапува на Азиското клупско првенство во дресот на Ал Кувајт, а имаше блескав старт во новиот клуб во кој ќе се задржи краткотрајно. Ал-Кувајт успеа да слави во првото коло над Ал-Араби со резултат 27-22, а Кузмановски беше прво име во екипата кај голгетерите. На полувремето резултатот беше 16-8. Средниот бек постигна вкупно пет гола, а по него следеше Владан Липовина, исто така со пет ...
Екипата на Силекс се подготвува за европското лето. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија гради тим за периодот кој следи а веќе има и пикови за нови засилувања, како и играчи кои веќе го напуштија тимот. Во новата сезона, дел од Силекс нема да бидат Милош Николиќ кој оди во пензија, Ади Алиќ, додека Дарко Додев чека на трансфер во странство надвор од Првата македонска фудбалска лига. На цена доби и капитенот Дарко Анѓелевски, кој може ...
Додека билетите за финалните натпревари на Ролан Гарос достигнуваат високи цени, организаторите годинава се погрижија љубителите на тенисот да имаат алтернатива и бесплатно да уживаат во спектаклот во Париз. На познатиот плоштад „Конкорд“ е организирана фан-зона со огромни видео-бимови на кои се емитуваат натпреварите од вториот Грен-Слем турнир во сезоната. Поставени се монтажни трибини и лежалки, а влезот за сите посетители е целосно ...
Грчкиот кошаркарски великан, Олимпијакос, официјално побара строга санкција за сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, по инцидентите што се случија за време на вториот натпревар од финалната серија во грчкото првенство. Според соопштението на клубот од Пиреја, до дисциплинските органи е поднесена пријава со која се бара Јанакопулос да добие двегодишна забрана за присуство на спортски настани, како и парична казна од 100.000 евра. ...
Вицешампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, се пофали со нов член на тимот за следната сезона. Тоа е младиот хрватски репрезентативец Диего Басанесе, кој ќе биде дел од клубот од следната сезона. Станува збор за 18-годишен играч кој настапува за кадетската и младинската репрезентација на Хрватска, а игра на позицијата десен бек. Младиот талент доаѓа во Битола со одлични препораки од хрватската ракометна јавност, која го оценува како еден ...
Фудбалската репрезентација на Иран официјално доби „зелено светло“ за настап на Светското првенство, откако американските власти им издадоа визи на играчите и стручниот штаб. Со тоа е отстранета и последната голема пречка околу учеството на Иран на претстојниот Мундијал. Во изминатите месеци постоеја сериозни сомнежи дали Иран ќе може да учествува на турнирот поради политичките тензии и проблемите со визниот режим, особено затоа што дел од ...
Младиот италијански возач Андреа Кими Антонели ја освои својата четврта пол-позиција сезонава во Формула 1, откако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Монако. Борбата за првото место на стартниот поредок во Кнежевството се претвори во директен дуел меѓу возачот на Мерцедес и актуелниот светски шампион Макс Верстапен. На крајот, Антонели извозе фантастичен круг од 1:12.051 минути и го надмина Холанѓанецот за само 43 илјадити ...
Ракометарките на Мец се први финалистки во женската Лига на шампиони на ЕХФ, откако во првиот полуфинален натпревар на завршниот турнир славеа со убедливи 32-27 над ЦСМ Букурешт. Француската екипа одигра подобро во двете полувремиња, на паузата имаше четири гола предност (17-13), а потоа минимално го доби и вториот дел, со што сосема заслужено се пласираше во мечот за престижниот трофеј. Романките на стартот од вториот дел се обидоа да ја ...
Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе собере 1.248 фудбалери од 48 репрезентации, а меѓу нив најмногу играчи ќе испрати англискиот гигант Манчестер Сити. Според податоците објавени по потврдувањето на конечните списоци на репрезентациите, дури 19 фудбалери кои настапуваат за Манчестер Сити ќе бидат дел од Мундијалот. Тоа е најголема бројка меѓу сите клубови во светот и уште една потврда за квалитетот и ширината на составот на ...
Фудбалската репрезентација на Белгија продолжи со одличните настапи во подготвителниот период за Светското првенство 2026 година. По победата во првиот контролен натпревар против Хрватска (2-0), селекцијата на Руди Гарсија покажа уште поголема сила против Тунис и славеше убедлива победа од 5-0. Од самиот почеток на натпреварот, Белгијците ја презедоа контролата врз играта, имаа посед на топката и постојано ја притискаа одбраната на ...
Русинката Мира Андреева ја заврши бајката на Полјачката Маја Хвалинска и победи во финалето на Ролан Гарос, откако славеше со убедливи 2-0 во сетови (6-3 и 6-2). Хвалинска одигра феноменален турнир и беше вистинска сензација во Париз, но немаше сили да ѝ се спротивстави на младата и мотивирана Русинка, која прикажа извонреден тенис и сосема заслужено го освои својот прв Грен-Слем трофеј во кариерата. Во првиот сет, Андреева имаше дури четири ...
Светското првенство 2026 ќе донесе ново историско поглавје, откако неколку од најголемите имиња во светскиот фудбал ќе настапат на рекорден број Мундијали. Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Гилермо Очоа се подготвуваат за своето шесто учество на Светско првенство – достигнување кое досега ретко се гледало во историјата на фудбалот. Со тоа, овие легенди уште еднаш ја потврдуваат својата долговечност и конзистентност на највисоко ниво. Посебно ...
По 12 години, централниот терен во комплексот „Куќа на фудбалот“ доби комплетно нов изглед, откако беше поставена целосно нова тревна површина. Како што информира претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на теренот се поставени нови тревни бусени, целосно е обновена дренажата, а инсталиран е и нов систем за наводнување, со цел да се добијат подобри услови за тренинг и натпревари. Претходно, како дел од пошироката ...
Скопје деновиве е европски центар на минибаскетот. Во главниот град на Македонија се одржува 11. издание на ФИБА Европската минибаскет конвенција, која на едно место обедини тренери, едукатори и спортски работници од повеќе европски земји, посветени на развојот на најмладите кошаркари и кошаркарки. Целта на конвенцијата е преку размена на искуства, современи методологии и практични примери да се унапреди работата со децата и да се поттикне ...
Фотографија на норвешката репрезентација предизвика реакции и полемики на социјалните мрежи, откако дел од јавноста ја протолкува како претерана симболика и „враќање на викиншкиот имиџ“ на Норвежаните. На фотографијата, фудбалерите се претставени на начин што потсетува на викиншки воини - со став, изглед и сценографија што дел од навивачите ја сметаат за мотивирачка и оригинална, додека други ја оценуваат како непотребна театралност или ...
Откако Андони Ираола го замени Борнмут со Ливерпул клупата на малиот премиерлигаш остана испразнета. Но, така нема да биде за долго. Германецот Марко Розе ќе го презеде кормилото на Борнмаут, објави прес-службата на англискиот клуб. Розе, кој е поранешен соиграч на Новески од Мајнц 05, е познат по енергичниот стил и напаѓачки фудбал. Тој одлично работи и со младите фудбалери, се наведува во дел од објавата. „Марко имаше импресивна кариера во ...
Ги добивме и првите шампиони на Ролан Гарос. Тоа се „момчињата“ со вкупна возраст од 81 година – Марсел Гранољерс (40) и Орасио Зебаљос (41). Шпанско-аргентинскиот пар ја освои третата заедничка титула во кариерата, а во финалето на парискиот Грен слем го совлада финско-британскиот пар Хари Хелиовара – Хенри Патен со 2-0 (6-4, 6-2). Така го повторија минатогодишниот успех, кога на истото место го кренаа трофејот по триумфот над Џо Салисбери и ...
Шесткратниот светски шампион Марк Маркез ја освои пол-позицијата за Големата награда на Унгарија на патеката Балатон Парк, и покрај падот за време на втората квалификациска сесија. Феноменалниот Шпанец успеа да се врати на патеката по незгодата и да го постави најбрзото време - 1:36.785, покажувајќи уште еднаш зошто се смета за еден од најголемите возачи во историјата на Мото ГП. Најблиску до Маркез беше Педро Акоста, кој продолжи со одлични ...
И покрај победата на Панатинаикос над Олимпијакос со 68-58 и израмнувањето на 1-1 во финалната серија од грчкото првенство, вниманието по натпреварот повторно e насочено кон сопственикот на „зелените“, Димитрис Јанакопулос. Контроверзниот прв човек на атинскиот клуб уште еднаш предизвика бура со своите изјави, откако по мечот жестоко го нападна тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас. Јанакопулос смета дека стратегот на ривалот има ...
Тежок удар за Аргентина во пресрет на самиот почеток на Светското првенство. Селекторот Лионел Скалони се соочи со сериозен проблем откако дефанзивецот Леонардо Балерди на петочниот тренинг заработи потешка повреда на ногата, поради која ќе го пропушти целиот турнир. Пред него е најмалку еден месец рехабилитација, што значи дека за него Светското првенство завршува уште пред да започне. Оваа вест дополнително ги комплицира плановите на ...
Еуфоријата во Њујорк достигна невидени размери откако Никси се пласираа во финалето на НБА лигата и водат со високи 2-0. Тоа најдобро се гледа преку цените на билетите за натпреварите во „Медисон Сквер Гарден“. Љубителите на кошарката кои сакаат во живо да ги проследат финалните пресметки ќе мора да издвојат вистинско богатство. Според актуелните информации, најевтиниот билет за третиот натпревар од серијата чини 11.461 долари, додека за ...
Германската репрезентација остана без еден од своите млади адути непосредно пред почетокот на Светското првенство. Ленарт Карл заработи повреда на тренинг и нема да биде на располагање за настап на Мундијалот. Фудбалерот на Баерн Минхен се повреди за време на подготовките, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за скинат мускул. Поради ваквата дијагноза, Карл ќе мора да паузира неколку седмици и нема да биде во можност да настапи на ...
Сан Антонио се најде во сериозна неволја во финалната серија на НБА лигата, откако го загуби и вториот натпревар на домашен терен од Њујорк со 104-105 и сега заостанува со 0-2. Иако Виктор Вембањама беше најдобар поединец кај Спарс со 29 поени, токму Французинот се најде во центарот на вниманието поради клучниот момент во самиот финиш. При резултат 104-104 и само 12 секунди до крајот, домаќините имаа напад за победа, но Вембањама ја загуби ...
Маја Хвалинска ја живее приказната од соништата и подемот на кариерата на Ролан Гарос каде што ќе игра финале против Мира Андреева. Полската тенисерка, која пред турнирот беше надвор од Топ 100, стигна до финалето и за само две недели заработи повеќе отколку во целата своја досегашна кариера. Хвалинска професионалната кариера ја започна уште во 2016 година како 14-годишна девојка. За десет години во тенисот, до почетокот на овогодинешниот ...
Бразилската репрезентација доби охрабрувачки вести во пресрет на настапот на Светското првенство, откако селекторот Карло Анчелоти откри дека закрепнувањето на Нејмар се одвива според планот. Искусниот напаѓач сè уште работи по индивидуална програма поради проблемите со листот на десната нога, но во бразилскиот табор владее оптимизам дека наскоро ќе им се приклучи на соиграчите. „Неговата состојба е многу добра и напредува како што ...