Екипата на Комо пет кола по ред не знае за пораз во калчото. Тимот на домашен терен го совлада Јувентус (2-0), му го нанесе првиот пораз во Серија А сезонава по седум одиграни меча и го прескокна на табелата. Екипата предводена од Шпанецот Дани Хуиндос изгледа дека ќе биде хит во најдобриот италијански шампионат оваа сезона. Домаќинот во градот крај езерото му одржа лекција на некогашниот првак на Италија, а посебно се истакна големиот фудбалски ...

Англискиот четвртолигаш Салфорд Сити направи интересен потег со ангажманот на поранешниот италијански репрезентативец Фабио Борини. Искусниот 34-годишен напаѓач, кој беше слободен агент по заминувањето од Сампдорија, потпиша краткорочен договор со клубот од Манчестер и ќе се обиде да помогне на тимот во борбата во Лига 2. Одлуката за негов ангажман дојде по повредата на првиот напаѓач Џеј Бирд, кој ќе отсуствува од терените подолг период. ...

Јаник Синер ја одбрани титулата на турнирот „Сикс Кингс Слем“ во Ријад со доминантна победа во финалето над Карлос Алкараз. Полесно од очекуваното, во два сета со 6-2, 6-4, Италијанецот заслужено однесе дома вреден трофеј. Станува збор за рекет излиен од чисто злато, кој му го подарија организаторите и главните финансиери на овој луксузен турнир. Jannik Sinner gets awarded The Golden Racket after his win against Carlos Alcaraz ...

Фудбалерите на Шибеник успеаја да забележат важна победа во деветтото коло од третата хрватска лига, победувајќи го Задар со 1-0. Со овој триумф, играчите на Шибеник се израмнија со домаќините по бодови, и сега двата тима имаат по 18 и го делат второто место на табелата. Но, натпреварот беше обележан и со инциденти. Поради потенцијални судири меѓу навивачките групи, натпреварот беше прогласен за високоризичен, а присуството на полицијата и ...

Поранешниот англиски фудбалер и легенда на Лестер Сити, Дејвид Наџент, реши да ја прекине својата спортска пензија и се враќа на терените на 40-годишна возраст. Наџент во кариерата играше за повеќе клубови, меѓу кои се Портсмут, Престон Норт Енд, Мидлсброу, Дерби Каунти и Транмере Роверс. Најголем печат остави во Лестер Сити, каде одигра 159 лигашки натпревари и постигна 54 голови. David Nugent joins Anstey Nomads! The former Leicester City and ...

Барселона успеа да ја победи Џирона во судиското надополнување (2-2), но ќе мора да игра на „Ел Класико“ против Реал Мадрид без тренерот Ханси Флик. Германецот во судиското продолжение, поради протест прво доби жолт картон, а потоа и втор поради гестикулирање по голот на Араухо, што судијата Жил Манзано го сметаше за прекумерен и навредлив. Ова ќе го чини скапо бидејќи ќе мора да оди на трибините на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, ...

Во среде криза каква што Арне Слот досега не видел, најжестокиот ривал на „црвените“ пристигнува на „Енфилд“, желен да ја продлабочи уште повеќе. По враќањето од репрезентативната пауза, нè очекува вистинско уживање во осмото коло од Премиер лигата, најголемото дерби во англискиот фудбал, во кое Ливерпул ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед. Звучи чудно знаејќи ја ситуацијата што владее на „Олд Трафорд“ со години, но натпреварот во недела доаѓа ...

Ракометната кадетска селекција на Македонија го одигра и последниот натпревар на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија. Во последното коло нашите надежи прокоцкаа голема можност за втора победа и на крај ремизираа во драматичниот натпревар со соседите од Србија. Натпреварот заврши со резултат 28-28, иако избраниците на Горан Кузмановски во неколку наврати имаа водство од шест гола разлика. Со оваа поделба на бодовите Македонија ...

Кошаркарите на Пелистер веќе почнаа со тренинзи во Битола по враќањето од Загреб, решени да го остават зад себе разочарувачкиот пораз од Цедевита Олимпија и да се вратат експресно на победнички патеки. Битолчани влегуваат во пеколен ритам на натпревари ако се знае дека веќе в среда ќе ја пречекаат Словачка Превидза во второто коло од ФИБА Европа купот, по што в петок ќе се сретнат со Маџари во третото коло од Супер-лигата, за веќе в недела да го ...

Европската ракометна федерација ги објави составите за првиот домашен натпревар на женската селекција на Македонија во квалификациите за ЕП 2026. Во Битола ќе гостува селекцијата на Словенија, која за разлика од нас извојува триумф во воведното коло и во подобро расположение ќе го започне овој дуел. Во составот на Македонија одново ја нема нашата најдобра ракометарка Сара Ристовска, која поради повреда не му се стави на располагање на селекторот ...

Женската селекција на Словенија квалификацискиот циклус за Европското првенство 2026 во Чешка, Полска, Словачка, Романија и Турција го отвори со сигурна победа над Белгија од 29-22. Денеска словенечките ракометарки се соочуваат со посериозен предизвик и гостување во Битола против нашата најдобра селекција. Македонија со пораз ги започна квалификациите, откако беше немоќна во Германија, па денеска ракометарките на Грчевски ќе бидат дополнително ...

По убедливата победа на Ал-Наср од 5-1 над Ал-Фатех, главна атракција повторно беше Кристијано Роналдо. Португалецот не само што постигна еден спектакуларен гол, туку по натпреварот приреди и интересен момент кој стана хит на социјалните мрежи. Роналдо по последниот свиреж се упати кон трибината со најстрасните навивачи на Ал-Наср, каде што се најде популарниот јутубер „iShowSpeed“, познат по својата опсесија со Португалецот. Американецот се ...

Фудбалерите на Интер Мајами како гости запишаа триумф над Нешвил (5-2) во последното коло од регуларната сезона на МЛС и лигашкиот дел го завршија на третото место во Источната конференција. Натпреварот беше целосно обележан од Лионел Меси, кој постигна три гола и ја заврши сезоната како најдобар стрелец во лигата со 29 гола на 28 одиграни натпревари. Ова е деветти пат во кариерата на еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња да ја ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе ја започне трката за Големата награда на САД во Формула 1 од пол-позицијата, откако беше најбрз во квалификациите. Актуелниот светски шампион забележа време од 1:32.510 во квалификациите на патеката Остин. Ландо Норис од Мекларен беше втор, со заостанување од 0,291 секунди, додека Чарлс Леклер од Ферари беше трет, со заостанување од 0,297 секунди. Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше четврти, Луис Хамилтон ...

Шпанскиот возач на Тракхаус, Раул Фернандез, е победник на трката во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Австралија на патеката Филип Ајленд. Фернандез ја оствари својата прва победа во кариерата во „кралската класа“ со резултат од 39:49.571. Второто место го освои возачот на Пертамина ендуро VR46, Италијанецот Фабио Ди Џанантонио, кој задоцни 1,418 секунди зад победникот. Трет беше возачот на Априлија, Марко Бецеки, 2,410 секунди зад ...

Шпанските медиуми пишуваат дека управата на Барселона е во сериозни преговори со Србинот Душан Влаховиќ, кој би можел да пристигне во Каталонија веќе во јануарскиот преоден рок! Информацијата ја објавија повеќе спортски новинари, кои тврдат дека Барса во Влаховиќ гледа добра замена за Роберт Левандовски, кој веројатно ќе замине по истекот на оваа сезона. Српскиот напаѓач одамна е незадоволен во Јувентус, а со евентуалното заминување, „старата ...

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието во фудбалската јавност. Во екот на европските дербија, искусниот Португалец ги натера фудбалските фанови одново да „гледаат“ кон Саудиска Арабија, каде што постигна уште еден спектакуларен гол во дресот на Ал-Насри. Се играше шеесеттата минута кога некогашниот ас на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Јувентус испрати проектил од левиот агол на казнениот простор и ја „скина“ ...

Двата израелски претставници во Евролигата, Макаби Тел Авив и Хапоел Ерусалим, официјално изразиле желба повторно да бидат домаќини на натпреварите во својата земја. Откако пред неколку дена беше потпишан мировен договор за прекин на конфликтот во Појасот Газа, раководствата на двата клуба најавија писмо до раководството на Евролигата со барање да им се дозволи враќање на домашен терен. Во изминатите две години, Макаби Тел Авив ги одигра своите ...

Минатогодишниот освојувач на „Златната топка“, Шпанецот Родри, повторно е надвор од стројот поради повреда која го мачи од натпреварот против Брентфорд, одигран на петти октомври. Манчестер Сити победи со минимални 0-1, но Родри мораше да го напушти теренот уште во 22. минута. Се претпоставуваше дека не се работи за ништо сериозно, но повредата не е наивна и затоа ги пропушти мечевите во мундијалските квалификации (против Грузија и Бугарија). ...

Младиот бразилски напаѓач Ендрик сè уште не успева целосно да се наметне во тимот на Реал Мадрид под водство на тренерот Чаби Алонсо, а според најавите од Шпанија и Бразил, можно е во јануарскиот преоден рок да биде испратен на позајмица каде што ќе добие повеќе минути на теренот. Иако првично се споменуваше дека Валенсија е најсериозен кандидат да го доведе бразилскиот талент, новите информации на бразилскиот ЕСПН откриваат дека во трката се ...

Екипата на Олимпик Марсеј одново го искористи киксот на ПСЖ и го презеде врвот на табелата во францускиот шампионат. На затворањето на денот во Лига 1 тимот од „Велодром“ го декласира Авр со 6-2, а свој танц пред преполните трибини во Марсеј имаше англискиот ас кој не се прослави во Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд. 24-годишниот напаѓач кој од „Олд Трафорд“ беше избркан поради скандалот со својата девојка, која што го тужеше за физички напад, ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се радуваа на четвртата победа во шпанската Примера, откако минимално на својот „Ванда Метрополитано“ ја совладаа Осасуна (1-0). Средбата од деветтата рунда во шпанскиот фудбал ја реши еден погодок на Тиаго Алмада во вториот дел. Возбудувањата не изостанаа и на стартот, бидејќи по само девет минути игра се тресеше гостинската мрежа преку Алекс Баена. Сепак, тука се огласи ВАР собата и по неколкуминутна проверка ...

Во светот на НБА лигата, каде што секоја секунда е драгоцена, Бади Хилд од Индијана Пејсерс постави нов рекорд за најбрз постигнат кош од тројка во историјата на лигата. На натпреварот против Кливленд Кавалиерс, само три секунди по почетокот на мечот, Хилд ja прими топката од центарот, се свртe, и со прецизен шут погоди за три поени. Натпреварот се одигра на 30 декември, 2022 година. Овој момент го направи најбрзиот „тројкаш“ во историјата на ...

Менаџерот Анге Постекоглу доби отказ од управата на Нотингем Форест, и тоа по само 39 денови мината на клупата на овој тим. Иако дојде со големи амбиции, Постекоглу бележеше очајни резултати, а пресудна за отказот беше низата од четири последователни порази. Иако периодот од 39 дена се чини како краток, сепак рекордот го држи славниот Сем Алардајс, кој доби отказ од Вест Хем после точно триесет денови како тренер на првата екипа. ФОТО/PHOTO: ...

Кога играат Рома и Интер во последниот период секогаш победува гостинот! Таа серија продолжи и вечерва, откако фудбалерите од Милано го „освоија“ Рим и ја совладаа Рома со минимални 0-1, во дербито на денот во Серија А. Ова беше нивни четврти натпревар во низа, во кој трите бода завршуваат кај гостинската екипа, додека Интер го забележа петтиот триумф во низа на гости кај Рома. Дербито на преполниот „Олимпико“ започна во знакот на гостинските ...

Машката кадетска селекција на Македонија ја запиша првата победа на турнирот „Трофеј Карпати“ кој што се игра во Романија. Вечерва, во вториот натпревар од турнирот, нашите кадети славеа против домашната селекција со резултат 32-24, на полувреме 17-13. Утре, нашите млади надежи ќе го одиграат последниот натпревар на турнирот против селекцијата на Србија. Натпреварот е закажан со почеток во 09:00 часот. Во првото коло Македонија беше надиграна и ...

Јаник Синер му се одмазди на својот голем ривал Карлос Алкараз за двата порази во низа и го освои „Сикс Кингс слем“ во Ријад, Саудиска Арабија. Финалето меѓу најдобрите тенисери на денешницата мина во знакот на освојувачот на Вимблдон, кој по два сета (6-2, 6-4) го совлада Алкараз и заработи големо богатство. Италијанецот фуриозно го започна натпреварот за трофејот и првиот сет го освои за нешто помалку од половина час. Алкарз потфрли уште во ...

Алкалоид освои нови суперлигашки бодови и ја оствари целта во дуелот со Пролет 62. На гостувањето во салата „Македонско Сонце“, тимот од Автокоманда успеа да слави со 20-29. На овој меч, тренерот Лазаров им даде шанса на сите ракометари, а победата не беше доведена под прашалник во ниту еден момент. Гостинот уште од почетокот најави дека триумфот е само опција на овој меч, затоа што отвори со пет гола во серија. Беше 5-0, па 8-2 за Алкалоид, ...

Новак Ѓоковиќ загуби од Тејлор Фирц во натпреварот за третото место на егзибицискиот турнир во Ријад, Саудиска Арабија. Ноле сакаше да ја задоволи публиката, играше одлично, се бореше, се смееше, но откако го загуби првиот сет во тај-брејкот, реши да го предаде дуелот. „Не сум во најдобра форма, сакам да им се извинам на сите. Жал ми е момци. Жал ми е што не го видовте вториот сет. Браво за Тејлор. Имавме неколку добри поени, еден од најдолгите ...

Фудбалерите на Виљареал и Бетис одиграа без победник (2-2) во деветтото коло од Примера, а во центарот на вниманието на „Стадион де ла Керамика“ беше Бразилецот Антони, кој беше автор на двата гола за гостите. Виљареал поведе кон крајот од првото полувреме кога Молеиро беше асистент, а Букенан стрелец за 1-0. Кога асистентот на првиот гол стрелаше за 2-0 во 64. минута, по асистенција од Комесана, се чинеше дека сè е завршено и бодовите ќе ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
79%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
91%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
67%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.37
84%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
5.14
62%
1026
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
30%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
58%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
100%
1027
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
1025
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
47%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57482

Платина

59937.34

Алуминиум

2.88

Сребро

2049.55

Калај

41.29

Иридиум

145787.60

Паладиум

50830.33

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Злато

138322.05

Бакар

10.76

Цинк

3.03