Некогашниот француски репрезентативец и светски првак од 2018 година, Самуел Умтити, одлучи да ги замени копачките со тренерска табла. По официјалното објавување на крајот на својата играчка кариера, Умтити веќе ја започна новата мисија, да стане тренер. Од почетокот на оваа недела, 30-годишниот поранешен дефанзивец започна практична работа во редовите на Париз, клуб од француската Лига 1. Активно учествува во секојдневниот тренажен процес, ...

Доколку Баерн не ја започна сезоната на ист начин, толку супериорно, би можеле да кажеме дека Борусија не го пречекала првиот Класик во последните десет години во порамноправна позиција; освен што е прв придружник на шампионите на табелата, се чини дека Нико Ковач доста добро ги намести некои работи, пред сè одбраната (Милионерите примија само четири гола во првите шест кола), но бидејќи Баварците изгледаат навистина моќно на почетокот од ...

Фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија и официјално избори пласман на Светското првенство што ќе се одржи следната година. Ова ќе биде нивно трето последователно учество на најголемиот фудбалски собир, со што селекцијата го потврди континуитетот и напредокот во последните неколку години. Според локалните медиуми, владата на Саудиска Арабија одлучила богато да ги награди фудбалерите за историскиот успех. Секој член на националниот тим ќе ...

Талант Душебаев повеќе од десет години го води полски Киелце, но по крајот на сезоната може да дојде до промена затоа што еден од најдобрите светски стратези може да се пресели во Бундеслигата. 57-годишниот Душебаев има договор со полскиот гигант до крајот на актуелната сезона. Засега нема договор меѓу двете страни, а целата ситуација ја прати бундеслигашот Кил кој ќе му понуди на легендарниот стратег да дојде во Германија. Словенечките медиуми ...

Драган Николиќ, човекот кој остави трага во македонската кошарка во тимовите на МЗТ Скопје и Карпош Соколи, се врати во татковината и ќе има трет мандат во тим. 53-годишникот ќе го води тимот на Младост Земун, кој по два порази во стартните два меча во српската КЛС-лига реши да менува тренер. Николиќ претходно ја водеше оваа екипа од 2005 до 2006 година, како и од 2014 до 2016 година. Во Карпош Соколи работеше од 2016 до 2017 година и го освои ...

Македонскиот фудбалски првак Шкендија со резултатите кои ги забележа во Европа забележа и голем скок на листата на најдобри 500 клубови во светот која ја прави Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Тетовчани забележаа нов голем скок и сега се на 240. место на најновата светска клупска листа. На неа има место и за уште еден клуб од Македонија, тоа е Вардар, кој исто така со резултатите во евро-куповите ова лето доби ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата за спринт трката во рамките на Големата награда на Соединетите Американски Држави, 19. рунда од актуелниот шампионат во Формула 1, што овој викенд се вози на патеката во Остин, главниот град на Тексас. Холанѓанецот уште еднаш го демонстрира своето возачко мајсторство и стабилност во квалификациските услови, осигурувајќи ја првата стартна позиција пред Ландо Норис од Мекларен, кој ќе ...

Второрангираниот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, изјави дека сè уште не донел одлука дали ќе учествува во финалето на Дејвис Купот, кое ќе се одржи од 18 до 23 ноември во Болоња, каде што Италија ќе го брани трофејот освоен во 2023 и 2024 година. Италијанецот поради повреда се повлече од третото коло на турнирот во Шангај, каде играше против Холанѓанецот Талон Грикспор. „Се обидуваме да разбереме зошто ги имав тие грчеви, понекогаш ...

Тања Стојановска успешно го заврши курсот и се здоби со тренерска лиценца ИТФ ниво 3, кое е највисокото тренерско ниво во тенисот кое го издава Светската тениска федерација. Стојановска изминатиот период активно работеше особено што курсот имаше два дела теоретски (се следеше on-line) и практично со тренинзи, а овој дел се одржуваше и во Валенсија. Курсот подразбира во првиот дел планирање, био-механика, тактика, физички и психолошки тренинг, ...

Навивачите на фудбалскиот клуб Макаби Тел Авив нема да имаат дозвола да присуствуваат на натпреварот од Лига Европа против Астон Вила поради безбедносни причини, соопшти денес полицијата во градот Бирмингем. Органите на редот изразија загриженост дека нема да можат соодветно да одговорат на евентуалните протести за време на натпреварот, кој ќе се игра на „Вила парк“ на 6 ноември. Советодавната група за безбедност - телото одговорно за издавање ...

Англискиот репрезентативец и фудбалер на лондонскиот Челзи, Кол Палмер, ќе мора да паузира подолго од првичните предвидувања, а причината е повредата на препоните, која се покажа како посериозна од очекуваното. Првично беше најавено дека Палмер ќе отсуствува околу три недели, но сега ситуацијата наложува паузата да трае уште најмалку шест седмици, а исто така можна е и операција која ќе подразбира уште подолга пауза, но лекарскиот тим се труди ...

Фудбалерите на Овиедо доживеаја ново разочарување пред своите навивачи, откако беа поразени со 0-2 од тимот на Еспањол во натпревар од деветтото коло на шпанската Примера дивизија. Новајлијата во елитата не успеа да ја прекине негативната серија, и покрај тоа што натпреварот го одигра на свој терен и со нов тренер на клупата. По репрезентативната пауза, клубот од Астурија се раздели со српскиот стратег Вељко Пауновиќ, чиј резултатски биланс не ...

Екипата на Партизан во драматичен финиш ја совлада екипата на Басконија (91-79) и така во Евролигата по пет одиграни кола дојде на скор 3-2 со кој се израмни со големиот ривал Црвена Звезда. Иако тимот на Обрадовиќ имаше двоцифрено водство, се доведе до ситуација да има драматичен финиш. Свое шоу имаше Двејн Вашингтон, кој во финишот врза седум поени и сам ја победи Басконија. Шпанците се обидоа да се вратат, но тоа не донесе со паметен напад, ...

Фудбалерите на Унион Берлин конечно им се вратија на победите во Бундеслигата, совладувајќи ја екипата на Борусија Менхенгладбах на свој терен со резултат 3-1, во натпревар од седмото коло на германскиот шампионат. По два последователни натпревари без триумф, берлинскиот состав одигра одличен меч пред својата публика и го искористи кризното издание на „ждребињата“, кои продолжуваат со очајната серија резултати уште од стартот на сезоната. ...

Фудбалерите на Париз Сен Жермен одиграа само 3-3 против Стразбур на „Паркот на принцовите“ во дерби натпревар од осмото коло на француската Лига 1, во дуел кој донесе вистинска голејада, динамика и интересен судир. Избраниците на Луис Енрике не успеаја да дојдат до посакуваната победа, па со тоа го запишаа вториот последователен натпревар без триумф во домашниот шампионат. Натпреварот беше особено забележителен поради директниот дуел меѓу ...

Ракометарите на Пролет утревечер ги очекува исклучитело тежок испит, на домашен терен пречекувајќи го составот на Алкалоид. Гостите од Автокоманда ќе ја имаат фаворитската улога, но кај тренерот Матлиески и неговите избраници владее решителност да се одигра квалитетен меч против еден од најсилните тимови во мак-ракометот. „Играме против Алкалоид, екипа што е меѓу фаворитите за највисок пласман. Јасно е дека тие ќе се фаворити, но тоа не значи ...

Еден од највлијателните светски технолошки гиганти, Apple, и водечката глобална моторспорт организација Формула 1, официјално потпишаа петгодишен договор со кој од сезоната 2026 сите трки од најбрзиот циркус на светот во САД ќе се емитуваат ексклузивно преку платформата Apple TV. Според извори блиски до двете страни, вредноста на договорот изнесува околу 700 милиони долари за петгодишниот период, што значи дека технолошкиот гигант ќе издвојува ...

Екипата на Панатинаикос извојува значајна победа во дербито на поранешните европски шампиони, совладувајќи го Анадолу Ефес во Истанбул со убедливи 81-95, во натпревар кој наместо по кошаркарска убавина ќе се памети по сериозните повреди на домашните играчи Османи и Папајанис. Токму тие несреќни околности силно се одразија врз составот на Ефес, кој остана без квалитетна ротација и свежина во играта, што гостите од Атина умешно го искористија. ...

Играчот од средниот ред на Арсенал, Мартин Одегард, повторно се мачи со повреда поради која нема да се врати на теренот уште неколку недели, потврди тренерот Микел Артета. „Зборуваме за неколку недели. Сè уште немаме датум, иако неговото закрепнување е во прогресивна фаза. Сезонава воопшто нема среќа со повредите“, рече Артета пред премиерлигашиот дуел со градскиот ривал, Фулам. Одегард прво имаше проблем со рамото, а потоа и со коленото, поради ...

Екипата на Црвена Звезда зеде голем скалп на домашен терен. Црвено-белите во возбудлив меч славеа над Реал Мадрид (90-85) во рамки на петтото коло во Евролигата и ја запишаа втората победа со новиот тренер Саша Обрадовиќ. За тимот ова беше трета победа по ред во евролигашкото друштво и тимот се вклучи во горниот дел на табелата. Најдобар стрелец на натпреварот беше Коди Милер-Мекинтајер со 18 поени, осум скока и осум асистенции, пред Џордан ...

Фудбалскиот клуб Барселона ќе биде еден од главните учесници на првото издание на „Меси Куп“ - меѓународен младински турнир што ќе се одржи од 9 до 14 декември во Мајами. Настанот е организиран од Лионел Меси, и истиот има за цел да го обедини најдоброто од светскиот младински фудбал во категоријата до 16 години (U16). „Конечно можам да ви откријам дека во декември во Мајами ќе се одржи многу посебен младински турнир, со учество на некои од ...

Екипата на Вардар 1961 ја продолжи одличната серија во шампионатот на Македонија и преку МРК Куманово (25-32) дојде до осмата победа во осмиот дуел во Суперлигата. Избраниците на Иван Чупиќ уште од самиот старт на мечот ја презедоа контролата и го диригираа темпото на игра. Со головите на Кавада, Стојановски и Талески, Вардар на почетокот замина на 3-6, потоа беше и 6-9, предност од три гола која потоа константно се држеше. До полувремето ...

Британскиот дневен весник „Гардијан“ традиционално ја објави својата годишна листа на 60 најперспективни млади фудбалери во светот, а ова издание ги опфаќа играчите родени во 2008 година. Оваа листа, која веќе повеќе од една деценија претставува референтна точка за фудбалските скаути и аналитичари, опфаќа млади таленти од сите делови на светот — од европските фудбалски академии, преку Јужна Америка, до Африка и Азија. Преку оваа селекција, ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, еден од најуспешните спортисти во историјата на белиот спорт, и математички го обезбеди своето учество на престижниот Завршен турнир на АТП во Торино. Со ова, Ѓоковиќ им се придружи на Карлос Алкараз и Јаник Синер, кои веќе претходно го потврдија својот пласман на завршниот собир на најдобрите осум тенисери во сезоната. Иако досега не го потврдил своето учество, јасно е дека доколку реши да настапи, Ѓоковиќ ќе ...

Необична вест доаѓа од НБА поврзана со Колин Секстон, новиот играч на Шарлот Хорнетс. Имено, овој кошаркар преку лето или во однос на претходната сезона загуби неверојатни седум сантиметри на официјалните мерења. Според новите бројки на лигата, бекот кој досега фигурираше со 190,5 сантиметри, сега е заведeн со само 183. Разликата од речиси осум сантиметри не е резултат на некаква медицинска аномалија, туку на новата политика на но бројките ...

Капитенката на македонската кошаркарска репрезентација Анжелика Митрашиновиќ имаше запазен настап за швајцарски Фрибург и во Еврокупот на ФИБА, со што доби признание. Швајцарскиот тим славеше на гости кај Берое во Бугарија (84-62), а Митрашиновиќ беше најдобар играч на мечот според индекс-поените, вкупно 26. Македонката постигна 23 поени, со уште осум асистенции и три скока зад своето име. Плејмејкерот е на второто место според индекс-поените во ...

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да блеска во шампионатот на Узбекистан, каде настапува за тимот на Согдиана. Неговиот тим на домашен терен славеше нова победа, совладувајќи го Термез Сукон со резултат 2-1. Дориев повторно беше меѓу најзаслужните за триумфот, тој погоди во 10. минута за водство од 2-0, потврдувајќи ја својата извонредна форма. Со овој погодок, Дориев стигна до 14 гола сезонава, со што се искачи на второто ...

Фудбалскиот сојуз на Србија го потврди заминувањето на селекторот Драган Стојковиќ - Пикси. Доскорешниот предводник на „орлите“ замина по поразот од Албанија во Лесковац, а федерацијата се очекува да донесе одлука за негов заменик во следниот период. По потвртувањето на заминувањето, Пикси реши да се обрати со емотивно обраќање до јавноста. „По четири ипол години повеќе не сум селектор на А-репрезентацијата на Србија. Сакам да се заблагодарам за ...

Ракометарите на Охрид му гостуваат на Прилеп во рамките на осмото коло на македонската Суперлига. „Гладијаторите“ по натапот во второто коло на Европскиот куп на ЕХФ се враќаат на домашните обврски. Во пресрет на натпреварот со прилепчани своите очекувања ги сподели голманот Бојан Блажески. „Напорно работевме оваа недела после успешно поминатото коло во ЕХФ Европскиот Куп. Се подготвуваме и го анализиравме Прилеп. Главен акцент на натпреварот ќе ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) официјално го назначи словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ како свој амбасадор за претстојното Светско првенство во фудбал, кое ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Овој чекор ја нагласува желбата на ФИФА да го поврзе светот на спортовите и да ја зголеми глобалната привлечност на најголемиот фудбалски настан. Дончиќ, кој е еден од најпознатите и најталентирани млади спортисти на денешницата, со ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.48
65%
1028
weather icon

Белград

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
79%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
91%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
65%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1024
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
63%
1026
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
29%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
58%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
100%
1027
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
1025
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
47%
1027
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57482

Рутениум

29192.88

Цинк

3.03

Алуминиум

2.88

Сребро

2049.55

Бакар

10.76

Калај

41.29

Злато

138322.05

Иридиум

145787.60

Паладиум

50830.33

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Платина

59937.34