Македонскиот шампион Вардар ја забележа и втората убедлива победа на подготовките во Италија, откако попладнево со дури 12-0 го декласира домашниот тим на Норча. Интересно е што по првите 45 минути „црвено-црните“ имаа минимална предност од 1-0, но во второто полувреме целосно го надиграа противникот и постигнаа уште единаесет гола. Најефикасен на натпреварот беше Закариќ со пет погодоци, по двапати во листата на стрелците се запишаа Николов, ...
Голем и непрофесионален превид на ФК Вардар АД во одлуката летните подготовки пред стартот на евро-сцената и новата сезона да ги одработи во базата Норча во Италија. Место кое има услови за тренинзи и работа, но во овој период од годината и место каде никој не се подготвува. Нема други екипи таму освен ФК Вардар АД, па оттука и досегашни тест дуели на првакот на Македонија со „собирани“ екипи, селекции од регионот, колку да се каже – ете има ...

