Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Авиокомпанијата „Емирати“, со седиште во Дубаи, го продолжи спонзорскиот договор со Реал Мадрид на уште пет години, односно до 2031 година. „Реал Мадрид и „Емирати“ го обновија партнерството, така што најголемата светска авиокомпанија ќе остане главен спонзор на нашиот клуб до 2031 година“, соопшти мадридскиот гигант. Во соопштението не е наведена вредноста на договорот, но шпанскиот весник „АС“ пренесе дека станува збор за сто милиони евра ...
Дејан Давидовац го продолжи договорот со белградска Црвена Звезда и ќе настапува за евролигашот и во следните две сезони, јави денес српскиот гигант. 31-годишниот кошаркар во овој дрес освои пет титули во домашното првенство, четири пати триумфираше во АБА лигата, а исто толку трофеи има и во домашниот Куп, „Радивој Кораќ“. За Црвена Звезда досега одигра 473 натпревари во сите конкуренции, со што се најде на четвртото место на вечната клупска ...
Фудбалската репрезентација на Узбекистан се соочи со големи непријатности откако пристигна во Њујорк, каде одигра пријателски натпревар со Холандија, во рамки на подготовките за Светското првенство. Азиската селекција се избори за историско учество на Мундијалот, но по пристигнувањето на аеродромот, беше изложена на детален претрес од страна на американската имиграциона полиција. The Uzbekistan national football team was thoroughly checked in ...
Јарон Сиверт ќе биде нов тренер на Мелсунген и ќе го наследи Роберто Гарсија Парондо на клупата на бундеслигашот. Освојувачот на Бундеслигата со Фуксе Берлин ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб од сезоната 2027/28, а со клубот од северен Хесен потпиша договор до летото 2030 година. Раководството на Мелсунген реагираше на одлуката на актуелниот тренер Роберто Гарсија Парондо, кој уште во февруари го извести клубот дека по истекот ...
Градот покрај езерото и ова лето ќе биде во знакот на ракометот, откако од 18 до 22 август ќе се одржи јубилејното петто издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ – Охрид 2026. На турнирот ќе учествуваат осум екипи поделени во две групи, а љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат врвни натпревари и дуели меѓу етаблирани европски и регионални клубови. Група А: Охрид, Загреб, Замалек и Војводина Група Б: Вардар ...
Подготовките на англиската фудбалска репрезентација во Соединетите Американски Држави продолжуваат во необична атмосфера, откако по серијата безбедносни проблеми, тимот беше погоден и од силен земјотрес во близина на местото каде што е сместен. Според информациите, потресот бил почувствуван и во кампот на Англија, предизвикувајќи вознемиреност кај играчите и членовите на стручниот штаб. Иако немало повредени и не е пријавена материјална ...
Фудбалската репрезентација на Норвешка на оригинален и емотивен начин го одбележа пласманот на Светското првенство, нивно прво учество на мундијалската сцена по пауза од цели 28 години. Наместо традиционално тимско фотографирање, норвешките репрезентативци позираа во дресовите на клубовите во кои ги направиле своите први фудбалски чекори. Со овој потег тие им оддадоа почит на средините каде што започнал нивниот развој и на луѓето кои им ...
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Gol.mk ви носи и прогнози на наши фудбалски легенди и работници за спортскиот настан. Серијалот продолжува со некогашниот ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за разрешување на Висар Ганиу од функцијата заменик-директор на Центарот за едукација при ФФМ. На негово место е именуван Менсур Јакупи, истакнат фудбалски работник и тренер со долгогодишно искуство во македонскиот фудбал. Во текот на својата кариера, Јакупи работеше во повеќе клубови и младински школи, меѓу кои ФК Гостивар и младинските категории на Шкендија, а воедно беше и селектор ...
Иранската фудбалска федерација соопшти дека на навивачите на националниот тим им е укината можноста да добијат билети преку официјалната распределба за натпреварите на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Од федерацијата наведуваат дека веќе бил започнат процесот на продажба и распределба на билетите, а голем број навивачи врз основа на тоа ги организирале своите патувања и сместување за следење на ...
Во италијанскиот евролигаш Виртус Болоња се случуваат повеќе промени по истекот на сезоната. Најпрво беше најавено заминување на Карсен Едвардс, а сега од клубот заминува и најдобриот стрелец во изминатата сезона, Мет Морган. Американецот просечно бележеше 13,2 поени во Евролигата и се наметна како клучен фактор во тимот, но по елиминацијата во полуфиналето на домашниот шампионат, реши да замине од Болоња и да побара друга дестинација. Во ...
Македонскиот фудбалер Оливер Стоименовски ја заврши својата етапа во кувајтскиот клуб Ал-Јахра, каде му истече договорот и сега ќе бара нова дестинација во интернационалната кариера. Стоименовски пристигна во Ал-Јахра минатата година, а сега е на „радарот“ на неколку азиски клубови, особено од Саудиска Арабија и Индонезија. 27-годишниот дефанзивец во Македонија настапуваше за Работнички, Борец, Македонија ЃП, Победа и Тиквеш, а исто така ...
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Продолжуваме со презентација на учесниците на шампионатот, следна е Групата Е, во која Германците се апсолутни фаворити, а ...
Македонија од денес има нов спортски канал со македонски коментар. Арена Спорт Македонија официјално започна со работа и на неа ќе може да се следи Светското првенство (СП) во фудбал кое ќе се игра ова лето. Составен е тим со десет коментаторски имиња, тим со големо искуство зад себе на ТВ-каналите, а ќе имаат за задача да им ја доловат спортската магија на гледачите како што најдобро знаат и тоа на македонски јазик. Арена Спорт Македонија ќе ...
Светската ракометна федерација (ИХФ) ги соопшти добитниците на двете специјални покани за претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Германија. Иако во јавноста се очекуваше вајлд-картите да завршат кај некоја од европските селекции како Унгарија, Австрија или Швајцарија, ИХФ донесе поинаква одлука. Последните две места на Мундијалот им беа доделени на „аутсајдерите“ кога се гледаше шансите да се добие вајлд-карта, тоа се ...
Екипата на ЖРК Чаир го екипира ростерот за следната сезона и објави дека потпиша договор со три нови ракометарки. Нов член на клубот е Нора Махмуд од Египет. Се работи за ракометарка која настапува на бековските позиции и се очекува да биде главен шутер во нападот. Последните четири сезони ги мина во тимот на Замалек. Исто така ЖРК Чаир потпиша и со две македонски ракометарки. Првата е пивотот Михаела Вељаноска која доаѓа од тимот на ЖРК ...
Македонскиот репрезентативец Иван Николов летово ќе направи нов трансфер во кариерата, откако по истекот на договорот со Радник Бијељина стана слободен играч на пазарот. Дваесет и четиригодишниот играч за врска веќе привлекува сериозно внимание од повеќе европски клубови, а според информациите на новинарот Руди Галети, најконкретен интерес во моментов постои од Данска, каде што Николов би можел повторно да заигра. EXCL | Ivan Nikolov is ...
Град Скопје на 11 јуни ќе добие современ спортски објект откако свечено ќе биде отворена целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Општина Кисела Вода. Под мотото „Расадник на шампиони“ и слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“, отворањето ќе се одржи со почеток во 10:30 часот, а организатори на настанот се Министерството за спорт, Град Скопје и Општина Кисела Вода. Реконструираната сала претставува една од најзначајните ...
Македонскиот голман Мартин Томовски доби големо признание и се најде во тимот на сезоната во втората Бундеслига. Томовски блескаше на голот на Битигхајм и беше еден од клучните играчи во освојувањето на второто место на табелата кое донесе и враќање во најдобрата ракометна лига во светот, Бундеслигата. Репрезентативецот оваа сезона бранеше на 31 натпревар во 2. Бундеслига, а забележа вкупно 273 одбрани, со ефикасност од 31% на одбранети ...
Македонската Дејвис куп репрезентација ги доби ривалите во рамки на мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот. Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат поделени во две групи по четири. Поделени се две групи по четири тимови. Во групата А ќе играат ...
Враќањето на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид е сè поблиску до реализација, а според шпанските медиуми, португалскиот стратег веќе почнал да ги крои плановите за составот за следната сезона. Иако изборите за претседател на клубот ја одложија официјализацијата на целата приказна, по новиот мандат на Флорентино Перез на чело на „кралскиот клуб“, се очекува наскоро да биде потврдено и доаѓањето на Мурињо. Португалецот наводно веќе му ги ...
Фудбалерите на Вардар ги започнаа подготовките за новата сезона, во која главен фокус ќе биде настапот на европската сцена и освојувањето на „двојната круна“ во Македонија. Најтрофејниот македонски клуб по шестгодишна пауза повторно ја освои шампионската титула и обезбеди место во квалификациите за Лигата на шампионите, каде што ќе настапи од првото квалификациско коло. Првиот тренинг на вардарци беше одржан во тренинг-центарот на клубот, а ...
Бразилецот Вилтон Сампајо е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар меѓу Мексико и Јужна Африка во четврток. Колумбиецот Николас Гало ќе биде судија за ВАР. ФИФА ги назначи и судиите за следните три натпревари: Јужна Кореја - Чешка ќе го суди Египќанецот Амин Мохамед, а неговиот сонародник Махмуд Ашур ќе биде во ВАР собата. Канада - Босна и Херцеговина ќе го суди Аргентинецот Факундо Тељо, а неговиот сонародник Ернан Мастранџело ќе биде ...
Македонскиот вицешампион Шкендија ги стартува подготовките за новата сезона, во која тетовскиот клуб ќе настапува и на европската сцена, во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Сепак, интересно е што тимот од Тетово сè уште нема назначено нов шеф на стручниот штаб по заминувањето на Јетон Беќири, кој го напушти клубот по завршувањето на минатата сезона кога Шкендија остана без ниту еден трофеј во Македонија. Поради тоа, првиот ...
Екипата на Вардар 1961 остана без еден од голманите, затоа што од екипата си замина Марко Богдановски. 25-годишниот чувар на мрежата се раздели со новиот првак на Македонија и ќе бара нов предизвик. Конкуренцијата во најтрофејниот македонски клуб беше голема, а од новата сезона, на голманската позиција клубот ќе го има и Србинот Милан Бомаштар. Богдановски во Вардар дојде од редовите на Аеродром, а настапуваше и за екипите на Голден Арт, ...
Фудбалската репрезентација на Шпанија успешно ја заврши подготовката за Светското првенство, откако во пријателски натпревар во мексиканскиот град Пуебла славеше со убедливи 3-1 против Перу. Селекторот Луис де ла Фуенте на овој натпревар изведе речиси најсилен состав и во голема мера ги расчисти дилемите околу стартниот тим за Светското првенство. Унаи Симон беше стартер на голот, додека Давид Раја доби минутажа во второто полувреме. Поради ...
Сан Антонио остана во игра за шампионскиот прстен во НБА лигата откако славеше со 115-111 на гостувањето кај Њујорк Никс и ја намали негативата во финалната серија. За Никс ова беше прв пораз по фантастичната серија која траеше 46 дена. Тимот од Њујорк претходно нанижа 13 победи во плејофот и изгледаше незапирливо на патот кон првата титула од 1973 година. Херој на Спарс беше Виктор Вембањама, кој одигра уште еден извонреден натпревар и го ...
Легендарниот швајцарски тенисер, Роџер Федерер, ќе настапи на егзибицискиот турнир на овогодинешното издание на УС Опен, со што се враќа на турнирот каде оствари големи успеси во својата кариера. Организаторите соопштија дека славниот тенисер ќе настапи на 25 август и ќе учествува во програмата „Роџер Федерер - Иконата се враќа во Њујорк“, а заедно со него ќе се појават уште Енди Родик, Џон Мекинро и Андре Агаси. Федерер е единствен тенисер ...
Легендарниот поранешен фудбалер на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре, е назначен за нов тренер на Слован Братислава. Ова ќе биде негов прв самостоен тренерски ангажман како главен стратег, откако претходно работеше како асистент во неколку клубови и репрезентации, меѓу кои Саудиска Арабија и неколку европски екипи. Слован, најтрофејниот клуб во Словачка, од Туре очекува да донесе нова енергија и да го води тимот во квалификациите за ...
Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, изјави дека ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем, нема загарантирано место во првиот состав и дека ќе мора да се бори за својата позиција во националниот тим. Белингем зад себе има само четири стартови во репрезентацијата откако Тухел стана селектор, а тоа е знак за фудбалерот дека ќе мора да се наметне за да добие посериозна улога во тимот. „Џуд знае дека може да биде стартер, тој е меѓу ...