Новиот европски шампион, Олимпијакос, официјално потврди дека Јоргос Барцокас го продолжил договорот со клубот до летото 2029 година, ставајќи крај на сите шпекулации околу неговата иднина. Грчкиот стратег, кој важи за најуспешниот тренер во историјата на клубот од Пиреја, ќе продолжи да го предводи тимот и во наредните сезони, откако неодамна го врати Олимпијакос на европскиот трон по пауза од 13 години. Во пресрет на фајнал-фор турнирот се ...

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, потпиша нов тригодишен договор со клубот од Пиреја, а грчките медиуми ги откриваат и финансиските детали од соработката. Искусниот стручњак ќе заработува околу два милиони евра годишно според новиот договор, што значи дека вкупната вредност на соработката ќе достигне речиси шест милиони евра. Ова претставува значително зголемување во споредба со претходниот договор, според кој Барцокас инкасираше ...