Според неколку аналитички агенции и повеќе шпански извори, на претстојните претседателски избори во Реал Мадрид, актуелниот претседател Флорентино Перез би можел убедливо да остане на функцијата, освојувајќи околу 66% од гласовите. Според ваквите проекции, неговиот противкандидат Енрике Рикелме би освоил околу 34%, што би претставувало јасна, но недоволна поддршка за промена на раководството. Доколку се реализира ваквиот исход, Перез би добил ...

Се ближи Светското првенство во САД, Мексико и Канада, а Томас Тухел од ден на ден е бомбардиран со истото прашање – кој ќе биде стартниот тим на Англија? Англиската фудбалска репрезентација ги привршува подготовките во Мајами за претстојното Светско првенство, а селекторот Тухел не го крие големото задоволство од состојбата во својот тим. За разлика од неговите претходници кои на големите натпреварувања редовно носеа повредени или недоволно ...

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина на претстојното Светско првенство ќе настапи во нова гарнитура дресови, а вниманието на јавноста особено го привлече еден симболичен детал вграден во нивниот дизајн. На внатрешната страна од јаката на дресот е испишана мотивациската порака „Dream big, dream BiH“, односно „Сонувај големо, сонувај БиХ“. Станува збор за слоган кој го осмислил селекторот Сергеј Барбарез и кој во изминатиот период ...

Шпанецот Марк Маркез е победник на трката за Големата награда на Унгарија, откако денес прв ја мина целта и влезе во одбрано друштво на мотоциклисти кои стигнале до 100 победи во својата кариера. Актуелниот светски шампион прикажа одлично возење и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот, оставајќи ги зад себе Педро Акоста од АТМ и Франческо Пеко Бањаја од Дукати. Почетокот на трката го одбележа падот на Хорхе Мартин, кој ...

Тимот на Мекларен овој викенд на Големата награда на Монако го одбележува својот 1.000-ти настап во Формула 1. По тој повод, британскиот тим претстави специјален дизајн на болидот, со кој оддава почит на својата богата историја и достигнувањата во спортот. Мекларен дебитираше во Формула 1 токму во Монако во 1966 година, кога основачот Брус Мекларен настапи со болидот М2Б. Шеесет години подоцна, тимот стигна до значајниот јубилеј од 1.000 трки ...

Претседателот на Манчестер Сити, Халдун Ал Мубарак, откри интересни детали за заминувањето на Пеп Гвардиола, признавајќи дека шпанскиот стратег многупати во изминатата деценија размислувал за разделба со клубот, но дека овојпат ситуацијата била поинаква. Гвардиола стави крај на својата десетгодишна ера на „Етихад“, во која освои дури 20 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите. Иако имаше уште една година ...

Откако сите репрезентации ги објавија конечните состави за Светското првенство 2026, интересна анализа на новинарот Хаиме Мациас откри колку глобализиран станал современиот фудбал. Според неговото истражување, дури 289 фудбалери кои ќе настапат на Мундијалот ќе ги бранат боите на држави во кои не се родени. Податокот предизвика огромно внимание на социјалните мрежи и отвори бројни дискусии за влијанието на миграцијата и двојното државјанство ...

Англискиот премиерлигаш Брајтон официјално го потврди ангажманот на еден од најталентираните млади фудбалери во шведскиот шампионат, Зеидок Јохана. 18-годишниот нигериски крилен напаѓач пристигнува од редовите на АИК Стокхолм и со клубот од јужниот брег на Англија потпиша договор на пет години. Според информациите на Би-Би-Си, Брајтон за неговите услуги издвоил околу 25 милиони евра, што претставува значајна инвестиција во иднината на клубот. ...

На денешен ден во 1993 година во сообраќајна несреќа во Германија, враќајќи се од Соединетите Американски Држави на 28-годишна возраст загина легендарниит Дражен Петровиќ. Минаа повеќе од триесет години од смртта на „кошаркарскиот Моцарт“, а на сите и натаму им недостига. Дражен Петровиќ на само 15 години дебитираше во првиот тим на локалниот тим Шибенка, а на 19 години беше дел од репрезентацијата на Југославија на Олимписките игри во 1984 ...

Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Gol.mk ви носи и прогнози на наши фудбалски легенди и работници за спортскиот настан. Серијалот продолжува со легендарниот ...

Македонскиот шампион Вардар нема да го ангажира српскиот репрезентативец Марко Тасиќ во пресрет на новата сезона, иако ракометарот долго време беше една од главните трансфер цели на новиот првак и се повзруваше со црвено-црните. По одличните настапи на Европското првенство во Хернинг, каде што остави силен впечаток во дресот на Србија, се очекуваше Тасиќ да направи чекор напред во кариерата и да ја напушти екипата на Динамо Панчево. ...

Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Продолжуваме со презентација на учесниците на шампионатот, следна е Групата Б. Фокусот е кон Босна и Херцеговина која во ...

Долгогодишниот капитен и репрезентативец на Андора, Марк Пујол, официјално стави крај на својата импресивна кариера во националниот тим на 43-годишна возраст. Својот последен настап во дресот на Андора го запиша на пријателскиот натпревар против Лихтенштајн, кој неговата репрезентација го доби со 2-0. Искусниот играч за врска ја носеше капитенската лента и легендарната „седумка“ на грбот, а по 55 минути игра беше заменет и испратен со овации ...

Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Започнуваме со презентација на групите. Прва на програмата е Групата А, во која ќе играат репрезентациите на Мексико, Јужна ...

Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Gol.mk ви носи и прогнози на наши фудбалски легенди и работници за спортскиот настан. Серијалот започнува со Златната копачка, ...

Португалската репрезентација би можела да остане без една од своите најголеми ѕвезди на почетокот од Светското првенство 2026, откако Рафаел Леао се најде под истрага по инцидентот на пријателскиот натпревар против Чиле. Во победата на Португалија од 2-1, напаѓачот на Милан беше исклучен по физичка пресметка со чилеанскиот дефанзивец Иван Ромао. Инцидентот се случи покрај аут-линијата, кога Леао најпрво го фати противникот за вратот, а потоа ...

Македонската Дејвис куп репрезентација денеска (недела) патува за Молдавија ќе од среда до сабота ја очекуваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот. Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат поделени во две групи по четири. „Во Кишињев ќе ...

Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе донесе историски момент за светскиот фудбал - дури четири репрезентации за првпат ќе настапат на најголемата фудбалска сцена. На листата на дебитанти се Курасао, Зеленортски Острови, Узбекистан и Јордан, селекции кои преку одлични квалификации обезбедија место меѓу најдобрите во светот. Најголемо изненадување е Курасао, земја која со само 156.000 жители стана најмалата држава по број на ...

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски се наоѓа на списокот на потенцијални кандидати за нов тренер на Олимпија Љубљана, но во моментов не важи за главен фаворит за преземање на словенечкиот шампион. По заминувањето на Виктор Санчез, раководството на Олимпија веќе започнало со потрагата по негов наследник, а првичните разговори со потенцијални кандидати биле реализирани уште пред официјалната објава за тренерската промена. Според ...

Откако се раздели со Ливерпул, Арне Слот брзо беше контактиран од премиерлигаш. Фулам беше заинтересиран за услугите на холандскиот тренер – но тој ја одби понудата, пренесуваат медиумите на „Островот“. Лондонскиот клуб бара наследник на Марко Силва, кој ја презеде Бенфика, но ќе мора да се задоволи со друга опција. Слот наводно сака да види дали ќе се ослободи селекторското место во Холандија. Тамошните новинари веруваат дека токму тој е ...

Светското првенство 2026 година носи неверојатен генерациски контраст. Од тинејџери кои штотуку влегуваат во големиот фудбал, до легенди кои играат на највисоко ниво повеќе од две децении. Најмлад играч на турнирот треба да биде 17-годишниот Мексиканец Гилберто Мора, кој веќе важи за едно од најголемите светски чуда и настапува како клучен дел од новата генерација на својата репрезентација. Најмладите фудбалери на СП: mladi.png Меѓу ...

Актуелниот светски шампион Аргентина во Тексас славеше со 2-0 против Хондурас пред Светското првенство во 2026 година и испрати порака до ривалите пред шампионатот за добрата форма. Избраниците на Лионел Скалони поведоа во 37. минута кога Лаутаро Мартинез беше прецизен од пенал, а конечните 2-0 ги постави Џулијано Симеоне во 54. минута по асистенција токму на напаѓачот на Интер. За Аргентина ова беше претпоследна проверка, а пред Мундијалот ...

Англија го победи Нов Зеланд со 1-0 (1-0) во пријателски натпревар во Тампа. Избраниците на Томас Тухел се мачеа да го скршат отпорот на аутсајдерот, кој лесно можеше да избегне пораз по одличниот дефанзивен натпревар. Хари Кејн постигна гол, по асистенција на Спенс во судиското продолжение од првиот дел, а подоцна истиот се испостави како единствен во дуелот. Тухел ги направи сите единаесет замени како што беше планирано за време на паузата. ...

Дејвид Саливан поднесе оставка на функцијата ко-претседател и директор на лондонскиот премиерлигаш, Вест Хем Јунајтед. Саливан соопшти дека се повлекува со итна важност откако бил информиран дека во јавноста наскоро ќе бидат објавени сериозни обвинувања поврзани со неговиот приватен живот. Тој категорично ги отфрли сите наводи, оценувајќи ги како „целосно неточни и лажни“. Во своето обраќање, 77-годишниот бизнисмен истакна дека оставката ја ...

Полската тенисерка Маја Хвалинска после финалето на Ролан Гарос против Мира Андреева, изјави дека противничката заслужено го освоила трофејот, упатувајќи пофални зборови за нејзината игра. Хвалинска беше вистинска сензација во Париз и стигна до големото финале, каде немаше сили за уште еден голем и историски подвиг во нејзината кариера. „Мира беше на висина на задачата. Точно знаеше што сака и како да пристапи кон мечот. Јас грешев, но се ...

Швајцарската репрезенггација комплетна ќе настапи на Светското првенство. Брел Емболо конечно доби дозвола за влез во Соединетите Американски Држави и наскоро ќе им се придружи на своите соиграчи во кампот на репрезентацијата во Сан Диего. Фудбалерот на Монако, не замина со соиграчите во Соединетите Американски Држави и остана во Швајцарија чекајќи ја конечната одлука за добивање виза. Швајцарската фудбалска асоцијација вчера потврди дека ...

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина не успеа да стигне до победа на последниот контролен натпревар пред почетокот на Светското првенство 2026, откако одигра 1-1 против Панама во Сент Луис. На сличен начин како и Македонија на неодамнешниот пријателски дуел во Сараево, и Панама успеа да ја запре селекцијата на Сергеј Барбарез и да остане непоразена против „змејовите“. Босанците поведоа во 23. минута преку Никола Катиќ, кој ...

Легендата на НБА лигата, Шекил О'Нил, ја критикуваше изјавата на Виктор Вембањама по вториот пораз од Сан Антонио Спарс во финалната серија против Њујорк Никс. Вембањама по натпреварот ја презеде одговорноста за изгубената топка во самиот финиш и призна дека долго ќе жали за грешката што им овозможи на Никс да стигнат до победа и водство од 2-0 во серијата. Сепак, О'Нил смета дека таквиот настап пред медиумите не е соодветен за лидер на ...

Кошаркарскиот клуб Монако се наоѓа пред клучен период за својата иднина, откако раководството работи на амбициозен проект за преземање и финансиска стабилизација. Претседателот на француската кошаркарска лига, Филип Аусер, откри дека постои сериозен инвестициски план кој треба да обезбеди буџет од меѓу 30 и 40 милиони евра за продолжување на развојот на клубот. Според него, лигата активно работела за да спречи распад на проектот во Монако, а ...

Фудбалската репрезентација на Германија забележа победа од 2-1 над САД во пријателски натпревар во Чикаго кој послужи како последна генерална проба пред почетокот на Светското првенство 2026. Германците одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во втората минута преку Каи Хаверц, кој ја затресе мрежата на домаќините за рано водство од 1-0. Сепак, американската селекција успеа да возврати пред паузата. Во 37. минута Ентони Робинсон го ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.04
42%
1013
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
69%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.19
47%
1013
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
0.93
41%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.27
57%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.93
79%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
48%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.33
43%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.98
48%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
62%
1013
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
39%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.07
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.25

Калај

56.46

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Бакар

13.51

Сребро

1994.05