Македонската кошаркарска репрезентација оствари победа над Бугарија со конечни 91-87 во пријателскиот натпревар одигран во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Избраниците на Жозеп Мариа Берокал одиграа далеку подобар меч од оној пред неколку дена во Бугарија, а денес одличен настап имаше и новото засилување, Девејн Стјуарт Џуниор. Двете селекции одиграа прилично тврд и неизвесен меч. На паузата резултатот гласеше 45-43, а потоа ривалот ја доби ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во подготовките пред продолжението на претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029, откако во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје славеше над Бугарија со 91-87. Ова е своевиден реванш за поразот од пред четири дена во Самоков со 97-68. Најдобар поединец на средбата беше новиот Американец во нашите редови, ДиВејн Стјуард, кој успеа да уфрли 26 поени. Двоцифрен ефект ...