Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе биде дел и од квалификациите за третиот Грен Слем турнир оваа сезона, Вимблдон. Тетовчанката претходно настапи во квалификациите за Австралијан Опен и за Ролан Гарос, а ова лето ќе ја продолжи и традицијата на најпопуларниот тениски турнир на тревна подлога во Обединетото Кралство. Во моментов, Ѓорческа започна со подготовките на тревна подлога. Македонката се наоѓа на 211 позиција на ...
Академија Пандев Брера Струмица официјално потврди дека и во следната сезона ќе продолжи да се натпреварува со сениорскиот тим во Втората македонска фудбалска лига, паралелно со настапите на младинските категории кои и понатаму ќе бидат еден од главните столбови на клубот. Од струмичани истакнуваат дека настапот во Втората лига ќе претставува одлична можност за развој и афирмација на младите фудбалери, кои во изминатиот период покажаа дека ...
Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор беше стрелец во ремито од 1:1 против Мароко на стартот од Светското првенство, но и покрај погодокот не беше целосно задоволен од своето издание. Фудбалерот на Реал Мадрид по натпреварот призна дека има простор за напредок и дека очекува многу повеќе од себе во продолжението на турнирот. „Верувам дека сè уште можам да ја подобрам мојата игра во многу сегменти. Успеав да постигнам гол, но од технички аспект ...
Фудбалската репрезентација на Португалија доби посебен и емотивен подарок во пресрет на настапот на Светското првенство. Секој член на националниот тим добил специјална алка на која се испишани имињата на Диого Жота и сите португалски репрезентативци што се дел од мундијалскиот состав. Гестот доаѓа од португалскиот премиер Луиш Монтенегро, кој сакал на симболичен начин да ја покаже поддршката кон националниот тим пред почетокот на турнирот. ...
Некои приказни се поголеми од фудбалот. Приказната на Нестори Иранкунда (20) е токму таква. Австралискиот репрезентативец е роден во бегалски камп во Танзанија, откако неговите родители биле принудени да избегаат од Бурунди во потрага по побезбеден и подобар живот. Како дете кое растело далеку од луксузот и големите фудбалски академии, Иранкунда сонувал големи соништа. Денес, тие соништа ги живее на најголемата можна сцена, Светското ...
Кендрик Нан го одигра второто полувреме од решавачкиот петти натпревар од финалната серија против Олимпијакос и покрај тоа што имал скршено ребро, пренесуваат грчките медиуми. Кошаркарот на Панатинаикос се повреди кон крајот на првото полувреме по незгоден дуел во втората четвртина. Поради повредата, тренерот Ергин Атаман не го вклучи во стартната петорка по паузата, но Американецот подоцна се врати на теренот и се обиде да му помогне на ...
Натпреварот меѓу Мароко и Бразил на Светското првенство донесе момент кој ќе остане запишан во историјата на светскиот фудбал. Во 65. минута од средбата, Мароко стана првата репрезентација во историјата на Светските првенства која во исто време на теренот имала 11 фудбалери родени надвор од својата држава. Уште од стартот на натпреварот, десетмина од единаесетте стартери беа родени во други земји. Историскиот рекорд беше комплетиран кога во ...
Фудбалската репрезентација на Курасао денес ќе испише златни страници во својата спортска историја кога ќе истрча на теренот против Германија во својот прв натпревар на Светско првенство. Карипската островска држава со само 156.000 жители стана најмалата земја што некогаш се пласирала на Мундијал, а нивната приказна веќе се смета за една од најголемите сензации во историјата на светскиот фудбал. Сместен во Карипското Море, недалеку од брегот ...
Проблемите не престануваат за англиската репрезентација во пресрет на стартот на Светското првенство, откако по кражбата на опремата тимот се соочи и со сериозна временска непогода во САД. Само еден ден по веста дека биле украдени копачки, топки, аналитичка опрема и друг инвентар, Англичаните се преселиле во Мисури, каде што ги очекувал нов проблем. За време на престојот во кампот, членовите на делегацијата добиле предупредувања за силно ...
Роберто Манчини е на чекор до враќање на селекторската функција во Италија, откако официјално се раздели со катарскиот клуб Ал-Сад. Ваквото сценарио се најавуваше уште по неуспехот на „аѕурите“ да обезбедат пласман на Светското првенство, по што Џенаро Гатузо ја напушти селекторската позиција. Според информациите од Италија, Манчини веќе ги завршил разговорите со Фудбалската федерација и останува само официјализација на договорот. Искусниот ...
Шкендија Арачиново продолжува да го задржува костурот на тимот за новата сезона, а клубот потврди дека Христијан Димов останува дел од екипата. Од таборот на Шкендија истакнаа дека Димов е еден од најзаслужните фудбалери за успесите на клубот во изминатите години, нагласувајќи ја неговата лојалност и придонес во периодот кога тимот се натпреваруваше во пониските лиги. Димов игра на позицијата централен дефанзивец. Кариерата ја започна во ...
Фудбалерите на македонскиот првак Вардар победија на првиот тест дуел против аматерскиот тим Умбрија со 1-2 (0-2). Новиот тренер Кристијан Фабијани пријателскиот натпревар одигран во Фолињо го искористи за да им даде шанса на младите играчи во тимот со само неколку од поискусните. Вардар на оваа средба настапи со следниот состав: Диковски - Мишковски, Најдовски, Куестас - Јевтовски, Дурански, Д. Тодоровски, Ф. Цветковски - Иво Марковски, ...
Освојувањето на првата НБА титула по 53 години донесе вистинска еуфорија меѓу навивачите на Њујорк Никс, но славјето набрзо прерасна во хаос на улиците низ градот. По триумфот над Сан Антонио и освојувањето на шампионскиот прстен, илјадници навивачи излегоа на улиците на Менхетен и во другите делови на Њујорк. Покрај песната и прославата, беа забележани и бројни инциденти, при што беше оштетен јавен и приватен имот. WATCH: School Bus driver ...
Карло Анчелоти не го криеше незадоволството по ремито на Бразил против Мароко од 1-1 во првото коло од групата Ц на Светското првенство. „Не игравме добро. Имавме неколку проблеми, тимот не беше избалансиран, губевме многу топки и во тој сегмент мора да бидеме подобри. Во второто полувреме напредувавме, особено по измените, но имавме проблеми против нискиот дефанзивен блок на Мароко. Не сум разочаран од резултатот, но не сум ниту задоволен. ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија на почетокот на јули ќе одигра два натпревари од претквалификациите за Евробаскетот кој ќе се одржи во 2029 година. За таа цел селекторот Жозеп Мариа Берокал објави поширок список на кошаркари. На списокот се главните имиња, меѓутоа и неколку помлади кошаркари и новајлии. Ненад Димитријевиќ - Баерн Минхен-Германија Андреј Јакимовски - Тренто - Италија Адем Мекиќ - Задар - Хрватска Лејсон Зеќири - ...
Првиот судиски скандал на Светското првенство 2026 се случи на натпреварот меѓу Швајцарија и Катар, кој заврши без победник (1-1). Контроверзната ситуација се случи во 14. минута кога Швајцарија доби пенал, а Брил Емболо беше сигурен реализатор. Фудбалерите на Катар веднаш протестираа, тврдејќи дека во акцијата претходела офсајд позиција на Ремо Фројлер. Дополнителен сомнеж предизвика фактот што телевизискиот пренос не ја прикажа ...
По освојувањето на НБА титулата со Њујорк Никси, Џејлен Брансон, Микал Бриџис и Џош Харт испишаа посебна страница во кошаркарската историја. Тројцата поранешни соиграчи од Универзитетот Виланова станаа дел од ексклузивна група од само 60 кошаркари кои во кариерата успеале да освојат и НЦАА титула и шампионски прстен во НБА лигата. Нивната успешна приказна започна во Виланова, каде што Харт, Брансон и Бриџис во 2016 година ја освоија ...
Фудбалерите на Хаити одиграа храбро во поразот од Шкотска на Светското првенство (0-1). Сепак, натпреварот во Фоксборо понуди и контроверзни ситуации. Фудбалскиот свет се крена и се критикува ФИФА дека Хаити беа оштетени во дуелот со Шкотланѓаните. Причината за такво нешто беа неколку ситуации. Во 79. минута по еден шут кон голот на Шкотска, Грант Ханли блокираше со рака, но судијата на теренот и оние во ВАР собата одредија дека нема елементи ...
Њујорк Никс ја освои шампионската титула во НБА лигата, откако со 4-1 во финалната серија го совлада Сан Антонио Спарс. Во петтиот натпревар Никси славеа со 94-90 на гостински терен во Тексас и така стигнаа до третата титула во историјата на франшизата, а прва по далечната 1973 година. Сан Антонио Спарс - Њујорк Никс: Како и на претходниот меч, тимот од Њујорк направи голем пресврт. Никси успеаја да надоместат највисока негатива од 16 поени ...
Фудбалерите на Шкотска извојуваа победа над Хаити со минимални 1-0, во натпревар од првото коло од групата Ц на Светското првенство. Ова беше дуел на повратници на Светското првенство, бидејќи Хаити не играл Мундијал од 1974 година, а Шкотска од 1998 година. Победничкиот гол беше дело на првата шкотска ѕвезда Џон Мекгин во 28 минута од натпреварот. Хаиќаните храбро се држеа против фаворизираниот ривал и беа активни во текот на целото прво ...
Фудбалската селекција на Австралија приреди големо изненадување на Светското првенство 2026, откако во натпреварот од групата Д ја совлада Турција со 2-0 и направи огромен чекор кон пласман во нокаут-фазата. Турците се вратија на Светско првенство по пауза од 24 години и важеа за фаворити, особено поради квалитетниот состав предводен од Арда Ѓулер и Хакан Чалханоглу. Сепак, Австралијците одиграа дисциплиниран и тактички зрел натпревар, ...
Српските клубови уште еднаш покажаа како се работи на трансфер пазарот. Железничар Панчево реализираше рекорден излезен трансфер. Тие го продадоа младиот Стефан Пиргиќ кој кариерата ќе ја продолжи во редовите на чешкиот гигант Викторија Плзен. Шесткратниот шампион на Чешка официјално го претстави новиот фудбалер и со него потпиша договор до 2030 година. Според информациите од Србија, Железничар од овој трансфер ќе заработи 2,8 милиони евра, а ...
На стадионот на кој на 19 јули ќе се игра финалето на Светското првенство, во Њујорк, Бразил и Мароко играа без победник (1-1), во најочекуваниот натпревар во досегашниот тек на шампионатот. Африканскиот шампион беше рамноправен и на моменти подобар противник и го принудија петкратниот светски првак на многу грешки и малку шанси. Анчелоти изненади со стартниот тим, во кој го вклучи Игор Тиаго пред Матеус Куња, а на бековските позиции почнаа ...
Кошаркарскиот клуб Будуќност продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, а една од најважните вести е продолжувањето на соработката со американскиот плејмејкер Jоги Ферел. Искусниот организатор на играта и следната сезона ќе го носи дресот на клубот од Подгорица. Дополнителна добра вест за Будуќност е што Ферел во меѓувреме доби и црногорско државјанство, што може да има значајна улога во составувањето на тимот за претстојната ...
Шкотскиот репрезентативец Рајан Кристи го продолжи договорот со англискиот премиерлигаш Борнмут, со што ќе се задржи во тимот до 2029 година. 30-годишниот Кристи е член на Борнмут од 2021 година и досега одигра 177 натпревари, постигнувајќи голови и 17 асистенции. Во моментов Кристи се наоѓа на Светското првенство со својот национален тим, каде ќе настапи во групата Ц, заедно со селекциите на Бразил, Хаити и Мароко. Шкотскиот репрезентативец ...
Еден важен потпис и едно потенцијално заминување го одбележаа денот во редовите на Партизан. Белградскиот клуб официјално потврди дека Тони Џекири ја продолжил соработката и ќе остане во црно белиот дрес најмалку до крајот на сезоната 2026/27. Нигерискиот центар пристигна од ЦСКА Москва во текот на минатата сезона и брзо се наметна како значајна алка во ротацијата на тренерот. Tonje Džekiri je potpisao novi ugovor sa #KKPartizan i biće deo ...
Шкотските навивачи уште еднаш потврдија дека важат за едни од најверните и најгласните во светот. Неколку илјади фанови пристигнаа во Бостон во пресрет на натпреварот меѓу Шкотска и Хаити на Светското првенство, а нивното присуство предизвика вистинска еуфорија низ градот. Според локалните медиуми, бројни пабови и барови во центарот на Бостон останале без залихи на пиво поради огромната потрошувачка на шкотските навивачи. Сопствениците на ...
Прва сензација на Светското првенство! Катар го освои својот прв мундијалски бод во Сан Франциско откако ремизира против Швајцарија (1-1), иако ја имаше улогата на аутсајдер и беше во подредена улога во текот на целиот натпревар. Во натпревар кој долго време изгледаше како сигурна победа за Швајцарците, Катар успеа да приреди големо изненадување и со гол во судиското продолжение да стигне до вреден бод на стартот од турнирот. Катар можеше ...
Бразил и Мароко го играат дербито на денот на Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико, а селекторите Карло Анчелоти и Мохамед Оуахби, ги одредија стартните состави за средбата. „Кариоките“ важат за фаворити, а ќе бидат во најсилниот тим. Во составот ќе го нема Нејмар, кој е повреден. Мароко исто така ги има најсилните адути на располагање, со исклучок на Јусеф Ен-Незири кој не доби повик на овој настан од селекторот. Бразил ...
Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов кариерата ја продолжува во Казахстан каде потпиша договор со екипата на Актобе. Атанасов зад себе имаше солидна сезона во дресот на Лариса, каде настапи на 35 натпревари, но не остана во екипата и следната сезона. Изборот падна на Актобе по неколкудневни преговори. Во својата кариера Атанасов настапуваше за Академија Пандев, Бурсаспор, Хајдук Сплит и Краковија, а потоа го облече и дресот на грчка ...