Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Белгија и Сенегал ја продолжуваат 1/16-финалната програма на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Натпреварот ќе се игра на „Лумен Филд“ во Сиетл, Вашингтон. Белгија (4-2-3-1): Куртоа; Кастањ, Теате, Мехеле, Де Кујпер; Ванакен, Тилеманс; Тросар, Де Брујне, Доку; Де Кетелар Сенегал (4-3-3): Диао; Диата, Јакобс, Ниакате, Сис; П. Геј, И. Геј, Диара; Ндиаје, Сар, Мане Дуелот меѓу европската и африканската селекција започнува од 21:00 ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави, Маурисио Почетино, со голема почит зборуваше за репрезентацијата на Босна и Херцеговина пред нивниот дуел во шеснаестинафиналето на Светското првенство, оценувајќи дека неговиот тим го очекува исклучително тежок предизвик. „Босна и Херцеговина е физички силна селекција, но има и одлична организација на играта. Имаат многу добар селектор, што најдобро го покажаа во ...
Репрезентацијата на Англија со голем пресврт успеа да ја совлада Демократска Република Конго со 2-1 и да обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, каде што ја очекува спектакуларен дуел против домаќинот Мексико на легендарниот стадион „Ацтека“. Иако важеше за голем фаворит, англиската селекција беше на работ на елиминација, а херој на европскиот гигант повторно беше капитенот Хари Кејн, кој со два погодоци во завршницата ...
ГРК Тиквеш продолжува со подмладување на ростерот за новата сезона, а најново засилување на кавадаречкиот суперлигаш е младиот пикер Борјан Цековски. Станува збор за 19-годишен ракометар кој настапува на позицијата кружен напаѓач и важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција во Македонија. Цековски во досегашната кариера беше дел од КЛ7 Свети Николе, Овче Поле, Радовиш, Куманово, а како позајмен играч настапуваше и за ...
Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од подготовките пред клучните натпревари од јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Во ростерот на селекторот повторно е и Тома Стојаноски, кој е подготвен да го даде својот придонес во сениорскиот национален тим. Крилниот кошаркар зад себе има комплетен период на подготовки, а фокусот сега е насочен кон првиот предизвик, дуелот против Ирска. ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално е нов член на грчки Арис кој е предводен од грчката легенда Василис Спанулис. Солунскиот клуб потврди дека искусниот плејмејкер потпишал двегодишен договор, а пристигнува како трансфер од рускиот Зенит Санкт Петербург, со кој имаше важечки договор. Димитријевиќ, кој е роден на 23 февруари 1998 година во Скопје и настапува на позицијата плејмејкер, зад себе има богата ...
По примениот гол, Англија целосно ја презеде контролата врз натпреварот и започна силен притисок кон голот на ДР Конго, пред кој создадоа неколку одлични можности за израмнување. Сепак, извонредно расположен беше голманот Лионел Мпаси-Нзау, кој со неколку спектакуларни интервенции ја сочува предноста на својата репрезентација. Во самиот финиш на првиот дел, Хари Кејн побара најстрога казна по еден дуел во шеснаесетникот. Главниот судија ...
Фудбалерите на ДР Конго изненадувачки поведоа против големиот фаворит Англија по седум минути игра во шеснаестинафиналето на Светското првенство. Стрелец на водечкиот гол беше Брајан Чипенга, кој доби топка од Шансел Мбемба, добро се снајде и го матира Џордан Пикфорд. Ударот на играчот на Конго беше на поблиската статива и крај стативата. Подобриот од оваа пресметка вкрстува со еден од домаќините Мексико во осминафиналето. Фудбалерите на ДР ...
Светскиот рекет број еден Јаник Синер продолжува со успешната одбрана на титулата на Вимблдон, откако се пласираше во третото коло со победа над Португалецот Нуно Боргес од 3-0 во сетови (7-6, 7-6, 6-4). Иако конечниот резултат изгледа убедливо, Италијанецот имаше многу работа против расположениот аутсајдар. Португалскиот тенисер двапати успеа да го одведе сетот во тај-брејк, но Синер во клучните моменти покажа поголема смиреност и квалитет. ...
Шпанската Ла Лига го објави комплетниот распоред за сезоната 2026/27 во Примера, а љубителите на фудбалот уште на самиот почеток ќе имаат можност да уживаат во големи дерби пресметки. Сезоната започнува на 14 август, а поинтересни дуели во првото коло се Барселона – Атлетик Билбао и Реал Мадрид – Реал Сосиедад, додека Столе и Валенсија ќе го пречекаат Бетис. Првиот голем настан ќе биде мадридското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, кое ...
Томас Тухел и Себастијан Десабре, селекторите на Англија и ДР Конго ги открија картите и ги објавија стартните единаесетмина за првиот натпревар во денешната програма од Светското првенство. Англичаните ќе атакуваат на место меѓу најдобрите 16 селекции со Хари Кејн како најистурен во нападот, а на левата крилна позиција шанса во првиот тим одново доби Мадуеке, откако против Панама стартер беше Букајо Сака. Африканците најголемите надежи ќе ги ...
Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум претстави ново засилување во одбраната. Покрај езерото се сели косовскиот дефанзивец Ландрит Рама, кој пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со Лапи. Рама има 29 години, игра на позицијата централен стопер, висок е 194 сантиметри и е левоног фудбалер. Во кариерата настапуваше за Лапи, Вуштрија, Фламуртари, Беса Пеќ, Корику и Истогу, а зад себе има и настапи на европската сцена во ...
Првата светска тенисерка Арина Сабаленка без поголеми проблеми обезбеди место во третото коло на Вимблдон, откако ја совлада Американката Клер Лиу со 2-0 во сетови (6-1, 7-6/9). Белорусинката доминираше во првиот сет, но во вториот се соочи со далеку поголем отпор. Лиу избори тај-брејк, во кој Сабаленка остана посмирена и по голема драма славеше со 11-9. Пласман во третото коло обезбеди и поранешната светска рекет број еден Наоми Осака. ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски со доминантна игра го совлада првиот носител на М25 Скопје Macedonian Open 2026, Андреј Чепелев 2-0 во сетови (6-4, 6-2) за два часа и две минути игра. Во текот на целиот меч Ивановски имаше контрола и доминираше, а предноста ја правеше на почетокот на секој од сетовите. Во првиот сет Ивановски направи брејк во третиот гем за водство од 2-1 во гемови и предноста ја одржуваше до крајот на сетот, кој го ...
Германскиот ракометен гигант Флензбург наводно го договорил ангажманот на португалските бисери Франциско и Мартим Коста, кои од летото 2027 година треба да станат нови членови на бундеслигашот. Според португалскиот весник „А Бола“ и новинарот Адерито Естевеш, двајцата репрезентативци веќе потпишале договори со Флензбург, а трансферите ќе изнесуваат околу два милиони евра. Доколку оваа сума биде потврдена, ќе станува збор за еден од ...
Македонскиот прволигаш Силекс продолжува со екипирањето за новата сезона и официјално го претстави Борјан Пановски како свое ново засилување. Дваесет и петгодишниот десен бек во Кратово пристигнува од редовите на Башкими, каде што настапуваше во изминатата сезона. Пановски зад себе има богато искуство во домашниот шампионат, а во минатото беше и дел од младата репрезентација на Македонија. Во Силекс веруваат дека неговите квалитети ќе донесат ...
Македонскиот второлигаш Новаци го претстави своето прво летно засилување. Нов член на новачани е 24-годишниот Петар Гугуљанов, кој ќе го засили тимот пред стартот на новата сезона. Гугуњанов во Новаци пристигнува по една сезона мината во Кожув, каде што работеше токму со новиот шеф на стручниот штаб Иван Варадиновски. Со овој трансфер, играчот за врска станува и првото засилување што Варадиновски го носи во својот нов клуб. Младиот фудбалер ...
На прв поглед, храната и фудбалот немаат многу заедничко. Едното е вкус што се споделува на маса, а другото е игра што се следи со срце. Но, и двете имаат иста моќ, да разбудат страст, да соберат пријатели и роднини и да создадат моменти што долго се паметат. Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално повеќе не е член на Баерн Минхен. Германскиот шампион преку социјалните мрежи се збогуваше со популарниот Нено, потврдувајќи дека нивната соработка нема да биде продолжена. „Ти благодариме, Нено“, објави Баерн, притоа откривајќи дека македонскиот плејмејкер кариерата ќе ја продолжи во Грција. Димитријевиќ пристигна во Баерн во јануари како позајмен кошаркар од Зенит ...
Фудбалската федерација на Македонија во почеток на оваа година, во соработка со УЕФА, го започна процесот на изработка на новата стратегија за развој на македонскиот фудбал. Во рамки на процесот, беше реализирана работна средба меѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и претставниците на ФФМ вклучени во подготовката на новата стратегија, со претставниците на УЕФА – Илија Китиќ, Олександр Кучерјави, како и менторите Адам Вокер и Маркус ...
Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус смета дека честото присуство на сопругите и девојките на репрезентативците негативно влијаело врз атмосферата во националниот тим и било една од причините за раната елиминација на Германија од Светското првенство. „Имаше премногу работи што требаше да се решаваат надвор од теренот. Сопругите, семејствата сите беа вклучени. Постојано се зборуваше за патувања, хотели и слободни денови за семејствата. ...
Себастијан Бекасесе, си поднесе оставка по елиминацијата на Еквадор од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Еквадор го заврши настапот во шеснаестинафиналето, каде што загуби од домаќинот Мексико со 2-0. Бекасесе реши да се повлече само неколку дена пред официјалниот крај на договорот, кој важеше до завршувањето на Мундијалот. „Со себе носам љубов, почит, посветеност и восхит кон оваа група борци. Верувам дека соблекувалната е полна ...
Денеска на „Атланта Стадиум“ во Атланта, Англија и ДР Конго ќе се судрат во првата елиминациона фаза на Светското првенство. „Гордиот Албион“ влегува како голем фаворит, но африканската селекција веќе покажа дека знае да им создава проблеми и на најсилните репрезентации. Избраниците на Томас Тухел ја завршија групната фаза без пораз и со сигурни настапи ја оправдаа фаворитската улога. Англичаните ќе се потпрат на Хари Кејн, кој со 11 голови е ...
Франција со убедлива победа од 3-0 над Шведска обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, а во центарот на вниманието повторно беше Килијан Мбапе. Ѕвездата на Франција постигна два гола и стигна до шест и две асистенции на четири натпревари, па со шесте погодоци се израмни со Лионел Меси на врвот на листата на стрелците. Десет минути по својот втор гол, селекторот Дидие Дешамп го повлече Мбапе од игра, а при неговото ...
Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски повеќе не е фудбалер на чешкиот прволигаш Бохемијанс Прага 1905. Клубот официјално потврди дека соработката со 27-годишниот напаѓач завршува по истекот на договорот, а Ристовски си заминува како слободен играч. Во емотивната објава, Бохемијанс му се заблагодари на македонскиот офанзивец за придонесот во изминатите три сезони, посакувајќи му многу среќа во продолжението на кариерата. View this post ...
Македонската кошаркарска репрезентација е фокусирана на следниот предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029, а пред дуелот со Ирска своите очекувања ги сподели Ваљмир Какруки. Крилниот кошаркар не го памети по најдобро првиот дуел со Ирска во Даблин, иако Македонија тогаш стигна до победата. Какруки од тој натпревар си замина со повреда на бутниот мускул која го оддалечи од теренот во наредниот период. Сепак, тој момент одамна е зад ...
Македонија ќе има шест преставници во првото коло на турнирот М25 Скопје Macedonian Open 2026. Калин Ивановски учеството го избори со пласманот, додека организаторот „вајлд карти“ им додели на: Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Обрад Марковски и Кристијан Јанев. На оваа петорка им се приклучи и Горазд Србљак, кој постигна три победи во квалификациите и влезе на главниот турнир. Според програмата за среда 1.јули планирано е да се одиграат сите ...
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во новата сезона од суперлигашкото друштво ќе има нов тренер, тоа ќе биде поранешниот македонски репрезентативец и битолска ракометна легенда, Бранислав Ангеловски. Еурофарм Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и Еурофарм Пелистер за надлежните во Битола, па затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона се пристапува максимално сериозно и одговорно. Во тој правец оди и назаначувањето на новиот ...
Тренерот кој во 2019 година го одведе Вардар до европската титула, Роберто Гарсија Парондо, и официјално е нов предводник на Пари Сен Жермен. Францускиот гигант потврди дека Шпанецот ќе го преземе тимот од сезоната 2027/28. Парондо засекогаш ќе остане запаметен меѓу вардаровите навивачи како стратегот кој ја донесе втората титула во Лигата на шампионите, а сега го очекува нов голем предизвик во Париз. „Исклучителна чест ми е што се ...
ГРК Охрид беше најдобар репрезент на Македонија во Европа оваа година и го освои Европскиот Куп на ЕХФ. Одигра и историска сезона на домашната сцена, апетитите кај публиката пораснаа, но тимот доби голем удар непосредно пред стартот на подготовките за новата сезона. Тимот од градот крај езерото е убава приказна. Се направи уште еден конкурентен тим од Македонија на ракометната мапа, а нашата земја ја има една од најсилните лиги во Европа со ...