Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ за првпат се појави на Светското првенство во улога на телевизиски аналитичар, а веќе на своето деби успеа да привлече големо внимание. Поранешниот напаѓач на бројни европски великани му се приклучи на тимот на „ФОКС Спортс“ за следење на Мундијалот, а за време на анализата на групната фаза посебно се осврна на Групата Л, која ја смета за една од најинтересните на турнирот. Говорејќи за ...
Германските ривали Магдебург и Фуксе Берлин вечерва ќе се соочат во полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а во пресрет на натпреварот своите очекувања ги сподели првата ѕвезда на берлинскиот состав, Матијас Гидсел. Данскиот репрезентативец не крие дека освојувањето на европската титула е голема цел за него, но истовремено е свесен колку е тежок патот до трофејот. „Се обидувам да не размислувам премногу на освојување на ...
Најдобриот фудбалер на селекцијата на Јужна Кореја, Хеунг-Мин Сон ноќва настапи на своето четврто Светско првенство во дресот на Јужна Кореја. Со тоа, тој го израмни рекордот на својот селектор Мјунг-бо Хонг, кој исто така играше на четири Светски првенства. Поранешниот капитен на Тотенхем ја започна својата серија на Светското првенство во Бразил во 2014 година, а потоа играше во Русија, Катар и сега во Северна Америка. Хонg gо имаше својот ...
Јужна Кореја со пресврт ја совлада Чешка со 2-1 на стадионот „Акрон“ во Гвадалахара во првото коло на Светското првенство. По последниот судиски свиреж се појавија дебати на социјалните мрежи поради посетеноста на натпреварот. Иако ФИФА објави дека натпреварот го следеле 44.985 гледачи, снимките од стадионот покажаа значителен број празни седишта, што веднаш стана тема на социјалните мрежи. Навивачите масовно споделуваа фотографии од ...
Македонскиот голман Антони Столевски и во следната сезона ќе го брани голот на Шкендија Арачиново. Кклубот официјално потврди дека е постигнат договор за продолжување на соработката на уште една година. Столевски беше еден од најважните играчи на тимот во изминатата сезона, особено во баражот за место во ПМФЛ. Од Шкендија Арачиново истакнаа дека искусниот чувар на мрежата останува важен дел од проектот и во новата натпреварувачка година. ...
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе ќе биде подготвен и ќе настапи на новата трка од Ридско-планинскиот шампионат на Европа. Иџе ќе вози на трката во Глазбахренен, Германија, иако имаше сериозни проблеми минатиот викенд. Македонецот излета на првата трка на чешката патека во Штернберк. Неговиот тим едвај го оспособи автомобилот за да се натпреварува на втората и во неа стигна до третото место. Поради тоа што немаше време за ...
Селекторот на канадската репрезентација, Џеси Марш, со голем оптимизам го очекува почетокот на Светското првенство, нагласувајќи дека неговиот тим е подготвен да се носи со притисокот од настапот на домашен терен. Канада ќе биде еден од домаќините на Мундијалот 2026, а Марш смета дека токму поддршката од навивачите треба да биде дополнителен мотив за неговите избраници. „Ова е историски момент за нашиот фудбал. Играме Светско првенство на ...
„Нашите идни шампиони“ продолжува со нова серија приказни за младите спортисти кои ја градат иднината на македонскиот спорт. Powerade и Gol.mk повторно им даваат простор на оние кои допрва треба да го кажат своето име на големата сцена. Во второто издание на оваа кампања запознаваме осум перспективни македонски спортисти, млади луѓе кои секојдневно тренираат, се жртвуваат и растат низ спортот. Преку нивните лични приказни откриваме и дел од ...
Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, испрати порака во пресрет на настапот на неговата репрезентација на Светското првенство, нагласувајќи дека неговиот тим нема намера да биде само обичен учесник на најголемата светска фудбалска сцена. Легендарниот босански фудбалер истакна дека оваа генерација заслужено изборила место на Мундијалот и дека зад успехот стојат карактерот, упорноста и заедништвото на играчите. „Оваа генерација ...
Во Реал Мадрид очигледно не планираат само промени на тренерската позиција. По официјалното враќање на Жозе Мурињо на клупата на „кралевите“, клубот веќе работи на формирање на тим кој ќе може веднаш да се бори за сите трофеи. Според информациите од Шпанија, дел од амбициозниот проект на Флорентино Перез се и неколку звучни имиња од европскиот фудбал. Меѓу играчите кои се поврзуваат со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ се десниот бек на Интер, ...
Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, со голема гордост зборуваше за новото учество на неговата репрезентација на Светското првенство, истакнувајќи дека настапот на Мундијалот претставува едно од најголемите достигнувања во поновата историја на босанскиот фудбал. Искусниот напаѓач, кој на 40-годишна возраст повторно ќе настапи на најголемата светска сцена, призна дека ваков развој на настаните тешко можел да го замисли пред неколку ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе значајна промена која би можела целосно да го трансформира трансфер-пазарот во наредните години. Според новата одлука, откупните клаузули ќе станат задолжителен дел од договорите на сите професионални фудбалери ширум светот. Досега ваквата практика беше најпозната во шпанскиот фудбал, каде што според локалните регулативи секој професионален договор мора да содржи откупна клаузула. Од сега, тоа ...
Ракометниот клуб Младост 1977 продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а една од најважните задачи е успешно завршена. Клубот официјално потврди дека Даниел Андоновски и во следната сезона ќе го носи дресот на тимот. Андоновски беше еден од клучните играчи на Младост 1977 во изминатата натпреварувачка сезона, а со своите настапи се промовираше во најдобар стрелец на екипата. Неговата борбеност, посветеност и константност на ...
Покрај победата на Мексико над Јужна Африка, големо внимание на социјалните мрежи привлече и реакцијата на дел од мексиканските навивачи на трибините на преполниот стадион „Ацтека“. По водечкиот гол на Хулијан Кинонес во деветтата минута, телевизиските камери забележаа две навивачки кои со огромна еуфорија го прославуваа погодокот на својата репрезентација. Снимката брзо стана вирална и се прошири низ светските медиуми и социјалните ...
Отворањето на Светското првенство донесе целосна доминација на еден од домаќините, Мексико, над недораснатата Јужна Африка, три црвени картони, одлична атмосфера, но на крајот – „само“ 2-0 за Сомбреросите. Мексиканците секако се задоволни, освоија три бода и веќе со една нога се во втората фаза од натпреварувањето, но многу обложувачи сигурно имаат што да му замерат на селекторот Агире и на неговите играчи – зошто ја „повлекоа рачната“ ...
По победата над Италија во финалето на баражот, владее еуфорија во таборот на Босна и Херцеговина. „Змејовите“ имаат големи очекувања од своето второ учество на светската фудбалска сцена. Групата Б е прилично изедначена, со Швајцарија како прв фаворит, а тука се и Канада и Катар. Тимот на Сергеј Барбарез го започнува Мундијалот во петок (21:00 часот) во Торонто против еден од трите домаќини. Канаѓаните имаат проблем со повредата на ...
Македонскиот шампион Вардар денеска отпатува за Италија, каде што ќе ја реализира главната фаза од подготовките за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. Експедицијата на „црвено-црните“ брои вкупно 38 фудбалери, а особено радува фактот што дури десетмина играчи доаѓаат од младинската школа на клубот. Со тоа Вардар уште еднаш покажува дека сериозно смета на сопствениот кадар и на развојот на младите таленти. Тимот ...
Организаторите на Вимблдон објавија рекордно зголемување на вкупниот награден фонд, годинава за скоро 20 проценти. Вкупниот фонд за турнирот ќе изнесува 64,2 милиони фунти, што претставува најголемо годишно зголемување во историјата на натпреварувањето. Шампионите во машка и женска поединечна конкуренција ќе добијат по 3,6 милиони фунти, односно за 20 проценти повеќе во споредба со претходното издание на турнирот. Зголемување на наградите е ...
Искусниот мексикански напаѓач Раул Хименез беше еден од хероите на победата на Мексико над Јужна Африка на отворањето на Светското првенство, но неговиот погодок доби многу подлабоко значење од самиот резултат. Хименез го постигна вториот гол за домаќинот на Мундијалот, а потоа следуваше емотивна прослава која ги трогна навивачите на стадионот и милионите гледачи ширум светот. По погодокот, ветеранот истрча кон корнер-знаменцето, скокна во ...
Фудбалската репрезентација на Хаити беше принудена непосредно пред почетокот на Светското првенство 2026 да го измени дизајнот на своите дресови, откако ФИФА оцени дека одредени елементи можат да се толкуваат како политичка порака. Спорниот дел од дизајнот се наоѓал на долниот дел од дресот и прикажувал сцени инспирирани од Битката кај Вертиер од 1803 година - клучен настан во борбата на Хаити за независност. Дизајнот бил замислен како ...
Македонската фудбалска легенда Горан Пандев ќе биде дел од големиот хуманитарен спектакл што ќе се одржи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Легендите на Интер и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите на традиционалниот „Корасон Класик Меч“, кој ќе се одигра на 13 јуни, а во составот на италијанскиот гигант ќе настапат бројни поранешни ѕвезди на светскиот фудбал. Покрај Горан Пандев, за Интер ќе играат и легендарните Хавиер Занети, Естебан ...
Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја победнички го започна настапот на Светското првенство, откако во натпревар од првото коло во групата А ја совлада Чешка со 2-1 по голем пресврт. Херој на азиската селекција беше поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, а денес член на Феенорд, Ин-Бом Хванг, кој постигна гол и забележа асистенција во триумфот на својот тим во Гвадалахара. Корејците беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот. ...
Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, изјави дека претстојниот настап на трката во Барселона, ќе биде веројатно негов последен на оваа легендарна патека. Возачот на Астон Мартин нагласи дека викендот ќе биде посебен за него, бидејќи патеката од 2027 година нема повеќе да биде редовен дел од календарот на Формула 1, туку ќе се ротира со други европски трки. Алонсо, кој има 44 години и чиј договор истекува на крајот од ...
Управата на Евролигата разгледува планови за организирање нов предсезонски турнир кој би служел како подготовка за почетокот на сезоната во најсилното европско клупско кошаркарско натпреварување. Според информациите, како една од можните локации се споменува Абу Даби, кој би можел да биде домаќин на овој нов формат на натпреварување, доколку планот биде официјално усвоен. Идејата е да се создаде пократок турнир, или таканаречен „Суперкуп“ за ...
Селекторот на Јужна Африка, Уго Брос, и покрај поразот против Мексико на отворањето на Светското првенство, смета дека неговиот тим оставил добар впечаток и покажал борбеност против домаќинот на турнирот. Јужноафриканците мечот го завршија со само девет фудбалери на теренот поради два црвени картони, што дополнително ја отежна нивната задача во обидот да стигнат до позитивен резултат. „За првиот црвен картон мислам дека нема многу што да се ...
Селекторот на Мексико, Хавиер Агире, не го криеше задоволството по победата од 2-0 над Јужна Африка на отворањето на Светското првенство 2026. Искусниот стратег истакна дека стартот на еден ваков турнир секогаш носи дополнителен притисок, особено кога се игра пред домашната публика, но неговите избраници одговориле на најдобар можен начин. „Првиот чекор е секогаш најтежок, особено кога притисокот и очекувањата на цела една нација се на вашите ...
Британскиот тенисер Даниел Еванс одлучи да ја заврши кариерата. 36-годишниот Англичанец одлучи да се повлече веднаш по завршувањето на Вимблдон, каде за последен пат ќе го почувствува професионалниот тенис. Во кариерата најдобар пласман на АТП листата му беше 21. позиција, а денес се наоѓа на 217. место. „Овој спорт ми даде толку многу, што не можам да ви опишам. Пријателства, искуства, тешки битки, борба за добар тенис и мотивација за ...
Шкотскиот великан Селтик официјално потврди дека Мартин О'Нил ќе остане менаџер на клубот и во сезоната 2026/27. Искусниот 74-годишен стручњак потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона. О'Нил минатата сезона двапати се враќаше на клупата на Селтик и успеа да го предводи тимот до двојната круна, освојувајќи ги шампионската титула во Шкотска и националниот Куп. Токму тие резултати беа пресудни раководството да ...
Младиот Гилберто Мора стана нов рекордер во историјата на мексиканскиот фудбал, откако се запиша како најмладиот фудбалер кој некогаш настапил за Мексико на едно Светско првенство. Суперталентираниот играч влезе во игра во 66. минута од натпреварот против Јужна Африка во групната фаза на Мундијалот, заменувајќи го Алваро Фидалго. Во моментот на својот настап Мора имаше само 17 години и 240 дена. Неговиот влез во игра означи историски момент ...
Јапонскиот репрезентативец е официјално нов фудбалер на Фрајбург, потврди бундеслигашот на своите социјални мрежи и на официјалниот веб-сајт. Германскиот клуб објави дека потпишал перманентен договор со новиот играч, кој има 21 година и се наоѓа на списокот на јапонската репрезентација за Светското првенство. Гото е втор Јапонец што го засилува Фрајбург, откако претходно беше потпишан договор со Рихито Јамамото. Финалистот во Лига Европа се ...