Само неколку дена пред почетокот на настапот на Светското првенство, репрезентацијата на Египет беше принудена да направи две неочекувани промени на своите официјални дресови по барање на ФИФА. Селекцијата предводена од Мохамед Салах ќе го отвори турнирот во понеделник со натпревар против Белгија, но на теренот нема да настапи со дизајнот што првично беше подготвен за Мундијалот. Најголемата промена се однесува на седумте ѕвезди над грбот на ...

Возачот на Ферари, Чарлс Леклерк, не го криеше разочарувањето по катастрофалните квалификации за Големата награда на Барселона, признавајќи дека чувствува срам поради грешката која го чинеше многу подобра стартна позиција. Тој излета и удри во заштитниот ѕид во четвртиот свиок при својот прв брз круг во завршниот дел од квалификациите. Поради инцидентот не доби можност да постави конкурентно време и ќе стартува дури од десеттата позиција, ...

Европската кошарка би можела да добие големо изненадување следната сезона, откако Монако се најде на списокот на клубови кои добија петгодишна лиценца за настап во Еврокупот. Ова веднаш ги поттикна шпекулациите дека францускиот клуб би можел да ја напушти Евролигата. Сепак, конечна одлука сѐ уште нема. Генералниот менаџер на клубот, Олексeј Јефимов, истакна дека Монако останува во трка за специјална покана за настап во Евролигата и дека ...

Третото полувреме по финалната серија меѓу Олимпијакос и Панатинаикос донесе сцени какви што ретко се гледаат дури и во грчката кошарка, позната по своите жестоки ривалства. По завршувањето на решавачкиот натпревар во кој Олимпијакос ја одбрани шампионската титула, наводно дошло до физички инцидент меѓу кошаркарот на Олимпијакос, Тајрик Џонс, и ѕвездата на Панатинаикос, Кендрик Нан. Kendrick Nunn ile Tyrique Jones arasında çıkan ...

Голем скандал ја потресе НБА лигата, откако американските медиуми објавија дека кошаркарската ѕвезда Џејмс Харден бил уапсен во Тексас и обвинет за противзаконито носење оружје. Според информациите на „TMZ“, полицијата го привела Харден во саботата наутро, откако во неговото возило бил пронајден пиштол. Наводно, оружјето било оставено на видливо место во автомобилот и не било сместено во соодветна футрола. По приведувањето, Харден бил пуштен ...

Барселона е вториот финалист на ракометната Лига на шампиони, откако по голема драма и продолженија го совлада дански Алборг со 37-32. Регуларниот дел заврши без победник (28-28), но каталонскиот гигант беше далеку подобар во дополнителните десет минути и заслужено обезбеди место во големото финале. Во последните секунди од регуларниот дел Барселона мислеше дека стигнала до победнички гол преку Гомез, но судиите од БиХ по консултација ...

Поранешниот македонски селектор Благоја Милевски може да води клуб во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), затоа што потврди дека има разговори со Шкендија. Тетовчани се интересираат за Милевски кој има успех со репрезентацијата на Македонија, а претходно беше и шампион со Вардар во ПМФЛ. „Да, имам разговори со Шкендија“, изјави Милевски кратко за македонскиот портал на албански јазик „Опен ТВ“. Шкендија бара нов предводник, по разделбата ...

Фудбалските селекции на Катар и Швајцарија ќе го отворат денот на Светското првенство (СП) кое се игра во САД, Канада и Мексико, а селекторите Жулен Лопетеги и Мурат Јакин ги одредија стартните тимови. Кај Катарците, ќе ја нема главната ѕвезда Али Алмоез кој ќе тргне од клупата за резерви. Кај Швајцарците, Ардон Јашари е на клупа, исто и Ноа Окафор, а во стартната единаесетка нема големи изненадувања. Катар (4-3-3): Абунада; Ал Уи, Педро ...

Кошаркарите на Олимпијакос повторно се шампиони на Грција. Тимот од Пиреја вечерва го совлада големиот ривал Панатинаикос со 89-85 во решавачкиот петти натпревар од финалната серија и со вкупни 3-2 ја одбрани шампионската титула. Во преполната сала „Мир и пријателство“, избраниците на Јоргос Барцокас одиграа зрело и сигурно, контролирајќи го резултатот во најголемиот дел од натпреварот. Иако Панатинаикос се обиде да се врати во завршницата, ...

Македонскиот кошаркарски стручњак Александар Тодоров официјално ја започна новата етапа во својата кариера, откако беше именуван за генерален менаџер на романскиот клуб Рапид Букурешт. Веста ја потврдија од романскиот клуб преку своите официјални канали, истакнувајќи го богатото искуство и успесите што Тодоров ги носи со себе. Педесет и двегодишниот Македонец се враќа во романската кошарка, каде што претходно мина четири успешни сезони, а зад ...

Македонската машка сениорска репрезентација во ракомет на плажа денес ги одигра првите два натпревари на меѓународниот турнир во Плоцк, Полска. Во првиот натпревар, нашите репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2:0 во сетови. Резултат по сетови: Македонија – Чешка 16:22 Македонија – Чешка 8:20 Во вториот натпревар од денешната програма, македонската репрезентација се соочи со селекцијата на Германија, каде повторно беше ...

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, заедно со генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски,присуствува на завршниот турнир – Ф4 од Лигата на шампионите, кој се одржува во Келн, Германија. Најдобрите четири европски екипи во машкиот клупски ракомет се борат за престижната титула европски шампион, во спектакуларна атмосфера пред илјадници љубители на ракометот од целиот свет. Присуството на претставниците ...

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина синоќа во Торонто имаше огромна поддршка од трибините, а во пресрет на натпреварот против Канада вниманието на јавноста го привлече и една атрактивна навивачка која дојде да ги бодри „Змејовите“. Фотографиите и објавите од местото на настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, каде што навивачката на БиХ во репрезентативни бои предизвика голем број реакции и симпатии кај фановите. View this post on ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Каталонија, откако беше најбрз во денешните квалификации. Британецот до најдоброто стартно место стигна со време од 1:14.679 минути, оставајќи го зад себе Луис Хамилтон во Ферари со минимален заостанок. За Расел ова е трета пол позиција сезонава, додека Хамилтон првпат по трансферот во Ферари обезбеди место во првиот стартен ред. Трето ...

По две сезони минати во дресот на ТФТ, Дарин Говенс и официјално се раздели со скопскиот клуб. Американскиот кошаркар беше еден од лидерите на тимот во изминатиот период и важна алка во успесите на ТФТ на домашната и регионалната сцена. Од клубот му се заблагодарија за сè што го направи во изминатите две години, нагласувајќи дека со својата професионалност, посветеност и лидерски квалитети оставил силен белег во соблекувалната и на теренот. ...

Фудбалот уште еднаш покажа зошто е најубавата игра на светот, а една од најемотивните приказни на стартот на Светското првенство ја напиша мексиканскиот напаѓач Хулијан Кињонес. Токму Кињонес беше стрелец на првиот гол на Мундијалот во натпреварот против Јужна Африка, а по средбата откри дека погодокот за него имал многу подлабоко значење. „Имав 13 години кога го гледав отворањето на Светското првенство против Јужна Африка. Тој гол и таа ...

Европскиот ракомет ќе добие нов владете, бидејќи ракометарите на Фуксе Берлин го совладаа Магдебург со 35-40 (17-19) во првото полуфинале на Лигата на шампионите. Првото полуфинале во „Ланксес Арената“ понуди вистински спектакл и шутерско шоу и спектакл за навивачите. Германската пресметка на крајот заврши со славје на „лисиците“ од Берлин кои покажаа повеќе во второто полувреме кога беше најважно и заслужено стигнаа до место во финалето. ...

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, порача дека неговиот тим со максимална сериозност го очекува дуелот против Мароко во првото коло од Светското првенство. „Кариоките“ се во потрага по добар резултат на отворањето на Мундијалот и не ги кријат своите огромни амбиции на турнирот, а селекторот признава дека меѓу фудбалерите преовладува мала позитивна трема пред првиот настап. „Стравот и тремата не се секогаш нешто лоши. Тие можат да ве држи ...

Една од најталентираните македонски ракометарки, Ива Младеновска, направи голем чекор во својата кариера и официјално се пресели во редовите на германскиот великан Борусија Дортмунд. Македонската репрезентативка, која настапува на позицијата десен бек, стави потпис на договор со германскиот клуб со важност до 2028 година и од следната сезона ќе го носи жолто црниот дрес. Германскиот клуб зад себе има успешна сезона во која го освои второто ...

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, порача дека тимот е подготвен за стартот на Светското првенство и верува дека неговите избраници можат да одиграат историски турнир. Швајцарија го започнува мундијалскиот настап со мечот против Катар, каде ќе важи за фаворит за освојување на трите бода и остварување сериозен исчекор кон нокаут-фазата. „Две третини од играчите во тимот веќе настапувале на големи натпреварувања. Ги научивме лекциите од ...

Македонската Дејвис Куп репрезентација избори промоција во Втората Светска група од Дејвис купот откако денеска во Кишињев во дуелот за третото место ја победи Црна Гора со 2-1. Решавачкиот поен македонските тенисери го освоија во мечот во двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (7-6(4) и 6-2). Во првиот сет немаше ниту еден брејк, а во тај-брејкот македонскиот дубл направи ...

Полицијата во Нови Травник спречи поголем инцидент и можен физички судир меѓу навивачи на Босна и Херцеговина и Хрватска по натпреварот меѓу БиХ и Канада, кој заврши со нерешен резултат, 1-1. Тензиите настанале во центарот на градот, каде што дошло до вербална расправија, навреди и туркање меѓу двете групи навивачи. Благодарение на брзата реакција на полицијата, навивачите биле разделени и ситуацијата била ставена под контрола. Освен неколку ...

Македонскиот фудбалер Али Адем ја продолжува својата кариера со нов меѓународен предизвик, а овој пат заминува во косовскиот прволигаш, Лапи. Адем минатата сезона беше дел од Македонија ЃП, за која одигра 28 натпревари и постигна три гола - еден во првенството и уште два во Купот. Играчот од средниот ред веќе му се приклучи на новиот клуб, кој минатата сезона избори опстанок во елитното косовско друштво. Адем претходно ги бранеше боите на ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на САД, Маурисио Почетино, беше задоволен од изданието на својот тим по убедливата победа од 4-1 против Парагвај на стартот од Светското првенство, но нагласи дека успехот е резултат на заедништвото во екипата. Иако Фоларин Балогун постигна два гола и беше меѓу најзаслужните за триумфот, аргентинскиот стратег истакна дека победата не смее да се припише на индивидуалците. „Ова беше победа изградена на ...

Турската фудбалска репрезентација е потресена од скандал уште пред да го одигра првиот натпревар на Светското првенство. Непосредно пред враќањето на Мундијалите по 24 години, на интернет се прошири снимка на која се гледаат неколку турски репрезентативци како пушат на балкон од хотел. На видеото е препознаен дефанзивецот на Фенербахче, Чаглар Сојунџу, во друштво на уште двајца соиграчи. According to this video and reports, Çağlar Söyüncü and ...

Енигмата број еден за Бразилците е решена – Нејмар нема да игра против Мароко. Иако Карло Анчелоти се обиде да звучи оптимистички, прашање е колку првата ѕвезда на Бразил ќе биде достапна до крајот на групната фаза. „Нејмар напорно работи за што побрзо да заздрави. Се надеваме дека ќе биде подготвен и дека ќе ѝ се приклучи на групата следната недела. Кога сметате на Нејмар, не сметате само на неговиот неспорен технички квалитет, туку и на ...

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, по ремито со Канада се осврна на двајцата најискусните играчи во својот тим. „Змејовите“ одиграа 1-1 со домаќинот во првиот натпревар на Светското првенство, а Един Џеко не играше ниту една минута. „Един тренираше половина тренингот до овој натпревар. Имавме идеја во последните 10 минути да влезе во игра, но Колашинац имаше проблем. Сега ќе тренира во полн интензитет, па се надеваме дека ќе ...

Бразил долго, предолго чека повторно да се закити со титулата светски шампион. Дури 24 години. Премногу за најуспешната репрезентација во историјата на Светските првенства. Поради тоа притисокот врз Карло Анчелоти е уште поголем. Човекот кој со Реал Мадрид освои сѐ што можеше да се освои седна на клупата на Бразил со цел да биде оној што ќе го прекине проклетството. За почеток ќе мора да се соочи со Мароко. Тоа ќе биде реприза на нивниот дуел ...

Најдобрите четири екипи во Европа денес ќе се борат за место во големото финале на завршниот турнир од ракометната Лига на шампионите, кој традиционално се одржува во легендарната „Ланксес Арена“ во Келн. На програмата се две спектакуларни полуфинални пресметки – германско дерби меѓу Магдебург и Фуксе Берлин, како и дуел на изненадувањето Алборг и Барселона. Во првиот полуфинален натпревар актуелниот европски шампион Магдебург ќе се соочи со ...

Капитенот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац, беше првата „жртва“ на новото правило што ФИФА го воведе на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Во низата иновации на Светската куќа на фудбалот пред овој Мундијал се најде и таканареченото „правило од пет секунди“. Судиите добија право да интервенираат доколку играч намерно одолговлекува со изведување аут, па сега можат во такви случаи да го одземат поседот на топката по пет секунди ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.31
25%
1012
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.68
43%
1013
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
2.2
33%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.55
33%
1015
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.29
33%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 24ᴼ
1.76
65%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.68
37%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.37
45%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.22
42%
1013
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 27ᴼ
4.47
39%
1015
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
3.2
25%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
6.64
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Родиум

269262.50

Кобалт

56.29

Бакар

13.37

Паладиум

43242.75

Злато

133030.14

Сребро

1954.91

Платина

56295.96

Цинк

0.00

Калај

55.95

Алуминиум

3.23

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36