Новиот прволигаш Башкими граби кон врвот на табелата и со сигурност оваа полусезона ќе ја окарактеризира како позитивна за клубот. Во првиот натпревар од десеттото коло на Првата фудбалска лига „зелено-црните“ на Муарем Муарем рутински го совладаа Шкупи со 4-1 (3-1) и го заковаа чаирскиот клуб на последното место на табелата, како единствен без победа сезонава. Домаќинот почна моќно и агресивно и се наметна со територијална иницијатива и неколку ...

Возачот на Мекларен и лидер во Формула 1, Оскар Пјастри, изјави дека тимот ќе влезе на трката за Големата награда на Мексико со „чисти мисли“, откако се надминати последиците од инцидентот што се случи во Сингапур меѓу неговиот тимски колега Ландо Норис и неколку членови на екипата. „Во Макларен секогаш има простор за разговор и учење од грешките,“ рече Пјастри на денешната прес-конференција во Мексико Сити. „Она што се случи е зад нас. Тимот ...

Селекторот мна фудбалската репрезентација до 17 години, Влатко Колев, го прокоментира неодамнешниот успех на неговите избраници, кои ја вратија Македонија во Елитните квалификации за Европското првенство, првпат после 2017 година. Турнирот што Фудбалската федерација на Македонија го организираше во Струмица, донесе одлични натпревари и силна конкуренција за нашите надежи. Во група со Чешка, Унгарија и Гибралтар, младите фудбалери предводени од ...

Новак Ѓоковиќ реши да им се обрати на француските навивачи откако официјално се повлече од претстојниот Мастерс во Париз, потврдувајќи дека не е физички подготвен за настап по напорната сезона. Српскиот тенисер, кој годинава се соочи со неколку повреди и неочекувани порази, преку социјалните мрежи им се обрати на навивачите: „Жал ми е што оваа година нема да настапам во Париз. Телото ми испраќа јасен сигнал дека морам да застанам. Благодарам на ...

Италијанските медиуми на големо пишуваат дека управата на Интер тргнува во нова „офанзива“ за потписот на младата ѕвезда на Комо, Нико Паз. Аргентинецот остави одличен впечаток во калчолигашот и се наметна како еден од лидерите на тимот, а Интер се обиде да го доведе и во текот на летото, но преговорите завршија безуспешно. Паз во моментов е играч на Реал Мадрид, но повеќе е од јасно дека нема да се врати во таборот на „кралевите“, што отвора ...

Шпанскиот фудбалски стратег, Рафаел Бенитез, официјално е новиот тренер на Панатинаикос, објави денес грчкиот клуб. Патанаикос не ја прецизираше должината на договорот на Бенитез во своето соопштение, но добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека станува збор за двегодишен договор. Бенитез го заменува Христос Контис на позицијата тренер на атинскиот клуб, кој беше отпуштен по поразот во третото коло од Лигата на Европа од Феенорд ...

Англискиот фудбалски клуб Шефилд Венсдеј официјално поднесе барање за стечај, потврдија денес британските медиуми. Еден од најстарите клубови во Англија се соочува со сериозни финансиски проблеми, кои кулминираа со неисплатени плати и долгови кон добавувачи и државата. Според информациите на „Гардијан“, Фудбалската лига на Англија (EFL) веќе ја известила управата на клубот дека по автоматизам ќе следи казна од 12 бодови, која ќе стапи на сила ...

Денвер Нагетс ја започна новата сезона на НБА со пораз, а еден од најдобрите кошаркари на денешницата Никола Јокиќ со „трипл-дабл“. Голден Стејт Вориорс и Денвер Нагетс се распукаа во нивното прво соочување сезонава, што го потврдува конечниот резултат од 137-131. Победа славеше тимот од Сан Франциско кој беше поуспешен во дополнителните пет минути. Јокиќ го заврши натпреварот со 21 поен, 13 скока и 10 асистенции, но, српскиот центар е ...

За многумина најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, во интервју објавено пред неколку дена изјави дека неодамна фатил кошаркарска топка во раце за првпат по неколку години. Изнајмил куќа чиј сопственик го замолил да изведе слободно фрлање пред неговите внуци. Џордан во тој момент, како што вели, се чувствувал најнервозно од кога и да е. „Причината беше што овие деца слушнале приказни од своите родители за тоа што сум направил пред 30 ...

Македонскиот суперлигаш Вардар претрпе големи промени во играчкиот кадар летово. Редовите на „црвено-црните“ ги напуштија неколку ракометари, но пристигнаа соодветни замени, а според најавите најдоброто допрва следува. Најтрофејниот веќе со засилено темпо работи на засилување на својот ростер во зимската пауза, а примарна цел на раководството на клубот е доведување на нов голман. Според информациите до кои дојде Gol.mk, прв на мета е голманот на ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите за натпреварите од десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кое започнува од денес. Мечеви ќе се играат во четири дена, поточно два натпревари денес, два во сабота, и по еден во недела и понеделник, а во фокусот ќе биде дербито меѓу Вардар и Шкендија кој што се игра во Тетово. Башкими – Шкупи Стадион Башкими (Куманово) | 24.10.2025 | 14:30 часот Судија: Качевски Јован ...

По елиминацијата во Купот на Македонија Башкими сега целиот фокус ќе го стави кон обврските во домашното првенство. Во рамките на десеттото коло, кумановци ќе се сретнат со Шкупи, кој до овој момент има освоено само еден бод. Напаѓачот на Башкими и поранешен играч на Шкупи, Емануел Аворнио, смета дека трите бода ќе останат во Куманово. „Откако бевме елиминирани од Купот на Македонија, чувството не беше добро за мене и за тимот, бидејќи сакавме ...

Крилниот напаѓач на скопскиот прволигаш, Шкупи, Ардит Дестани, го најави натпреварот против Башкими во Првата македонска лига, во кој неговиот тим ќе се обиде да дојде до првата победа сезонава. Чаирчани се „фенерџии“ по девет одиграни кола, но Дестани се надева дека тоа може да се промени во следниот период, а треба да започне со победа над кумановскиот прволигаш. „Се одморивме, но и максимално се подготвивме за овој натпревар. Башкими е ...

Напаѓачот од Босна и Херцеговина, Един Џеко, успеа да стане најстариот стрелец во историјата на Конференциската лига, со голот постигнат за Фиорентина во победата кај Рапид Виена со убедливи 0-3. Во својата 40. година, поточно, на 39 години и 220 дена, тој го постигна вториот гол за Фиорентина во победата од 3-0 против Рапид во Виена. Со тоа, тој го надмина чешкиот фудбалер Милан Петржели, кој пред три сезони постигна гол за Келн против на ...

Виљареал и Барса нема да играат во Мајами, но затоа Италијанците планираат еден натпревар од Серија А да одиграа далеку од своите граници. Владата на Западна Австралија останува непоколеблива во ставот дека Перт ќе биде домаќин на натпревар од Серија А меѓу Милан и Комо следната година. „Сан Сиро“ е на работ на недостапност поради Зимските олимписки игри, па италијанската фудбалска федерација даде „зелено светло“ натпреварот меѓу Милан и Комо да ...

Десеттото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне со натпревар меѓу Тиквеш и Арсими во Кавадарци. Новајлијата во прволигашкото друштво ја заврши неделата со интензивни тренинзи и детална анализа на противникот, со цел подобрување на сопствената игра во сите линии. Крилниот напаѓач Шпенд Асани вели дека тимот е целосно подготвен и мотивиран. „Работевме многу напорно оваа недела и знаеме што нè очекува во Кавадарци. ...

Ламин Јамал не бираше зборовите кога зборуваше за Реал Мадрид, што на навивачите на „кралскиот“ клуб не им се допадна особено. Така, за време на емисијата „Лига на кралевите“, која ја основа Жерар Пике, младиот фудбалер кажа нешто што можеби не требаше, со цел да го доближи фудбалот до помладата публика. Јамал, кој го претставува фудбалскиот клуб Ла Капитал во гореспоменатата лига, играше против Ибаи Љанос, кој е добро познат инфлуенсер и го ...

Иднината на Нејмар веќе некое време e неизвесна, бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината. Медиумите еднаш пишуваа за негово враќање во Европа, со гласини за преселба во Серија А, но се чини дека враќањето на Стариот континент нема да биде можно. Според каталонскиот весник „Спорт“, Нејмар има две опции. Првата е да го продолжи договорот со Сантос и да остане во Бразил. Второто потенцијално сценарио е преселба во МЛС, ...

Искусниот стопер на прволигашот Тиквеш, Дарко Илиески, го прокоментира претстојниот натпревар против Арсими во Првата македонска лига, најавувајќи дека кавадарчани се „острат“ за освојување на трите бода. После репрезентативната пауза, се враќаат и возбудувањата во домашното првенство, а мечот во Кавадарци ќе претставува убава увертира за десеттото коло. „Ова беше навистина долга пауза во шампионатот. Што се однесува до Тиквеш, време е да ...

Пристигна официјалната потврда - наскоро тенисот ќе добие нов Мастерс турнир што ќе се игра во Саудиска Арабија. Почнувајќи од 2028 година, покрај Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим, Торонто/Монтреал, Синсинати, Шангај и Париз, најдобрите тенисери и тенисерки во светот ќе играат и на десетти турнир од серијата 1.000. „Ова е горд момент за нас и резултат на патување што траеше со години. Саудиска Арабија покажа вистинска посветеност ...

Кошаркарската репрезентација на Србија се наоѓа пред нов почеток, откако Марина Маљковиќ реши да се повлече од селекторската функција по осум години во својот втор мандат на чело на националниот тим. Со нејзиното заминување, Кошаркарскиот сојуз на Србија ќе мора повторно да бара нов селектор или селекторка, која ќе го предводи тимот во наредниот олимписки циклус. Маљковиќ зад себе остава еден од најуспешните периоди во историјата на женската ...

Црвена Звезда беше убедлива против Басконија, ја совлада со 90-72 и продолжи во одличен ритам во Евролигата. „Црвено-белите“ од Белград стигнаа до четири победи во низа и ја израдуваа публиката во „Штарк Арената“. Аутсајдерот немаше сили за вистински да му се закани на домаќинот за шести пораз во елитата. Тимоти Луваву Кабаро беше најдобар поентер на средбата со 24 поени, додека кај Црвена Звезда се истакнаа Милер-Мекинтајер со 20 и Нвора со ...

Фудбалерите на АЕК Ларнака приредија сензација и славеа на гостувањето во Лондон кај Кристал Палас со 0-1 (0-0) во рамките на второто коло на Конференциската лига на УЕФА. Кипарскиот тим беше апсолутен аутсајдер пред мечот на „Селхурст Парк“, меѓутоа ги казни промашувањата на противникот и стигна до голема победа. Палас беше апсолутно подобар на теренот во Лондон, се закануваше во повеќе наврати меѓутоа безуспешно. Течеш 51. минута кога АЕК го ...

Фудбалерите на Нотингем Форест конечно ставија крај на црната серија од десет натпревари без победа. Во рамки од третото коло од Лигата на Европа „шумарите“ пред својата публика го совладаа тимот на Порто со 2-0 и го впишаа првиот триумф во лигашкиот дел од второто по ранг натпреварување на УЕФА. Англискиот тим кој сезонава веќе промени тројца тренери до трите бода стигна со голови од белата точка. Сигурни пеналџии на „Сити Граунд“ беа Гипс-Вајт ...

Ракометарите на ГОГ Гудме приредија големо изненадување во групата на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите. Данскиот претставник во ракометната елита ја запиша најголемата победа до сега во група Б, затоа што среде Париз славеше над ПСЖ со 34-36. Парижани беа шокирани во првото полувреме затоа што гостинот постигна 20 гола и се избори за предност од +7. Во вториот дел ПСЖ се консолидира и возврати со 21 погодок, но ГОГ не дозволи пресврт и ...

Кошаркарите на Куманово останаа максимални по три кола во Суперлигата, откако славеа во одложениот дуел против Феникс 2010 со 99-81. Домашната екипа во спортската сала „Куманово“ бргу ја презеде предноста по стартното скопско водство. Првата четвртина беше релативно израмнета, а на крајот кумановци ја завршија со највисоката позитива (24-19). Во вториот период Феникс „се распадна“, дозволи ривалот да даде двојно повеќе поени и предноста ја мина ...

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер забележа уште еден пораз во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај моќниот Магдебург загуби со 36-26 (19-13). На тој начин бундеслигашот остана перфектен и ја впиша шестата победа од исто толку натпревари, додека нашиот претставник го претрпе петтиот пораз. Младиот македонски голман Давид Брестовац се врати во стројот на македонскиот тим и беше поддршка на искусниот Митревски, но Гарабаја и за овој ...

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер беше поразен на гостувањето кај Магдебург во Лигата на шампионите. „Зелено-белите“ немаа решени за брзата игра на домаќинот, а одличен на голот беше и голманот Хернандез, кој собра 12 интервенции. На една од нив беше спречи нов погодок на Дејан Манасков кој сигурно долго ќе се вртеше во ракометната јавност. Македонскиот ас доби топка на шест метри и за да не направи пресврт мораше да шутира од цепелин и ...

Филип Кузмановски беше видно мотивиран против својот поранешен клуб Магдебург. Во Лигата на шампионите Еурофарм Пелистер гостуваше кај европскиот шампион, а капитенот Кузмановски одлично се претстави пред некогаш домашната публика. Левиот бек на пелистерци постигна четири гола во првиот дел, од кои последниот беше супер-атрактивен, откако од место распали „бомба“ и ја „скина“ домашната мрежа. Покрај Кузмановски солидни во првото полувреме беа ...

Екипата на Шелбурн одигра храбар меч во Скопје против Шкендија, беше на прагот на реми, но еден доцен гол донесе триумф за македонскиот првак. По мечот, анализа на настаните направи Џои О'Брајан, тренерот на ирскиот шампион. „Разочаран сум со резултатот, но имавме играчи кои беа добри, имаше и повреди, па не можевме да играме како што сакавме. Во првото полувреме бевме подобри, но како ни дојдоа повреди и со неколку измени, бевме добри, но тоа ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1024
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
65%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.08
79%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1023
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
57%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
39%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
66%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
93%
1027
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
95%
1025
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
54%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Цинк

3.03

Паладиум

50830.33

Сребро

2049.55

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.88

Калај

41.29

Платина

59937.34

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Злато

138322.05

Бакар

10.76