Легендарните американски тенисерки Серена и Венус Вилијамс ќе настапат на овогодинешниот Вимблдон во конкуренција на двојки, откако организаторите им доделија специјална покана. Организаторите на третиот Грен слем турнир во сезоната објавија дека поделиле седум вајлд-карти за женскиот турнир во двојки, а една од нив им припадна токму на славните сестри. Серена и Венус Вилијамс важат за едно од најуспешните дубл-партнерства во историјата на ...

Струга Трим Лум и Бесмир Бојку постигнаа договор за продолжување на соработката, со што искусниот играч од средниот ред останува во редовите на актуелниот македонски прволигаш најмалку до 30 јуни 2028 година. Од клубот информираат дека преговорите биле завршени многу брзо, благодарение на заедничката желба за продолжување на соработката, па Бојку ќе остане дел од новиот проект на Струга под водство на тренерот Бледи Шкемби. Бојку во Струга ...

Покрај случувањата на теренот, големо внимание на Светското првенство традиционално привлекуваат и животните сопатнички на фудбалските ѕвезди. Според бројот на следбеници на Инстаграм, на врвот на листата на најпопуларни партнерки на учесниците на Мундијалот убедливо се наоѓа Џорџина Родригез, свршеницата на капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо. Атрактивната Шпанка има дури 72,9 милиони следбеници на оваа социјална мрежа, со што е ...

Шкендија продолжува со засилувањата за новата сезона и европските предизвици, откако тетовскиот клуб го претстави бразилскиот играч за врска Рафаел де Фреитас Силва како нов член на тимот. Станува збор за 26-годишен дефанзивен играч за врска кој во Тетово пристигнува од редовите на албанска Тирана, каде што беше еден од стандардните фудбалери во изминатата сезона. Рафаел во шампионатот на Албанија одигра 32 натпревари и постигна четири ...

Португалскиот арбитар Жоао Пинеиро е назначен за главен судија на натпреварот меѓу Швајцарија и Босна и Херцеговина во рамките на второто коло од групата Б на Светското првенство, соопшти ФИФА. Дуелот меѓу Швајцарците и Босанците ќе се одигра во четврток од 21:00 часот во Лос Анџелес. На вториот натпревар од групата Б, меѓу Канада и Катар, правдата ќе ја дели Чилеанецот Кристијан Гарај. Средбата е закажана за полноќ меѓу четврток и петок во ...

Неверојатни статистики од Светското првенство доаѓаат од натпревар во натпревар, а сè уште е далеку од комплетирање на првото коло од планетарното натпреварување. Натпреварот помеѓу Шпанија и Зеленортските Острови не е исклучок. Напротив, тој е најголемиот извор на нив. Европскиот шампион не успеа да ја оправда улогата на фаворит и одигра без голови против африканската репрезентација. По натпреварот, можевте да прочитате за „невидливиот“ ...

Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса, повторно се најде во фокусот на јавноста, но овојпат не поради тактика или резултат, туку поради необичното однесување пред натпреварот. Снимката од неговото позирање за најавата на мечот стана вирална, откако искусниот стратег реши да стои со спуштен поглед, без никаква емоција или реакција – потег што предизвика бројни коментари и шпекулации. Дел од јавноста веднаш почна да се прашува дали станува збор ...

Легендарниот „Фенвеј парк“ во Бостон беше сцена на несекојдневен спортски спектакл, откако повеќе од 10.000 шкотски навивачи создадоа вистинска фудбалска атмосфера на бејзбол натпреварот меѓу Бостон Ред Сокс и Тексас Ренџерс. По победата на Шкотска над Хаити на Светското првенство, познатата „Тартан армија“ ги преплави трибините за време на специјалната „Шкотска вечер“ организирана од домаќините. Навивачите добија специјални дресови со тартан ...

Репрезентацијата на Зеленортските Острови приреди сензација на Светското првенство, откако одигра без голови (0-0) против актуелниот европски шампион Шпанија. Апсолутен херој на мечот беше голманот Возиња, кој бранеше фантастично и ја сочува мрежата, носејќи огромен бод за својата селекција. По последниот судиски свиреж, емоциите го совладаа и искусниот чувар на мрежата не можеше да ги сокрие солзите. „Плачев затоа што пораснав со баба ми и ...

Шкендија и Лиридон Љатифи повеќе не се дел од иста приказна, откако крилниот напаѓач официјално го напушти тетовскиот клуб по истекот на договорот. По две години успешна соработка, двете страни се разделуваат во коректна атмосфера и со меѓусебна благодарност за заедничките успеси. Љатифи пристигна во Шкендија во летото 2024 година и беше важен дел од тимот кој ја освои шампионската титула во 2025 година. Покрај домашните успеси, тој даде ...

РК Младост 1977 продолжува да ја гради иднината со сопствени сили, откако клубот официјално го продолжи договорот со еден од најталентираните млади ракометари, Ѓорѓе Атанасов. Станува збор за 18-годишното десно крило, кој од своите први ракометни чекори е дел од клубот и важи за еден од најперспективните играчи во генерацијата. Атанасов во изминатите три сезони се наметна како еден од најдобрите стрелци на тимот, потврдувајќи го својот голем ...

Туниската фудбалска федерација експресно го реши прашањето за селектор во преостанатите натпревари од Светското првенство. Веќе по воведниот пораз од Шведска (5-1), Тунис му се заблагодари на Сабри Ламуш за соработката, потег што го шокираше фудбалскиот свет. Ерв Ренар, веќе отпатувал за Мексико, и ќе ја води селекцијата на Тунис до крајот на Мундијалот. Ренар требаше да ја предводи Саудиска Арабија на ова Светско првенство, но доби отказ два ...

УЕФА ги скрати можните противници и за македонските претставници во квалификациите за Конференциската лига – Шкендија и Силекс. Тетовска Шкендија ќе има избор од неколку потенцијални ривали, а меѓу нив се Европа, Малишева, УНА Штрасен, Пенибонт, Рунавик и Номе Каљу. Од друга страна, Силекс го очекува значително потежок предизвик, со оглед на тоа што можни противници се Астана, Пјуник, Динамо Минск, Дила Гори и Ескалдес. Особено се издвојуваат ...

Македонскиот шампион Вардар утрово ги доби можните противници за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако УЕФА ги објави подгрупите пред ждрепката која ќе се одржи во Нион. „Црвено-црните“ ќе добијат еден од шесте потенцијални ривали, а на списокот се наоѓаат екипи од Ирска, Финска, Летонија, Естонија, Северна Ирска и Велс. Можни противници на Вардар се: Шамрок Роверс (Република Ирска), КуПС (Финска), Рига РФС (Летонија), ...

Иако со месеци се шпекулираше дека би можел да заврши во Реал Мадрид, иднината на Јошко Гвардиол останува во Манчестер Сити. Според информациите, хрватскиот репрезентативец постигнал договор за нов и подобрен договор со англискиот шампион. Раководството на Сити на Гвардиол му понуди договор до 2031 година според кој ќе добие покачување на платата. Неофицијалните информации велат дека тој ќе добие меѓу 15 и 16 милиони евра годишно. Со тоа ...

Репрезентациите на Иран и Нов Зеланд одиграа возбудлив натпревар со четири гола (2-2) во рамки на првото коло од групата Г на Светското првенство. Дуелот во Лос Анџелес понуди динамичен и отворен фудбал од првата до последната минута, а херој кај Новозеланѓаните беше Елајџа Џаст со два погодоци. Сепак, Иран во два наврати се враќаше од негатива и заслужено стигна до бод. Нов Зеланд рано го отвори резултатот, откако во седмата минута Џаст ја ...

Репрезентацијата на Саудиска Арабија ремизираше со Уругвај во Мајами во натпреварот од првото коло од групата Х на Светското првенство (1-1). Малку недостигнаше да видиме големо изненадување, во истата груп, во која Зеленортските острови ремизираа со Шпанија. Момците на Јоргос Донис во финишот ја испуштија минималната предност, која ја стекнаa на крајот од првото полувреме. Уругвај прв се закани преку Араухо, чиј удар од околу дваесет метри ...

Српскиот кошаркарски тренер, Саша Обрадовиќ, официјално го презема тимот на Хапоел од Ерусалим. 57-годишниот стратег доаѓа во Израел откако му заврши вториот мандат во Црвена Звезда, со која сезонава успеа да избори пласман во евролигашкиот плеј-ин. Обрадовиќ по пристигнувањето во Ерусалим изјави дека сака да создаде силен и конкурентен тим, кој ќе биде успешен на домашната сцена, но и во меѓународни рамки. Тренерската кариера ја започна во ...

Турскиот евролигаш Анадолу Ефес соопшти дека ја раскина соработката со германскиот кошаркар Ник Вајлер-Баб, кој заминува од клубот после една година мината во Истанбул. Минатата сезона во Евролигата бележеше просек од 7,7 поени, 4,8 асистенции и 3,4 скока по натпревар. 30-годишниот Вајлер-Баб претходно настапуваше за Баерн Минхен и Лудвигсбург, а со репрезентацијата на Германија го освои бронзениот медал на Европското првенство во 2022 ...

Францускиот кошаркарски клуб и евролигаш, Асвел од Вилербан, и официјално се раздели со тренерот Пјерик Пупе. Пупе го предводеше тимот во изминатиот период, но раководството на клубот донесе одлука за прекин на соработката по завршувањето на сезоната. Асвел не успеа да ги оствари посакуваните резултати во домашното првенство и во Евролигата, по што беше одлучено клубот да тргне во нов правец. Францускиот стратег го презеде тимот во текот на ...

Артим Положани официјално e именуван за нов шеф на стручниот штаб на Шкендија, потврди тетовскиот фудбалски клуб. Поранешниот капитен на тимот се враќа во Тетово за да го преземе раководењето со екипата пред почетокот на новата сезона. Положани тренерската кариера ја започна во 2020 година во Партизани од Тирана, а по долго калење дојде и до клупата на нашиот вицешампион. Пред да дојде во Шкендија, тој работеше како помошник тренер во ...

Репрезентациите на Белгија и Египет ремизираа во дербито на денот на Светското првенство со 1-1 (0-1). Пресметката која се одигра на „Лумен Филд“ во Сиетл понуди огромна борба, африканската селекција поведе во првиот дел, а потоа не успеа да издржи пред налетот на противникот. Средбата тргна со мирн темпо, а резултатот беше отворен со првата вистинска шанса за Египет. Течеше 19. минута кога Емам Ашур доби топка во средината од Мохамед Салах, ...

По изненадувањето во групата Х и ремито на Шпанија и Зеленортските Острови, сега Саудиска Арабија и Уругвај ќе бркаат победа за да скокнат на врвот. На час и половина пред стартот на средбата селекторите на двете селекции ги објавија стартните состави. Уругвајците располагаат со доста посериозни имиња и важат за голем фаворит, меѓутоа се покажа дека тоа не мора да е пресудно. Стартни состави за натпреварот: Саудиска Арабија (5-3-2): Ал Оваис; ...

Ерата на Ергин Атаман во Панатинаикос заврши по три сезони, откако грчкиот гигант официјално потврди дека турскиот стратег повеќе не е тренер на тимот. Според грчките медиуми, Атаман и сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос, постигнале договор за спогодбен прекин на соработката. Турскиот стручњак пристигна во Атина во 2023 година и за кратко време го врати Панатинаикос на европскиот врв, освојувајќи ја Евролигата во 2024 година, како и ...

Италијанскиот фудбалски стратег, Маурицио Сари, официјално е нов тренер на Аталанта, јави клубот од Бергамо. Сари доаѓа на местото на Рафаеле Паладино, кој ја прекина соработката со клубот пред една недела. 67-годишниот Сари на крајот на мај спогодбено го раскина договорот со Лацио, а претходно беше тренер на Јувентус, Челзи, Наполи и уште неколку италијански клубови. Аталанта минатата сезона заврши на седмото место во Серија А, со што ...

Шпанскиот фудбал е потресен од голем скандал, откако судот во Валенсија му изрече затворска казна на Рафа Мир поради сексуален напад. Напаѓачот е осуден на вкупно осум години и шест месеци затвор. Од нив, седум години се однесуваат на сексуалниот напад, додека дополнителните 18 месеци се за нанесување телесни повреди. Сепак, пресудата сѐ уште не е конечна и одбраната има право на жалба. Покрај затворската казна, Мир доби и десетгодишна ...

Италијанските медиуми на големо пишуваат дека Португалецот Рубен Аморим веќе ги договорил сите услови со калчолигашот Милан и наскоро седнува на клупата на „росонерите“. Според добиените информации, Милан ги прифатил барањата на Аморим, кој треба да потпише договор со важност до 2028 година. Зад себе има големо искуство од работата во Спортинг и Манчестер Јунајтед, иако во англискиот клуб немаше премногу светла етапа. BREAKING: Rúben Amorim ...

Фудбалерите на Шпанија потфрлија на стартот на Светското првенство и ремизираа со аутсајдерот Зеленортски Острови (0-0). Пресметката од групата Х која се одигра на „Мерцедез-Бенз Стадионот“ во Атланта понуди серија шанси за „црвената фурија“, ама противникот добро и дисциплинирано ги одби сите налети и освои сензационален бод на своето деби. Аутсајдерот одлично се постави од стартот на средбата, играше во низок блок и не ризикуваше, а така ...

Дербито на денот на Светското првенство се игра во групата Г, а таму селекцијата на Белгија ќе се судри со Египет во централниот вечерен термин. Белгијците важат за фаворит, меѓутоа јасно е дека „фараоните“ нема лесно да се предадат и ќе имаат што да кажат и покажат. Селекторите на двете репрезентации на час и половина пред стартот на средбата ги „отворија картите“. Стартни состави за натпреварот: Белгија (4-3-3): Куртоа; Мекеле, Мение, ...

Младиот кошаркар Александар Зунзуровски би можел да направи изненадувачки трансфер во редовите на Партизан, откако ја заврши својата епизода во Црвена Звезда. Според српските медиуми, белградскиот клуб веќе започнал разговори за ангажман на талентираниот бек кој е роден во 2011 година, а неодамна се раздели со Црвена Звезда. Зунзуровски заминува од „црвено-белите“ по успешна сезона во која стигна до шампионскиот трофеј во пионерска ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.31
21%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
2.68
39%
1013
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.2
26%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.55
33%
1015
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.29
27%
1014
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
1.76
79%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
3.13
36%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.37
40%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.22
36%
1013
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
33%
1015
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 35ᴼ
0.45
23%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
6.64
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Кобалт

56.29

Платина

56295.96

Рутениум

53852.50

Калај

55.95

Цинк

0.00

Паладиум

43242.75

Сребро

1954.91

Злато

133030.14

Родиум

269262.50

Бакар

13.37

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.23