Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Кошаркарскиот клуб Работнички во соработка со Општина Центар го промовира документарниот филм „Вратете ни го чаламот“. Во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје вчера беше свечената премиера на документарецот посветен на најтрофејниот во македонското кошаркарско првенство. Во продукција на „Слобода Филм“ беше креиран филмот кој е сведоштво за историјата и поранешните успеси на центарци. На оваа промоција се појавија многу легендарни имиња во ...
Челните лица на шпанската Примера одлучија да го откажат натпреварот помеѓу Барселона и Виљареал, кој требаше да се одигра во Мајами на 20 декември годинава. Одлуката доаѓа по големото незадоволство на повеќе фудбалски клубови и играчи, кои протестираа против планираната авантура во Соединетите Американски Држави. Првичната идеја беше оправдана со растот на популарноста на шпанскиот фудбал ширум светот, но тоа не наиде на одобрување кај најголем ...
Фудбалерите на Шкендија ќе го дочекаат Шелбурн во второто коло на Конференциската лига на УЕФА. Натпреварот на тетовчани против Ирците ќе биде историски, прв на домашен терен во едно големо евро-натпреварување. На средбата со новинарите пред натпреварот своите очекувања ги сподели Клинсман Цаке. „Нормално е да бидеме мотивирани за овој натпревар. Шкендија ќе испише клупска историја. Едвај го чекаме натпреварот, очекуваме публиката да биде ...
Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс би можел да го засили белградски Партизан како замена за повредениот Карлик Џонс, пренесуваат грчките медиуми. Плејмејкерот моментално е дел од Панатинаикос, но има ограничена минутажа во тимот на Ергин Атаман. Иако првичниот став на тренерот и на сопственикот Јанакопулос беше дека Американецот со македонски пасош не е достапен за позајмица, ситуацијата би можела да се промени поради одличните односи кои ...
На половина од турнирот заврши настапот на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на ВТА челинџерот во Роверето, Италија. Во мечот од осминафиналето Ѓорческа во три сета загуби од шпанската тенисерка Болсова Задионов (241. место на ВТА листата) со 6-1, 6-7/2, 1-5. Тетовчанката убедливо со 6-1 го доби првиот сет, па загуби со 7-2 во тај-брејкот на вториот сет и целосно попушти во третиот, кој противничката го доби со 6-1 во гемови. И ...
Македонскиот шампион, МЗТ Скопје, вечерва го очекува нов предизвик во АБА2 лигата на гостувањето во Никшиќ против Сутјеска. Во првото коло македонскиот првак оствари победа на домашен терен против Вршац, а триумф во првата рунда има и Сутјеска, која славеше на гости против Широки. „Пред нас е тежок натпревар против квалитетна и пред се искусна екипа. Гостувањата во Никшиќ секогаш се предизвик, поради атмосферата и настапот пред публика што ја ...
По вчерашните драматични натпревари во Скопје и Куманово, пенал-рулетот меѓу Работнички и Брегалница, како и изненадувањето во Синѓелиќ, денес со очекуван резултат заврши единствениот дуел од осминафиналето на Купот на Македонија. Вардар ја продолжи одбраната на титулата во Купот на Македонија и со победа од 3-1 (2-0) против второлиугашот Новаци се пласира во четвртфиналето. Втора година по ред „црвено-црните“ ги елиминираа новачани во Купот, ...
По историскиот прв пласман во главна фаза на еден од трите евро-купови, македонскиот шампион Шкендија сега тргнува по нова историја. Тетовчани утре во Скопје ќе го пречекаат тимот на Шелбурн Даблин од Ирска. Дуелот ќе почне во 18:45 часот, а Јетон Беќири е оптимист дека натпреварот доаѓа во вистински момент за неговите фудбалери. „Имавме доволно време да се подготвиме. Иако сме различни по стил со противникот, посакувам со добра и паметна игра ...
Напаѓачите во италијанското првенство дефинитивно не беа расположени за викендот што е зад нас. Претходното, седмо коло, беше најнеефикасно во историјата на Серија А откако лигата се прошири на 20 клуба во 2004/2005 година. Само 11 гола беа видени во десетте натпревари одиграни во саботата и неделата. Ова значи дека беа постигнати 1,1 гол по натпревар. Претходниот негативен рекорд беше 13 гола, што се случи двапати - во сезоната 2004/2005 и ...
Фудбалската федерација на Македонија го одржа првиот од четирите фитнес-семинари за фудбалските судии од Првата и Втората лига. На настанот беше презентиран новиот независен систем за евалуација на судиите, кој овозможува Судиската комисија во живо да ги следи судиските одлуки и веднаш по вежбата да ги анализира најкритичните ситуации. „Ги следиме препораките на УЕФА. На практичните вежби, во 30 минути, судиите донесоа 60 одлуки што е симулација ...
Откако во годините наназад македонската ракометна репрезентација играше официјални натпревари во Струмица и Битола, пак ќе се сели надвор од Скопје и за првпат по подолго време ќе заигра во Куманово. Машката репрезентација на Македонија на 1 ноември во 16:00 часот ќе одигра контролен натпревар против Јапонија во рамките на ЕХФ неделата и подготовка за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка во јануари 2026. Реновираната спортска сала ...
Интер и Милан, лутите ривали на фудбалскиот терен, решија да ги здружат силите за да создадат моќен кошаркарски клуб. Според информации од Италија, два фудбалски гиганти, односно нивните сопственици, сакаат да бидат дел од проектот НБА Европа, за кој се зборува сè погласно и кој се заканува да ја загрози Евролигата. Парите би биле инвестирани во Олимпија Милано, а инвестициските фондови, кои ги поседуваат фудбалските клубови, „Ред Берд“ и ...
Во последните неколку години не беше испочитувана традицијата нашите најтрадиционални и најпопуларни спортови да ги добијат најдобрите актери во тековната сезона, Првиот чекор кон враќање на убавата традиција го направи нашата ракометна централа. Ракометната федерација на Македонија ќе ги прогласи најдобрите за годината која изминува на 1 ноември во 20:00 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Најавено е присуство и на гости од од јавниот живот и ...
Морено Цар ќе биде замената за Кристијан Пилиповиќ во дресот на Кадетен Шафхаузен. Хрватскиот голман, кој по разделбата со Нексе, сезоната ја започна во дресот на Пореч, ќе започне нова соработка со луѓето со кои веќе соработуваше во Нашице - Хрвоје Хорват и Нинослав Павелиќ. Цар моментално е најдобриот голман во хрватската Премиер лига, водечки во сите статистички категории - број на одбрани (90), проценти на успешност (35,2%) и просек од 12,8 ...
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер се „сели“ во Германија, каде го чека уште еден тежок тест во ракометната Лига на шампионите. Моќниот Магдебург ќе биде предизвикот на „зелено-белите“ во шестото коло од новата сезона во елитата. Тренерот на бундеслигашот, Бенет Вигерт со суперлативи зборуваше за нашиот шампион, но потенцира дека посакува нова победа пред домашната публика. „Еурофарм Пелистер е тим кој, со своите трансфери летово, уште еднаш ...
Екипата на Бенфика го забележа третиот пораз од исто толку натпревари во новата сезона во Лигата на шампионите. Два од трите порази „земаат данок“ врз новиот тренер Жозе Мурињо, чиј тим синоќа беше поразен со 0-3 на гостувањето кај Њукасл. Бенфика сè уште е без гол во елитното натпреварување под водство на искусниот тренер во двата натпревари што ги водеше од клупата. Веднаш по поразот на „Сент Џејмс Парк“, легендарниот стратег изгледаше ...
Лука Модриќ го напушти Реал Мадрид и кариерата ја продолжи во италијанскиот гигант Милан. Тој сè уште сака да игра фудбал на највисоко ниво, а својата класа ја покажа само што се приклучи на новиот клуб. Детали од соблекувалната откри Санти Хименез, кој рече дека хрватскиот интернационалец им купил на сите нов „Ајфон“ како подарок. „Влеговме во соблекувалната и секој играч имаше нов „Ајфон“ на своето место. Тоа беше подарок од Модриќ. Тој ни ...
Поранешниот македонски репрезентативец Остоја Стјепановиќ имаше работен состанок со еден од најдобрите и највлијателните фудбалски тренери во историјата, Пеп Гвардиола. Некогашниот играч за врска на Работнички, Вардар, Партизан, денес е успешен фудбалски менаџер и како што пишуваат српските медиуми, разговорот со шпанскиот стратег се однесувал на можноста за идна соработка, со оглед на тоа што Стјепановиќ претставува голем број талентирани млади ...
Сè е подготвено за битолската европска кошаркарска премиера, вечерашниот меч од второто коло во ФИБА Европа Купот во кое Пелистер ќе биде домаќин на Превидза од Словачка. Пелистерци претрпеа пораз во првиот меч во Загреб од Цедевита јуниор, но таа лекција е научена, па се очекува избраниците на тренерот Даскаловски максимално мотивирани да го дочекаат гостинот. Промената на пристапот е она што сите во таборот на Пелистер го потенцираа во пресрет ...
Кристијан Пилиповиќ и официјално е нов член на ГРК Охрид. Како што пишувавме пред неколку дена 30-годишниот хрватски репрезентативен голман потпиша со Охрид миниум до крајот на оваа сезона. Пилиповиќ (192 цм) доаѓа по 8 сезони поминати во Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), а играл и за моќната Висла Плок (Полска), Нексе (Хрватска) и Фиверс (Австрија). „Барав еден амбициозен проект, нешто ново да пробам, сакав да работам со амбициозни и фанатични ...
Малку е веројатно дека Кристијано Роналдо јуниор некогаш ќе ја достигне, а камоли да ја засени, славата на неговиот татко со исто име и презиме, но во овој момент двајцата имаат причина да бидат задоволни од напредокот на 15-годишникот роден во Соединетите Американски Држави. Членот на младинскиот тим на Ал-Наср, каде што игра и неговиот татко за многу пари, неодамна дебитираше за португалската репрезентација до 15 години, а сега е префрлен во ...
Фудбалерите на Манчестер Сити извојуваа сигурна победа над Виљареал од 0-2, а посебен детаљ од „пробивот“ на англискиот клуб во третото коло од Лигата на шампионите е водечкиот гол на „граѓаните“, кој беше дело на Ерлинг Халанд. Бидејќи со овој погодок застана рамо до рамо со еден Кристијано Роналдо. Со прецизен шут во 17. минута Норвежанецот ја затресе противничката мрежа и го израмни рекордот за последователни натпревари во кои бил стрелец, со ...
Сите фудбалски фанови кои го гледаа натпреварот помеѓу Њукасл и Бенфика беа одушевени по еден потег на голманот на Њукасл, Ник Поуп. „Страчките“ извојуваа сигурна победа од 3-0, а она што ќе остане запаметено од овој натпревар е асистенцијата на англискиот голман – и тоа не каква било, туку со рака! По една сигурна интервенција, Поуп забележа дека неговиот соиграч Барнс тргна во контра и го проигра со рака. Топката леташе до центарот на ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен продолжија таму каде што застанаа во финалето на Лигата на шампионите во минатата сезона, кога го „смачкаа“ Интер (5-0), бидејќи со три победи се на врвот на табелата од новото издание на најсилното клупско натпреварување во Европа. А победите беа и тоа како убедливи. Прво ја разнесоа Аталанта (4-0), потоа ја победија моќната Барселона (2-1), а синоќа го понижија Баер од Леверкузен (7-2), со што го соборија ...
НБА штотуку започна, а веќе го имаме првиот инцидент во главна улога на Кевин Дурант. Сè се случи во последните минути од натпреварот помеѓу Хјустон и Оклахома, на самиот крај од првото од двете продолженија. Оклахома имаше напад за победа, но само неколку секунди до крајот. По неуспешниот обид, топката заврши во рацете на Кевин Дурант, на околу една секунда до крај. Во тој момент првата ѕвезда на тимот од Хјустон побара тајм-аут што Рокетси го ...
Лука Дончиќ маестрално ја отвори новата сезона во НБА лигата, но Голден Стејт Вориорс лесно триумфираше над Лос Анџелес Лејкерс, со резултат 119-109. Пред почетокот на натпреварот во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, на Лука Дончиќ му беше даден микрофонот, Словенецот им се обрати на навивачите на Лејкерс и им вети возбудлива сезона. Плејмејкерот се потруди најдобро што можеше за да ги докаже своите зборови, постигнувајќи 43 поени со 12 скока и ...
Екипата на Охрид по пласманот во следното коло во ЕХФ Купот запиша сигурна победа на гостувањето во Прилеп, а „гладијаторите“ тој тренд сакаат да го продолжат и на свој терен против тимот на Куманово. Летното засилување на Охрид, Стефан Петриќ вели дека ако го дадат својот максимум може да стигнат до уште една лесна победа во домашниот шампионат. „Наш следен противник е екипата на Куманово. Свесни сме дека оваа сезона нема лесен натпревар во ...
Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, малку ги разочара своите француски навивачи, затоа што одлучи да не настапи на претстојниот АТП Мастерс кој ќе се игра во Париз. Турнирот е закажан за периодот меѓу 25 октомври и втори ноември, но француската престолнина ќе остане „покуса“ за учеството на најтрофејниот тенисер во историјата. Ѓоковиќ неодамна настапи на Мастерсот во Шангај, по што одлучи да земе продолжен одмор пред завршните предизвици од ...
Одлуката на вториот светски тенисер, Јаник Синер, да не игра за Италија на Дејвис купот разочара многумина во неговата татковина, каде што беше жестоко бранет за време на неговиот случај со допинг-скандалот. Синнер ја предводеше Италија до две титули во Дејвис купот во последните две години, но сега одлучи да го прескокне завршниот турнир во Болоња за подобро да се подготви за следната сезона. „Не беше лесна одлука, но по турнирот во Торино, ...
Творецот на победата на Манчестер Јунајтед против Ливерпул, Хари Мегваер, е во интензивни преговори со управата за продолжување на неговата соработка, јавија англиските медиуми. Стоперот на „ѓаволите“ прикажува солидна форма периодов, а предвид се зема и неговото позитивно влијание во соблекувалната, нешто што е особено ценето од тренерот Рубен Аморим. Мегваер има договор до следното лето, но се надева дека „ѓаволите“ ќе решат да го задржат во ...