Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Норвешката репрезентација дојде на Светското првенство со големи амбиции, а по првиот натпревар нивната самодоверба уште повеќе порасна. Во натпреварот на отвотањето во групата И, одигран во Бостон, Норвежаните го победија ирачкиот тим со 4-1. Најдобриот играч на „викинзите“, Ерлинг Халанд, постигна два гола и најави дека ова може да биде негово Светско првенство. Повратниците на Светското првенство по 1986 година, ирачките фудбалери, во ...
Репрезентациите на Аргентина и Алжир се подготвени за својот прв натпревар на Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико, а селекторите ги открија стартните состави. Во нападот на актуелниот светски првак предност доби Лаутаро Мартинез од Интер кој заедно со Лионел Меси ќе бара голови. Ријад Марез остана на клупата за Алжир. Аргентина (4-4-2): Мартинез; Монтиел, Ромеро, Лисандро Мартинез, Медина; Алмада, Енцо Фернандез, Мекалистер, Де ...
По најслабата сезона во историјата на гигантот Кил, се очекуваше раководството на клубот да преземе конкретни чекори. Иако на „зебрите“ не им цветаат рози во последните години и клубот е далеку од нивото на кое беше во своите најуспешни денови, штотуку завршената сезона ги вклучи сите аларми. За првпат по 33 години Кил нема да биде дел од ниту едно европско натпреварување, што претставува вистинска катастрофа за клуб со таков реноме. Според ...
Франција со победа го отвори настапот на Светското првенство, откако во првото коло од групата И славеше над Сенегал со 3-1. Во центарот на вниманието повторно беше Килијан Мбапе, кој со двата гола против Сенегал испиша нова страница во историјата на францускиот фудбал. Напаѓачот стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Франција, оставајќи го зад себе Оливие Жиру на вечната листа. Мбапе урна уште еден значаен рекорд. Со ...
Иако важи за најдобар ракометар во светот и веќе неколку години е без вистинска конкуренција, Матијас Гидсел сè уште не успеал да ја освои европската круна. Втора година по ред, извонредниот Данец со својот Фуксе Берлин го губи финалето во Лигата на шампионите, а овојпат од славната Барселона. Сепак, како и минатата сезона, Гидсел не си заминува со празни раце. Данскиот десен бек повторно заврши како најдобар стрелец во Лигата на шампионите, ...
Селекцијата на Англија е принудена на промена во составот непосредно пред почетокот на настапот на Светското првенство, откако Тино Ливраменто отпадна поради повреда. Дефанзивецот на Њукасл Јунајтед заработил повреда на листот за време на тренинг-сесија, а дополнителните лекарски прегледи потврдиле дека нема да може да настапи на Мундијалот. Поради тоа, селекторот Томас Тухел реши да го повика Трево Чалоба како негова замена. Чалоба, кој ...
Селекторите на Норвешка и Ирак ги објавија стартните состави за нивниот прв натпревар на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Норвежаните ќе настапат со своите најголеми ѕвезди, предводени од Ерлинг Халанд во нападот, а поддршка ќе има од Одегард, Сорлот и Рајерсон. На спротивната страна, Ирак ќе се потпре на Ал Хамади како најистурен во нападот, а во офанзивната линија ќе бидат уште Доски и Јасим. Норвешка: Ниланд – Рајерсон, Ајер, Лисакер, ...
Репрезентацијата на Франција со победа го започна настапот на Светското првенство, откако славеше со конечни 3-1 (0-0) над Сенегал во првото коло од групата И. Избраниците на Дидие Дешамп стигнаа до трите бода со многу подобра игра во вторите 45 минути, а воедно му се реваншираа на овој ривал за поразот на Мундијалот пред 24 години во Јапонија и Јужна Кореја. Бевме веројатно сведоци на едно од најздодевните први полувремиња во досегашниот ...
Килијан Мбапе постигнува гол и на трето Светско првенство по ред. Францускиот ас донесе водство за својата селекција против Сенегал во рамки од групата И од Мундијалот во САД, Мексико и Канада. 27-годишниот напаѓач одново ги покажа своите голгетерски способности и во прав момент му донесе водство на својот тим. Олисе испрати перфектна асистенција, а асот на Реал Мадрид со сигурна завршница го измами Менди за 1-0 за „триколорите“. За Мбапе ...
Славната Серена Вилијамс и нејзината партнерка во дубл, Каролина Мухова, доживеаја пораз во првото коло на турнирот во Берлин од Џулијана Олмос и Ерин Рутфлиф, со резултат 2-0, по сетови 4-6 и 4-6. Мечот траеше еден час и 31 минута, а Вилијамс и Мухова прикажаа солиден тенис, но немаа доволно снага за конкретен исчекор. Ниту еднаш не го освоија сервисот на противничките, со што поразот беше повеќе од неизбежен. Поранешната прва светска ...
Голманот на Зеленортските Острови, 40-годишниот Возиња, беше еден од хероите на својата репрезентација во ремито без голови против Шпанија на Светското првенство, а по натпреварот доживеа момент на кој сигурно не се надевал пред почетокот на турнирот. Искусниот чувар на мрежата, кој настапува во втората лига на Португалија, одигра меч од соништата и со неколку фантастични интервенции успеа да ја запре една од најсилните репрезентации во ...
На 27 и 28 јуни во Велес ќе се одржат првата и втората трка од Државниот ендуро шампионат на Македонија. Натпреварите се организираат од мотоклубот „Мото Велес“, Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес. Станува збор за традиционална спортска манифестација која годинава се одржува по 16-ти пат на добро познатата локација – ендуро полигонот „MX Track Motoveles“, кој со години е домаќин на најдобрите македонски ендуро возачи. ...
Победникот во Конференциската лига, лондонски Кристал Палас го промовираше францускиот тренер, Пјер Сеж, кој потпиша тригодишен договор. Поранешниот тренер на Ленс ќе го наследи Оливер Гласнер, кој заминува од овој премиерлигаш со три освоени трофеи (ФА Куп, Комјунити шилд и Конференциска лига“. „Неверојатно е да се биде тука во Кристал Палас. Возбуден сум поради историјата на клубот и последните сезони. Затоа доаѓам тука со голема амбиција“, ...
Германскиот судија Феликс Цвајер ќе ја дели правдата на натпреварот од Светското првенство помеѓу Сoeдинетите Американски Држави и Австралија, сооптши официјалниот сајт на ФИФА. Негови помошници ќе му бидат сонародниците Роберт Кемптер и Кристијан Диц, а четврти судија ќе биде Катја Гарсија од Мексико. Натпреварот помеѓу Сoeдинетите Американски Држави и Австралија ќе се одигра на 19 јуни во 21:00 часот. Вториот меч од оваа група (Турција - ...
Светското првенство во САД, Канада и Мексико веќе испиша нова страница во фудбалската историја. По првата недела од натпреварувањето, забележан е рекорден број нерешени резултати во раната фаза на турнирот. Во еден ден дури четири натпревари завршија без победник, нешто што не се случило уште од 1958 година. Шпанија одигра 0-0 против Зеленортските Острови, Белгија и Египет ремизираа 1-1, со истиот резултат заврши и дуелот меѓу Саудиска ...
Уругвајскиот голман Фернандо Муслера стана највозрасниот фудбалер кој го претставувал Уругвај на едно Светско првенство со точно 39 години и 364 дена.: Иако претходно најави повлекување од националниот тим, селекторот Марсело Биелса го врати во тимот за да му помогне на Уругвај со своето огромно искуство. Муслера го собори овој историски рекорд со неговиот настап во првиот натпревар на Уругвај на Светското првенство 2026 против Саудиска ...
Селекторите на Франција и Сенегал, Дидие Дешамп и Папе Тијав, ги „отворија картите“ и ги објавија стартните состави за нивниот меѓусебен натпревар на Светското фудбалско првенство. „Триколорите“ и Сенегалците ќе изведат веројатно најсилни можни состави, со што јасно ставаат до знаење дека битката на теренот ќе биде жестока и огромна. Франција: Мењан, Упамекано, Салиба, Тео Ернандез, Кунде, Чуамени, Рабио, Дуе, Дембеле, Олисе, Мбапе Сенегал: ...
Екипата на Силекс на ждрепката во Нион го доби Динамо Минск во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, а интересен куриозитет е што овој клуб третпат ќе игра со македонски клуб. Динамо Минск, некогашен првак на Белорусија, во моментов е далеку од најдобрите денови. Силекс ќе биде третото име од Првата лига со кое клубот ќе игра во натпреварувања на УЕФА низ историјата. За првпат Динамо Минск играше со македонски тим во ...
Тетовска Шкендија со добриот коефициент кој си го изгради низ настапите во Европа низ годините, а и лани во Конференциската лига на УЕФА, си изгради статус на носител во евро-куповите и затоа имаше поволна ждрепка. Во првото квалификациско коло за Конференциската лига, Шкендија има зицер кој не смее да го промаши. Тоа е Европа од Гибралтар, клуб кој го носи прекарот „зелена машина“, вреден само 1.000.000 евра и далеку од сериозен конкурент на ...
Италијанскиот гигант Милан официјално го потврди назначувањето на Рубен Аморим за нов тренер на првиот тим. Португалскиот стратег пристигнува на „Сан Сиро“ по тренерска кариера во која остави печат во португалскиот и англискиот фудбал. Аморим ја започна својата тренерска кариера во 2018 година, веднаш по завршувањето на играчките денови, во кои настапуваше за Белененсеш, Бенфика и репрезентацијата на Португалија. По првите искуства во Каса ...
Екипите на Шкендија и Силекс ќе ја претставуваат Македонија во Конференциската лига на УЕФА, а веќе ги добија ривалите во третото по ранг натпреварување во европскиот клупски фудбал. Шкендија на ждрепката во Нион беше носител, а ждрепката посака да го добие тимот на Европа од Гибралтар. Првиот меч ќе се игра на гости, вториот е во Скопје. Силекс, пак, беше на десната страна меѓу неносителите, а на извлекувањето за противник го доби Динамо ...
Македонија покрај што ќе го има Вардар во Лигата на шампионите, ќе има уште неколку репрезенти низ останатите колективи во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Најинтересно ќе биде да се следи дуелот меѓу Борац Бања Лука од БиХ и Левски Софија од Бугарија. Кај Босанците играат Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, додека дел од Левски е Никола Серафимов. Тројца наши репрезентативци ќе играат за следна рунда. Кај Дрита, тројца ...
Иако финскиот КуПС на прв поглед нема многу допирни точки со македонскиот фудбал, сепак во историјата на клубот постојат две добро познати имиња со македонско потекло. Најпознат пример е македонската репрезентативка Гентјана Рочи, која од 2019 година настапува за женскиот тим на КуПС. Напаѓачката е една од најуспешните фудбалерки во историјата на клубот и со своите голови и настапи остави длабока трага во финскиот шампион. Рочи во изминатите ...
Вардар ќе се соочи со финскиот шампион КуПС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а станува збор за клуб кој во последните години бележи значителен напредок и е меѓу најсилните екипи во Финска. КуПС е фудбалски клуб од градот Куопио и настапува во Веикауслига, најсилното фудбалско натпреварување во Финска. Домашните натпревари ги игра на Градскиот стадион во Куопио. Клубот е основан во 1923 година и има богата историја зад ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар на денешната ждрепка го доби Купс од Финска за прв ривал во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ). Првиот натпревар меѓу Вардар и финска Купс се игра на 7/8 јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 14/15 јули во Финска во првото коло од квалификациите. „Црвено-црните“ се враќаат во елитното натпреварување по пауза од повеќе години, односно последен пат настапија во 2017 година против Копенхаген. ...
Струга Трим Лум официјално потврди дека Бојан Илиевски повеќе нема да биде дел од тимот за следната сезона. По истекот на договорот, двете страни одлучија да не ја продолжат соработката, а од клубот истакнаа дека во иднина ќе се насочат кон поголема афирмација на младите фудбалери и сопствените таленти. Илиевски беше дел од струшкиот состав во последните две натпреварувачки сезони, период во кој запиша вкупно 69 настапи во сите конкуренции, а ...
Додека Аргентина вечерва против Алжир ја започнува одбраната на светската титула, целото внимание повторно е насочено кон Лионел Меси. Капитенот на „гаучосите“ ќе го одигра својот 200-ти натпревар во националниот дрес и ќе стане првиот фудбалер во историјата кој настапил на шест Светски првенства. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, истакна дека целиот свет со нетрпение го очекува новиот историски момент на легендарниот Аргентинец. ...
Репрезентацијата на Иран се соочува со неочекуван проблем за време на Светското првенство, откако на напаѓачот Мехди Тораби му истекла американската виза по првиот натпревар против Нов Зеланд. Според информациите, доколку во најкус можен рок не му биде издадена нова виза, Тораби нема да може да настапи на преостанатите натпревари на својата селекција на Мундијалот. Фудбалерот не доби минутажа на премиерниот натпревар, но сега постои реална ...
По неуспешната сезона во дресот на Панатинаикос, кошаркарот со македонски пасош Ти-Џеј Шортс е на чекор до нов трансфер и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во редовите на Валенсија. Според информациите на грчкиот портал „СДНА“, американскиот плејмејкер ги договорил сите услови со шпанскиот клуб и наскоро треба официјално да стане нов член на „портокаловите“. Шортс во Валенсија ќе пристигне како замена за Жан Монтеро, кој е пред преселба ...
Српскиот шампион Партизан ќе биде дел од ракометната Лига на шампионите во сезоната 2026/27, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучила специјалната покана да му ја додели токму на белградскиот клуб, пренесува „Моцарт Спорт“. Официјалната потврда се очекува во петок, кога Партизан и формално ќе се најде меѓу 24-те најдобри клубови во Европа кои од септември ќе настапуваат во елитното натпреварување. Со ова, Лигата на шампионите се ...