На 13.02.2023 во 14.40 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Чаир и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.А.(39) од Скопје. Тој се сомничи дека на 22.01.2023 извршил кражба од зграда на подрачјето на Бит пазар, а на 28 и 29.01.2023 извршил тешки кражби во продажен објект и куќа на подрачјето на Чаир, при што одзел повеќе предмети. Во службен разговор во полициска станица, тој ги признал ...

Фондот потсетува дека анализата на експертските технички тимови утврди дека при кибер-нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Фондот денеска испрати и известување до сите јавни и приватни здравствени установи со детални упатства за проверка на осигурениците преку Мој термин, со што ниеден осигуреник не смее да биде вратен од правото на здравствена заштита. Приоритет е враќањето на функционалноста за исплатите на платите на ...

Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 0,1 процент, а цените на мало бележат намалување од 0,4 проценти. Пораст на трошоците на животот има кај кафето, чајот, какаото, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје, ...

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” по член 249 од Кривичниот законик. Пријавената, во текот на 2018 година, во три различни банки приложила фалсификувана документација, лажно прикажувајќи дека е кредитоспособна и дека е во редовен работен однос во ...

Премиерот Димитар Ковачевски кој денес закројуваше лозје во Ресава, тврди дека излегувањето на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов од Владата не претставува рушење на владиното мнозинство. Според Ковачевски, новото парламентарно мнозинство е силно и стабилно и процени дека новиот владин тим во Собранието ќе биде изгласан со најмалку 64 гласови. – Радува што Демократски сојуз кажа дека останува на европскиот пат што досега во пракса не беше ...

Во текот на вчерашниот ден (13.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 258 возачи. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 118 возила ја пречекорило брзината во населено место, а 140 надвор од населено место. ...

Медиумското лудило околу „шпионските балони“ и неидентификувани летечки објекти над Северна Америка, за жал, не е за прв контакт со вонземјани, туку за создавање паника за да се тргне вниманието од погрешната политичка насока, изјави свиркачот на американската Национална безбедносна агенција (НСА), Едвард Сноуден. „Тоа не се вонземјани. Посакувам да се вонземјани. Но, тоа не се вонземјани. Тоа е само старата конструирана паника, атрактивна ...

Вчера слушавме пратеничка од Алтернатива која јавно на говорница кажа дека за време на ноемвриските настани во 2021 година македонската влада ја составувал Еди Рама и член на семејството на Адем Јашари. Тие ја составиле владата на СДСМ и ДУИ и Ковачевски со ова само потврдува дека е слеп послушник на Али Ахмети и уште пострашно Артан Груби, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Кавадарци одговарајќи на ...

Реал Мадрид синоќа во Рабат го победи саудиски Ал-Хилал со 5:3 во финалето на Светското клупско фудбалско првенство. Како дел од мадридскиот тим, напаѓачот Винисиус и играчот од средниот ред Федерико Валверде забележаапо два гола, уште еден гол постигна Карим Бензема. За Ал-Хилал два пати погоди Лучијано Вието, еднаш во листата на стрелци се запиша Муса Марега. Шпанскиот фудбалски гигант го освои Светското клупско првенство по петти пат во ...

Пуштени се од притвор двајцата општински службеници во Благоевград и нивните сопруги кои го вандализираа македонскиот клуб во градот. Притоа не е поднесена пријава, јавува бугарската телевизија Нова. Костадинова била кандидатка за градоначалничка на Благоевград на последните два циклуси локални избори. Двајцата мажи пак, вработени во јавното претпријатие „Озеленување“ во општината Благоевград велат дека го делат мислењето на иницијаторката ...

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека на вонредниот состанок на Европскиот совет, денеска и утре во Брисел, ќе го отвори прашањето за, како што рече, зголемената агресија и антибугарската кампања која, според него, се води во Македонија. Тој додаде дека ќе побара од ЕУ да воведе мониторинг за да се гарантира почитувањето на правата на македонските Бугари.„Очекувам категорична и институционална реакција од властите во Македонија ...

Во полициска акција во близина на грчкиот град Кукуш (Килкис) уапсени бил 27-годишен државјанин на Северна Македонија под обвинение дека во автомобилот пренесувал 45 килограми канабис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации, уапсениот првично не застанал на знаците на полицијата, се обидел да побегне, зголемувајќи ја брзината и во обид да заврти полукружно удрил во друг автомобил. Во автомобилот на 27-годишниот ...

Бројот на жртвите од земјотресот во јужна Турција и северозападна Сирија надмина 24.150 луѓе. Спасувачите во Турција извлекоа две живи жени од урнатините на урнати згради, откако биле заробени 122 часа. Шеесет и седум лица беа извлечени од урнатините во претходните 24 часа, изјави во текот на ноќта турскиот потпретседател Фуат Октај. Тој додаде дека околу 80.000 луѓе биле лекувани во болница, додека 1,05 милиони останале без покрив над главата ...

Руската гасна компанија Газпром побара од Бугарија да плати компензација, откако Софија одби да го плати гасот во рубли минатата година. Гаспром ја прекина испораката на гас, од која Бугарија беше речиси целосно зависна, на крајот на април минатата година, кога таа земја, заедно со другите членки на ЕУ, одби да плати за гас во рубли по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесува Ројтерс. „Тие сакаат да им платиме нешто што мислат ...

Агенцијата за регистрација одби да го регистрира македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград како спротивен на Уставот, бидејќи граѓанско здружение не може да се занимава со политичка активност. Ова го соопшти здружението, пренесе БТА. Организацијата ги поднесе документите за основање на 7 февруари. „На 10 февруари добивме отфрлено решение, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забрането“, се вели во ...

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија сега изнесува најмалку 15.865, соопштија официјални лица, според Си-Ен-Ен. Во Турција бројот на жртви се искачи на најмалку 12.873, според турската агенција за катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Во Сирија, вкупниот број на загинати е најмалку 2.992, вклучително и 1.730 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад, според волонтерската ...

Испораките на британските борбени авиони за Украина ќе доведат до „воени и политички последици европскиот континент и за целиот свет“, предупреди во средата руската амбасада во Лондон во соопштение кое го цитираат агенциите. Претходно во средата украинскиот претседател Володомир Зеленски престојуваше во Лондон и ја повика Велика Британија, во се чини договорен изјава, да испрати борбени авиони во Украина како „нова фаза“ на помошта од Западот во ...

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на условот повеќето странски патници кои пристигнуваат во државата со авион да бидат вакцинирани против Ковид-19, едно од ретките преостанати пандемични ограничувања за патување што се уште е во сила. Гласањето беше 227 против 201, при што седум демократи во Конгресот им се придружија на републиканците во гласањето за ставање крај на барањето за вакцинација против Ковид-19 за странските патници. ...

САД „покренаа целосна хибридна војна“ и ставаат две нуклеарни држави на пат кон директна конфронтација, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Москва тврди дека барањата на Вашингтон за нуклеарни инспекции во Русија се „цинични“ и ја истакна нејзината „очигледна“ помош во украинските напади врз стратешките нуклеарни сили на Москва. Наводите беа дел од јавните коментари на Министерството за статусот на Новиот договор СТАРТ, последниот ...

Повеќе од 21.000 луѓе ги загубија животите во разорниот земјотрес што ги погоди јужна Турција и Сирија. Спасувачите од 65 земји веќе петти ден трагаат по преживеани. Потпретседателот на Турција Фуат Октај ги објави последните податоци за бројот на жртвите од земјотресот во земјаta, наведувајќи дека животот го загубиле 17.674 лица, а повредени се 72.879 лица. Според последните податоци во Сирија животот го загубија над 3.000 луѓе , а бројот на ...

Руски војници го гранатираа Харков во текот на ноќта, поради што има прекин на снабдувањето со струја во некои делови на вториот по големина град во Украина, соопштија локалните власти. Засега нема извештаи за жртви или повредени. „Окупаторите ја погодија критичната инфраструктура. Имаше околу 10 експлозии“, објави регионалниот гувернер на Харков, Олег Синегубов на Телеграм. „Во некои области има прекин на електричната енергија“, додаде тој. ...

Рускиот вицепремиер Александар Новак денеска на прес-конференција изјави дека постои ризик од намалување на производството на нафта во Русија поради ценовните ограничувања на руските суровини што ги воведоа ЕУ и земјите од Г7. Одговарајќи на новинарско прашање дали сега има предуслови за намалување на производството на нафта, вицепремиерот рече: „Да, постојат такви ризици. Ќе ги оцениме во блиска иднина“. Новак претходно во февруари изјави дека ...

Се зголемува бројот на загинати лица во земјотресот во Турција и Сирија. Турскиот потпретседател Фуат Откај вечерва ги соопшти најновите податоци. -Досега во Турција загинати се 24.617 лица. Се работи нанивна идентификација и погребување. Воедно стручните тимови и надлежните институции им пружаат психолошка поддршка на семејствата на жртвите, рече Откај. Посочи дека се уште е во тек евакуација на лицата кои ги загубија своите домови. Бесплатни ...

Припадници на турската војска се распоредени во местата погодени од силниот земјотрес во Турција. Вооружените војници го чуваат редот во градовите и обезбедуваат објекти, се со цел да не дојде до нереди. Турските власти објавија дека полицијата уапсила 131 лице кое се осомничени дека успеале да извршат кражби од напуштените згради, а се обиделе да ги ограбат и конвоите со хуманитарна помош кои пристигнуваат во погодените места. Потпретседателот ...

Повеќе од 33.000 луѓе загинаа во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија. Зградите се урнаа како кули од карти, а некои немаа ниту темели. Според АП, во земјотресите што досега ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија загинале 33.179 луѓе, а се очекува тој број да се зголеми бидејќи спасувачките тимови ќе најдат уште тела во урнатините. Досега во Турција загинале 29.605 лица, соопшти денеска турската агенција за ...

ОВЕН Денеска Месечината влегува во Вага, што го привлекува вниманието на партнерствата, како на приватен така и на продесионален план. Постои можност за вас во деловната сфера, доколку одлучите да ја искористите. Месечината ќе се поврзе со овој мал астероид, џуџестата планета Хамеу, за која ретко се зборува во астрологијата. Но, Хамеу владее со плодноста. Можеби чувствувате потреба да породите нова идеја или да искористите болен момент од вашето ...

ОВЕН Фокусирањето на работите може да помогне. Денеска вашата владејачка планета Марс разговара со Хирон, исцелителот на рани во вашиот хороскопски знак. Овие две енергии можат да разбудат стари рани кои треба да се отстранат, но наместо бес и гнев, вие сте поподготвени да го користите вашиот ум како снаодлив инструмент за заздравување и напредување. Ова е вашата шанса да видите колку сте напредувале, но и да го добиете знаењето и да осознаете ...

ОВЕН Чувајте ја вашата сила дури и ако сакате да се изразите на моќен начин. Вие сте во малку ранлива позиција на работа, каде што може малку да ве поттикне нешто за што колегата вели дека ќе ја поткопа вашата репутација. Наместо да возвратите со брз коментар, направете чекор назад и задржете ги мислите. Понекогаш луѓето му покажуваат на светот кои се, а вие не треба да правите ништо. БИК Вашата мека страна може да излезе силна денеска кога ...

Претседателот на фудбалската федереацијата на Бразил, Едналдо Родригез, на крајот од овој месец ќе замине во Мадрид и ќе се обиде да го наговори Карло Анчелоти да биде селектор на оваа репрезентација. Претходно за преговори ќе треба да добие и дозвола за преговори од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Бразил би му понудил на Карло Анчелоти десет милиони евра по сезона, еден милион повеќе од сегашниот договор со Реал Мадрид. Анчелоти ...

Роналдо ги постигна синоќа сите четирите голови во гостинската победа на Ал Наср над Ал Вехда (4-0) на натпревар од 16. коло од саудиското првенство со што дојде до бројката од 503 лигашки голови во кариерата. Португалецот го постигна првиот гол во 21 минута, вториот 19 минути подоцна, а потоа во продолжението уште два пати беше прецизен во 53 и 61 минута. Роналдо зад себе има три голови во кариерата во дресот на Спортинг од Лисабон, 103 (84+19) ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1011
weather icon

Белград

16ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1010
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1010
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1012
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.3
89%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.79
56%
1009
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1011
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1012
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
66%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.66
76%
1011
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15550.00

Рутениум

20190.67

Калај

30.95

Сребро

1079.39

Злато

105721.82

Бакар

9.71

Паладиум

29642.99

Платина

30985.83

Родиум

172810.26

Цинк

2.61