Бурак Озчивит е среќен што најубавите моменти може да ги прославува со најблиските. Турскиот шармер, познат по повеќе улоги во турските серии, на вечера со сопругата Фахрие и двете синчиња го одбележа својот 39-ти роденден. Фахрие, која сигурно ја паметите од серијата „Кога лисјата паѓаат“, сподели фотографии од малата прослава. „Среќен роденден љубов моја“ – напиша турската актерка во описот на фотографија со саканиот. Фахрие и Бурак стапија ...

Страницата „TasteAtlas“, која е водич за традиционални храни во различни земји, го прогласи македонскиот ајвар за најдобар во светот. На првото место на листата за најдобри мезиња застана нашиот ајвар, додека македонскиот пинџур го зазеде четвртото место во истата категорија. На листата се најдоа и „Pikliz“ од Хаити, „Lyutenitsa“ од Бугарија и „Zacuscă“ од Романија. „Македонскиот ајвар е најдоброто задоволство во светот за 2023 година. Овој ...

Константното надградување на знаењата и вештините е круцијално за постигнувањето на медицински успеси, а д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски се доказ за тоа. Македонските гинеколози непрекинато се едуцираат кај најистакнатите специјалисти во светот и ги пренесуваат најдобрите практики во болницата „Плодност“ во Битола. Нивната најнова обука беше во Франција во реномираната клиника „Клермон Феран“ (Clermont Ferrand). Станува збор за ...

Ријана ужива во животот како мајка на две момчиња и вели дека Ејсап Роки е одличен татко. Додека ја промовираше нејзината нова соработка на Fenty со Puma, 35-годишната пејачка и дизајнерка зборуваше за мајчинството, за двете деца и за партнерот. „Имам куќа полна со момчиња. Мислев дека ќе бидам мајка на девојчиња, но сум на момчиња. Го обожавам ова. Го обожавам“ – рече таа за ET, но додаде дека се надева дека следниот пат ќе имаат девојче. Кога ...

Над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ се реализирани во рамки на дигиталната платформа Youth Empowered на Пивара Скопје. Скоро 8.000 млади и лица од ранливи категории ја имаат поминато обуката во просториите на Едукативниот центар на компанијата или по електронски пат, каде што имаа можност да ги усовршат своите комуникациски вештини, да стекнат знаења од областа на финансиите и деловното работење, да ги унапредат своите вештини за креирање ...

Зодијакот вистински ја инспирира Сетерех Хосеини. Талентираната мејкап артистка од Канада повторно ги оживеа хороскопските знаци со помош на шминка и ги одушеви своите следбеници. Главните карактеристики на секој знак се умешно доловени од четката на девојката со вешти раце, а резултатот е за восхит. Сите знаци се придружени со по една поема карактеристична за нив. Овен Обвиена со совршенство кое не можете да го скршите, ќе знаете дека таа е ...

Во пет општини со околу 40 основни училишта неколку илјади ученици се здобија со знаења за булингот во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Работилниците, предводени од психолог со долгогодишно практично искуство со проблемот, се наменети не само за младите, туку и за стручните служби во училиштата, како и за родителите. За секоја од овие образовни установи „Макпетрол“ обезбеди и ...

Марија Шерифовиќ му го подари првиот подарок на синот Марио. Славната српска пејачка му ја посвети новата песна „Долази љубав“, за која вели дека ја пишувала додека го чекала и сонувала за него. „Мојата љубов дојде – името ѝ е Марио. Сине мој, ова е првиот подарок за тебе. Со љубов. М“ – напиша таа. „Сакајте се со оваа песна. Пеете им ја секој ден на партнерот, мајката, таткото, братот, сестрата, пријателите, децата, миленичињата... Пробајте. ...

1 Редовно вентилирајте ги просторите За време на студените месеци, луѓето имаат тенденција да останат на слабо проветрени места со часови, нешто што може да го поттикне ширењето на вирусите. Отворањето на прозорците и пуштањето на воздухот да циркулира неколку минути секој ден е од суштинско значење за да се оксигенираат просториите и да се спречи акумулација на микроорганизми. 2 Често мијте ги рацете Оваа едноставна акција во голема мера го ...

Слатко видео ја покажува моќта на мајчинскиот допир. Во него, расплакано бебенце инстантно се смирува кога ќе го почувствува допирот на мајка си по раѓањето во болница. Викторија морала да се породи со итен царски рез и била пресреќна кога за првпат ја погледнала ќеркичката Елисија. Погледнете го овој специјален момент: @vicmac412 Her cries stopped the moment she felt mommy for the first time . #csection #csectiondelivery #laboranddelivery ...

Мајкл Бубле зборуваше за тешки моменти од неговиот живот кои го освестија и го направија подобра личност. Во 2016 година, на неговото синче Ноа, кое тогаш имаше 3 години, му беше дијагностициран рак на црниот дроб и тоа мораше да прима хемотерапии. Таа дијагноза повлекла една завеса која била спуштена пред очите на 48-годишниот пејач и тој целосно си ги обновил приоритетите. Зборувајќи во подкастот на Стивен Бартлет, сопругот на „младата ...

Google објави моќно видео за за сè она што светот најмногу го пребаруваше во изминатите 25 годинии, од првото пребарување во септември 1998 година до ден-денес. Оваа година, Google го прослави 25-тиот роденден и во таа чест се наврати на трендовите кој ни ја будеа колективната љубопитност низ годините. „Од секојдневието до иконското, им оддаваме почит на најпребаруваните моменти кои го инспирираа светот и генерациите кои доаѓаат“ – напишаа тие. ...

Новогодишната елка поставена на плоштадот во Скопје со денови наназад беше мета на негативни коментари и критики. Но, за еден пар, таа ќе биде дел од најслатките спомени. Здравко Димовски на сладок начин ја запроси саканата токму пред накитената елка на плоштадот, а видеото од предлогот за брак стана хит на социјалните мрежи. Вљубениот дечко клекна на колено додека музичарот Стефан свиреше на саксофон и со блескав прстен ја побара за жена ...

Многу моменти од мајчинството се вистински предизвик за жените. Недостигот на сон, испуканите и болни гради, балансирањето меѓу обврски и грижата за цел еден живот, но и безусловната љубов, благодарноста и гордоста се само дел од нештата кои мајките ги чуваат во себе како вечни спомени. Ло Менсфилд многу добро ги знае сите овие нешта, затоа што и самата ги искусила. Затоа одлучи да напише текст во кој ќе се пронајде секоја мајка. Ти нема да се ...

Гвинет Палтроу и во шестата деценија го одржува своето тело во топ форма. 51-годишната актерка беше фотографирана од папараците на плажа во Кабо, Мексико, додека уживаше во одморот со сопругот Бред Фелчак и 17-годишниот син Мозес. Гвинет го истакна виткото тело во розови бикини и доби комплименти за одржаниот изглед. Нејзиниот сопруг уживаше веслајќи кајак. Гвинет стапи во брак со Бред во 2018 година. Мозес е нејзин син од бракот со пејачот Крис ...

Бред Пит го прослави својот јубилеен 60-ти роденден. Холивудскиот актер беше „уловен“ од неуморните папараци додека со девојката Инес де Рамон се упатуваше во Театарот Шатле. Љубовната двојка беше облечена во црни стајлинзи. Следниот ден, парот се врати во Лос Анџелес за да го прослави 31-риот роденден на Инес. Бред и Инес беа фотографирани и дента пред прославата во Париз. Пит се разведе од Анџелина Џоли пред седум години. Тие заедно имаа три ...

Децата што со згрижувачко семејство живеат во куќата „Верна“, а чијшто кум е „Макпетрол“, денес добија новогодишни подароци. Во празнично расположение, дечињата беа израдувани со различни содржини со кои што ќе можат да се забавуваат и кои што ќе им помогнат полесно да ги совладаат предизвиците во следната 2024 година. „Општествената одговорност долги години е стратешка цел на „Макпетрол“ од повеќе причини, меѓу кои во врвот е нашата верба во ...

Џенифер Лав Хјуит уште од мали нозе се прослави со многу легендарни филмски улоги, од Одри Хепберн во „The Audrey Hepburn Story“ до Џули во хоророт „I Know What You Did Last Summer“. Денес, 44-годишната актерка честопати е споредувана со помладата верзија од себе, што таа признава дека ѝ создава притисок. Со своите последни видеа во кои користеше филтри за разубавување, Џенифер поттикна злобни и негативни коментари на кои не остана рамнодушна. ...

Секогаш има светлина на крајот од тунелот... Девојка не очекувала дека по победата во најтешката борба во животот ќе го добие најубавото изненадување. Но, токму тоа се случи. Ема неодамна успеа да се избори со ракот, а отсекогаш сакала да го посети Дизниленд. Tокму сега нејзиното момче одлучи дека е вистински момент да ѝ ја оствари таа желба, а водено и да ја израдува со предлог за брак. За време на магичното шоу кое традиционално се одржува на ...

Сега е јасно на кој родител личи принцот Луи. Принцезата Кетрин објави стара фотографија од своето детство, на која одлично се гледа сличноста со нејзиното најмало детенце. Фотографијата, на која Кетрин седи покрај празничната трпеза, била направена кратко време пред нејзиниот втор роденден. „Овој Божиќ, споделувам некои празнични спомени за да ја истакнам виталната важност на нашите рани години и улогата која ја играат луѓето околу вас во ...

Се ближи денот кога Милош Биковиќ и Ивана Малиќ ќе го добијат најубавиот подарок на светот. Вереницата на српскиот актер сподели фотографии на кои позира во тесен фустан, кој го истакна нејзиното пораснато трудничко стомаче. На раката на убавата Црногорка блеска вереничкиот прстен избран од успешниот глумец. Ова ќе биде прво дете на парот, а веќе се зборува дека е момче. Тие за првпат се појавија заедно во јавност на белградската премиера на ...

Бебенце, кое ги помина првите девет месеци од животот на оддел за неонатална интензивна нега, конечно си замина од болница и првиот Божиќ ќе го прослави дома. Родителите Медисон и Дилан Статлер го добија најубавиот божиќен подарок – нивната ќеркичка Еванџелин (Еви) ги надмина сите предизвици ставени пред неа и сега е покрај нив дома. Еви го помина целиот свој досегашен живот во болница. Таа се роди во март годинава во 23-тата гестациска недела и ...

Тони Петковски (Тони Зен) и Марко Маринковиќ-Слаткар негуваат одлични пријателски односи. Македонските рапери претпразнично се дружеа во домашна атмосфера заедно со малите синчиња. На фотографиите споделени од нив тие мезат додека малите Јасен и Моша вечераат на детска масичка. „Јасен и Моша, Тони и Марко“ – напиша Тони во описот. Тони стана татко во март 2019 година, додека синот на Слаткар се роди во април 2020 година. Минатиот месец Тони ...

Водата е неопходна за живот. Луѓето можат многу подолго да преживеат без храна отколку без вода. Единственото нешто кое ни е попотребно за живот од водата е воздухот. Водата претставува околу 60-70% од нашата телесна тежина. Затоа, секое делче од нашето тело има потреба од неа за правилно да функционира. Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата ...

Пред свадбата, невеста доби прекрасен подарок од мајка си. Кога Девон Ламбур се верила со саканиот Дилан, нејзината мајка Бет знаела што треба да направи. Таа на Девон ѝ го испратила невестинскиот фустан кој го носела на свадбата со нејзиниот татко пред 40 години. 30-годишната невеста била пресреќна и трогната од гестот на мајка си. Сепак, Девон отсекогаш сонувала да избере своја венчаница за најважниот ден од својот живот, па решила фустанот на ...

Состојбата на Селин Дион се влошува и покрај напорите на најблиските и на докторите да ѝ помогнат. 74-годишната пејачка, која страда од синдром на вкочанета личност, ја изгубила контролата над мускулите. Нејзината сестра Клодет Дион сподели лоши вести со фановите на славната музичарка. „Многу се труди, но нема контрола над нејзините мускули. Она што ми го крши срцето е што таа отсекогаш беше дисциплинирана. Секогаш работеше напорно. Вистина е ...

По повод светскиот ден „Black Friday“ најголемиот дрогериски ланец во Европа, dm дрогерие маркт, петта година по ред организираше хуманитарна активност, преку која донира 5% од вкупниот дневен промет остварен во сите дрогерии на тој ден во хуманитарни цели. На 24 ноември 2023 година, со помош на купувачите, dm успеа да собере 405.735 денари за хуманитарни цели. Собраните средства од оваа активност беа насочени кон набавка на пакети пакети храна ...

Даниел Котер со секој потег покажува колку многу е посветен на семејството. Грижливиот татко на шест деца, кој останал парализиран додека градел куќа, сега создаде мало слатко царство во собата на трите најмали ќеркички. Котер работеше со сите свои сили, сосем сам, само за да донесе насмевки на лицата на своите мали принцези. „Каков неверојатен подарок им даде татко им. Не само соба од соништата, туку и бесценети лекции кои им ги пренесува низ ...

Сури Круз порасна. 17-годишната ќерка на Том Круз и Кејти Холмс сега е прекрасна девојка. Иако ретко се појавуваат заедно во јавност, сега Сури и Кејти не можеа да ги избегнат љубопитните папараци. Тие беа уловени додека го славеа 45-тиот роденден на Кејти во Њујорк. Кога и да се појави, дуото мајка-ќерка ги забрзува прстите на папараците. Кејти беше во брак со Том од 2006 до 2012 година. Нивната ќерка Сури се роди во април 2006 година. Види ...

Дејвид Бекам со ќерката Харпер и синот Круз беа на неколкудневно патување во Њујорк. 48-годишниот поранешен фудбалер беше фотографиран од папараците додека на улиците во Големото јаболко игриво ја прегрнуваше Харпер. Зад нив одеше неговиот 18-годишен син. Претходно, Дејвид објави албум на Instagram, а во описот напиша: „Неколку забавни денови во Њујорк“. Харпер и Дејвид отсекогаш негувале специјална врска, која честопати во минатото резултираше ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
62%
1026
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
55%
1029
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
47%
1029
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
51%
1026
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.14
46%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
77%
1029
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
62%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
55%
1024
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
55%
1025
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.69
78%
1028
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
62%
1030
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73