Никол Кидман и Кит Урбан беа поканети на 49-тата по ред гала по повод доделувањето на Наградите АФИ за животно дело.
Славниот пар за првпат се појави на црвениот тепих со двете ќерки-тинејџерки Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. 56-годишната актерка блесна во златна креација инспирирана од есенската колекција на Balenciaga, Сандеј носеше цветна креација, додека Фејт шармираше во фустан во корална боја.




Заедно со нив на црвениот тепих позираше и актерката Сибела Хаули, која ѝ е внука од сестра на Никол. И други членови од семејството беа присутни на настанот.






Кидман ја доби наградата за Животно дело на манифестацијата.











