
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Покрај тоа што доби награда за Пејачка на годината, Андријана Јаневска имаше и емотивен настап на најновото издание на „Златна бубамара на популарноста“. Македонската пејачка ја изведе баладата „Тајно моја“ од Тоше Проески. Изборот на оваа песна беше во чест на композиторот Кире Костов, кој почина минатата година. Погледнете го нејзиниот настап: Андријана носеше волуменозна црвена креација. Фотографии: Александар Буневски / Femina.mk Нема ...
Ајрис Апфел замина во легендите. Модната икона позната по својот ексцентричен стил почина на 102-годишна возраст. Препознатливата супербабичка, која беше голема обожавателка на впечатливите модни додатоци и различните принтови, остави доволно голем отпечаток во модниот свет за никогаш да не биде заборавена. Смелата смисла за мода ја водеше додека го градеше својот колоритен свет, во кој зрачеше со ведрина. Апфел е родена на 29 август 1921 година ...
Џорџина Родригез за првпат дефилираше на модна ревија. На шоуто на брендот Vetements во Париз, 30-годишниот модел презентираше креација инспирирана од дрес на Кристијано Роналдо, која го носи и неговиот автограм. „Уште еден остварен сон. Благодарам Vetements“ – напиша Родригез. Таа доби голема поддршка од четири од децата кои ги има со Роналдо. Кристијано Џуниор, Матео, Ева и Алана Мартина од публиката ја гледаа својата мајка како чекори на ...
Високи стандарди во медицината, сертификат од Joint Commission International, првата операција на отворено срце во Македонија се само дел од достигнувањата на Клиника Жан Митрев изминатите 24 години постоење. Историјатот на Клиниката започнува да се испишува од 1 март 2000 година кога почна официјално да работи со правење на првата бај-пас операција во Македонија, предводена од д-р Жан Митрев. Со оваа операција се поставија темелите на ...
Независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS и оваа година го прогласи КАМ за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар. Сертификатот QUDAL, КАМ го добива петта година по ред, а тој е резултат на истражување меѓу потрошувачите кое што реномираната агенција од Швајцарија го спроведе во Македонија. „Искуствата и задоволството на потрошувачите ни даваат најголем мотив во нашата работа. ...
Во рамките на донаторската акција „Заокружи сметка“ организирана од компанијата Веро, годинава се обезбедени 528.812 денари (околу 8.500 евра) за децата од СОС Детско село. Традиционално, трета година по ред, Веро ја организира оваа акција во своите маркети со цел да го поттикне индивидуалното донаторство, но и да обезбеди дополнителна финансиска поддршка за децата без родители и родителска грижа. Под мотото „Биди дел од детската радост“, во ...
Хедер Бел несомнено има полни раце работа. Како мајка на осум деца, таа едвај успева да ги заврши сите домашни обврски во текот на денот. На својот профил на TikTok, посветената мајка споделува видеа за да покаже како подготвува оброци за десетчленото семејство и како се грижи за домот да изгледа средено. Хедер и нејзиниот сопруг Лук отсекогаш сакале големо семејство, но долги години не можеле да имаат деца. За да си ја исполнат големата желба, ...
Одморот е важен! Март умислено ќе ни ја намали енергијата и ќе нè натера да се фокусираме на квалитетниот сон за да си ја вратиме силата во нашето тело пред да дојде пролетта. Дружба со сигурност нема да ни недостига. Во првите денови од март, хармоничната Венера и енергичниот Марс ќе танцуваат во водолија, будејќи ја нашата желба за социјализација. Телефонот постојано ќе ѕвони, па исклучувајте го звукот кога имате потреба од одмор. Младата ...
Врската на Бредли Купер и Џиџи Хадид станува сè посериозна. Новиот славен пар неколкупати деновиве беше фотографиран во Њујорк. Папараците ги уловија 49-годишниот актер и 28-годишната манекенка додека се качуваа и излегуваа од такси за да одат на појадок во Менхетен. Бредли како вистински џентлмен ѝ ја отвори вратата на Џиџи и ја чекаше да слезе од автомобилот. Тие беа снимени и во локалот каде што појадуваа, а Џиџи нежно го галеше својот сакан. ...
Девојка го изненади очувот на својата голема роденденска прослава. 15-годишната Лија Имберт одржа говор пред сите присутни гости за да го праша очувот дали сака да ја посвои. „Во оваа соба има некој кој ми е многу важен. Таа личност е мојот татко. Многу од вас можеби знаат или не знаат, татко ми не ми е биолошки татко, што не е важно, бидејќи татко ми ме гледаше како негово дете уште од денот кога се запознавме. Тој беше таму за мене кога бев ...
Мери Ли Форсајт одбележа специјален јубилеј оваа година. Верувале или не, 100-годишната бабичка од Оклахома го прослави својот 25-ти роденден. Станува збор за личност која е родена на 29 февруари, ден кој постои на секои четири години. Оваа престапна година, за Мери го носи 25-тиот роденденски датум. Членови на нејзиното семејство допатуваа од различни делови на САД за да го прослават овој специјален ден со Мери Ли. „Отсекогаш сметав дека сум ...
Семејството на Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина ќе се зголеми за уште еден член. Српските актери го очекуваат нивното трето детенце. Шармантната актерка ја соопшти убавата вест покажувајќи го трудничкото стомаче во фотосесија за „Journal Srbija“. Петар и Тамара заедно глумеа во филмскиот хит „Тома“. Тамара ја глумеше Светлана, додека Петар влезе во улога на докторот на Тома Здравковиќ. Тие стапија во брак во 2016 година и имаат две деца, ...
Синоќа, во Македонската опера и балет се одржа првата Оскаровска гала вечер. Најубавите филмски песни наградени со Оскар беа изведени од врвни пејачи во придружба на оркестарот на Националната опера и балет и Националниот џез оркестар. Меѓу изведувачите беше и Маја Гроздановска-Панчева. 50-годишната пејачка блесна на сцената во бајковита розова креација и заедно со Горан Наумовски го изведе хитот „(I've Had) The Time of My Life“. Фотографии: ...
Градинарството ги активира сите наши сетила. Кога поминуваме повеќе време грижејќи се за нашата градина, имаме простор да ги согледаме сезонските трансформации во природата, да уживаме во прекрасните бои и да вдишуваме од различните опојни мириси. Градината е корисна за телото, умот и за духот. Mоже да го подобри лошото расположение и да го отстрани чувството на анксиозност, депресија или стрес. Многу студии упатуваат на тоа дека изложеноста на ...
Кет Џенис го напушти овој свет. Младата пејачка почина на само 31-годишна возраст, еден месец откако објави песна за својот 7-годишен син, која брзо стана вирален хит. Причината за нејзината смрт била сарком, ретка форма на рак која ги засега коските и меките ткива. Џенис си пронајде грутка во вратот во 2021 година, а по направените испитувања ја добила страшната дијагноза во 2022 година. Таа започна да го документира своето патување на TikTok ...
Дева Касел отпатува во Париз за да дознае што се создаваше во ателјето на Кристијан Диор во изминатиот период. 19-годишната ќерка на Моника Белучи од првиот ред ја проследи ревијата на познатиот бренд на која беше презентирана колекцијата есен/зима за оваа година. На модниот настан, Дева носеше шик модна комбинација со црна кошула и тексас траперки со ретро шмек кои се хит. Кога и да се појави во јавност, Дева е споредувана со нејзината славна ...
Емотивниот момент, кога момче за првпат јасно ќе слушне како неговата мајка му вели „Те сакам“, ќе ви разбуди силни емоции. Во видеото објавено од People, медицинско лице му го поставува слушното помагало на детенцето. Кога тоа ќе ги слушне првите зборови од родителите, почнува да плаче од среќа. На крајот, мајката му кажува дека многу го сака, а тоа силно ја прегрнува. Погледнете ја снимката: He just heard his mom's "I love you" for the first ...
Даниели ќе ве освои со својот стил и ќе ве натера да ги ставите костумите на прво место во вашиот плакар. Блогерката од Португалија ги обожава модните комбинации во неутрални бои, а често „игра на сигурно“ со модерни костуми кои одлично прилегаат на нејзиното тело. Даниели не предлага стајлинзи кои ретко кој би ги облекол, туку се стреми да задоволи сечиј вкус. Инспирирајте се од нејзиниот стил без разлика дали се упатувате на работа, на ...
Родителството комплетно нè менува како личности. Доаѓањето на децата нè поттикнува да бидеме најдобрата верзија од себеси за да им го покажеме најдобриот пат во животот. Во ново интервју, Бредли Купер изјави дека можеби денес немаше да е жив доколку не се родеше неговата ќеркичка Леа. Славниот актер алудираше на неговата претходна борба со зависноста. Тој не крие дека сега од детето му зависи сè што прави во животот. „Искрено не сум сигурен дали ...
Слобода Миќаловиќ мамеше погледи на премиерата на филмот „Јорговани“, која синоќа се одржа во рамките на Филмскиот фестивал „Фест“. На црвениот тепих во МТС арената во Белград, 42-годишната актерка зрачеше со шарм и харизма и со одушевување беше дочекана од публиката. Слобода носеше црна креација со долги ракави, која ја надополни со впечатливо ланче. Слобода позираше и со Иван Босиљчиќ, со кого ги имаат главните улоги во „Јорговани“. Тие заедно ...
Видео од романтичен маж, кој со прекрасен гест ја изненадува сопругата секоја година на Денот на вљубените, нема да ве остави рамнодушни. Посветениот сопруг ѝ остава розови срциња на ѕидовите, а на секое од нив пишува по некоја љубовна порака или посочува кон важен датум од нивниот заеднички живот. Видеото го објави нивната ќерка Ема. @eclairehayes #goals You deserve nothing less ladies!!!! Happy St. Valentine’s Day and I hope you have a ...
Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ беа специјални гости на Интернационалниот филмски фестивал – ФЕСТ, кој се одржува по 52-ри пат. На манифестацијата во Белград, српските ѕвезди пристигнаа фатени за рака и насмеани зачекорија на црвениот тепих. Тие присуствуваа на премиерата на неговиот најнов филм „Јорговани“. На Instagram, Јелена сподели фотографии од филмскиот настан. Трејлер за романтичната комедија „Јорговани“: Нема слични статии. Види ...
Дали некогаш вашите нови фармерки се смалиле во машината за сушење? Или вашата сакана маица толку многу се развлекла што може да собере и една џиновска лигња? Секоја облека има симболи со инструкции за сушење во машина, и ако никогаш не би сакале да пролевате солзи поради загубата на вашата омилена облека, читајте што пишува во продолжение. Разберете ги симболите На вашата облека, ќе видите еден од следниве симболи: Изберете машина за сушење што ...
Ева Мендес изненади со своето појавување на ревијата на Долче и Габана во рамките на Миланската недела на модата. Славната актерка, која за неколку дена ќе го прослави јубилејниот 50-ти роденден, за оваа пригода избра стајлинг со леопардски принт. 49-годишната холивудска ѕвезда се пошегува и ѝ се заблагодари на модната куќа што ја покани на настанот за да ја „извади од дома“. „Првата модна недела на Мама во повеќе од 10 години. Да, не сум била ...
Д-р Катерина Василева Димовска споделува совети за сооодветната, односно несоодветната примена на одредени витамински суплементи кај децата. Во претходниот дел, таа ја опфати групата на липосолубилни витамини каде спаѓаат витамините А, Е и Д, додека во овој текст ќе зборува за хирдосолубилните витамини како Ц, Б12 и Б9. Да се потсетиме кога треба на децата да им се даваат витамински дополнувања: Витамин Ц Овој витамин се наоѓа во човечкиот ...
Миранда Кер сподели прекрасна вест. Нејзиното семејство се прошири за уште еден мал член кој донесе голема радост. Поранешниот ангел на Victoria’s Secret го донесе на овој свет своето четврто синче, кое го доби името Пјер. Ова е нејзино трето дете со сопругот Еван Спигел. 40-годишната манекенка и основачот на Snapchat со слатка објава ја споделија нивната радост. „Пресреќни сме за доаѓањето на нашиот мал сончев зрак, Пјер Кер Спигел. Не можеме ...
Мерил Стрип, Ен Хетавеј и Емили Блант повторно се обединија, 18 години по снимањето на филмскиот хит „The Devil Wears Prada“. Трите холивудски ѕвезди заедно се појавија на сцената на SAG Awards за да ја доделат наградата Најдобар актер во серија комедија. Се разбира, Мерил носеше фустан од Прада, Хетавеј шармираше во сина креација од Версаче, а Блант избра црвена тоалета од Луј Витон. Прва на сцената се појави 74-годишната Мерил, која одглуми ...
Можете ли да замислите само еден ден без струја? Без разлика дали сте на работа, дома, на училиште, на факултет, користењето на електрична енергија е секојдневие. Се користи за греење, ладење, готвење, осветлување, транспорт и многу повеќе. Сепак, начинот на кој се користи енергијата има огромно влијание врз животната средина и животот во целост. Важноста на оваа тема не опфаќа само исклучување на уредите кога не ги користиме, туку и користењето ...
Во деветте основни училишта во Општина Охрид ќе се одржат работилници против врсничко насилство што ќе ги овозможи „Макпетрол“ во својата општествено одговорна кампања. Изминатиов период Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево станаа дел од активностите на „Крени глас против врсничко насилство“. Заедно со Охрид, досега вкупно 15 општини и нивните училишта се вклучија во кампањата против булингот. „Макпетрол“ и Општина Охрид ...
Викторија Бекам не дозволува ништо да ја спречи да го негува својот стил. 49-годишната дизајнерка не се откажа од носењето обувки на високи потпетици дури ни по незгодата во која си го повреди зглобот на левата нога. Сопругата на Дејвид Бекам неколкупати беше фотографирана во Париз додека излегуваше од хотелот со помош на патерици. Викторија се повреди на Денот на вљубените додека вежбаше во фитнес сала. Нема слични статии. Види повеќе » ...