Антониа Гиговска го истакна својот сексапил во Хрватска.
На настани организирани од брендот Yves Saint Laurent по повод лансирањето на нов производ, македонската пејачка изгледаше атрактивно во два стајлинзи.
За промотивниот настан, Антониа избра ултра кратко фустанче во циклама боја со отворено деколте. Својот изглед таа го комплетираше со ланче од Chapter03 на кое пишува Ciao Bella.









Следуваше вечера со свеќи која беше вистинско уживање за сите присутни гости. Овој пат, Гиговска се појави во проѕирен фустан со шлиц. Таа беше придружувана од сопругот Роберт Спасенцовски.







