
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Најдобри пријателки, кои неочекувано забременија заедно, направија слатко видео кое ќе им служи како прекрасен спомен. Грејси Овенс и Викторија Бахлет се снимаа како се поздравуваат со трудничките стомачиња во текот на бременоста, за на крајот да се снимат со нивните бебиња. Двете другарки, кои се и братучеди, станаа мајки на временско растојание од 2 дена. „Да поминеш низ бременост со твојата најдобра пријателка е еден од најголемите ...
Ирина Шајк и Бредли Купер немаат дадилка и сами се грижат за нивната ќеркичка Леа. 38-годишната манекенка беше фотографирана додека ја земаше 7-годишната Леа од училиште. И двете носат чадори за да се заштитат од дождот. И 49-годишниот актер беше пресретнат од папараците додека тоа утро го носеше слаткото девојче во школо. Иако се славни личности, тие најчесто пешки ја носат Леа во школо и не ангажираат приватни шофери. Шајк и Купер беа во врска ...
На 2 април се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот. Пред 17 години, Генералното собрание на Обединетите нации го воспостави овој ден, поттикнувајќи акции за подигање на општата свест за состојбите од спектарот на аутизам. Аутизмот не е болест, туку состојба при која луѓето кои живеат со него имаат поинаков начин на интерпретација на зборовите, боите, формите и звуците на светот околу нас. Причините се непознати, иако се ...
Во изминатите седум дена регионот го обиколува веста за исчезнувањето на 2-годишната Данка Илиќ од Банско Поле кај Бор. Малото девојче исчезна од семејниот имот кога мајката отишла да му даде вода на поголемиот син. Оттогаш наваму се води опсежна истрага од многу луѓе кои трагаат по Данка со најсовремената техничка опрема. Во меѓувреме во јавноста и во некои медиуми се шират шпекулации за наводна вмешаност на родителите Ивана и Милош. За ...
Златко Јовановски посветено ја следи својата страст за креирање раскошни креации. Македонскиот дизајнер, кој стои зад брендот „ЈZJ by Zlatko Jovanovski“, ја презентираше својата најнова колекција која се состои од венчаници и свечени фустани. Креациите ги претстави атрактивниот модел Ориола Мараши, која негува добра соработка со брендот Guess. „Колекцијата вбројува венчаници и фустани за специјални прилики. Сите креации се надополнети со вез од ...
Бијонсе беше дел од славните гостинки на доделувањето на музичките награди на iHeartRadio. На настанот во Долби Театарот во Лос Анџелес, 42-годишната музичка ѕвезда изгледаше како модерна каубојка. Бијонсе беше облечена во кожен костум, инспириран од Вестерн стилот, од колекцијата есен/зима 1992 на Версаче. Својот стајлинг, таа го надополни со каубојски шешир. Во петокот, Бијонсе го објави својот осми студиски албум, насловен „Cowboy Carter“. На ...
Шер доби големо признание на доделувањето на овогодишните iHeartRadio Music Awards. На сцената во Долби театарот во Лос Анџелес, 77-годишната пејачка се закити со наградата „Икона“, која ѝ беше врачена од нејзината пријателка Мерил Стрип. Шер и Мерил позираа заедно и нивните фанови ги потсетија на момент од премиерата на нивниот заеднички филм „Silkwood“ од пред 40 години. На манифестацијата, легендарната пејачка беше придружувана од ...
Јелена Томашевиќ и нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ за првпат настапија заедно на сцената. Во преполната „МТС Дворана“ во Белград, 40-годишната српска пејачка му се придружи на 45-годишниот актер на првиот од неговите три закажани концерти „Naše veče“. Талентираниот брачен пар ја изведе песната „To je bila ljubav“ од мјузиклот „Cigani lete u nebo“. View this post on Instagram A post shared by Уметнички ансамбл "Станислав Бинички" ...
Денес е 1 Април – познат како Денот на шегата и смеата. По тој повод, секоја година традиционално се одржуваат маскенбали во секое училиште, градинка или градски плоштад. Децата на славните личности не пропуштија да се маскираат и да се забавуваат на овој ден. Погледнете како изгледаа тие: Ќерката Хана на Тамара Тодевска: Ќерката Илина и синот Кирил на Сара Мејс и Димитар Атанасовски „Harley Quinn со далматинецот“ – напиша Сара во описот на ...
Возбудата ќе ги исполни нашите животи овој април, терајќи нè да се фокусираме на нашите желби и потреби без да правиме компромиси кога е нашата среќа во прашање. Смело ќе се бориме за нештата кои сметаме дека ни припаѓаат и ќе ги добиваме. Марс ќе нè направи вистински мечтатели и визионери. Честопати ќе сонуваме со отворени очи, но нема да се плашиме да го реализираме она што го визуелизираме. Најсмелите потези на професионален план ќе ги ...
Тамара Тодевска беше дел од предевровизиска забава во Мадрид. Македонската пејачка, која нè претставуваше на Евровизија во 2019 година, настапи со песната „Proud“. На сцената, таа се појави во модна комбинација со фармерки, секси боди со чипка и кратко сако со риги. Во шпанската престолнина, Тамара беше придружувана од партнерот Лука Радовиќ. Видео: View this post on Instagram A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) Нема слични ...
Викторија и Дејвид Бекам ја заменија старата јахта со нова. Славниот пар се збогуваше со 20 милиони долари, за сега да може да ужива на новиот луксузен брод. 48-годишниот поранешен фудбалер и 49-годишната дизајнерка го прославија католичкиот Велигден со семејството токму на оваа јахта. Брачните партнери споделија фотографии со 12-годишната Харпер, 19-годишниот Круз, 21-годишниот Ромео, 25-годишниот Бруклин и неговата 29-годишна сопруга Никола. ...
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти. Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. ...
Најсовремените медицински методи ни стануваат достапни и нам благодарение на професионалниот тим на Болница Плодност. Експертите од битолската болница испишаа ново поглавје во македонската медицина со ендоскопска револуција. Имено, во „Плодност“ за првпат во Македонија беше направено ендоскопско отстранување на матка и јајници по вагинален пат или vNOTES. Станува збор за нова метода за изведување на минимално инвазивни гинеколошки операции која ...
Зошто молчиме, како да се охрабриме и како да си го подобриме сите интимното здравје. Врвни стручњаци, гинеколози, психолози, новинари, медиумски личности отворено дебатираа на оваа тема на првиот Форум за женско здравје, во организација на Дерма Бела. Плодни дискусии, импресивни разговори, одлични совети. „Гинеколозите ја имаат клучната улога во медицината. Тие треба отворено да зборуваат со пациентите за интимното здравје”, порачаа докторите ...
При дотерувањето, не е важен само изборот на облеката. Клучно е да знаеш да ги искомбинираш вистинските модни парчиња со вистинските аксесоари. Блогерката Сара Зерефа го покажува токму тоа. Преку своите видеа на Instagram и TikTok, таа ја презентира моќта на стилизирањето. „Постои разлика помеѓу ‘носење облека’ и ‘стилизирање’. Се надевам дека овие видеа ќе ви бидат корисни“ – пишува Сара. @sosazerafa Wearing vs Stylingpart 1 #fashiontiktok ...
Боби Андонов, момчето кое нè претставуваше на Детската Евровизија во 2008 година, сега одушеви со изведба на прекрасната македонска народна песна „Јовано Јованке“. „Добивав барања за ова веќе многу години. Горд на моето македонско потекло, затоа ова е за вас!“ – напиша Боби во описот на видеото од својата изведба. 29-годишниот пејач е роден во Мелбурн, а има потекло од Струмица. Тој сега живее и работи во Лос Анџелес. Потсетете на неговиот ...
Зејнеб уште од мали нозе знае како е да се води најтешката битка во животот. Девојчето од Босна и Херцеговина се лекуваше од леукемија на 3-годишна возраст и успеа да ја победи болеста. Сега, таа смело ја донира својата руса коса за деца кои чекорат по патот кој таа веќе го поминала. Зејнеб ги подари своите прамени на Здружението „Срце за децата болни од рак“ кои објавија нејзина фотографија и напишаа дека се гордеат со неа. Косата е наменета за ...
Наближува крајот на разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли, кој трае од 2016 година. 60-годишниот актер се откажал од барањето на заедничко старателство над шесте деца кои ги има со 48-годишната актерка. Извор близок до парот за DailyMail открил дека преговорите на поранешните брачни партнери се при крај и дека тие наскоро ќе ја завршат долгогодишната правна битка. Уште од нивната разделба, Пит бараше да има подеднакво старателство како и Џоли, но ...
Џенифер Анистон и Сандра Булок посетија доктор за пластична хирургија. Славните актерки беа фотографирани додека си заминуваа од ординацијата на докторот Нил А. Гордон во Конектикат. Заедно со нив беше и Аманда Анка, сопругата на актерот од „Ozark“ – Џејсон Бејтман. 55-годишната Анистон носеше шик модна комбинација со црн шешир, додека 59-годишната Булок беше облечена во полежерна комбинација со патики. Нема слични статии. Види повеќе » ...
Тамара Тодевска и Лука Радовиќ моментално престојуваат во Мадрид. Македонската пејачка беше поканета да настапи на предевровизиски концерт во шпанската престолнина. На утрешниот музички настан, Тамара ќе ја изведи песната „Proud“, со која нè претставуваше на Евровизија во 2019 година. „Едвај чекам да ја испеам ‘Proud’ со вас утре. Поминаа 5 години, но ние сè уште ја пренесуваме пораката од песната. Ви благодарам“ – напиша Тодевска. 38-годишната ...
Марија Шерифовиќ уживаше на одмор со синчето Марио, мајка си Верица и пријателката Јована Пајиќ. Српската пејачка сподели видео со малото бебенце кое го држи во прегратка додека се шета на плажа. „Мој“ – пишува на видеото. View this post on Instagram A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) Шерифовиќ со синчето беше фотографирана и на аеродром по пристигнувањето во Белград. Шерифовиќ го доби синчето со помош на сурогат-мајка. Таа призна ...
Кијану Ривс редовно добива поддршка од Александара Грант. Холивудскиот актер доби посета од саканата на сетот на новиот филм „Good Fortune“ во Лос Анџелес. На паузата од снимањето на сцените, 59-годишниот актер си размени бакнежи со 54-годишната артистка и разговараа додека гледаа во неговиот мобилен телефон. Видео: #KeanuReeves#alexandragrant pic.twitter.com/h2XrewPfl1 — Seville (@seville984) March 28, 2024 Кијану и Александра за првпат се ...
Џиџи Хадид и Бредли Купер се постојано заедно. Деновиве, славниот пар повеќепати беше фотографиран во Њујорк. Откако сними заводлива фотосесија сред Големото јаболко, 28-годишниот модел се упати на вечерно излегување со 49-годишниот актер. Убавата манекенка носеше блуза со Мики и Мини Маус, која ја искомбинира со широки панталони од сопствениот бренд Guest in Residence и чантичка од Miu Miu која чини речиси 3 илјади долари. Пред средбата, Џиџи ...
Континуираната експанзија на најголемиот дрогериски ланец во Европа - dm дрогерие маркт продолжува на домашниот пазар. На 29 март 2024 година, со почеток од 10 часот, dm ги отвора вратите на својата 25-та дрогерија и тоа во „Cevahir Mall“. Во новата дрогерија, покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, купувачите ќе може да уживаат и во попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ кој ќе трае од 29 па сѐ до 31 март! Покрај ова, на денот на отворањето, купувачите ќе ...
Шакира имаше изненаден настап на Тајмс Сквер. Музичката ѕвезда ги повика своите фанови да присуствуваат на музичкиот хепенинг само неколку часа пртходно и сепак успеа да собере публика од 40.000 лица. По настапот, 47-годишната пејачка беше фотографирана со актерот Лусиен Лависконт, кој е познат по улогата на Алфи во хит-серијата „Emily in Paris“. Лусиен се појавува во најновиот спот на Шакира за „Puntería“, а ова нивно излегување поттикна ...
Вчера, цела Србија се крена на нозе за што поскоро да се пронајде исчезнатото 2-годишно девојче од Банско поле во близина на Бор. Малата Данка Илиќ исчезна околу 13 часот и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Родителите и семејството со сите сили се обидуваат да ја пронајдат, а добиваат и помош од многу страни. Таткото Милош Илиќ објави фотографија од ќеркичката заедно со трогателна порака. „Злато татино, ќе те најде тато! Свету мој мал“ – напиша ...
Доаѓаат првите сончеви денови, а со тоа и потребата да ги ревидираме парчињата во нашиот шкаф, да ги тргнеме настрана зимските и да направиме место за нови пролетни комбинации. Пролетта е совршената сезона за да внесете нови парчиња во вашиот шкаф и да направите комбинации во кои ќе се чувствувате удобно и самоуверено. Еве неколку одлични комбинации, кои вклучуваат женска облека идеална за оваа сезона. Кратки шорцеви за ноншалантни комбинации ...
Од вчера, во Куманово, експозитурата на Шпаркасе Банка започна со работа на нова локација. Новата локација на експозитурата Куманово е на адреса ул. Доне Божинов бр. 9, и ќе работи секој работен ден од понеделник до петок, од 8.00 до 16.00 часот. Во новата експозитура, клиентите на Шпаркасе Банка, ќе добијат врвно корисничко искуство во доменот на депозитно и благајничко работење, кредитирање, платен промет и други банкарски сервиси. За време на ...
Зендаја Колман неслучајно е нарекувана „Кралица на стилот“. Младата актерка и пејачка одушевува со модниот избор на секој нов настан. На премиерата на филмот „Challengers“ во Сиднеј, 27-годишната ѕвезда блескаше во зелен фустан со шлиц и отворено деколте. Креацијата доаѓа од модниот бренд Loewe, а Зендаја изгледаше сензационално во неа. Во својот стајлинг, актерката од „Dune“ додаде складни блескави салонки. Трејлер за Challengers Нема слични ...