Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин уживаше во убавините на Венеција и го посети Венециското биенале на уметноста.
Македонската пејачка сподели фотографии од патувањето во Италија, кое траело три дена. На нив, таа изгледа модерно и шармантно. На дел од фотографиите се појавува и Корубин.
„3 дена во Венеција и 3 годишни времиња“ – напиша Каролина.
За изборот на стајлинзи, Гочева доби бројни комплименти на Instagram.
Во објектот Scuola dei Laneri беше претставен проектот „Помеѓу надеж и страв“ (Inter Spem et Metum) на нашата уметница Славица Јанешлиева.