Тироидектомија се нарекува хируршкото отстранување на дел или на целата тироидна жлезда. Тироидната жлезда меѓу нашиот народ се нарекува штитна жлезда и претставува орган кој е диригент на организмот, бидејќи ги регулира метаболните процеси на ниво на клетките и така учествува во регулацијата на скоро сите процеси во организмот, од срцевата работа, па сè до регулација на сонот. Тироидектомијата се изведува како процедура на хируршко лекување на ...
Постојат неколку заболувања на штитната жлезда, кои се лекуваат со отстранување делови или целата тироидна жлезда. Како за сите други хируршки постапки, така и за тироидектомијата пациентите треба да поминат низ предоперативна подготовка, која се состои од процена на општата состојба на целокупниот организам, а најмногу на кардио-пулмоналниот систем. Оваа подготовка ја води анестезиолошкиот тим во соработка со хирургот. Хирурзите обично вршат ...