Рубрика: Астрономија и астронаутика
Колку Месечината влијаела врз градителите на Стоунхенџ?
Објавено на 26.04.2024 - 13:00

Тим експерти ја истражуваат можноста дека Стоунхенџ е усогласен и со позициите на Месечината

Редок астрономски настан можеби ги натерал градителите на Стоунхенџ да ја усогласат поставеноста на некои од монолитите со движењата на Месечината.

Постои можност монолитите од Стоунхенџ да биле порамнети и со привидното движење на Месечината на небесниот свод, а не само со она на Сонцето. Оваа хипотеза за којашто подолг период  се дискутира во научните кругови би можела наскоро да биде проверена на лице место. Имено, група научници од Обединетото Кралство ќе ја искористи појавата на редок лунарен феномен кој се повторува на секои 18,6 години за да разбере дали градителите на Стоунхенџ го земале предвид и движењето на Месечината при дизајнирањето на мегалитската опсерваторија.

За што конкретно се работи? На секои 18,6 години позициите при изгревот и при заоѓањето на Месечината ги достигнуваат најоддалечените точки долж хоризонтот, нешто кое астрономите лунистициум или “месечев застој” (lunar standstill). Во оваа прилика, што следен пат ќе се повтори во јануари 2025 година, Месечината се појавува на најсеверните и најјужните можни точки при изгревот и залезот.

English Heritage, заедно со неколку археоастрономи и Кралското астрономско друштво, ќе ја проучува врската помеѓу древниот споменик и 'големиот лунарен застој' – редок астрономски феномен што се повторува на секои 18,6 години. Фото Џејмс О Дејвис/ English Heritage

Научниците од универзитетите во Оксфорд, Лестер и Бурнемаут, како и од британското Кралско астрономско друштво, се убедени дека веќе во првата фаза од историјата на Стоунхенџ, неговите градители биле свесни за овој лунарен циклус, што можеби влијаело на положбата на камените блокови во внатрешноста во локалитетот. Една хипотеза е дека населението имало обичај да ги закопува кремираните останки на покојникот во одредена точка на Стоунхенџ. Поголемиот дел наоди од овој вид биле концентрирани во југоисточната област на споменикот, којашто е усогласена со најјужната позиција на можен изгрев на Месечината.

Понатаму, можно е четирите т.н. станични камења (station stones), кои формираат правоаголник надвор од кругот на сарсенските камења во Стоунхенџ, биле позиционирани така што би ги означувале најекстремните позиции на Месечината при нејзиниот изгрев и залез. Иако два од овие камења денес недостасуваат, нивната положба, особено долгата страна на замислениот правоаголник по чијшто периметар се поставени камењата, би можеле да бидат усогласени со положбата на Месечината при лунистициумот.

Научниците веруваат дека ‘месечеви движења што се случуваат еднаш во генерација’ можеби биле забележани во раната фаза [од изградбата] на Стоунхенџ, и затоа влијаеле на подоцнежниот дизајн на споменикот (на сликата). Слика: English Heritage

Во текот на една година, пред и по лунистициумот, односно помеѓу оваа пролет и сè некаде до средината на следната, 2025 година, Месечината ќе може да се набљудува одвреме-навреме како изгрева и заоѓа на многу далечни позиции на север или на југ, во различни лунарни фази. Експертите сакаат да разберат, на пример, дали овие изгреви имале визуелно влијание врз поставувањето на камењата (на пример, со проектирање на светла и на сенки на/од нив) и да разберат дали и ефектот сè уште може да се репродуцира и денес или пак тој е нарушен од ближните дрвја или сообраќајните светлосни сигнали патот што минува непосредно до локалитетот. И, што е најбитно, научниците ќе го документираат феноменот со фотографии и видеа за понатамошни проучувања.

Клучни зборови:
Тим експерти ја истражуваат можноста дека Стоунхенџ е усогласен и со позициите на Месечината

Тим експерти ја истражуваат можноста дека Стоунхенџ е усогласен и со позициите на Месечината, не само на Сонцето. Фото: Андре Патенден/ English Heritage

English Heritage, заедно со неколку археоастрономи и Кралското астрономско друштво, ќе ја проучува врската помеѓу древниот споменик и 'големиот лунарен застој'

English Heritage, заедно со неколку археоастрономи и Кралското астрономско друштво, ќе ја проучува врската помеѓу древниот споменик и 'големиот лунарен застој' – редок астрономски феномен што се повторува на секои 18,6 години. Фото Џејмс О Дејвис/ English Heritage

Научниците веруваат дека ‘месечеви движења што се случуваат еднаш во генерација’ можеби биле забележани во раната фаза [од изградбата] на Стоунхенџ

Научниците веруваат дека ‘месечеви движења што се случуваат еднаш во генерација’ можеби биле забележани во раната фаза [од изградбата] на Стоунхенџ, и затоа влијаеле на подоцнежниот дизајн на споменикот (на сликата). Слика: English Heritage