Ирска ја предводи листата на земји од Европската унија со најголем раст на вредноста на земјоделското производство во 2024-та година, со зголемување од 8,9% во однос на претходната година, покажуваат најновите податоци на Евростат. Веднаш зад неа се наоѓа Хрватска со раст од 8,8%, а трета е Шведска со 5%. На спротивниот крај на листата се наоѓа Франција, која бележи најголем пад на вредноста – намалување од 9%, по неа следи Романија со 8,5%, ...

Светските цени на храната паднаа втор месец по ред во октомври, главно поради значителната глобална понуда, според податоците од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој следи кошничка со глобално тргувани прехранбени производи, достигна 126,4 поени во октомври, што е намалување од ревидираните 128,5 поени во септември. Индексот малку се намали од нивото од октомври 2024-та ...

Еден од најголемите проблеми на денешницата е борбата со сиромаштијата. Се послабиот стандард на граѓаните е причина се потешкиот живот на граѓаните со помали примања кои од ден на ден живеат на работ на сиромаштијата. Официјалните податоци покажуваат дека процентот на мажите кои се во редовен работен однос изнесува нешто над 11, 6 отсто што е навистина загрижувачки. Кај жените пак овој процент е помал и изнесува 3,6 отсто, или вкупно – ...

Со усвојувањето на еврото од почетокот на следната година, Бугарија ќе постигне поголем просперитет и безбедност и ќе ја зајакне својата улога во Европската Унија, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард во Софија. Според неа, просечниот бруто домашен производ на Бугарија по глава на жител се зголемил во периодот 2015-2025 година од една третина на речиси две третини од просекот на Еврозоната. Таа, исто ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа изјави дека добил ослободување од американските санкции врз руските енергетски компании. Орбан изјави дека Унгарија успешно го заштитила својот план за намалување на сметките за енергија, како и дека ќе биде целосно ослободена од санкциите поврзани со гасоводите Турски тек и Дружба, објави унгарската агенција МТИ. -Унгарија ќе продолжи да ...

Постојат сцени што не се гледаат на телевизија, не се фотографираат и не се објавуваат на социјални мрежи, а сепак зборуваат повеќе од илјада зборови. Сцени во кои мајката си ја остава последната порција на чинија „за малиот“, а таткото тивко се откажува од кришката леб „оти детето сакаше уште“. Тоа се моментите кога љубовта се мери во залци, а жртвата во тишина. Во услови кога цените растат побрзо од примањата, а животниот стандард се лизга ...

Лососот е познат како еден од најдобрите природни извори на витамин Д – секоја порција од 100 грама содржи речиси 400 меѓународни единици (IU). Сепак, постојат и други намирници кои содржат уште повеќе од оваа важна хранлива материја, која е неопходна за коските, мускулите, нервниот систем и здравјето на имунитетот. Масло од црн дроб на бакалар Маслото од црн дроб на бакалар содржи значително повеќе витамин Д од лососот – само една лажица ...

„BMW“ повеќе нема да нуди специјални „M Competition“ верзии на своите спортски модели. Наместо тоа, она што претходно беше резервирано за варијантите „Competition“ – дополнителна моќност, подобра реакција и „xDrive“, ќе стане стандардно кај сите идни „M“ автомобили. Директорот на „M“ дивизијата на „BMW“, Франк ван Миле, објасни за „BMW Blog“ дека одлуката е логична бидејќи повеќе од 80 проценти од клиентите веќе ја избираат помоќната верзија ...

Иако серијата „iPhone 17“ е стара само неколку месеци, гласините за моделот „iPhone 18 Pro“ веќе почнаа да циркулираат, и тоа со една изненадувачка промена. Според добро познат инсајдер од платформата „Weibo“, „Apple“ тестира транспарентен заден дел што би ги открил внатрешните компоненти на телефонот. „Apple“ го копира „Nothing“? Таквиот потег би бил неочекуван за „Apple“, кој со години промовира минималистички и затворени дизајни за своите ...

„Advanced Micro Devices“ (AMD) објави квартални резултати за својот трет фискален квартал кои ги надминаа очекувањата на Wall Street. Сепак, компанијата даде насоки за маржа кои не беа во согласност со очекувањата, објави „CNBC“. Веста ги намали акциите на „AMD“ за речиси 5% во тргувањето по затворањето на берзата во средата. Приходите се зголемија за 36% на годишно ниво во кварталот што заврши на 27-ми септември. Нето добивката се зголеми на ...

Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг. Со помош на најновиот SCADA систем ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата. Со инвестиција од ...

На нивниот последен состанок во Брисел, лидерите на Европската Унија (ЕУ) не успеаја да постигнат договор за предлогот на Европската комисија (ЕК) за таканаречен „кредит за репарација“ од 140 милијарди евра за Украина, кој би дошол од замрзнатите руски средства. Идејата предвидува користење на средства блокирани во белгиската клириншка куќа „Euroclear“ што ќе му бидат дадени на Киев. Земјата ќе мора да ги врати доколку Русија се согласи да ...

Трговскиот суфицит на Германија дополнително се намали во септември 2025-та година, достигнувајќи го најниското ниво од октомври 2024-та година, објави „Euronews“. Според прелиминарните податоци од Destatis, извозот на земјата се зголемил за 1,4% на месечно ниво на 131,1 милијарди евра, додека увозот скокнал за 3,1% на 115,9 милијарди евра. Ова го носи месечниот трговски суфицит на 15,3 милијарди евра, во споредба со 16,9 милијарди во август ...

НЛБ Банка и оваа година, по 14-ти пат, го одбележа Месецот на штедење со низа активности посветени на најмладите, со цел да ја поттикне нивната финансиска едукација и да ја зголеми свеста за важноста од штедењето уште од најрана возраст. Во рамките на активностите по повод Месецот на штедење, а во чест на значајниот јубилеј – 40 години успешно работење, Банката реализираше донација на 40 нови кошаркарски табли за основни училишта ширум ...

Од 5 до 7 ноември 2025 година, во Дубровник, Хрватска, се одржува MicroBalkans Alliance ’25 – еден од најзначајните регионални настани, посветен на развојот на микрофинансискиот сектор и поттикнување на финансиската инклузивност во земјите од Западен Балкан. Организиран од Association of Microfinance Institutions in Bosnia and Herzegovina (AMFI), овој престижен настан повторно ги обединува водечките институции, експерти и претставници од ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 07 ноември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 124,47 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 138,01 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 104,56 евра за мегават час, а на MEMO 112,90 евра. Цена на ...

На 21 и 22 ноември 2025 година WITCON 2025, конференцијата за вештачка интелигенција, технологија и иновации, ќе обедини 59 светски говорници и над 450 интернационални делегати од повеќе од 60 земји, визионери кои ја редефинираат иднината на дигиталниот свет. Ова издание на WITCON, глобален онлајн настан на 21ви ноември и со физичка програма во Marriott Hotel Skopje на 22ри ноември, ќе биде платформа каде што ќе се сретнат идеи, искуства и ...

Долги години, Врање беше магнет за Македонците што сакаа да заштедат некој денар. Влегуваа со празен багажник, се враќаа со полн – масло, брашно, месо, сирење, па дури и по некој килограм чварки и лута пршута за по дома. Но тие времиња, велат купувачите, веќе се минато. „Не вреди ни бензин да платиш за таму“, вели еден скопјанец што редовно патувал преку граница за викенд шопинг, додавајќи дека цените се речиси изедначени со македонските, а ...

Трошоците на живот се зголемуваат, има и раст на цените на мало. Државните статистичари пресметаа дека во месец октомври годинава има раст на живеачката за 4,5 отсто во споредба со иастиот месец лани. Во исто време забележано е и зголемување на цените во маркетите за 2,8 отсто. И натаму домаќинствата мака мачат како да се прехранат. Трошоците за храна се пораснати за фантастични седум отсто. Властите велат дека очекуван е растот на ...

Сè повеќе луѓе забележуваат дека се будат во исто време во текот на ноќта, во точни минути како 3:17 или 3:42. Додека многумина мислат дека е само несоница или стрес, експертите предупредуваат дека ова може да биде знак што телото го испраќа и не треба да се игнорира. Според лекарите, будењето во прецизно време може да биде поврзано со внатрешните ритми на телото, емоционалната состојба или здравствените проблеми. Кога овој феномен се ...

Најновиот и најспособниот носач на авиони во Кина, „Фуџијан“, официјално влезе во употреба, што претставува значаен чекор напред за Пекинг во неговиот обид да се изедначи со поморската моќ на Соединетите Американски Држави. Кинескиот лидер Си Џинпинг присуствуваше на церемонијата на пуштање во употреба што се одржа оваа недела во военото пристаниште во Сањи на островот Хаинан, објави кинеската државна телевизија CCTV. На церемонијата, која се ...

Европската тренинг фондација – институција поврзана со ЕУ – објави анализа која покажува дека Албанија располага со сериозни рударски потенцијали во т.н. критични минерални суровини. Според документот, државата има рударски зони богати со метали што Европа ги смета за клучни за индустриската и енергетската транзиција. Како прв пример се наведува кобалтот во Поградец – материјал од особено значење за напредните литиумски батерии користени во ...

Сè погласни стануваат шпекулациите дека Владата би можела повторно да го отвори прашањето за неработната недела. Едни предлагаат да остане вака, со целосна забрана за работа, други бараат да се воведе можност за работа, но со двојна или тројна дневница. Идејата повторно ќе се најде на маса на Економско-социјалниот совет, каде што синдикатите и бизнис-заедницата ќе се обидат да најдат заеднички јазик, ако воопшто постои таков. Газдите не се ...

Швајцарскиот трговец со стоки „Гунвор“ соопшти во четврток дека го повлекол својот предлог за купување на странските средства на руската енергетска компанија „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД ја нарече руска „марионета“ и сигнализираше дека Вашингтон се спротивставува на договорот. Овој потег го уништува она што ќе беше најголемата аквизиција на „Гунвор“ и го нагласува обидот на Вашингтон да ја изолира Русија со санкции и да ...

Во првите девет месеци од оваа година, НЛБ Групацијата оствари 406 милиони евра нето добивка, што е за пет проценти помалку во однос на истиот период минатата година. „Групацијата бележи сигурно и висококвалитетно работење на сите свои пазари во Југоисточна Европа“, соопштија од НЛБ. Во третиот квартал, НЛБ Групацијата оствари резултат по оданочувањето од 131,6 милиони евра, што е за 11 проценти помалку во однос на вториот квартал од оваа ...

Акционерите на Тесла го одобрија рекордниот пакет плати на Илон Маск, кој, ако ги исполни сите цели, би можел да достигне речиси трилион долари. Тоа е најголемиот менаџерски бонус во историјата на корпоративниот свет, кој беше поддржан од дури 75 проценти од гласовите на присутните акционери на годишниот состанок на компанијата во Тексас. Одлуката беше проследена со стоечки овации, а Маск славеше на сцената, со музика и публиката која го ...

Ако новиот предлог на Регулаторната комисија за енергетика се прифати, граѓаните би можеле да се најдат во прилично збунета ситуација: дали евтината струја ќе важи кога се руча или кога се спие? И уште поважно, дали навистина ќе биде „евтина“? Предлогот, според кој евтината дневна тарифа би се продолжила за два часа, од 12 до 16 часот, а ноќната би почнувала од полноќ, звучи како компромис на хартија. Но, пресметките велат нешто друго. ...

Малите инвеститори кои инвестираат на странски финансиски пазари во голема мера го насочија својот капитал кон индексни фондови кои го следат американскиот берзански пазар. Во последниве години, главните американски берзански индекси (S&P 500, Nasdaq 100) постигнаа приноси над просечните. Сепак, во последно време има сè повеќе индикатори кои сигнализираат за преценување на Wall Street. Сè повеќе аналитичари предупредуваат на претерано ...

Новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави со фотографии дека започнува со чистење на главниот град. Тој, во својата предизборна кампања вети дека ќе го исчисти градот за 72 часа. -Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како ...

Црниот дроб е еден од најважните органи во телото бидејќи ги филтрира токсините, го регулира нивото на шеќер во крвта и помага во варењето на храната. Кога не функционира правилно, симптомите често се појавуваат постепено и лесно се игнорираат. Сепак, препознавањето на раните знаци може да спречи посериозни компликации. Многу лекари истакнуваат дека проблемите со црниот дроб најчесто се откриваат доцна бидејќи во почетните фази се ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
55%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.91
87%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
78%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.34
53%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Цинк

0.00

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Родиум

358480.82

Паладиум

44753.84