Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Германија ќе позајми околу една петтина повеќе од планираното во наредните месеци за да финансира нагло зголемување на трошоците, додека постигнатиот договор за пакет олеснувања на даноците од 46 милијарди евра нагласува колку ќе се зголемат потребите за задолжување, објави „Bloomberg“. Зголемувањето на емисиите во третиот квартал и даночните мерки се дел од напорите на владејачката коалиција на канцеларот Фридрих Мерц за зајакнување на војската ...
Кога сте жедни и ви треба пијалак, што всушност најдобро го хидрира телото? Секако, можете да посегнете по чаша вода, но обичната вода не е најефикасниот пијалок за хидратација, според студија на Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска, која ги споредила ефектите на различните пијалаци врз хидратацијата. Истражувачите откриле дека додека водата, без разлика дали е негазирана или газирана, е добра и брзо се хидрира, пијалаците што содржат малку ...
Русија моментално се соочува со војна во Украина и меѓународни санкции, но тоа не го спречи домашниот производител „АвтоВАЗ“ да го претстави првиот сосема нов теренец од брендот „Lada“ за речиси три децении. Наместо долгоочекуваната нова генерација на „Niva“, компанијата го претстави „Azimut“, теренец со 5 врати и модерен дизајн. Моделот е закажан да биде лансиран во 2026-та година, а се тврди дека е целосно дизајниран, развиен и произведен во ...
Под мотото „За мое добро“, а во рамките на „РЕсет“ платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, Реплек ja организира досега најголемaтa фитнес сесија на отворено. Сесијата ќе биде под водство на познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, а ќе се одржи на 28 јуни 2025 (сабота) година, во Паркот на Франкофонијата во Скопје, со почеток од 18:30 часот. Настанот има за цел да поттикне активности кои ќе го подигнат нивното на метална и физичка добросостојба кај ...
Во периодот 2018-2019 година, пред пандемијата на коронавирусот и војната во Украина, „Газпром“ извезуваше помеѓу 175 и 180 милијарди кубни метри природен гас во Европа. Во 2024-та година, количините веќе се 32 милијарди кубни метри и веројатно ќе паднат оваа година по прекинот на транзитот на гас низ Украина. Европската комисија, исто така, презентираше план за напуштање на руските енергетски ресурси до крајот на 2027-ма година. Ова сериозно го ...
Берзите се опоравија по прекинот на огнот во израелско-иранската војна, а инвеститорите не беа обесхрабрени дури ни од воинствените коментари на гувернерот на Фед, Џером Пауел. Нафтата е веќе пониска отколку пред израелскиот напад, а подобреното расположение на германските претприемачи е охрабрувачко. Неделата започна многу лошо, бидејќи САД се придружија на израелските напади врз Иран кон крајот на минатата недела. Пазарот на нафта можеше да ...
Во свет каде младите можат за 15 евра да резервираат лет и да заминат да работат во Германија, Италија или во Шведска без никакви административни бариери, платата од 30.000 денари веќе не е доволна за да ги задржи во Македонија. Истражувањата покажуваат дека новите генерации поставуваат јасни и повисоки критериуми кога станува збор за нивниот професионален и финансиски живот. „Ние не сме генерација која ќе се задоволи со минимум. Живееме во ...
Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските стапки за 67 стоки, претежно суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија. Истовремено, се укинуваат царинските давачки за увоз на стоки со потекло од Соединетите Американски Држави. Овие измени се дел од реализацијата на Програмата за работа на Владата 2024–2028, која предвидува постепена ...
Претседателот на Федералните резерви, Џеј Пауел, сигнализираше дека намалувањето на каматната стапка не е можно барем до септември, истовремено спротивставувајќи се на повикот на Доналд Трамп за итно намалување. Зборувајќи пред Конгресот откако двајца членови на одборот на Федералните резерви навестија дека ќе поддржат намалување на следното гласање за каматните стапки во јули, Пауел сигнализираше дека нема да поддржи такво намалување на ...
Одморот во Грција е сè уште меѓу најпопуларните избори кај македонските туристи, но прашањето што често се поставува е – колку чинат лежалките на плажа. Грција е омилена дестинација за одмор со децении, позната по кристално чистото море и прекрасните плажи. Сепак, уживањето во целосна удобност на плажа, со лежалки и чадори за сонце, има своја цена. Повеќето туристи се прашуваат колку е потребно да се издвои за ваков вид удобност, а цените на ...
Сигурно сте запознени дека највлијателните фактори за стареењето на кожата се изложувањето на сонце, стресот, недостатокот на сон, нездравата исхрана и пушењето. Воедно, можеби и се прашувате кои промени можете да ги воведете во вашиот животен стил и во вашата дневна рутина за подобрување на негата на вашата кожа и постигнување на младешки изглед? Или кој е единствениот препарат во светот кој успева да делува на генетско ниво и помага да добиеме ...
Групацијата HELLENiQ ENERGY го одржа своето Годишно собрание на акционери за 2025 година, на кое главниот извршен директор, Андреас Сиамисис, даде преглед на изминатата година, при што го истакна успешно завршениот стратешки план – Vision 2025, како и носечките столбови на новата стратешка насока кои ги поставуваат темелите за создавање на долгорочна вредност. Силен резултат во комплексно опкружување Во своето обраќање, господинот Сиамисис ја ...
Во време кога цените растат, а мајсторите се сѐ поскапи и потешко достапни, сѐ повеќе луѓе се одлучуваат да бидат – сам свои мајстори. Поправки дома, монтирање мебел, инсталирање апарати, па дури и ситни електричарски зафати – денес можат да се научат и преку YouTube. Но колку навистина можеме да заштедиме ако самите си ги завршиме работите, наместо да викнеме стручен мајстор? Според пресметките, просечно семејство може да заштеди и до 300 евра ...
Вештачката интелигенција трансформира сè – од финансии до национална безбедност – а компаниите што го предводат овој бран бележат брз раст. Оваа визуелизација ги рангира 10-те најреволуционерни компании за вештачка интелигенција во 2025 година, според годишната листа на CNBC. Таа открива кои компании привлекуваат најмногу инвестиции и внимание додека ја обликуваат иднината на вештачката интелигенција. Податоците за оваа визуелизација се земени ...
НЛБ Банка Скопје одбележува значаен јубилеј, 40 години од своето основање. Во изминативе четири децении НЛБ Банка Скопје со стратешка визија ја градеше својата позиција, издигнувајќи се до една од највлијателните финансиски институции во земјата и столб на доверба и стабилност. Банката покажа отпорност на сите глобални и пазарни предизвици и посветеност кон иновации и раст, истовремено обезбедувајќи поддршка на населението и стопанството и ...
ЕВН Македонија традиционално и со гордост повторно ги отвори вратите за најмладите веднаш по завршување на школската година. Компанијата преку програмата „Кај мама и тато на работа“, секоја година им овозможува на децата на вработените од Централните оддели и Корисничките енерго центри низ целата држава, да го посетат работното место на своите родители и низ едукативни игри да се запознаат со светот на енергетиката. Околу 270 деца кои беа ...
Кинеските пристаништа ја имаа најпрометната недела досега, веројатно бидејќи извозниците брзаа да испратат стока во Соединетите Држави што е можно побрзо пред да се воведат тарифи на почетокот на следниот месец, објави „Bloomberg“. Минатата недела беа испратени околу 6,7 милиони стандардни контејнери во земјата и на меѓународно ниво, соопшти Министерството за транспорт на Кина. Скокот од речиси 6% во сообраќајот од претходната недела дојде ...
Европската централна банка (ЕЦБ) е добро позиционирана да се справи со „екстремно високата“ економска и политичка неизвесност, изјави Кристин Лагард, претседателка на финансиската институција со седиште во Франкфурт, цитирана од „Bloomberg“. Во обраќањето пред европските пратеници во Брисел, таа рече дека инфлацијата во еврозоната ќе се стабилизира околу целта од 2%, додека ризиците за економскиот раст остануваат во опаѓање. „Со сегашните ...
Вечерата е оброк што многу луѓе често го консумираат непосредно пред спиење, но многу експерти предупредуваат дека јадењето доцна навечер, особено тешките оброци, може да има негативно влијание врз вашето здравје. Сите знаеме дека е важно да јадете избалансирани оброци во текот на денот, а вечерните навики играат клучна улога во одржувањето на добро здравје. Подолу, истакнуваме неколку причини зошто избегнувањето тешки оброци доцна навечер може ...
„Honda“ лансираше нова компанија за микромобилност наречена „Fastport“ и објави планови да го претстави својот прв производ на саемот „Eurobike“ подоцна овој месец. Станува збор за „eQuad“, електричен квадрицикл за испорака, дизајниран за употреба во урбани средини. Ова необично возило е далеку од спортскиот „Honda Acura NSX“, но има за цел да го намали градскиот метеж и да ја задоволи растечката побарувачка на потрошувачите за побрзи и почести ...
„Skydweller Aero“, со поддршка на своите американски и француски партнери, го претстави најголемиот дрон на сончева енергија во светот со распон на крилја поголем од „Boeing 747“. Се вели дека леталото, направено од ултралесни јаглеродни влакна и опремено со 17.000 соларни ќелии, може да остане во воздух со недели, а целта е да се завршат мисии што траат до еден месец без потреба од слетување или полнење гориво. Според тестовите спроведени кон ...
Британската финтех компанија Револут „Revolut“ да инвестира повеќе од 1 милијарда евра во Франција и да аплицира за локална банкарска лиценца, планирајќи да се прошири низ Европа, објави „Bloomberg“. На бизнис самитот „Choose France“ што го организираше претседателот Емануел Макрон во Париз во пред еден месец, фирмата со седиште во Лондон изјави дека го основа своето ново седиште во Западна Европа во градот, ветувајќи дека ќе ја заврши ...
Велосипедскиот клуб Аксиос Про Скопје оствари забележителен успех на меѓународната трка Gran Fondo Novi Sad 2025, која се одржа на 8 јуни под покровителство на UCI (Меѓународната велосипедска унија). На трката, на која учествуваа повеќе од 500 велосипедисти од 40 земји, натпреварувачите на Аксиос Про Скопје покажаа врвна форма, спортски дух и борбеност. Особено внимание привлече победата во женска конкуренција на 100 км каде што натпреварувачка ...
Од шалтер до шалтер, од 9 до 5, со фиксна плата и неделен одмор – вака изгледаше класичното работно место во изминатиот век. Но, дали ваквиот модел ја преживува дигиталната револуција или полека, но сигурно, станува дел од носталгичните приказни на постарата генерација? Според познавачите, промените во начинот на работа не се веќе само најавени – тие се во тек. „Работното место како фиксна точка на која секојдневно се оди, полека ја губи својата ...
Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА. Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година. Се очекува ...
Цените на нафтата продолжија да паѓаат на азиските берзи во вторник, еден ден откако ракетниот напад на Иран врз американската воздухопловна база во Катар не остави жртви, зголемувајќи ги надежите на инвеститорите дека може да има пат кон деескалација во конфликтот на Блискиот Исток. Цените на американската сурова нафта последен пат паднаа за 2,85% на 66,57 долари за барел, додека глобалната референтна цена на Брент падна за 2,77% на 69,50 ...
Британското автомобилско издание „What Car“ спроведе обемно истражување за сигурноста на примерок од 30.000 возачи кои морале да посетат сервисен центар поради непланирани дефекти во изминатите две години. Студијата е спроведена во соработка со компанијата MotorEasy, а резултатите може да изненадат многумина кои размислуваат за купување електрично возило. Според добиените податоци, сопствениците на електрични автомобили најчесто пријавуваат ...
Губењето на пасошот за време на летен одмор е кошмар што никој не сака да го доживее, но за жал, тоа не е реткост, особено кај туристите од Балканот кои ја посетуваат Грција. Туристичките работници велат дека секоја сезона се среќаваат со случаи во кои патници остануваат без патна исправа, најчесто поради невнимание или недоразбирање на граничните премини. Првото нешто што треба да направите ако сфатите дека немате пасош е да останете смирени и ...
Почетокот на неделата го носи со себе почетокот на првиот топлотен бран оваа година во Македонија. Топлотниот бран започнува од утре, со постепено зголемување на температурите што ќе го достигне својот врв кон средината на неделата. Со оглед на тоа што топлотниот бран носи и сериозни здравствени ризици, во оваа статија ќе го повториме она што веројатно сите веќе го знаете. Подолу, ги истакнуваме трите најважни совети што е добро да се следат за ...
Европската Унија нема да се откаже од своето право да донесува политички одлуки во преговорите со САД за да избегне повисоки царини за европски стоки, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Секако дека зборуваме за царини, зборуваме и за нетарифни бариери како што се стандардите и нормите. Зборуваме, на пример, за стратешки набавки, зборуваме за сите овие теми“, рече фон дер Лајен по самитот ЕУ-Канада. „Но, кога е ...