Македонсккиот граѓанин веќе подолго време се соочува со една непријатна реалност: најниската просечна плата во регионот. Според последните податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната нето плата изнесува околу 46.617 денари, што ја поставува земјата на дното во споредба со државите од поранешна Југолсавија како Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија. Во последните неколку години платите за прв пат имаа посериозна тенденција на ...

Иран лансираше повеќе бранови ракети кон Израел, објави израелската војска. Во исто време, режимот ги отфрла тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп за наводните преговори како „лажни вести“. Ракетите активираа сирени за воздушен напад низ целиот Израел, вклучувајќи го и Тел Авив, каде што се слушнаа експлозии од пресретнувачи. Во еден напад на северот од земјата, куќите беа оштетени по паѓањето на остатоци, но досега нема ...

На денешен ден пред 27 години започна бомбардирањето на тогашната Сојузна Република Југославија, составена од Србија и Црна Гора, кое траеше 78 дена. Бомбардирањето на СРЈ траеше од 24 март до 1 јуни 1999 година. Акцијата на НАТО заврши по потпишувањето на воено-техничкиот договор за повлекување на југословенската армија и полиција од Косово. Штетата предизвикана за време на бомбардирањето на СРЈ се проценува на околу 30 милијарди долари. ...

Златото го продолжи својот тренд на опаѓање во вторник, дополнително продлабочувајќи ја фазата на мечкиниот пазар, бидејќи инвеститорите брзо ја намалуваат изложеноста на оваа актива. Клучните притисоци доаѓаат од макроекономската средина – посилниот американски долар и зголемувањето на приносите на државните обврзници ја намалуваат привлечноста на таканареченото безбедно засолниште. На спот пазарот, цената на златото падна за околу 2%, пред ...

Не е најтешко да копаш ров. Не е ни да стоиш осум часа на нозе во фабрика. Ама има една работа што те троши поинаку. Тивко. Однатре. Новинарството. На прв поглед изгледа лесно. Пишуваш текст, објавуваш, одиш понатаму. Но зад тие неколку пасуси стои нешто што ретко кој го гледа. Телефон што ѕвони во 7 сабајле. Порака во 23 часот. „Има ли нешто ново?“ Притисок од уредник. Притисок од политика. Притисок од време. И никогаш не си тамам. Новинарот ...

Намалувањето на ДДВ-то за горивата дојде како брза мерка во момент кога цените веќе одамна тргнаа нагоре. Владата уверува дека со спуштањето од 18 на 10 отсто ќе се олесни ударот врз џебот на граѓаните. Но, на терен – приказната е поинаква. Горивата не поевтинуваат драматично, а нервозата кај возачите расте. На бензинските пумпи, сцената е веќе позната. Луѓе точат по 500 или 1000 денари, наместо „до врв“. Се пресметува секој литар. Еден возач ...

За прв пат во историјата, Европа се соочува со ситуација каде што увозот на кинески автомобили и компоненти го надминува извозот на европски возила во Кина, според студијата на консултантската фирма „EY“. Во 2025-та година, извозот на автомобили од Европската Унија во Кина се намали за 34% – на 16 милијарди евра. Во исто време, увозот од Кина се зголеми за 8%, достигнувајќи 22 милијарди евра. Германија е единствениот пазар што е исклучок – ...

Сакате рамен стомак без строги диети и гладување? Според фитнес тренерите, клучот не е во драстични ограничувања, туку во правилен избор на храна. Фитнес инструкторката Џена Рико открива дека две групи намирници имаат моќ значително да го забрзаат согорувањето на мастите – протеините и ферментираната храна. Протеините се основа за секој што сака да ослабе. Тие го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот и помагаат подолго да се ...

Споредбата на богатството на домаќинствата помеѓу САД и земјите од еврозоната дава мешана слика, при што Европа изгледа побогата на хартија, но САД имаат посилна позиција во финансиските средства, според анализата на „UBS“. „UBS“ проценува дека богатството на домаќинствата во еврозоната е приближно 401% од бруто домашниот производ (БДП) на споредлива основа, во споредба со околу 325% во САД, што укажува дека Европа е побогата во целина во ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ги повика владите во Европа да не претеруваат со помошта за гласачите поврзана со компензација за високите цени на енергијата, наведувајќи фискална воздржаност. „Управниот совет (на ЕЦБ) ја нагласи итната потреба од зајакнување на економијата на еврозоната, а воедно и одржување на здрави јавни финансии“, изјави Лагард откако ЕЦБ ги остави каматните стапки непроменети. „Секој ...

И оваа година, Пакомак ја поттикна креативноста, иновативноста и еко-свеста преку организација на традиционалниот натпревар за уметнички дела создадени од амбалажен отпад „Trash for Art“. Организиран со цел да покаже дека амбалажниот отпад може да има и друга намена, односно да се селектира и да се искористи за создавање уметнички дела. Секое пријавено дело на свој начин ја раскажува приказна за одговорноста кон животната средина и ја ...

Јодот е главна компонента на тироидните хормони – тироксин (Т4) и тријодотиронин (Т3). Овие хормони го регулираат метаболизмот и влијаат на тоа како телото произведува и троши енергија. Тие контролираат бројни процеси во телото – од работата на срцето и мозокот до функционирањето на мускулите и брзината со која телото согорува калории. „На секоја клетка во телото ѝ е потребен јод. Тоа не е само хранлива материја за тироидната жлезда – јодот е ...

Се ближи крајот на март, а со него и часовниците се поместуваат за еден час напред. Иако со години се зборува за нејзино укинување, практиката ќе продолжи во 2026 година. Ќе изгубиме еден час сон таа ноќ, но за возврат ќе добиеме подолги и посветли вечери. Оваа година, летното сметање на времето започнува малку порано од минатата година, што предизвикува забуна кај многумина. Но, причината не е промена на правилата, туку едноставен ...

На 28 ми март 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Младинскиот културен центар [MKC]во Скопје ќе се одржи третиот по ред концерт на Stefani & The Upper Room – концерт што прераснува во традиција и симбол на духовно обединување преку музиката. Овој концерт претставува повеќе од музички настап. Тоае вечер исполнета со песна и силна порака за надеж. Публиката ќе има можност да ужива во изведби на госпел и современа христијанска музика ...

Според пресметките на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2026 година, изнесуваше 46 617 денари. Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни ...

Матурата доаѓа побрзо отколку што изгледа. Еден ден си во клупа, другиот веќе стоиш пред прашањето што не може да се одложи – што понатаму? Не е тоа само избор на факултет. Тоа е избор на правец, на живот, на тоа дали утре ќе чекаш работа… или работата ќе те чека тебе. А бројките, колку и да звучат суво, не лажат. Пазарот на труд во Македонија одамна не функционира по логиката „заврши што сакаш, ќе се снајдеш“. Напротив. Некои професии се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека се одржани разговори за „целосно и сеопфатно решавање на непријателствата“ со Иран. Трамп вели дека имало „продуктивни дискусии“ за „потполно и целосно решение“ на конфликтот на Блискиот Исток, објавува Би-Би-Си. Тој вели дека ќе ги „одложи сите напади врз иранските електрани и енергетската инфраструктура“ за период од пет дена. Во објава на Truth Social, со големи букви, тој вели: „СО ...

Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca-Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Наградата беше врачена на годинешната Лидерска конференција на Coca-Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата. Andrew David Cup се доделува од 2005 година и претставува највисоко признание во рамки на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека размислува за прекин на војната со Иран, само за да се закани дека ќе ги уништи енергетските капацитети на земјата еден ден подоцна, ескалација што би можела да го извади конфликтот од контрола. Ваквите недоследни пораки станаа шема во војната, која сега влегува во својата четврта недела, а најновиот ултиматум – Иран повторно да го отвори Ормутзскиот теснец во рок од 48 часа или да ...

Јапонскиот мача чај трајно го отстранува заморот и го намалува стресот. Откажете се од утринското кафе и пробајте моќен зелен пијалок за нова доза енергија. Вашиот ум бара одмор, но вашето тело нема сила дури ни за основни дневни задачи? Јапонскиот мача чај нуди брзо решение кое веднаш го буди телото, но вистинскиот долгорочен ефект лежи во неговата секојдневна употреба. Ако кафето предизвикува нервоза и ненадеен пад на расположението ...

Во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско Македонската Стопанска Комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада. Во состав на Основачкиот одбор се Милосов Лукароски, Теа Пешева, Диана Индовски, Иван Лукароски и Кирил Колемишевски, кои со овој чекор ја отвораат вратата за нова фаза на економско организирање на Македонците во Канада. На состанокот беа поставени ...

Азиско-пацифичките пазари нагло паднаа во понеделник, при што главните индекси во Јапонија и Јужна Кореја се намалија за повеќе од 5%, бидејќи инвеститорите ги напуштија ризичните средства поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, кој влезе во својата четврта недела. Претседателот Доналд Трамп изјави во саботата дека ќе ги „уништи“ иранските електрани ако Техеран не успее целосно да го отвори Ормутскиот теснец – витална артерија за ...

Цената на јагнешкото месо пред Велигден повторно ја разбранува јавноста. Во месарниците килограм достигнува и до 900 денари, а купувачите веќе почнуваат да бројат дали ќе има јагнешко на трпеза. Но додека цените одат нагоре, оние што го одгледуваат добитокот велат дека од тоа немаат ништо. Напротив, тврдат дека работат со загуба. „Со 250 денари за килограм жива мера не можеш ни да преживееш, а не пак да заработиш“, велат сточари кои со години ...

Телефоните не престануваат да ѕвонат. Бројките треперат на екраните, цените се менуваат за секунди, а притисокот не попушта ни кога пазарот ќе се затвори. Во светот на брокерите нема пауза. Има само адреналин… и замор што се таложи со години. Чудно, ама речиси и да нема повозрасни брокери. Оние што влегуваат во оваа професија најчесто се млади, амбициозни, гладни за успех. Првите години изгледаат како игра. Брзи пари, динамика, чувство дека ...

За многу луѓе, викендите се време за релаксација и одмор, што често значи отстапување од здравите навики што ги следиме во текот на неделата. Иако повременото уживање е во ред, прејадувањето може да влијае на нивото на холестерол. „Дури и ако се храните здраво и вежбате во текот на неделата, прејадувањето за време на викендите може да има значително влијание врз вашиот холестерол со текот на времето, потенцијално уништувајќи ја целата ваша ...

Според најновите протечени податоци, овој уред би можел да донесе дури два сензори од 200 мегапиксели, што би било прво во индустријата за паметни телефони. По години стагнација кога фокусот беше на софтверот и функциите на вештачката интелигенција, производителите повторно ги зголемуваат влоговите кога станува збор за хардверот на камерата. „Xiaomi“, според извештаите, би можел да го предводи овој тренд со двоен систем од 200MP. Таквиот ...

„Tencent Holdings Ltd“ објави пораст од 13% на кварталните приходи, истакнувајќи солиден моментум во нејзините основни бизниси за игри и рекламирање, бидејќи компанијата го зголемува својот фокус на вештачката интелигенција (ВИ), објави „Bloomberg“. Приходите на кинескиот технолошки гигант скокнаа на 194,4 милијарди јуани (28,3 милијарди долари), надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за 194,1 милијарди јуани. Нето добивката за периодот ...

Војната со Иран се заканува да им нанесе значаен удар на најголемите економии во Заливот, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Катар, ако не заврши наскоро, објави „Bloomberg“ во анализа. Катар и Кувајт би можеле да доживеат пад на нивниот бруто домашен производ (БДП) за 14% оваа година ако конфликтот продолжи до април, што би значело двомесечна блокада на Ормутскиот теснец, според економистот на групацијата ...

Денеска, Владата донесе одлука да се намали данокот на додадена вредност(ДДВ) на бензините и дизел горивото од 18% на 10% Поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток, сите европски држави, како и земјите во светот, се соочија со ценовни шокови кај горивата, кои вртоглаво растат, како и со ризици од зголемување на цената на електричната енергија. Премиерот Мицкоски, изјави дека Владата има подготвен пакет мерки и сценарија доколку ...

Приходите на Русија од нафта се зголемија од почетокот на војната во Иран, бидејќи тековниот конфликт го ограничува снабдувањето со „црно злато“ преку Ормутскиот теснец и ги зголемува цените на енергијата низ целиот свет, објавува „Euronews“. Податоците од Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух (CREA) покажуваат дека Русија веќе ги зголемува своите приходи од нафта и фосилни горива воопшто, две недели по почетокот на ...

Мвр билтен

3 часа - МИА - +1
weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
7.2
46%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 20ᴼ
1.03
47%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
45%
1020
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.58
43%
1020
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1018
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
10.29
51%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
0.0
44%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
30%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
54%
1021
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
2.57
43%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
47%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.2218

Currency

72.0205

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Калај

56.34

Злато

140678.81

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Платина

56103.05

Алуминиум

3.25

Кобалт

45.39

Родиум

282926.57

Сребро

2080.30

Паладиум

41731.67

Бакар

13.28