Летните температури конечно малку попуштија под 40°C – па време е да си дозволите и малку внатрешно освежување. Доколку сте на одмор, лежите во двор или едноставно барате момент само за себе, време е за нешто што ќе ве релаксира и инспирира. Одвојте миг и нурнете во интересни, искрени и едукативни женски разговори – преку епизодите од втората сезона на dm поткастот „Женски ритам“! А зошто и да не организирате една забавна „girls night” ? ...

Комерцијална банка со гордост учествуваше во отворањето на новата градинка „Верверичка” со која жителите на Општина Кисела Вода добија нов, современ и удобен простор за нивните деца. Новата градинка „Верверичка” е осмиот објект во рамките на градинката „Весели Цветови”, за чија изградба Комерцијална банка издвои 6 милиони денари како донација. Со реализацијата на овој значаен проект, Комерцијална банка ја потврдува својата посветеност за ...

Оваа втора половина на летото, ако сте планирале летување во Стомио – грчкиот камп кај Лариса кој важи за едно од најповолните места за одмор покрај море – ќе треба да барате алтернатива. Кампот е веќе распродаден за цела сезона, а според информациите на лице место, доминираат гости од Македонија, кои секоја година во сè поголем број го избираат ова место за семеен одмор. Причините? Очигледни. За 6 евра по ноќ по лице, под сенка од планина и ...

Во последните години, бројни хрватски градови и општини донесоа строги мерки за да стават крај на несоодветното однесување на туристите. Така, пред две години, Градот Сплит воведе низа забрани со кои се казнува секое однесување што се смета за непријатно или нарушувачко, особено во историското јадро на градот. Според оваа одлука, казна од 300 евра се применува, меѓу другото, за конзумирање алкохол, спиење, вршење нужда и јадење на јавни места, ...

Побарувачката за луксузни куќи за одмор во Грција и оваа година остана на високо ниво, според анализата на Engel & Folkers, во која се наведува дека 85 проценти од сите трансакции се извршени од странски купувачи, а цените на недвижностите на грчките острови се уште се конкурентни во споредба со другите медитерански пазари. – Купувачите варираат во зависност од локацијата, но повеќето од нив доаѓаат од Централна Европа, како и од Соединетите ...

Вработените во Европската централна банка (ЕЦБ) ја обвинија претседателката Кристин Лагард дека управува со „неодговорна правна тврдина“. Ова е наведено во писмо испратено од Одборот на вработени на ЕЦБ, кое го виде Фајненшл тајмс. Според весникот, писмото го критикува внатрешното управување на банката во услови на спор околу промените во претставувањето на вработените. Во него се наведува дека раководството на ЕЦБ покажува малку почитување на ...

Трговскиот договор што го постигнаа американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата во Шкотска беше крајно едностран. Европската Унија се согласи на американски царини од 15 проценти за повеќето свои производи, а во исто време мораше да преземе значителни финансиски обврски при увозот на енергија и инвестиции во САД. Сепак, од моќната германска автомобилска индустрија до ...

Во секојдневието на граѓаните, без разлика дали се работи за посета на банка, маркет, пошта, телеком оператор или некоја јавна институција, сè почесто се слушаат исти реченици: „Отворете уште еден шалтер!“, „Што е ова, само еден работи!“, „Дали толку се чека во 21-ви век?“ Иако овие реакции се разбирливи во моменти на гужви и подолги редици, ретко кој од клиентите се запрашува зошто навистина има само еден шалтер, и дали компаниите навистина не ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, објави дека основната царинска стапка за земјите што нема да постигнат трговски договор со Вашингтон ќе биде во опсег од 15 до 20 проценти. – Би рекол дека ќе биде некаде помеѓу 15 и 20 проценти, веројатно еден од тие два броја – изјави Трамп за новинарите во Тернбери за време на заедничкото обраќање со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска, пренесува Ројтерс. ...

Санкциите можат да убијат толку луѓе колку и вооружените конфликти, при што едностраните мерки се поврзани со повеќе од половина милион смртни случаи годишно, според студијата цитирана од „Bloomberg“. Унилатералните и економските санкции наметнати од Соединетите Американски Држави и Европската Унија доведуваат до значително зголемување на смртноста, непропорционално оштетувајќи ги децата под петгодишна возраст, покажа студија објавена во ...

Задржувањето на водата може да се појави преку целата година, но чувството на тешки, отечени нозе е особено честа појава во лето – и воопшто не е пријатно. Добрата вест е дека постојат неколку начини да се спречи задржувањето на водата, а еден од нив е да се избегнува храна која го влошува задржувањето на течности. Храната што ја јадеме директно влијае на рамнотежата на течностите во телото, а некои вообичаени намирници можат да го поттикнат ...

Јапонската компанија „Honda“ објави официјални фотографии од својот нов модел, наречен „Honda N-One е“. Минијатурниот градски електричен автомобил официјално ќе дебитира во септември на автосаемот „IAA“ во Минхен и ќе биде најевтиниот електричен автомобил на брендот на светскиот пазар. Како и бензинската „Honda N-One“ од претходната генерација, електричниот автомобил припаѓа на таканаречениот кеи-кар сегмент – традиционални јапонски минијатурни ...

Моделите „Ultra“ на „Samsung“ од серијата „Galaxy S“ не се променија значително во однос на дизајнот во последните години, но според информациите од познатиот технолошки инсајдер @UniverseIce, тоа наскоро би можело да се промени. Според него, поради планираните подобрувања на камерата, „Galaxy S26 Ultra“ би можел да ја добие најголемата промена во редизајнот од „S21 Ultra“ од 2021-ва година. @UniverseIce сподели рендер направен од обожавател на ...

„Coca-Cola“ ги надмина проценките за приходи и профит на Волстрит за вториот квартал од 2025-та година. Американскиот гигант имаше корист од одржливата побарувачка за производи без шеќер и повисоките цени на газираните пијалоци. Заработката на компанијата по акција достигна 87 центи наспроти проценката од 83 центи. Нејзините приходи се зголемија за 2,5% на 12,62 милијарди долари, додека очекувањата беа за 12,54 милијарди долари. Во исто време, ...

Руската економија изненади со својата отпорност, но повеќе од три години војна и западните санкции почнаа да ја оптоваруваат, пишува „Bloomberg“. Во ноември 2024-та година, агенцијата забележа дека Русија избрала „оружје наместо нафта“, осврнувајќи се на недостигот од храна, вклучително и нафта, на сметка на растечката воена индустрија. Сега пукнатините во прегреаната економија стануваат видливи, се вели и во анализата, забележувајќи дека ...

Инцидент се случил на летот на компанијата „Easy Jet“ од Лондон до Глазгов во саботата, откако еден од патниците почна да се заканува со бомба и да извикува „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алах акбар“. Напнатите моменти ги снимила патничка. На снимката, меѓу другото, може да се слушне човекот кој го совладал патникот и го собори на подот, а потоа горчливо го опцу и на тој начин откри дека потекнува од нашиот регион – ова е Зоран Настески, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува рокот од 50 дена што му го даде на рускиот претседател Владимир Путин на 10 до 12 дена за да се согласи на мировен договор со Украина. „Да, ќе поставам нов рок од околу 10 или 12 дена од денес“, им рече Трамп на новинарите додека разговараше заедно со британскиот премиер Кир Стармер во неговиот голф-центар во Тарнбери, Шкотска. „Нема причина да се чека“, додаде претседателот. „Сакам ...

Кога еднаш ќе ја преминеш границата, дали навистина оставаш сѐ зад себе? Или зад тебе остануваат луѓе кои и натаму чекаат и тивко броеле денови, месеци, години? Колку всушност вреди таа заработка ако во меѓувреме дома некој расте без твојата прегратка, твоите совети, твоето „добро утро“? Печалбарството е приказна стара колку и оваа земја. И додека за многумина финансиската сигурност што ја носи странската заработувачка е клучен мотив, ...

Нема реклама што може да го долови мирисот на свежо испечена пита во занаетчиска пекара во некое заборавено маало. Ниту пак маркетинг стратегија што ќе пренесе како се преминува тајната од една генерација на друга – во муабетот, во рацете, во… тишината додека месиш. И токму таа невидлива нишка е она што се обидуваат да го сочуваат македонските мали производители, пркосејќи ѝ на индустриската монотонија со рачна изработка и традиционални техники, ...

Воспоставувањето систем за географски ознаки за вино е клучен чекор во дефинирањето и унапредувањето на стандардите во производството и заштитата на идентитетот и уникатноста на македонското вино. Само со развојна стратегија и вклучување на сите чинители во процесот, ќе се обезбеди развој, како на винската индустрија, така и на лозарството во земјава. Ова беа клучните пораки од настанот на кој беше објавено формирањето на првата организација ...

НЛБ Банка официјално ја отвори реновираната експозитура на плоштадот Маршал Тито во Куманово, потврдувајќи ја уште еднаш посветеноста кон унапредување на својата деловна мрежа за подобрено клиентско искуство. Куманово доби репрезентативен и функционален банкарски објект, кој овозможува високо ниво на услуга и целосна поддршка за граѓаните и бизнисите во регионот. Во присуство на клиенти и партнери, свеченото отворање го означи високото ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 21.07.2025 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за половина денар. Од 29.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ...

Кога живееш како потстанар во Скопје, чувството дека немаш покрив над глава не исчезнува со плаќањето на месечната кирија. Всушност, станува уште поизразено, бидејќи цените упорно се движат нагоре, а станодавците не само што не ја подобруваат услугата, туку честопати дури и ја влошуваат. На социјалните мрежи, луѓето секојдневно споделуваат како се приморани да живеат во станови кои едвај можат да се наречат домови. Има примери каде за ...

Во последниве неколку години, осигурителната индустрија во Македонија, особено во делот на неживотно осигурување, се соочува со сериозни предизвици во однос на профитабилноста. Иако е дел од финансискиот сектор, кој традиционално се смета за стабилен и исплатлив, реалноста за осигурителните компании е сосема поинаква. Според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), вкупниот профит на сите друштва за неживотно осигурување во ...

„Samsung Electronics“ склучи договор вреден 16,5 милијарди долари за снабдување на полупроводници за „Tesla“, врз основа на поднесеното барање на јужнокорејската компанија до регулаторите и најавите на извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, за „Х“. Производителот на мемориски чипови, кој не ја именуваше другата страна, во своето поднесување наведе дека датумот на почеток на договорот е 26 јули 2025 година – прием на нарачки – а датумот на ...

Во последните неколку години, банките во Македонија пријавуваат рекордни добивки, достигнувајќи стотици милиони евра. Истовремено, многу вработени, особено оние кои работат на позиции во продажба, се жалат на ниски примања, високи цели и постојан стрес на работното место. Ова отвора сериозно прашање, дали големите профити на банките се резултат на фер менаџмент или на потценета и подплатена работна сила? Официјалната слика во банкарскиот сектор ...

Ако сакате да ослабете без да чувствувате глад или да консумирате вишок калории, зеленчукот богат со влакна е вашиот најдобар сојузник. Нутриционист ги открива десетте најдобри видови зеленчук кои не само што го поттикнуваат варењето и го намалуваат ризикот од болести, туку ви помагаат и да ја постигнете посакуваната телесна тежина. Иако често ги поврзуваме влакната со житарките, зеленчукот често е уште подобар извор на оваа суштинска хранлива ...

По повеќе од две години шпекулации, пристигна официјална потврда: Кинескиот автомобилски гигант „BYD“ го носи својот ултра-луксузен бренд „Yangwang“ на европскиот пазар. Ова е најпрестижниот сегмент од понудата на „BYD“, позициониран дури и над премиум брендот „Denza“. „Yangwang“ е создаден со јасна цел – да понуди технолошки напредни и исклучително моќни модели кои директно ќе се натпреваруваат со етаблирани имиња како што се „Bentley“, ...

„Пума“ ја намали својата прогноза за годишна добивка поради екстремно слабата побарувачка за спортски и лежерни производи и растечката загриженост за потенцијалното влијание на американските царини, објави „Bloomberg“. Германската компанија сега очекува да објави прилагодена загуба пред камати и даноци оваа година, според соопштението од четвртокот кое покажа разочарувачки прелиминарни резултати за вториот квартал. Тоа е значителен пад од ...

Загриженоста за фискалната одржливост и бавниот економски раст ги привлекува владите да преземат едноставен, но контроверзен чекор: да го намалат бројот на државни празници за да можат вработените и работниците да произведуваат повеќе. Но, економските придобивки се минимални, објавува „Bloomberg“. Постојат подобри начини за зголемување на продуктивноста и работните часови што би ги компензирале горчливите конфликти околу тоа како се дели ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
74%
1018
weather icon

Загреб

15ᴼ / 13ᴼ
0.0
82%
1017
weather icon

Софија

11ᴼ / 2ᴼ
1.03
52%
1021
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.09
71%
1018
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
98%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
0.45
85%
1019
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
63%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
0.89
82%
1018
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
100%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.2292

Currency

70.0511

Currency

34.8707

Currency

37.9994

Currency

66.2867

Currency

7.49847

Currency

0.66409

Currency

0.34494

Currency

0.52539

Currency

1.26766

Currency

0.60104