Пред извесно време нашата редакција пишуваше на тема Македонија нема капацитет да се справи со семафорот во Гостивар? Во екот на летната сезона, едно од главните прашања кое си го поставуваат луѓето кои патуваат од Охрид кон Скопје е „Кога да тргнам од Охрид за Скопје, за да не ме фати гужва на семафорот во Гостивар?“ Ова нерешливо прашање за институциите, сеуште прави фрустрации кај возачите, им го троши непотребно времето, а секако во ...

Скопје во последните години станува примамлива дестинација за оние што инвестираат во станови за краткорочно изнајмување преку AirBnB. Сè почесто се слуша дека профитот е добар, дека можеш убаво да заработиш, ама што навистина велат бројките? Време е да погледнеме низ конкретни примери, без романтики и слатки илузии. Прво, да бидеме реални за цените. Просечната цена за една ноќ во Скопје, барем според тоа што го гледаме од актуелните огласи, се ...

Трите најголеми банки во земјава наскоро ќе објават нови тарифници со намалени надоместоци за извршување платни услуги − најави гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за емисијата „Трилинг“. Оваа позитивна најава следи по интензивниот дијалог што Народната банка го води со банкарскиот сектор за унапредување на пристапот на граѓаните до поефикасни и до подостапни услуги. Како дел од заложбите за зголемување на ефикасноста ...

Вештачката интелигенција (AI) станува сè поприсутна во животот на тинејџерите, не само како алатка за решавање проблеми или донесување одлуки, туку и како „дигитален пријател“, обезбедувајќи емоционална поддршка, совети, па дури и другарство, според студијата на организацијата „Common Sense Media“. Според студијата, 70 проценти од тинејџерите ја користат AI како „придружник“, а половина од нив го прават тоа редовно, пишува „CBS News“. Студијата ...

Помалите компании во Европа го привлекуваат вниманието на инвеститорите, помагајќи им да ги заштитат своите портфолија и од царини и од посилно евро, додека поевтините кредити и перспективата за поголемо трошење на владата ја зголемуваат довербата во економските перспективи, пишува „Reuters“. Фокусирањето на помалите домашни компании ги прави инвеститорите помалку ранливи на даноци за прекугранична стока и помалку изложени на валутните ...

Германскиот производител „Audi“ во последно време се соочува со тешкотии, но верува дека може да ги сврти работите и да привлече дополнителни клиенти со нови модели како што се „A5“, „A6“, „Q3“ и „Q5“. Во исто време, компанијата подготвува нов „многу емотивен спортски автомобил“ што треба да го врати брендот „на вистинскиот пат“. „Треба да престанеме да талкаме и да се вратиме на вистинскиот пат, и тоа да го направиме сега. Мислам дека најлошото ...

„Deutsche Bank“ се врати на профитна територија, објавувајќи подобар од очекуваниот профит за вториот квартал и покрај мешаните перформанси на нејзината глобална единица за инвестициско банкарство и ударот од посилното евро. Најголемиот германски заемодавач објави нето добивка што им се припишува на акционерите од 1,485 милијарди евра во кварталот, во споредба со загуба од 143 милиони евра една година претходно. Тоа беше подобро од очекувањата ...

Земјите од еврозоната ќе најдат многу купувачи за својот долг, но по повисока цена и главно за краткорочни емисии на обврзници, пишува „The Wall Street Journal“. Се очекува понудата на државни обврзници да се зголеми откако сојузниците од Северноатлантскиот договор (НАТО) се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од БДП-то до 2035-та година од сегашните 2%. Само Шпанија доби исклучок, потсетуваат медиумите. Се очекува стабилната ...

Руската централна банка ја намали својата клучна каматна стапка на најниско ниво за речиси една година, бидејќи инфлацијата се забавува и расте загриженоста дека економијата што се лади може да влезе во рецесија, објави „Bloomberg“. Во петокот, монетарната власт ја намали својата клучна каматна стапка за 200 базични поени на 18%. Сите економисти анкетирани од „Bloomberg“ очекуваа намалување, при што 7 од 11 го предвидоа потегот. Еден аналитичар ...

САД и ЕУ постигнаа договор за царина што ќе спречи трансатлантска трговска војна меѓу двете страни, но сепак ќе воведе американски царини од 15 проценти за поголемиот дел од увозот од блокот. Како дел од договорот, ЕУ, исто така, се согласи да потроши стотици милијарди долари за дополнителни американски енергетски производи и оружје, во замена за широка царина од 15 проценти што ќе ги опфати многу европски извозни производи, вклучително и ...

Во изминатите неколку години, сѐ повеќе се зборува за исхрана која истовремено го штити нашето здравје и планетата. Научниците и експертите истакнуваат дека промената на навиките во исхраната влијае не само на телесната тежина и нивото на енергија, туку и на долгорочниот ризик од сериозни болести. Сепак, клучот не е во строгото негирање, туку во тоа колку често и колку доследно избираме. Значи, станува збор за „диета за планетарно здравје“ – ...

„OpenAI“, пионерот во областа на вештачката интелигенција, планира да го лансира својот модел „GPT-5“ уште во август, објавува „The Verge“, повикувајќи се на извори блиски до компанијата. Очекуваниот модел, кој беше планиран за ова лето, ќе биде позициониран како систем со вештачка интелигенција кој вклучува повеќе одделни модели со различни функции, за разлика од претходните индивидуални модели. „OpenAI“ сè уште не одговорил на барањето за ...

Во срцето на секое маало, некогаш гордо стоеше по едно гранапче, скромна, семејна продавничка, каде што се познаваа сите купувачи по име, а долговите беа запишувани во тетратка. Денес, тие места на доверба, близина и човечност сè почесто се затвораат, неприфатени од новата економска реалност, изгубени во сенката на големите маркети и дисконтни ланци. Малите продавници се соочуваат со зголемени цени за набавка, високи давачки и неповолни услови ...

Во услови на зголемена конкуренција и регулаторен надзор, сè повеќе компании се соочуваат со зголемена контрола од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) во Македонија. Една од најсериозните прекршочни постапки што може да ја покрене КЗК е поради таканаречено „картелско здружување“, кое е строго забрането според Законот за заштита на конкуренцијата. Картел е договор или усогласено дејствување помеѓу два или повеќе независни ...

Банките низ светот, но и во Македонија, веќе некое време се соочуваат со одредени промени поттикнати од брзиот технолошки развој, дигитализацијата на услугите и растечкиот притисок за оптимизација на трошоците. Продажниот персонал, кој традиционално беше срцето на банкарските филијали, сè почесто се соочува со реалноста на трансформација или адаптација на нови улоги или ризик од губење на работното место. Сè повеќе услуги се автоматизираат, како ...

Многу луѓе мислат дека овошјето е најздравиот начин да се започне денот. Но, професорот Тим Спектор, еден од водечките светски експерти за исхрана и епидемиолог на Кингс колеџ во Лондон, предупредува дека тоа не е секогаш случај. Според него, некои овошја можат да нè направат погладни и поуморни наутро, особено кога се јадат на празен стомак. Според професорот Спектор, бананите и мангото треба да се избегнуваат за појадок. Иако се богати со ...

Сè построгите прописи за емисии убија многу легендарни спортски мотори низ годините, вклучувајќи го и „S65 V8“ во „E92 M3“. Но, раководителот на „М“ дивизијата на „BMW“ вели дека сегашните мотори на неговата компанија нема да ја доживеат истата судбина – барем не засега. Извршниот директор на „М“ дивизијата на „BMW“, Франк ван Мил, разговараше со „Autocar“ за претстојниот стандард за емисии „Euro 7“ и неговото влијание врз „М“ моторите и потврди ...

„Microsoft“ објави ново ажурирање за „Windows 11“ кое носи голем број нови функции базирани на вештачка интелигенција (AI). Меѓу новите функции е понапреден „Copilot“, агент на вештачката интелигенција во рамките на Поставките, како и подобрувања на апликациите „Photos“, „Paint“ и „Snipping Tool“. Ажурирањето е означено како „Windows 11 24H2“ и веќе е достапно како опционално надградување за корисниците ширум светот. Корисниците сега можат да го ...

НЛБ Банка за периодот 01.01-30.06.2025 оствари нето добивка по оданочување на износ од 1.610.020 илјади денари, што е речиси идентична со ланската за истиот период кога изнесуваше 1.641.262 илјади денари. Банката пресмета вкупен данок од 231.958 илјади денари, по ефективна даночна стапка од 15% којашто вклучува дополнителен минимален глобален данок, воведен на крајот на 2024 година. Нето каматните приходи на Банката забележаа раст за 3,7 % ...

Централната банка на Србија планира да ги премести сите свои резерви на злато на своја територија за да ја осигури безбедноста на своите резерви во време на криза. Ова би ја направило Србија првата источноевропска земја што нема да го чува своето злато во традиционалните центри како што се Швајцарија, Велика Британија и САД. „Со враќањето на златото во земјата, Народната банка на Србија има за цел да ја зголеми достапноста и безбедноста на ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржи клучните каматни стапки непроменети за првпат по повеќе од една година, бидејќи бара поголема јасност за тоа како царините на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијаат на инфлацијата. Во четврток, стапките на депозитниот систем, главните операции за рефинансирање и маргиналниот систем за кредитирање беа оставени на 2%, 2,15% и 2,40%, соодветно. „Управниот совет денес одлучи да ги остави трите ...

Автоматизацијата, мобилното банкарство и новите модели на продажба го менуваат профилот на вработените во банкарскиот сектор. Дали класичните банкарски продавачи се на пат да исчезнат? Во последните неколку години, банкарскиот сектор претрпува големи трансформации. Сè поголем дел од услугите се дигитализираат, клиентите сè поретко влегуваат во експозитурите, а мобилните апликации и вештачката интелигенција стануваат прва точка на контакт меѓу ...

Менторството ни помогна да ги видиме нештата поинаку Во брзо менлив свет каде претприемачите секојдневно се соочуваат со нови предизвици, навремена и стручна поддршка може да направи голема разлика. Кога работиме секојдневно во нашиот бизнис, честопати се наоѓаме во „внатрешна перспектива“ – гледаме низ лична призма, одлучуваме врз основа на навики, рутина и искуство. Но, токму тоа, понекогаш не ни дозволува да ги забележиме клучните слабости ...

Некогаш гранапчињата беа место за муабет, доверба и „купување на вересија“, а денес се празни и со катанец на вратата. Во срцето на секое маало, меѓу улицата и спомените, некогаш беа гранапчињата, односно малите продавници каде што продавачката знаеше кој не е многу захтевен, кој сака „на парче“, а кој секогаш бара „на запишување“. Денес, сè почесто гледаме празни излози од дуќани, затворени врати и табли со натпис „се издава“. Според податоците ...

Во една земја каде што независноста одамна е повеќе идеал отколку реалност, сè повеќе млади луѓе ја доживуваат третата деценија од животот под ист покрив со родителите. Причините? Повеќеслојни. Некој ќе каже – мрзеливост. Но ако копнеш малку под површината, ќе те пресретне студеното лице на реалноста: станбен квадрат вреден како злато, а плата што едвај стигнува за бензин, интернет и за „непланирано“ гиро си другарите пред зграда. Цените на ...

На хартија, сè изгледа едноставно. Работно време – осум часа. Слободни викенди. Платен одмор. Но на терен – сосема друга приказна. Во реалноста, сè повеќе Македонци имаат две работи. Марина (32) од Битола, преку ден е администраторка во приватна клиника, а навечер пере чинии во ресторан. Домашните ѝ велат дека претерува. „Ако сакам да платам кирија, струја и да не јадам паштета секој ден – нема друг начин. Од една плата, ниту еден месец не ми ...

Сѐ повеќе луѓе во потрага по сопствено катче се вртат кон старата градба. Не од мода, туку од нужда. Или, понекогаш, од љубов кон нешто што веќе има душа. Прашањето што се провлекува е едноставно, ама не и со едноставен одговор: дали купувањето стар стан и неговото целосно реновирање е навистина исплатлива одлука? Некои ќе речат: да, вреди. Ќе добиете повеќе простор, подобра локација, и помалку бетон по глава жител. Ама… има и „ама“. Кога една ...

Си влегувате во продавница за половна облека, и на прв поглед сè изгледа малку хаотично – шарени маици, тексас јакни со мирис на „нешто туѓо“, па дури и некоја дизајнерска кошула што некој ја носел само еднаш. Што ве донесе овде? Финансиските услови, свесноста за животната средина или можеби… моден предизвик? Купувањето половна гардероба одамна веќе не се доживува само како спас од сиромаштија. Напротив, денес за многумина е свесен, па дури и ...

Оваа година, Скопско започнува нова кампања посветена на она што станува сѐ поретко во денешницата – вистинското опуштање и автентичната поврзаност. Во свет каде живееме под постојан притисок да бидеме совршени и да одржуваме слика што не е секогаш искрена, Скопско ја слави вистината и ни нуди момент да здивнеме. Со својот автентичен вкус – оној што го препознаваме во првата голтка – и со вековната врска со луѓето, Скопско останува симбол на ...

Дали имате проблем да заспиете? Можеби ќе сакате да го пробате овој војнички метод. Фитнес-тренерот Џастин Агустин го сподели овој едноставен трик на неговиот канал ТикТок, на кој има речиси два милиони следбеници. Можеби ќе сакате да го испробате, особено затоа што не е потребно да се вложи многу време. Џастин Агустин на ТикТок, познат како @justin_agustin, тврди дека со помош на овој метод успешно ќе заспиете за само две минути и дека е ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
74%
1018
weather icon

Загреб

15ᴼ / 13ᴼ
0.0
82%
1017
weather icon

Софија

11ᴼ / 2ᴼ
1.03
52%
1021
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.09
71%
1018
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
98%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
0.45
85%
1019
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
63%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
0.89
82%
1018
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
100%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.2292

Currency

70.0511

Currency

34.8707

Currency

37.9994

Currency

66.2867

Currency

7.49847

Currency

0.66409

Currency

0.34494

Currency

0.52539

Currency

1.26766

Currency

0.60104