Во Македонија, денес, да си дозволиш две кафиња и една кутија цигари дневно значи дека ти испаруваат најмалку 500 денари од џебот. Секој ден, без пауза, како часовник што не знае за одмор. За еден месец, тоа се околу 15.000 денари, а за една година цели 180.000 — речиси колку еден половен автомобил или една просечна плата за шест месеци. Цигарите годинава поскапеа уште еднаш, за 10 денари по кутија, па така сега цената на најпопуларните брендови ...

Во СГГУС „Здравко Цветковски“ во Скопје денеска се одржа централниот настан по повод одбележувањето на Денот за пензиска свесност – 15 септември, организиран од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Настанот беше посветен на младите и на нивната едукација за функционирањето на пензискиот систем, со цел уште од најрана возраст да се создаде култура на информираност и одговорност кон иднината. Пред ...

На состанокот на делегациите на Кина и Соединетите Американски Држави, постигнат е договор поврзан со „компанија од Кина“ која е „многу популарна меѓу младите“ во САД, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп. „Постигнат е договор за компанија која младите во нашата земја многу сакаат да ја спасат. Ќе бидат многу среќни“, напиша Трамп на својот профил на мрежата Truth Social, алудирајќи на бизнисот на платформата TikTok во САД. Трамп ...

Тетово, градот под Шара кој некогаш беше симбол на пазарска раздвиженост и изобилство од локални производи, денес носи една поинаква, далеку потешка титула — онаа на македонски рекордер по скапотија на основните прехранбени продукти. На неговите пазари, килограм грав — белото зрно кое со децении беше синоним за скромна, но хранлива трпеза — деновиве се продава и до 500 денари. Пет пати поцврст удар по домашниот буџет отколку пред само две-три ...

Кога станува збор за мудро финансирање, финансискиот свет секогаш се потпира на еден човек – Ворен Бафет (95). Што го направи овој американски инвеститор и мултимилијардер толку успешен? „Нема сомнение дека берзата внимателно слуша кога Бафет прави нешто“, рече Јирген Молнар, кој со години работеше на Франкфуртската берза, а моментално е експерт за пазарот на капитал на онлајн платформата Robomarkets. Бафет – легенда и пример Тој сè уште мисли ...

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Со оваа одлука се регулираат основните показатели со кои се оценува кредитоспособноста на физичките лица, кога тие бараат кредити од банките и од штедилниците. Мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година. Гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата за ...

Се вели дека човекот не знае колку вреди здравјето сè додека не го загуби. Но, во Македонија, тоа сознание доаѓа со уште еден шок – колку страшно скапо е да се разболиш. Како некој да ја пресметал секоја болка во денари, а потоа со рамнодушна точност ја закачил на ценовникот на некоја приватна ординација. Прво ја трпиш главоболката, желудникот што „само малку те боцка“, заморот што се лизга низ деновите како чад. И сè додека можеш да одиш на ...

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува пошироката јавност дека истекува рокот за поднесување на Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд. Согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и ...

Додека истражителите ги испитуваат онлајн пораките и белешките за мотивот на убиството на Чарли Кирк, еден од најистакнатите конзервативни активисти во Соединетите Американски Држави, властите исто така истражуваат дали романтичната врска на осомничениот со трансродов цимер одиграла улога во мотивот. Во меѓувреме, низ целата земја се одржуваат бдеења во чест на Чарли Кирк, 31-годишен сојузник на Доналд Трамп, а неговата вдовица најавува ...

Британската влада објави нови инвестиции во вредност од 1,25 милијарди фунти (1,69 милијарди долари) од големи американски финансиски фирми, вклучувајќи ги „PayPal“, „Bank of America“, „Citigroup“ и „S&P Global“, пред државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп. Се очекува инвестициите да создадат 1.800 работни места во Лондон, Единбург, Белфаст и Манчестер и да ги продлабочат трансатлантските финансиски врски, соопшти ...

По лансирањето во бета верзија пред неколку недели, „Android Auto 15.0“ сега се објавува за повеќе корисници. Сепак, нема големи промени во споредба со претходната верзија. И покрај некои големи нови функции во изработка, новите верзии на апликацијата „Android Auto“ обично носат многу малку иновации. Новото ажурирање започна да се објавува во бета верзија кон средината на август, а сега генерално почна да пристигнува за сите корисници. Врз ...

ЕОС Матрикс Македонија, која е дел од меѓународната ЕОС Групација, продолжува со зацврстување на својата позиција како лидер на македонскиот пазар во сегментот на управување со побарувањата. Оваа компанија во изминатиов период значително го прошири своето портфолио и, заедно со унапредувањето на услугите, дигитализацијата, како и примената на иновативни решенија, дополнително ја потврди довербата кај своите партнери и корисници. Растот на ЕОС ...

Македонскиот градинарски центар Фоја, одбележува две децении успешно работење. 20 години на доверба, иновации и силна страст кон зелена и похумана животна средина. По тој повод, започнува специјална роденденска кампања, 20 дена со ексклузивни попусти, почнувајќи од 20 септември. Фоја градинарскиот центар отсекогаш претставувал повеќе од место за купување растенија,парковска библиотека, динамична ботаничка градина која редовно ги воодушевува сите ...

Од јануари до почетокот на септември реализирани се 291 милиони евра капитални инвестиции. Официјалните податоци на Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со 9ти септевмри капиталните расходи се на ниво од 37,9 отсто. И покрај ваквата реализација властите не чувствуваат одговрност и сметаат дека во периодот што следи бројките ќе си дојадат на своето. Ставот на владата е дека насекаде во Македонија се градат капитални проекти, ...

Македонскиот градинарски центар Фоја, одбележува две децении успешно работење. 20 години на доверба, иновации и силна страст кон зелена и похумана животна средина. По тој повод, започнува специјална роденденска кампања, 20 дена со ексклузивни попусти, почнувајќи од 20 септември. Фоја градинарскиот центар отсекогаш претставувал повеќе од место за купување растенија,парковска библиотека, динамична ботаничка градина која редовно ги воодушевува сите ...

Жителите на општина Аеродорм утрово во 7:30 часот го блокираа мостот “Близнаци” со итни барања за затвторање и расчистување на дивата депонија Вардариште, која континуирано со години го труе половина град. “Бараме конечно да се реши деценискиот проблем со депонијата Вардариште која е закана по здравјето на граѓаните”, велат демонстрантите. Граѓаните бараат итно решавање на проблемот со Вардариште, но и со депонијата Дрисла за да престане ...

Сè почесто и поотворено луѓето признаваат дека живеењето во Скопје станало скапо – не „малку поскапо“, туку вистински товар кој ја штипе секоја плата уште на првиот ден од месецот. Според последните податоци на „Нумбео“, најголемата глобална база за трошоците на живот, четиричлено семејство во главниот град денес мора да има на располагање околу 121.122 денари месечно, односно околу 1.970 евра. Ако се пресмета поединечно, тоа значи дека само ...

Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, е сериозен здравствен проблем што ги засега голем број возрасни лица. Бидејќи честопати поминува без очигледни симптоми, може да доведе до сериозни компликации, како што се срцев удар или мозочен удар. Кардиологот д-р Еван Левин предупредува на суптилни знаци што луѓето често ги игнорираат и ја нагласува важноста од редовно проверување на крвниот притисок. Што е хипертензија? Хипертензијата е ...

По повеќе од 25 години успех во сегментот на компактни автомобили, „Ford“ го завршува производството на својот популарен хечбек „Focus“ подоцна во оваа година. Сепак, ова не значи крај на името, бидејќи ќе му биде дадено на нов „SUV“, објавува „Autocar“. Според информациите, новиот кросовер од средна големина ќе биде лансиран во 2027-ма година, а производството ќе се одвива во фабриката на „Ford“ во Валенсија. Сегашниот „Focus“ се склопува во ...

Да му оддадеме признание на „Oracle“ за јасните бројки што покажуваат нејасен бизнис. Но, одржувањето на тие бројки нема да биде лесна задача, според „The Wall Street Journal“. Софтверскиот гигант ги шокираше инвеститорите оваа недела со својот извештај за заработка за првиот фискален квартал. Бројките покажаа дека неговите преостанати обврски за перформанси – договорни приходи што сè уште не се признати, се зголемија тројно во однос на ...

Кина се соочува со голем број предизвици во намалувањето на емисиите на јаглерод, што е една од клучните климатски цели поставени во најновиот петгодишен план на владата, објави „Bloomberg“. Пекинг наведе фактори, вклучувајќи ги трговските тензии со Соединетите Американски Држави, екстремните временски услови и ефектите од пандемијата Ковид-19. Контролирањето на интензитетот на емисиите е „предизвикувачки“, рече кинескиот министер за екологија и ...

Идејата да го претставиме најуспешниот спортски и студентски колектив, да поразговараме за континуитетот на освоени медали со Универзитетската карате репрезентацијата и остварување на голем број на спортски резултати, но сега само од агол на каратистите на нашиот најуспешен Карате клуб “Макпетрол”. Познато е дека Македонската карате репрезентација е најуспешна репрезентација во Македонија. Каратето во Македонија, има долгогодишна успешност и ...

Џорџо Армани во својот тестамент ги изложил плановите за продажба на удел во неговата модна куќа на голема луксузна компанија. Со тоа започнува процес што на крајот ќе го вклучи италијанскиот бренд во поголема група, објави „Bloomberg“. Документите, објавени во петокот, им наложуваат на неговите наследници да продадат почетни 15% удел во „Giorgio Armani“ на еден од трите преферирани купувачи – „LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton“, ...

Есента е сезона за некои од најхранливите намирници што го забрзуваат метаболизмот. Од крцкави јаболка до заситувачки тиквички, овошјето и зеленчукот што моментално ги има на пазарите и во продавниците не се само вкусни, туку може активно да го поддржат согорувањето на мастите и да помогне во слабеењето. Богати со влакна, антиоксиданси и бавно сварливи јаглехидрати, овие есенски намирници ве одржуваат сити подолго време, а воедно го снабдуваат ...

Овој електричен теренец навестуваше дека „Toyota“ е подготвена да електрифицира една од своите најпознати серии, но компанијата не даде цврсти ветувања за производството во тоа време. Речиси две години подоцна, таа идеја изгледа помалку шпекулативна. Нов извештај сугерира дека концептот бил повеќе од само дизајнерска вежба, поставувајќи ја основата за електричен „Land Cruiser“ насочен директно кон американскиот пазар. „Reuters“, повикувајќи се ...

Вештачката интелегенција е извор и на восхит и на страв во последниве години, бидејќи нејзините реченици звучат сè поприродно, а нејзините одговори личат на оние што би ги дал човекот. Сепак, научниците нè потсетуваат дека она што сега го нарекуваме генеративна вештачка интелегенција не е ништо повеќе од напреден „калкулатор на зборови“. Според порталот „ScienceAlert“, модели како „ChatGPT“ работат со анализа на огромни количини текст и обрасци ...

По објавата на банките за намалување на банкарските провизии, вниманието сега се насочува кон тоа како граѓаните и компаниите ќе ги користат новите, поевтини услуги. Една од најголемите промени се очекува да се случи кај електронското и мобилното банкарство, кое станува сè подостапно и поевтино во споредба со традиционалните шалтерски услуги. И покрај тоа што дигиталното банкарство е достапно со години, голем дел од граѓаните и понатаму ...

Акциите на берзата во Њујорк достигнаа рекордни максимуми во четвртокот, откако податоците за инфлацијата во август во голема мера ги исполнија очекувањата, зајакнувајќи ги надежите на инвеститорите дека Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки во септември. Индустрискиот Дау Џонс ја проби границата од 46.000 поени. Оваа нова пресвртница од 1.000 поени беше достигната по 191 трговски ден, при што растот на индексот, кој е пондериран со ...

Меѓународните трговци со гас ја напуштија големата индустриска конференција во Милано без јасен консензус за тоа кога, ако воопшто, побарувачката од кинеските купувачи ќе се опорави, што е клучен ризик бидејќи залихите на течен природен гас (LNG) продолжуваат да растат, објави „Bloomberg“. Додека европските купувачи склучија серија договори за снабдување на маргините на конференцијата „Gastech“ оваа недела, дел од подготовките за постепено ...

Африка ќе добие 70 проценти од 100-те милијарди долари што единица на Светска банка ги мобилизираше за да обезбеди прифатливо финансирање за најсиромашните земји во светот. Тоа би можело да помогне во ублажување на влијанието од намалувањето на помошта, изјави висок директор на заемодавачот, според „Bloomberg“. „Бевме многу јасни дека банката останува силно посветена на Африка“, рече Аксел ван Троценбург, висок генерален директор на банката, во ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1030
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
84%
1026
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.22
88%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
98%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
71%
1028
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1028
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
93%
1026
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Бакар

10.76

Кобалт

58.42

Калај

41.29

Рутениум

29192.88

Цинк

3.03

Платина

59937.34

Родиум

255598.44

Сребро

2049.55

Алуминиум

2.88

Иридиум

145787.60

Паладиум

50830.33

Злато

138322.05