Во лето секогаш се повторува истата слика: туристичките агенции нудат попусти во последен момент, а граѓаните со нетрпение чекаат да ги зграпчат тие „last minute“ понуди. Сценариото веќе е добро познато, но прашањето е – зошто луѓето се решаваат да ризикуваат и да чекаат до последен ден? Одговорите се повеќеслојни, како и самата економска реалност. „Семејството одамна сакаше одмор, ама кога ќе видиш дека цените за јули и август скокаат, ...

Навидум едноставен тест за рамнотежа, стоење на една нога десет секунди, може да биде вреден показател за вашето здравје и долговечност. Според експертите, овој тест ја открива состојбата на вашата мускулна маса, чие губење со текот на времето значително го зголемува ризикот од паѓања, особено во староста. Од 30-годишна возраст па натаму, телото природно почнува да губи мускулна маса – околу еден до два проценти секоја година. До 80-годишна ...

Комбинацијата од „кафез“, специјално дизајнирано седиште и сигурносен појас, обезбедува безбедно возење без потреба од кацига или стандардна заштитна опрема. На „IAA Mobility 2025“ во Минхен, баварскиот производител ќе го претстави „BMW Motorrad Vision CE“, футуристички концепт за електрична мобилност на две тркала за урбани средини. Најистакната карактеристика на „BMW Motorrad Vision CE“, покрај електричниот погон без емисии, е елиминирањето на ...

„Vivo“, „Oppo“, „Xiaomi“ и „Red Magic “почнаа да ги најавуваат своите водечки телефони од следната генерација, а сега „Honor“ им се придружи со најавувањето на серијата „Magic 8“. Менаџерот на водечките серии на „Honor“, Ли Кун, на кинеската социјална мрежа „Weibo“ навести дека „Honor Magic 8 Pro“ ќе биде новиот телефото крал од 200MP. Претходно, доверливиот инсајдерски „Digital Chat Station“ сподели детали за серијата „Honor Magic 8“, која се ...

„Deutsche Bank“ ќе продолжи да се потпира на растот на својот инвестициски бизнис во својата следна стратегија за развој, која ќе стапи на сила од почетокот на 2026-та година, изјави извршниот директор на заемодавачот Кристијан Зивинг. „Банката ќе продолжи да инвестира во единицата, која обезбедува услуги како што се советување за трансакции и организирање јавни листи на компании“, рече Зивинг. Тој додаде дека планира да ангажира „виши банкари“ ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 05 септември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 110,76 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 88,22 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 90,76 евра за мегават час, а на MEMO 22,23 евра. Цената на ...

Финансиските резултати на неживотното осигурување за првата половина од 2025 година јасно покажуваат дека основната дејност – продажбата на полиси и управувањето со ризик, не генерира профит. Вкупните приходи од работењето изнесуваат 5,94 милијарди денари (+7,2%), од кои најголем дел доаѓаат од заработената премија (5,1 милијарди денари, раст од 7,2%). Сепак, расходите за штети (2,34 милијарди денари), трошоците за спроведување на осигурувањето ...

Европа значително ја намали својата зависност од руската енергија, но милијарди евра сè уште се влеваат во Русија секоја година. Со претстојната построга забрана, многу земји-членки ги диверзифицираа своите извори, додека други сè уште се потпираат на руските цевководи и течниот природен гас (LNG). Ова е според „Европската њузрум“, платформа за соработка помеѓу 23 европски новински агенции. Во услови на дипломатски напори минатиот месец за ...

Мојца Домитер е назначена за членка на Управата на Атлантик Група задолжена за човечки потенцијали и култура, што претстваува сериозна поддршка за Управниот одбор во спроведувањето на корпоративната стратегија и за идниот развој на компанијата. На седницата која се одржа на 4 септември, Надзорниот одбор на Атлантик Група донесе одлука за назначување на нови членови на Управата и Комисиите на Надзорниот одбор, како и за избор на Заменик ...

Според неревидираните извештаи заклучно со 30.06.2025 година, УНИ Банка продолжува со позитивниот тренд, зацврстувајќи ја својата позиција на пазарот со одлични финансиски резултати за првото полугодие од 2025 година. Банката забележа значителен раст на добивката, потврдувајќи ја својата стабилност и успешна стратегија. Највпечатливиот податок е растот на добивката пред оданочување, која изнесува 202,9 милиони денари, што претставува импресивен ...

Факт е дека компаниите сакаат креативни луѓе. Но, понекогаш ентузијазмот знае да излезе од контрола. На социјалните мрежи се појави писмо за одбиена кандидатура во Kaufland Бугарија, кое покажува што може да се случи кога кандидатот ќе понуди „малку повеќе“ идеи од очекуваното. Еве дел од предлозите на кандидатот во мотивациското писмо: Реакцијата на HR тимот била благодарност за ентузијазмот, но и порака дека „апокалиптичните“ идеи не се баш ...

Осигурителната индустрија во сегментот на неживотно осигурување забележа позитивни финансиски резултати во првата половина на 2025 година. Вкупните приходи од работењето достигнаа 5,94 милијарди денари, што претставува раст од 7,16% во однос на истиот период минатата година. Клучен двигател на резултатите е порастот на бруто полисираната премија, која изнесува 7,97 милијарди денари, односно 18,7% повеќе во споредба со првото полугодие од 2024 ...

„Кога ќе дојде први во месецот, не мислам на ништо друго освен на киријата“, вели Емилија, самохрана мајка од Скопје. Таа плаќа 350 евра месечно – половина од својата плата – и признава дека многу пати морала да одложи сметки за струја или да купува храна на вересија, само за да не доцни со плаќањето. „Детето расте, има потреби, а јас живеам со страв дека ако задоцнам, газдата ќе ми рече – барај друго место“. Скопје одамна го надмина својот праг ...

Граѓаните на општина Аеродром и утрово се пожалија на силна миризба на гума и пластика. Вардариште повторно беше зафатено од пожар, ширeјќи токсичен чад кон населбите во Скопје кој претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните. Од утрово имаше бројни реакции на социјалните мрежи за силна и непријатна миризба што се шири низ домовите, а дел од граѓаните се жалат и на отежнато дишење, особено повозрасни лица и деца. Жителите на Аеродром ...

Флекс Кредит доделија речиси 50 ваучери за патување на вработените кои постигнале најдобри резултати за првата половина од 2025 година. Вработени од филијалите, кредитниот оддел и административна поддршка беа наградени со ваучер како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати. Со оваа иницијатива, компанијата уште еднаш го потврдува значењето што го дава на препознавање и вреднување на трудот и ангажманот на своите вработени. ...

Локалните избори не се битни само за жителите, за граѓаните кои живаат во општините каде се бира нов градоначалник. Тие се многу важни и за бизнисот, за приватниот сектор, за стопанствениците. Поради тоа Регионална занаетчиска комора – Куманово која го покрива Североисточниот регион и тоа Општина Куманово, Општина Липково, Општина Старо Нагоричане, Општина Крива Паланка, Општина Ранковце и Општина Кратово излезе со барања до сите кандидати за ...

Поранешна Југославија беше индустриски гигант и едно од ретките социјалистички општества што успешно тргуваше и со Истокот и со Западот. Од бродоградилишта до прехранбената индустрија, југословенските производи пристигнуваа до пазарите низ целиот свет – од Европа, преку Африка, па сè до Јужна Америка. Еве еден преглед на најпознатите производи и индустрии што Југославија ги користеше за да го изгради својот имиџ на светската сцена. Застава – ...

„Секој човек има право на фер и квалитетни финансиски услуги, а финансиската едукација е клучот за стабилен систем и за заштита на граѓаните“ – порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Глобалниот форум за политики на Алијансата за финансиска инклузија (АФИ), којшто се одржува во Намибија. Во своето воведно обраќање пред регионалната иницијатива за Источна Европа и Централна Азија (ECAPI), гувернерот нагласи дека финансиската ...

Секоја нова зграда што никнува по скопските улици со блескави фасади и стаклени влезови, остава впечаток дека градот расте и се модернизира. Но зад таа слика, едно прашање упорно ѕирка во умот на луѓето: колку навистина веруваме дека овие објекти се градат со квалитет? Граѓаните, особено оние кои вложуваат животна заштеда во стан, често се двоумат меѓу гордоста дека ќе станат сопственици на нов дом и стравот дека ќе купат „мачка во вреќа“. „Кога ...

„Отидов за шест месеци, а останав веќе три години…“ – вака ја почнува својата приказна Горан, 32-годишен скопјанец кој заминал во Даблин со намера да собере „брзи пари“. Она што му изгледало како едноставна сметка – плата од 2.000 евра наспроти македонските 500 – брзо се претворило во поинаква реалност. Ирска нуди плати што звучат привлечно, особено кога се споредуваат со домашните, но многумина брзо се соочуваат со фактот дека животот таму не е ...

Тој почина денес на 91-годишна возраст и беше модна икона и еден од највлијателните дизајнери во историјата на модната индустрија. Да, тоа е Џорџо Армани! Не само што изгради империја со стил, туку во текот на децениите создаде и богатство кое ве остава без здив. Неговото име долго време е синоним не само за елеганција, туку и за финансиски успех на светско ниво. Според проценките на Форбс во 2025 година, Армани успеал да „вреди“ околу 12,1 ...

“Граѓаните блокираат и протестираат, а депонијата Вардариште и денеска гори! Доста е!”, вели проф. Д-р Горан Марковски, кандидат за градоначалник на Скопје и Јана Белчева Андреевска, носителка на кандидатска листа за советници за Скопје од Независни заедно за депонијата Вардариште Има стручни и професионални студии, акциски планови и препораки изготвени за Вардариште, (ЛЕАП 3, ГУП елаборатот и Прирачникот за пожари од САЛАР), но тоа што досега ...

Овие последни денови од летото, после одморите многу луѓе се соочуваат со хиперпигментација, честопати предизвикана од оштетување од сонцето, хормонални промени или воспаление на кожата. Соочени со предизвикот за враќање на рамномерноста на тенот, тие се обраќаат до своите дерматолози, за совет. А од нив речиси 99% го препорачуваат Еуцерин, и Анти пигмент колекцијата, специјално дизајнирана за таргетирање и намалување на оваа појава, за која е и ...

Geely го претставува новиот EX5, електрично SUV возило кое од денес е достапно и на македонскиот пазар. Овој модел се одликува со современ дизајн, напредна технологија и високо ниво на удобност, создаден за љубителите на електричните возила и патувањата без ограничувања. EX5 се издвојува со динамичната силуета и модерните LED светла кои му даваат препознатлив изглед на патот. Панорамскиот покрив со интелигентна UV и термо-изолација и автоматско ...

Во годината кога А1 Македонија одбележува шест години од воведувањето на брендот, компанијата продолжува да инвестира во создавање извонредни дигитални искуства. Со визија за дигитална иднина која е поедноставена, поврзана и флексибилна, А1 денес го претставува унапреденото и ново A1 Combo портфолио, но сега со нови функционалности што го прават побогато од кога било досега. А1 го претставува и новото портфолио со тарифи за мобилни услуги A1 ...

Стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година е 3.4 % во однос на истото тримесечје од 2024 година. Според Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.0 % и ...

Кога станува збор за мудро финансирање, финансискиот свет секогаш се потпира на еден човек – Ворен Бафет (95). Што го направи овој американски инвеститор и мултимилијардер толку успешен? „Нема сомнение дека берзата внимателно слуша кога Бафет прави нешто“, рече Јирген Молнар, кој со години работеше на Франкфуртската берза, а моментално е експерт за пазарот на капитал на онлајн платформата „Robomarkets“. Тој сè уште мисли за Ворен Бафет она што ...

Државата ќе субвенционира уште пет нови авилинии, до Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Неапол и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28 јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, главниот аеродром Молпенса, објавија денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Јозев Варади, главниот извршен директор на „Виз Ер“. “Тука сме да споделиме три убави вести. Првата е да објавиме пет нови авиолинии, три од ...

Јаболката често се истакнуваат како едно од најздравите овошја, делумно поради нивната содржина на влакна – едно јаболко со средна големина (200 грама) има околу 4 грама влакна. Но, тие не се единственото овошје кое е богато со влакна. Според упатствата за исхрана, се препорачува да се консумираат најмалку две порции овошје дневно, а диететичарите нагласуваат дека изборот на овошје богато со влакна е одличен начин да се постигне препорачаниот ...

Електричните автомобили на „Xiaomi“ се вистински хит, компанијата не може да ги произведе доволно брзо за да ги продаде. „Xiaomi“ го освои кинескиот пазар, објавувајќи уште еден месец импресивна продажба со повеќе од 30.000 возила испорачани во август. Ова е втор таков месец по ред, извонреден подвиг за бренд кој го продаде својот прв автомобил пред нешто повеќе од една година. Експлозијата на продажба е резултат на успехот на „Xiaomi YU7“, ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
86%
1030
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
1.54
67%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.75
81%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
82%
1028
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Родиум

255598.44

Платина

59937.34

Цинк

3.03

Рутениум

29192.88

Калај

41.29

Бакар

10.76

Сребро

2049.55

Алуминиум

2.88

Злато

138322.05

Иридиум

145787.60

Паладиум

50830.33

Кобалт

58.42