КИЦА КОЛБЕ Има нешта за кои толку долго сонував што, кога се остварија, ги доживеав како чудо. Затоа што имам егејско потекло, знам дека многу сонови не се остваруваат. Сонот на татко ми да се врати „дома”, во Овчарани (Meliti), остана неостварен до смртта. Во Граѓанската војна во Грција, на петнаесет години, во една зимска ноќ 1947-та, тој пребега, заедно со родителите, преку грчко-југословенската граница. Мајка му, баба ми Кица, не стигна до ...

За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари. Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни, бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани (29 април – 6 мај 2024). За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа ...

Гудрун Штајнакер, потпретседателка на Здружението на Југоисточна Европа СОГ, на панелот „Спротивставување на авторитаризмот“, на Конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права“, на 12 декември 2024 година Скопје. Многу сум благодарна што сум поканета на оваа конференција. Добро е што се вратив во вашата земја, иако имав можност неколку пати да бидам овде откако заминав како германска амбасадорка во Скопје во 2014 година. Се ...

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“, ќе се формира мешовит комитет и ќе се разговара со макеоднската страна за текстот на договорот, соопшти денеска прес-службата на Советот на министри. Како што пренесува БТА, целта е да се направат јасни обврски и рокови за изградба на железничката врска меѓу Бугарија и Северна Македонија. – Министерството за ...

ВЕСТ НА ДЕНОТ Осум лица осомничени за злоупотреби во ТИРЗ Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, оформи предмет и поведе постапка против осум лица поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Првоосомничен во предметот е поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски… ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Од успехот на новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и ...

Владимир Кецмановиќ, татко на малолетникот кој на 3 мај 2023 година со пиштол усмрти девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, и рани уште пет ученици и наставничка, е осуден на 14,5 години, а неговата мајка, Миљана Кечмановиќ на три години затвор. Инструкторот на стрелиште е осуден на 15 месеци затвор за давање лажно сведочење. Судскиот процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но пресудата е јавно ...

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на Инфраструктура на железницата на Србија, Јелена Танасковиќ, за уривање на бетонската настрешница на влезот на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека поднело обвинение против тие лица во врска со трагичниот настан од 1 ...

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Деновиве седиме пред телевизорите и гледаме како еден освежувачки дух од соседството со денови ја одржува својата оптимистичка најава за едно ново општество и сè уште е во добра кондиција. Се мешаат во главата при тоа и некои потсетувања за студентски протести кај нас и се врзуваат со најава за нова реприза, овој пат заради нерешавањето на прашањето за превозот на младите луѓе со индекс во раката од главниот град, по укинување ...

Соединетите Американски Држави ќе и дадат на Украина 15 милијарди американски долари обезбедени од идните приходи од замрзнатите руски средства, објави украинскиот премиер Денис Шмихал на Телеграм, пренесува Укринформ. „Украинското Министерство за финансии и Светската банка го потпишаа соодветниот договор. Ова ќе биде финансирање во рамките на проектот PEACE во Украина и дел од американскиот придонес од 20 милијарди американски долари во рамките ...

Роџер Касале – Нов европски народен форум, на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“, на Конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права“, 12 декември 2024 година, Скопје. Национализмот и авторитаризмот маршираат по истиот пат рамо до рамо, и тоа е патот до војната. Затоа треба да размислиме за тоа. Не само оваа недела, неделата за човекови права, туку во секое време. И како Европеец, знам дека Европа е мировен ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Некој ќе рече, изминува тешка година. Да, тоа не може да биде поточно. Всушност, ќе биде најточно ако кажеме дека изминува една исклучително тешка петолетка. Пет години се период кога се спроведуваат стратегии на цели држави и сојузи од држави, се трансформираат општества, се менува ликот на целата планета. А тој период зад нас е навистина мрачен. Според Worldometer, КОВИД-19 пандемијата однесе седум милиони животи[1]. УНХЦР во јуни ...

Џими Картер, решителен, но скромен гувернер од југот на САД, кој во 1976 година стана претседател, почина во неделата во својот дом во Плејнс, Џорџија, на возраст од 100 години. Тој беше најстариот жив поранешен претседател на САД во историјата. Неговата смрт ја потврди неговиот син, Џејмс Е. „Чип“ Картер III. Во февруари 2023 година, Картер центарот соопшти дека поранешниот претседател, по неколку хоспитализации, решил да се откаже од ...

Актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, победи во сите хрватски жупании, а најмногу гласови доби во Истра, Меѓумурје и Вараждин, додека кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, победи само во странство, покажуваат вечерва објавените резултати на хрватската Државна изборна комисија (ДИК). Како што пренесува МИА, според последните податоци, врз ...

Вчера се извршени 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино и еден во Битола, по што ќе биде поднесена кривична пријава против 12 лица македонски државјани и 1 странец, за 45 кривични дела поврзани со криумчарење луксузни возила и фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба. МВР денеска соопшти дека врз основа на воспоставена криминалистичка контрола од страна на СВР Скопје- ЕВР Ѓорче ...

До денеска на полноќ кога почнува дводневниот изборен молк, останува кандидатите за претседател на Хрватска да ги убедат гласачите дека еден од нив е најдобриот избор за следниот петгодишен мандат. Дводневниот изборен молк пред изборите в недела на 29 декември ќе трае цела сабота и недела до 19 часот или до затворање на избирачките места, од кои 6.755 ќе бидат отворени во Хрватска и во странство. Осум кандидати учествуваат на осмите ...

Денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ е: Што ја одбележа 2024 година? Изминува една од потешките години во сеќавањето на светот. Имаше и настани што влеваат надеж. Што, според вас, ја одбележа годината што изминува? Како ќе ви остане во сеќавање? Учествувајте. Бидете дел од одговорот. Со учество во сегментот #ПрашањеНаДенот, секој има можност да учествува во нашите заеднички напори да посочиме на клучните прашања со кои се соочуваме во секојдневниот ...

ЗОРАН ИВАНОВ Со таква изборна доверба и со такво мнозинство ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот прв човек веќе си ја прокоцкаа историската шанса да направат или барем да постават темели за брзи, ефектни и ефикасни реформи и наспроти ветувања само со катадневни телевизиски бла, бла гачки, само волунтаристички си се препелкаат меѓу ветувањата и неостварувањата вознесени од фактот што во своите раце ги имаат дизгините на владеење со буџетот и со министерството ...

Русите секојдневно докажуваат дека човечкиот живот за нив е безвреден. По секојдневниот ракетен терор врз цивилите и цивилната инфраструктура во Украина каде гинат недолжни украински цивили, меѓу кои и голем број деца, по соборувањето на азербејџанскиот патнички авион, сега за забава на крволоците низ Русија кружи „празнично“ видео со убиството на Дедо Мраз со руски проектил, убивајќи го истовремено празничниот дух на божиќните и новогодишните ...

ДРАГАН МИШЕВ Воопшто не се обидувајте да одговорите, ова не е прашање на денот, овојпат прашањето е чисто реторичко. Од досегашното искуство со различни состави во „таканаречената“ Антикорупциска, со сигурност може да потврдиме дека ДКСК секогаш може да падне уште пониско, пробивајќи го дното со секое ново небулозно соопштение што ќе го објави. Таман помисливме дека примерот на поранешниот претседател на ова антикорупциско тело, Горан Миленков, ...

Собранието вечерва ги донесе Законот за учебници во основно и средно образование, Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за образование на возрасните. Поддршка од пратениците добија и неколку закони од областа на културата: Законот за изменување на Законот за заштита на културното наследство, Законот за изменување на Законот за филмската дејност, Законот за изменување на Законот за издавачката дејност, ...

Израелските сили упаднаа во болницата Камал Адван, ставајќи ја вон функција и последната преостаната медицинска установа во северниот дел на Газа. Светската здравствена организација го осуди нападот на Израел во витална болница во северниот дел на Газа, велејќи дека нападите врз медицинските установи се „смртна казна“ за илјадници Палестинци и дека „овој ужас мора да заврши“. Како што соопшти СЗО, израелскиот воен напад врз болницата Камал Адван ...

Водечката авиокомпанија во Азербејџан денеска соопшти дека ги прекинува своите летови до неколку локации во Русија поради потенцијална закана, откако се појавија сомневања дека нејзиниот авион бил соборен од руската противвоздушна одбрана оваа недела. Авионот „Ембраер 190“ на Азербејџан ерлајнс во средата леташе од главниот град на Азербејџан, Баку, кон рускиот град Грозни, кога од се уште неразјаснети причини бил пренасочен и се урна додека се ...

Политичка волја, но и политички договор дека кога ќе почне процедурата и ќе заврши, како и сигурност дека нема да има потенцијално бугарско вето се потребни за спроведување на уставните измени. Со вакви пораки вчера излегоа претседателот на Собранието Африм Гаши и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, еден ден по годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците, во кое таа меѓу другото потенцира дека ...

Азербејџан ги одби понудите за помош од руската република Чеченија за жртвите на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс што се урна во Казахстан на почетокот на оваа недела, пренесе ДПА. – Ниту државата, ниту нејзините граѓани нема да прифатат таква помош, објави денеска азербејџанскиот информативен портал Day.az, цитирајќи неименуван претставник на претседателскиот кабинет на Азербејџан. Авионот требало да слета во Грозни, главниот град на ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека Алијансата ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море, откако Финска задржа танкер поврзан со Русија поради можноста да се користи за вршење саботажа. Руте, во објава на мрежата Икс, рече дека разговарал со финскиот претседател Александар Стуб и изразил солидарност со таа земја во тековната истрага за саботажата. „НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото ...

Белорускиот диктатор Александар Лукашенко во целост ја има прифатено матрицата на неговиот ментор Путин, па и кога се работи на индоктринација на децата од најмала возраст. Така, градинката бр. 4 во Лелчици си доби своја група „млади патриоти“, откако во есента 2024 година, се појавија информации за истата група на „граѓанско-патриотска ориентација“ во Житкавичи, додека во регионот Хомиел во три градинки веќе има такви групи Како што пренесува ...

Јавното обвинителство веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, во врска со информациите кои ги изнесе на собраниска седница за пратенички прашања дека претходната власт физички го следела него тогаш како предводник на најголемата опозициска партија, оти наводно бил лидер на паравоена формација. -Јавното обвинителство веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната ...

Белорускиот диктатор Александар Лукашенко планира да распореди 10 руски ракетни системи Орешник во Белорусија, објави про-Кремљ новинарот Александар Јунашев на својот телеграм канал Јунашев во живо на 26 декември. Како што пренесува Кијив Индипендент, „Орешник“ е балистичка ракета со среден дострел (IRBM) која Русија ја промовира како експериментално оружје способно да ги заобиколи напредните системи за противвоздушна одбрана. Одговарајќи на ...

Финската крајбрежна стража го пресретна и се качи на рускиот брод „Орел С“ во водите на Финска по сомневањата за нејзина вмешаност во нападот на подморскиот кабел за напојување Естлинк 2. Капетанот на бродот е главен осомничен за инцидентот, објави Вишеград 24 на 26 декември. BREAKING: The Finnish Coast Guard has taken the Russian shadow fleet vessel ”Eagle S” to Finnish waters and boarded it. The vessel’s captain is the main suspect of ...

Во осмото редовно издание на КОЛЕГИУМ, дознајте ексклузивни информации за еден од најголемите меѓународни настани во земјава во 2024 година – конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“. Во ова издание ќе слушнете и жестоки коментари за најактуелните теми во земјата. Стана за недовербата во анкетите и мерењата на политичките рејтинзи и нивната злоупотреба за пропагандни цели. ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57