Граѓаните се жалат на огромната скапотија и дека нема реално намалување на цените со „новогодишната кошничка“. Фронтлајн посети некои од најголемите маркети во Скопје и констатираше дека моменталните цени опфатени со мерката „новогодишна кошничка“ се поголеми од тоа што беa пред 30 дена пред стапување на сила на мерката, односно пред владата да ја најави мерката. Според граѓаните со кој разговаравме, трговците 30 дена пред да стапи мерката на ...

Додека новата Сирија се бори да се обликува, старите закани повторно се појавуваат. Хаосот по соборувањето на Башар ал Асад „го отвора патот“ на таканаречената Исламска држава (ИД) да се врати. Според водечки курдски командант кој помогна да се победи џихадистичката група во Сирија во 2019 година, враќањето веќе започна. „Активноста на Даеш [ИД] е значително зголемена, а опасноста од обновување се удвои“, вели во интервју за Би-би-си генералот ...

Едно лице загина, а девет други се повредени како резултат на руски ракетен напад врз Кијив во утринските часови на 20 декември. Исто така, 630 станбени згради, 16 медицински установи, 17 училишта и 13 детски градинки останаа без топлина во Холосивски. област, градоначалникот на Кијив Виталиј Кличко ја сподели оваа информација на Телеграм, пренесува Укринформ. „Во непријателскиот напад на главниот град беа повредени девет лица. Четворица од нив ...

Владата го повлече од собраниска процедура Предлог на закон за средното образование, второ читање. Ова го соопшти претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Иванка Василевска на денешната седница, на која присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска. Пратениците на Европскиот фронт изразија задоволство од одлуката на Владата и побараа еден час пауза за координација. -Владата со допис од 20 декември ...

ЗОРАН ИВАНОВ Го гледав бриселското интервју во денешниот дневник на МТВ на премиерот Мицкоски и ај што новинарот си молчеше и си ги слушаше неговите изветвени елаборации за идентитетот и за сличните дребулии, а колегата можеше да се прослави, да ја спаси честа новинарска и да го потпраша каде тој денес гледа идентитетска загрозеност, да го потсети дека да, вековно историски како Македонци и како народ македонски сме биле и негирани и понижувани ...

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како ќе се одрази поскапувањето на струјата на стандардот на граѓаните? Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека потрошувачите никој не ги прашува, важно е да се полни џебот на ЕВН и власта, а граѓаните секогаш го плаќаат цехот: Чекајте да замине забавата со Боки и Груби после за струјата Се знае кој е губитникот народот , кој на ...

Маск го менува расположението во Конгресот во драмата што се случи на патот кон двопартиски договор за финансирање на операциите на американската влада и избегнување на делумно исклучување оваа недела. Како што пренесува Би-би-си, конзервативците во Конгресот – охрабрени од технолошкиот мултимилијардер Илон Маск – се откажаа од компромисот. Републиканците се обидоа да се регрупираат во четвртокот попладне, нудејќи нов, намален пакет за ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Кијив. Воедно, Министерството денеска информира дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Кијив. – При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета ...

Дежурно-информативен Центар на ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека во раните утрински часови утре ќе започне 15 часовна санација и на главниот градски водовод во Скопје. „За оваа цел изготвен е оперативен план со кој се предвидува прецизна постапка за овој зафат со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат. Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со ...

Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми. Инцидентот се случил во ОУ „Пречко“ во Загреб. „Денеска, 20 декември, околу 9:50 часот, млад човек со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во образовна институција во Загреб. Напаѓачот е под полициски надзор, а на повредените им е укажана лекарска помош“, соопшти полицијата. Според Вечерњи лист, повредени се седум луѓе ...

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност. Прв на листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор во Пакистан, Акра во Гана, Багдад во Ирак, Кабул во Авганистан, Дака во Бангладеш, Вухан и Ченгду во Кина, Ханој во Виетнам, а на десетто место е ...

Разобличување на руските пропагандисти кои манипулираат со говорот на поранешниот холандски европратеник поврзан со проруската партија Форум за демократија (ФВД), во анализата на Андриј Оленин објавена на Укринформ. Руските медиуми, каналите на Телеграм и ботови на платформи како што се Х, Фејсбук и Јутјуб шират искривена наратив заснована на говор одржан во Европскиот парламент од поранешниот холандски европратеник Марсел де Граф. Членот на ...

Вработени во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од протестот утрово пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата. Во изјави за медиумите, беше посочено дека тие немаат гориво, возила „седат“ во гаража, нема редовна плата, а имаат обврска кон банките да ги исплаќаат земените кредити, а немаат земено ниту К-15, иако тоа законски им следува. Протестот е организиран од ...

Почитувањето на Договорот од Преспа е неопходен предуслов за во некој момент да се отвори европски пат на соседната земја, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на прес конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел и уште еднаш ја истакна потребата да се почитуваат меѓународните договори, јави дописничката на МИА од Атина. На новинарско прашање дека премиерот Христијан Мицкоски во Брисел говорел за Македонци и Македонија, ...

Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ) издаде препораки за граѓаните во врска со најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје. П͟р͟е͟п͟о͟р͟а͟к͟и͟ ͟з͟а͟ ͟г͟р͟а͟ѓ͟а͟н͟и͟:͟ 1.Складирање на вода – Складирајте доволно вода во чисти садови за пиење, готвење и хигиена. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден. – Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. – Наполнете канти, кофи или големи садови со ...

Управниот одбор на Здружението на архитекти на Србија денеска соопшти дека на веб-страницата на Владата на Србија е објавена нецелосна техничка документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, пренесе МИА. „Од документацијата објавена на веб-страницата на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, како дел од идејниот проект е достапен само „Проектот за архитектура“, што е недоволно со оглед на добиените ...

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за прекинот на водоснабдувањето на Скопје во сабота? Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека тие не се сигурни што е дефектот, поправката требало да отпочне порано, а не да се чека две недели, а прашање е и дали ќе се санира според најавеното за едно деноноќие: Ако е дефектот од такви размери да мора да се прекине ...

ВЕСТ НА ДЕНОТ Студентите на милост и немилост – ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град. Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, Министерството ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот вечли дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда. – Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја ...

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил напиша дека имал чест да учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде што се собрале истакнати лидери, претставници на партии и клучни носители на одлуки од цела Европа. – Самитот беше платформа за размена на мислења и идеи за иднината на Европа, особено ме радува фактот што Македонија останува дел од овие стратешки разговори и партнерства. Нашето активно учество на ...

Роџер Касале (Roger Casale), еден од основачите и движечка сила зад Нови Европејци, има истакната кариера што опфаќа бизнис, академија и политика, како во Обединетото Кралство, така и на меѓународно ниво. Тој е магистер по меѓународни односи, со студии на Brasenose College, Оксфорд, и на Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс. Придонесите на Касале за меѓународните односи се широко признати. Во 2009 година, тој ...

Има сомненија кои укажуваат дека има сличности и има некакви врски со бегството на Никола Груевски и Артан Груби. Во кулоарите се зборува дека одредени функционери од претходната власт на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои што се споменува и името на Сашо Мијалков, дека наводно тој му возвратил помош на Артан Груби затоа што он заедно со судијата припомогна да застари предметите „Таргет“ и „Тврдина“, вели во својата анализа за „Фронтлајн“, Љубомир Ѓурчевски, ...

Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град. Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска и до ЈСП „Скопје“, ...

Во 2024 година подзабавивме и не можеме да бидеме горди поради тоа, но во 2025 година треба да забрзаме ако сме навистина сериозни во напорите да го потврдиме местото на Европа на светската сцена, бидејќи имаме малку простор за друг избор, порача претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на прес-конференција по нејзиното денешно учество на Самитот на ЕУ во Брисел. Според неа, во услови на сегашното „чувство на итност“ една од ...

Украинската морнарица и Службата за безбедност на Украина (СБУ) извршија комбиниран напад врз нафтената рафинерија Новошахтинск во руската Ростовска област во текот на ноќта на 19 декември, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина. Руските власти и Телеграм каналите објавија снимки од експлозии и пожар во објектот претходно истиот ден, поврзувајќи го со напад со украински беспилотни летала. Објектот во Новошахтинск е „единствената ...

Кој е виновен за бегството на екс-вицепремиерот Артан Груби откако беше обелоденето дека е вмешан во злоупотреба на службената должност за проневера на над 8 милиони евра во државната Лотарија? По него и екс-директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, МВР распиша меѓународна потерница. Од СДСМ прашуваат дали министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе преземе одговорност за настанот. „Последните информации за бегството на поранешниот прв ...

Украина нема да се согласи да ги намали своите вооружени сили дури и ако Кијив добие покана за членство во НАТО, изјави претседателот Володимир Зеленски на новинарите во Брисел во текот на ноќта на 19 декември, според новинарот на Кијив Индепендент, откако претходно оствари средби со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и францускиот претседател Емануел Макрон. „Демилитаризацијата“ беше едно од неискрените изговори што рускиот претседател ...

Израелските власти намерно ги лишиле палестинските цивили во Газа од соодветен пристап до вода од октомври 2023 година, што најверојатно резултирало со илјадници смртни случаи и со тоа извршиле злосторство против човештвото за истребување и акти на геноцид, се вели во извештајот објавен денеска на Хјуман рајтс воч (ХРВ). Во извештајот од 179 страници, „Истребување и акти на геноцид: Израел намерно ги лиши од вода Палестинците во Газа“, Хјуман ...

Лидерите на Европската унија имаат намера да испратат „јасен сигнал“ до новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на самитот во четврток, за нивната континуирана поддршка за Украина и, исто така, ќе разговараат за безбедносните и економските предизвици предизвикани од неговото враќање во Белата куќа, јавува Ројтерс. Лидерите ќе бидат домаќини на украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на нивните разговори во Брисел и ќе ...

ЗОРАН ИВАНОВ Да не одговориш на ЕУ обврските и да не почнеш да отвораш реформски поглавја под некаков дебилен изговор за некаков загрозен македонски идентитет и за слични глупости не е ниту храброст ниту гордост туку е или кукавичлук или е пресметливо шиткање токму македонскиот идентитет и на македонските национални перспектива зашто еве, кажано и во оваа една реченица, битката за ЕУ не е во гледалиштето или на трибините туку е на сцената или на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
67%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.03
70%
1011
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.2
84%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.0
89%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
59%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57