Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска треба да пристигне во Јужна Кореја, која е зафатена од политичка криза. Блинкен ќе се сретне со својот јужнокорејски колега Чо Те-џул за да разговараат за „сојузот меѓу Јужна Кореја и САД, соработката со Јапонија, прашањата поврзани со Северна Кореја, како и за регионалните и глобалните предизвици,“ соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи. Посетата доаѓа во период на ...

Русија изврши над 300 напади со дронови и лансираше околу 20 ракети, вклучително и балистички, врз Украина во првите три дена од 2025 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на „Телеграм“, пренесува Укринформ. „Нашите сили успеаја да соборат или да ги неутрализираат со средства за електронска војна значителен дел од овие напади. Но, за жал, имаше погодени цели, повредени и загинати. Им изразувам сочувство на ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази загриженост поради поддршката која милијардерот Илон Маск ја дава за крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) во пресрет на парламентарните избори закажани за 23 февруари, пренесува ДПА. Социјалдемократот Шолц, во интервју за списанието „Штерн“, истакна дека не му пречат нападите на Маск кон него или кон други германски политичари, туку дека поддршката на милијардерот за екстремната ...

На 1 јануари 2025 година Романија и Бугарија влегоа во Шенген зоната. Сега Романците и Бугарите че можат да патуваат во Грција без притоа да застанат на граничниот премин каде до пред тоа чекаа во колони возила за влез. Аналитичарите во овие две земји членки на Унијата очекуваат позитивни промени откако тие вчера официјално станаа дел од Шенген-зоната. Пораст на Бруто-домашниот производ, помалку чекање на граница, намалени трошоци за ...

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека е задоволна што поранешниот вицепремиер Артан Груби е на црната листа на САД. Таа во поткаст вели дека за случајот што тој е обележан од американските власти, доказите се на дофат на македонските власти, но како што рече, тие не се орган на прогонот. – Доказите се тука, најголемиот дел од нив, не сите. Може да се отвори случај од она што е достапно тука и во регионот и тоа е она што ние како ...

Во пожар што избувна во зграда во јужнокорејскиот град Сеонгнам, јужно од Сеул, повредени се 35 лица, а повеќе од 300 се евакуирани, јавуваат јужнокорејските медиуми. Локалните медиуми објавија видео од катната зграда обвиена во црн чад, а се претпоставува дека пожарот избувнал од долните катови. Пожарот го зафатил големиот трговски комплекс БИЦ, по што во објектот бил вклучен алармот за пожар. Пожарникарите распоредија 82 возила и опрема јужно ...

Сирискиот министер за надворешни работи, Асад ал Шабани, за време на неговата посета на Ријад, им кажа на саудиските власти дека новото раководство во Дамаск сака да формира влада која ќе ги вклучи сите делови на Сирија. Ал Шабани во објавата на „Х“ рече дека за време на неговата прва посета во странство откако е назначен за министер за надворешни работи, на саудиските власти им ја пренел „националната визија“ на новата влада. -Преку нашата ...

ДРАГАН МИШЕВ Прочитав денес една тажна и загрижувачка информација дека по првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици. Најголем процент од отпишаните ученици се од поголемите, централни училишта од Куманово. Слична, или уште полоша е состојбата и во останатите делови од земјата. За жал, како што информираат од Општина Куманово, овој тренд не застанува и во споредба со минатата година како да бележиме ...

„Бојанчо сам за себе го потпишал документот од АНБ до ДБКИ во кои се тврди дека е безбедносно подобен, МАНИПУЛАЦИЈА е дека Бојан Христовски добил НАТО сертификат за безбедност!“ – вака пишува во својата објава на социјалните мрежи Оливер Андонов поттикнат од веста која ја објавија некои извори што требаа да бидат крај нан звртениот круг на подобност за овој миленик на премиерот Мицковски, кој не само што му ја доверува АНБ, туку сака со неа да ...

ДРАГАН МИШЕВ Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска вчера во Дневникот на Сител изјави дека, според неа, членката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Цвета Ристовска, треба веднаш да си поднесе оставка за случајот со дипломата на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, секако, ако дотичната има и малку морал? „Ова веќе е работа на Обвинителство. Ако оваа членка има и малку морал ...

2025 година за Северна Македонија ќе биде со тензии поврзани со евроинтеграцискиот процес на земјата, а на внатрешен план ќе биде проследена и со предизвици за организирање редовни локални избори, ова се предвидувањата на политичките аналитичари за политичките случувања во земја во текот на 2025 година. – 2025 година за Северна Македонија ќе биде со меѓународна тензија за интегративниот процес како и нов предизвик за организирање на редовни ...

Граѓаните на Србија и денеска им одадоа почит на загинатите во Нови Сад, но и на убиените во Ариље и Цетиње. Акцијата, која се одржа Белград, Нови Сад, Краљево, Ниш, Александровац, Зрењанин и други градови, траеше 29 минути – за 29 жртви. Српските медиуми јавуваат дека дошло до инцидент во пресрет на акцијата, во 11 часот и 45 минути, кога црно БМВ се обидело да вози низ толпата студенти. Според Бета, возачот на џип БМВ нападнал девојка од ...

Основното јавно обвинителство од Битола отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго Од Обвинителството во Битола, вчера за „Независен“ потврдија дека веднаш оформиле предмет. „По објавата по медиумите оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило. Обвинителството ќе се обрати до Здружението ‘Анима мунди’ да ни ги достават нивните ...

Популарната улица Бурбон стрит во Њу Орлеанс повторно беше отворена вчера, еден ден откако ветеран на американската армија удри со пикап во толпа на новогодишна веселба, убивајќи најмалку 14 луѓе. Луѓето претпазливо се враќаа во Францускиот кварт, бендовите во живо продолжија да свират на нивните вообичаени ќошиња, а ожалостените застанаа покрај импровизираниот споменик украсен со цвеќиња и мониста од Марди Гра, пренесува ЊуЈорк Тајмс. ...

Црна Гора е на трето место во светот по бројот на парчиња оружје кое се наоѓа кај граѓаните, изјави потпретседателот на Независниот полициски синдикат на Црна Гора, Ѓорѓије Вукиќевиќ, пренесе МИА. Тој рече дека во Црна Гора легално се вооружени околу 68.000 граѓани, кои поседуваат повеќе од 100.000 парчиња оружје. „Од друга страна, проценките се дека граѓаните нелегално поседуваат најмалку 40.000, или дури и повеќе од 100.000 парчиња оружје. ...

Унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар повика на предвремени избори во новогодишното видео обраќање на 1 јануари, наведувајќи го опаѓањето на популарноста на премиерот Виктор Орбан и обвинувањата за корупција. Орбан се соочува со зголемени критики дома и на меѓународно ниво за неговиот про-московски став, вклучително и противењето на санкциите на ЕУ кон Русија и воената помош за Украина, пренесува Кијив Индипендент. „Нека има нови избори за да ...

Природниот гас престана да тече низ гасоводот што минува од Русија преку Украина во средата, според официјални лица во двете земји. Ефектите од прекинот, иако долго се очекуваа, би можеле да предизвикаат турбуленции низ енергетскиот сектор во Европа и потенцијално да влијаат на способноста на Москва да ја финансира воената агресија врз Украина. На први јануари Украинското Министерство за енергетика соопшти дека го прекина транспортот на руски ...

Албанскиот премиер Еди Рама ја објави забраната за ТикТок на 21 декември, откако 14-годишно момче беше избодено до смрт во ноември од соученик, злосторство за кое локалните медиуми објавија дека се случило откако момчињата се судриле на интернет. Се очекува TikTok да биде симнат во наредните недели. Потегот следи по забраните или делумните забрани во најмалку 20 земји поради грижи за несоодветни видеа или безбедносни грижи поврзани со ...

Преговорите меѓу Израел и Хамас изгледаат сè повеќе заглавени, иако претставници на Хамас вчера се сретнаа со египетските претставници во Каиро за да разговараат за начините за надминување на ќор-сокакот во разговорите за примирје во Газа. Претседателот Бајден треба да ја напушти функцијата на 20 јануари, со што се зголемува веројатноста дека неговиот мандат ќе заврши пред да се постигне договор, пишува ЊуЈорк Тајмс. Во израелски воздушен напад ...

ЖАРКО ТРАЈАНОВСКИ / ИМА Ширум светот беснеат многу повеќе вооружени конфликти отколку што пробиваат во медиумските наслови кај нас. На пример, според Меѓународниот комитет на црвениот крст, во светот денес има повеќе од 120 вооружени конфликти. Женевската академија (на Правниот факултет на Универзитетот во Женева) мониторира над 110 тековни вооружени конфликти ширум светот. Најмногу вооружени конфликти – 45, се регистрирани на Средниот исток и ...

Владата на Венецуела понуди награда од 100.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на опозицискиот претседателски кандидат во егзил, Едмундо Гонзалес. Тој избега од земјата во септември и доби политички азил во Шпанија откако властите во Венецуела наредија негово апсење, обвинувајќи го Гонзалес за заговор и за фалсификување документи, пренесе Би-Би-Си. Гонзалес вети дека ќе се врати во Венецуела пред инаугурацијата на претседателот ...

Израелската разузнавачка агенција Шин Бет и израелското правосудство препорачаа сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на неговото судење за корупција да продолжи во безбедна, подземна судница во зградата на Окружниот суд во Тел Авив. Препораката доаѓа по проценката на Шин Бет дека безбедносните околности, поради кои Нетанјаху бараше да сведочи во безбедна судница во Тел Авив, не се променети, објави Тајмс оф Израел, пренесе МИА. ...

Вчера попладне на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар. Случајни минувачи на патот пронашле четиригодишно дете и го пренеле во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје, а од таму соопштија дека детето е во стабилна здравствена состојба и дека ќе биде под медицински надзор поради начинот на кој се случила несреќата. На местото на несреќата беа упатени полициски ...

Влијанието на вооружените конфликти врз децата ширум светот достигна разорни и веројатно рекордни нивоа во 2024 година, според извештајот на УНИЦЕФ на најновите достапни податоци и преовладувачките светски трендови пред почетокот на 2025 година. Според извештајот, се проценува дека повеќе деца од кога било живеат во конфликтни зони или присилно раселени поради конфликти и насилство. На рекорден број деца погодени од конфликт им се прекршуваат ...

На патарините во државава лани е регистрирана фреквенција на 62.662.988 возила, а наплатата изнесува 99,2 проценти. Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) денеска соопшти дека 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини. Во споредба со 2023 година тоа се 270 милиони денари или над 4.32 милиони евра повеќе. – За намалување на бројот на т.н неплаќачи, ЈПДП во периодот од август до ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп има потенцијал да и помогне на Украина да го запре рускиот диктатор Владимир Путин, пренесе Укринформ. „Трамп има одлучувачки капацитет во оваа војна. Тој навистина може да го запре Путин или да ни помогне да го запреме Путин. Имавме неколку разговори, и состаноци и по телефон. Тој е силен и непредвидлив. Многу би сакал непредвидливоста на ...

Собранието годинава првата пленарна седница ќе ја почне со интерпелации за работата на тројца министри, еден заменик-министер и претседателка на собраниска комисија. Претседателот на Собранието Африм Гаши ја закажа седницата за 10 јануари и таа најмногу може да трае пет дена, зашто за секоја интерпелација пратениците расправаат одделно, а гласањето недоверба за работата на функционерите мора да заврши истиот ден на полноќ, пишува Слободен Печат. ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица. -Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас, стои во објавата на МНРНТ на социјалната мрежа Х. Во Црна Гора, денеска е првиот ден од тридневната жалост ...

Загаден воздух, диви депонии и ѓубришта, реки заробени во мали хидроцентрали, многу вредни природни богатства сѐ уште незаштитени, опасности за биодиверзитетот, континуирана девастација на Охридскиот Регион и историски жаришта. Приликите во 2024 година во животната средина не може да се рече дека се многу поразлични од годините предходно, а и понатаму ова не се врвните приоритети на политичарите и на институциите. Буџетите се ситни, капацитетите ...

Мнозинството Германци ја поддржуваат идејата за меѓународни мировни сили во Украина во случај на примирје, но без учество на германската армија, покажа денеска објавена анкета. Истражувањето на Институтот YouGov за агенцијата ДПА покажа дека 56 отсто од испитаниците поддржуваат испраќање сили во Украина. Но, поддршката за учеството на германските војници во таква мисија е многу помала, а со тоа се согласуваат само 23 отсто од Германците. Од нив ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57