
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Европската комисијата денеска објави јавен повик за избор на организатор на третото издание на Европски фестивал на новинарство и слобода на медиумите, чија цел е зајакнување на дијалогот, соработката и партнерството меѓу новинарите, медиумите, граѓанските организации и медиумските професионалци во ЕУ. Во рамки на Фестивалот, за чија организација годинава е предвиден буџет од три милиони евра, ќе се одржат дебати поврзани со законодавството за ...
Администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден планира да воведе „голем пакет“ санкции за руската флота и поединци во сенка, објави Ројтерс на 6 јануари, цитирајќи извори запознаени со ова прашање. И покрај напорите на Западот да го намали приходот на Русија од нафтата што ја финансира нејзината војна против Украина, Москва успеа да ги заобиколи санкциите и да ја продаде руската нафта над наметнатата ценовна граница од 60 ...
Косово и во Босна и Херцеговина се предупредуваат на бројни опасности доколку нема зголемена посветеност на Европската унија и НАТО, се вели во извештајот на Парламентарното собрание на НАТО. Недостигот од нормализација на односите меѓу Косово и Србија се споменува како најпредизвикувачкиот проблем за регионот на Западен Балкан, пренесуваат косовските медиуми. За ова се повикани НАТО и ЕУ да извршат притисок врз Косово и Србија за спроведување ...
Северна Македонија за првпат во својата историја во 2024 година избра жена за претседател, но годината што ја оставивме зад нас беше обележана со различни проблеми на полето на (не)еднаквоста. И покрај очигледниот напредок, суштинските прашања како што се насилството, дискриминацијата, нееднаквоста, неисполнетите ветувања и многу други продолжија и во текот на целата година. Порталб.мк пренесува дел од главните моменти кои ја одбележаа 2024 ...
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија со јавно писмо ги поддржаа студентите кои ги блокираа факултетите со нивните протести и барања, пренесе РСЕ. „Почитувани граѓани на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитетите низ Србија, цврсто стоиме покрај нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, се вели во писмото од 5 јануари на универзитетските професори во Србија. Тие ги осудија обидите на ...
Адмир Лисица, регионален истражувач за политички односи, Босна и Херцеговина на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“ на Конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права“, 12 декември 2024 година Скопје. Во изминатиот период, во Европа, гледате дека екстремно десничарското движење има голема поддршка од луѓето. И често се прашувам што се случи во Германија, во Холандија, во Италија и во други држави кои даваат ...
Американскиот државен секретар во заминување, Антони Блинкен, на 6 јануари изјави дека украинските позиции во руската Курска област би можеле да играат важна улога во можните разговори со Русија, објави новинската агенција АФП. Администрацијата на Бајден, чиј мандат истекува за неколку недели, ја забрза испораката на воена помош за Украина за да го стави Киев во најсилна можна позиција во потенцијалните мировни преговори. „Нивната (украинска) ...
Измените на Законот за заштита од вознемирување на работното место или носењето на нов закон останува отворено прашање иако иницијативата за измени е започната уште пред три години. Од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА велат дека постапката за анализа на потребата од изготвување на нов закон е почната и е формирана работна група, но досега никој не ги повикал. – Практиката покажа дека законските решенија не обезбедија ...
Хамас одобри израелска листа од 34 заложници кои треба да бидат разменети во евентуален договор за прекин на огнот, објави Ројтерс, цитирајќи официјален претставник на Хамас, пренесе Си-Си-Ен. Израелската влада негираше дека добила листа на заложници од Хамас, но не одговори директно на суштината на извештајот на Ројтерс. Новинската агенција Ројтерс објави во неделата, цитирајќи анонимен функционер на Хамас, дека ослободувањето на заложниците ќе ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен при посетата на Сеул, Јужна Кореја изјави дека Русија планира да ја прошири технолошката соработка со Северна Кореја во замена за испраќање сили за помош на Москва во борбата против Украина. „Северна Кореја веќе има корист од руската воена опрема и обука. Денеска имаме причина да веруваме дека Москва има намера да сподели напредни вселенски и сателитски технологии со Пјонгјанг“, рече Блинкен. Како ...
Внатрешниот промет на храна од неживотинско и животинско потекло, од почетокот на 2024 година заклучно со ноември бил покриен со околу 30 000 контроли кај оператори во рамки на редовните, вонредните и реализирани надзори. Како небезбедни се уништени педесеттина тони храна, за отстранување поради утврдени недоследности се издадени околу 2 000 решенија, а изречени се и приближно 300 парични казни. Анализите на податоците за спроведените надзори во ...
Последниот скандал во Словачка е поврзан со премиерот Роберт Фицо кој исчезна по неговото патување во Москва, но неговото видео на социјалните мрежи во кое ја обвинува Украина за запирање на рускиот гас помогна да се открие неговата локација – луксузен апартман од 5.740 евра за ноќевање во хотелот Капела Ханој, Виетнам. Во овој контекст, неговата месечна плата е 11.200 евра. Словачка веќе 14-ти последователен ден не добива официјални информации ...
По повод масакрот што се случи на 1 јануари во Цетиње, кога беа убиени 12 лица, денеска во Владиниот дом во овој црногорски град се одржа комеморативна седница во чест на жртвите. Комеморацијата започна со минута молчење за жртвите, по што беше нагласено дека ова е еден од најголемите предизвици кои ги погодиле Цетиње и Црна Гора. Градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ, истакна дека со тагата која ги обедини сите, се собрале пред еден од ...
Се очекува канадскиот премиер Џастин Трудо да поднесе оставка како лидер на Либералната партија, потенцијално уште денеска, јави весникот „Глоуб енд Мејл“. Според извори од канадскиот весник, Трудо ќе се повлече пред клучниот состанок на владејачката партија кој треба да се одржи в среда. Не е познато ниту дали Трудо ќе се повлече и од премиерската функција или ќе остане на чело на владата додека не биде избран нов лидер на Либералната партија. ...
Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета која паднала во Јапонското Море, информираат јужнокорејските вооружени сили. Според последните информации, станува збор за ракета со среден дострел. Јапонската крајбрежна стража потврди дека ракетата паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија. Ова е прв ракетен тест на Северна Кореја по два месеца. Тестот беше спроведен во момент кога американскиот државен секретар Ентони Блинкен ...
На 5 јануари руските сили извршија 542 напади врз 12 населени места во областа Запорижја, изјави Иван Федоров, шеф на регионалната воена управа на Запорожје во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. „Непријателот изврши 13 воздушни напади врз Хулиаиполе, Новоандриевка, Новопавливка и Темиривка. Дури 353 беспилотни летала со различни модификации ги нападнале Камијанске, Приморске, Хулиаиполе, Шчербаки, Новоандриевка, Новоданиливка, Мала ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 31 декември 2024 година испратила известување до претседателот на Собранието Африм Гаши дека нема да го потпише указот за прогласување на Законот за заштита на децата, со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. Пратениците го изгласале овој Закон на 24 декември 2024 година во рамки на 27-та пленарна седница, со обично и Бадинтерово мнозинство. Со непотпишувањето на Указот, ...
По вчерашното пуштање во употреба на експресниот пат Страцин-Крива Паланка, денеска продолжија препукувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу тоа чија заслуга е изградбата на овој патен правец. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот поткрепен со видео дека на 1 јули не бил ставен ниту еден метар асфалт на патот Крива Паланка – Страцин, а од опозициската СДСМ со фотографии од ЈПДЈ од асфалтирање на патот во 2023 година уверуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ...
Се појавија нови детали за смртоносниот терористички напад во Њу Орлеанс, во кој загинаа 15 лица. Извори за ABC News велат дека околу 1 часот по полноќ на Нова година, осомничениот Шамсуд-Дин Џабар направил повеќе видеа во изнајмениот пик-ап пред смртоносниот терористички напад во Њу Орлеанс. Надлежните ги прегледуваат видеата со надеж дека ќе им го покажат тајмлајнот на радикализацијата на осомничениот. Најмалку 15 лица загинаа, а десетици беа ...
Во рускиот регион Курск, руските трупи беа неочекувано нападнати од неколку правци, објави Андриј Коваленко, раководител на Центарот за борба против дезинформации (ЦЦД) при Советот за национална безбедност и одбрана, на Телеграм, пишува Укринформ. „Постои значителна загриженост меѓу Русите во регионот Курск, бидејќи тие беа нападнати од неколку правци и тоа беше изненадување за нив. Одбранбените сили активно дејствуваат“, истакна Коваленко. ...
Во 2024 година, дезинформациите како составен дел од малигната пропаганда за манипулација на јавноста низ светот продолжија да се шират со несмален интензитет. Минатава година, на се уште неприкосновените руски лажни наративи и дезинформации како дел од пропагандната војна на Кремљ против Украина и демократскиот Запад, според интензитетот и жестокоста им се приближија дезинформациите од САД кои се однесуваа на претседателските изборите, со ...
Украинските сили го елиминираа Братислав Живковиќ, капетанот на српската четничка дивизија во рамките на руските сили, за време на операцијата во областа Курск. Водачот на српските четници Братислав Живковиќ, познат по неговата улога во организирање барикади на северот на Косово и и организатор на испраќањето српски платеници да се борат во војната во Украина од страна на Русија, загина во руската контраофанзива во областа Курск, пренесуваат ...
Лариса Дир, украинската амбасадорка во земјава, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 1047 ден од почетокот на руска инвазија со објава на својата сметка на Х се осврна на руските воздупни напади со дронови, бомби и ракети врз цивилни цели во Украина. Ден 1047. рф лансираше против Украина во текот на оваа недела над 630 ударни дронови, околу 740 ...
Во сила стапи новата Директива на ЕУ за родова рамнотежа на управните одбори, чија цел е да обезбеди порамномерна полова застапеност во раководните тела на компаниите во сите земји членки на Унијата, соопшти денеска Европската комисија. Како што пренесува МИА, согласно Директивата, сите компании во ЕУ кои котираат на берзите мора да имаат најмалку 40 отсто припадници на „недоволно застапениот пол меѓу нивните неизвршни директори и 33 проценти ...
Околу 1.500 Израелци се собраа денеска во Тел Авив на неделни антивладини протести, барајќи од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната во Појасот Газа и да овозможи враќање на израелските заложници. Шахар Мор, внук на убиениот заложник Аврахам Мундер, во говор на англиски јазик го замоли Трамп „да престане да ја вооружува кампањата за одмазда во Газа“, пренесува МИА. „Потребно ни е да се вратат заложниците. ...
Европската Унија се роди како проект за мир по Втората светска војна и затоа уште еднаш треба да ја зајакнеме европската безбедност за да обезбедиме мир во Европа, во прилог на што оди и мотото на полското претседателство со ЕУ – „Безбедност, Европа!“, порача синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на свеченоста во Варшава по повод преземањето на претседавањето со Европската Унија од страна на Полска, пренесува МИА. – Затоа, ...
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе одликува 19 познати личности со Претседателскиот медал на слободата, непосредно пред крајот на неговиот мандат. Наградата – највисокото цивилно признание во Соединетите Американски Држави – треба да им се додели на фудбалската ѕвезда Лионел Меси, кошаркарската легенда Ервин Меџик Џонсон, модниот дизајнер Ралф Лорен, актерите Мајкл Џеј Фокс и Дензел Вашингтон и рок музичарот Боно од бендот U2, меѓу ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тврди дека потсекретарот на Соединетите Американски Држави (САД) за економски раст, енергетика и животна средина, Хозе Фернандез, му потврдил дека земјата ќе воведе директни санкции за нафтената индустрија на Србија. (НИС). „Потсекретарот Хозе Фернандез и претседателот на Србија Александар Вучиќ разговарале на телефон за бројни билатерални теми, но генерално не ги коментираме деталите од приватните ...
Европската Унија се роди како проект за мир по Втората светска војна и затоа уште еднаш треба да ја зајакнеме европската безбедност за да обезбедиме мир во Европа, во прилог на што оди и мотото на полското претседателство со ЕУ – „Безбедност, Европа!“, порача синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на свеченоста во Варшава по повод преземањето на претседавањето со Европската Унија од страна на Полска. – Затоа, Украина мора да ...
Претседателските и парламентарните избори, промената на власта и стапувањето на новата Влада кај нас, временски се совпадна со предизборниот период за европските избори во Грција, со што индиректно се актуализираше Договорот од Преспа, за кој и Скопје и Атина порачуваат дека е меѓународен договор и мора да се почитува, јави дописничката на МИА од Атина. По двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година и вториот мандат на Нова демократија од 2023 ...