Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, одржа прес-конференција во Бања Лука откако Обвинителството на Босна и Херцеговина утринава издаде налог за негово апсење, јавуваат српските медиуми, пренесува ЦИВИЛ Медиа. „Не би препорачал на СИПА да дејствува. И верувам дека нема. Денеска е свечен ден, мојот роденден, а овој подарок го добив од Сараево“, започна тој и продолжи: „Свечен ден е затоа што денеска го менуваме Уставот на Република ...

Комисијата за социјална политика останува блокирана, иако претседателот на Собранието Африм Гаши за претседавач ја назначи пратеничката од владејачката коалиција „Вреди“ Имрлије Салиу Фетаи откако во понеделникот пратеникот Бејџан Иљас одби да ја извршува оваа функција. Ни на Фетаи не ѝ успеа да го стави на гласање дневниот ред на седницата откако пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ побара дополнување на дневниот ред со Законот за ...

Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“. -На ниво на ЕУ напорно работиме во тесна соработка со Владата на Северна Македонија да се надминат сите преостанати прашања пред да ги отвориме преговорите. Има ...

По завршувањето на изградбата на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“, за што денеска беше поставен камен-темелник, граѓаните од двете страни на границата ќе ја интезивираат културната размена, економската и туристичката соработка, истакнаа учесниците на денешната свеченост што се одржа на брегот на Преспанско Езеро, во непосредна близина на селото Долно Дупени. Според градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, проектот ...

Управата за електронски и поштенски комуникации (АКЕП) официјално побара затворање на пристапот до TikTok во Албанија. Преку е-пошта испратена до сите ентитети на интернет провајдерите (Интернет услуги), АКЕП побара да го блокираат пристапот до TikTok до 13 март, јавуваат албанските медиуми. Владата на Косово начелно ја одобри иницијативата за склучување на рамковен договор за соработка во областа на одбраната меѓу Косово и САД, пренесоа ...

Тулси Габард, директорката за национално разузнавање на САД, на 12 март потврди дека САД продолжиле да споделуваат разузнавачки информации со Украина според насоките на претседателот Доналд Трамп. Како што пренесува Кијив индипендент, овој потег уследи по американско-украинските разговори во Џеда на 11 март, за време на кои двете страни прелиминарно се договорија за 30-дневен прекин на огнот, а Вашингтон ја продолжи воената и разузнавачката ...

Нема да има македонски војници на украинско тло, тоа досега никој не го побарал од нас како држава, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски по посетата на припадниците на Првиот пешадиски баталјон на Армијата во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево. – Како земја-членка на НАТО сме четврта по ред земја во доделена помош за различна опрема за Украина. Она што оваа Влада го направи во изминатиот период е тоа што додели уште ...

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Дали говорот на омраза на социјалните мрежи е насилство или слобода на говор? Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека говорот на омраза го третираат како насилство, некултура и непочитување, но и дека му се дава слобода на тоа насилство да се изрази: Ако е за сите исто тогаш го сметам за слобода на говорот, ако се прават отстапки ...

Управата за јавни приходи денеска ги информираше вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат со земјоделска, со занаетчиска дејност и лицата кои вршат услуги или слободно занимање, кои остваруваат доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Закон за данок на личен доход, дека се наближува крајниот рок за поднесување на Годишен даночен биланс (образец „ДЛД-ДБ“) и ...

Слободан Трендафилов е единствениот синдикалец во светот кој кога се покачуваа плати во образование и во здравство не излезе да поздрави. Тој е единствениот синдикалец во светот кој е на политичко дугме на криминалци од опозицијата СДС, ДУИ и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тој е единствениот синдикалец кој кога се зголемуваа платите на работниците, а ММФ и Светска банка препорачуваа на владата дека е лош и нерентабилен процес, тој како прв ...

Досега 155 патници се спасени, а најмалку 27 милитанти и 12 војници се убиени од средата наутро, откако вооружени милитанти во пакистанската област Белучистан во вторникот го нападнаа експресниот воз Џафар додека патуваше од Квета до Пешавар, со повеќе од 400 патници и зеле голем број од нив како заложници, објавија локалните медиуми, пренесува WION news. Меѓу ослободените има и 17 повредени патници, кои се примени на лекување во болница. Во ...

Капетанот на товарниот брод Солонг, кој беше уапсен откако удри во танкер со нафта кај брегот на Англија е руски државјанин, изјави во средата сопственикот на бродот Ернст Рас, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Британската полиција во вторникот отвори кривична истрага за несреќата и уапси 59-годишен маж под сомнение за убиство од небрежност. Портпаролот на Ернст Рас изјави за Си-Ен-Ен дека уапсениот е капетан на Солонг и дека е руски ...

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили е осуден на дополнителни девет години затвор за наводна голема проневера на државни средства, одлучи Градскиот суд во Тбилиси, како што објави грузискиот сервис на РСЕ/Радио слобода на 12 март, пренесува Кијив индипендент. Судијата Бадри Кохламазашвили го прогласи Саакашвили за виновен за злоупотреба на 9 милиони лари (околу 5,4 милиони долари во тоа време) од државниот буџет во периодот од мај ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за KoSSev изјави дека Приштина треба да биде предвидлива и да не прави еднострани потези и дека Белград треба да утврди одговорност за настаните на северот на Косово од 2023 година. Тој е убеден, како што рече, дека претседателот на Србија тоа го сака и не се сомнева дека ќе работи на тоа. Умерено оптимист, со оглед на тензиите во регионот – ова е главниот впечаток на генералниот секретар на ...

Извршниот одбор на Народната банка на редовната седница одржана на 11 март 2025 година одлучи да ги задржи каматните стапки непроменети, оценувајќи дека тековната монетарна поставеност е соодветна на економските услови и ризиците кои сè уште постојат. Како што соопшти НБРСМ, главен акцент при носењето на одлуката бил ставен на инфлациските движења и ризиците од глобалното и домашното окружување. Според најновите податоци, просечната инфлација за ...

По повод најавениот голем собир во Белград на 15 март, за кој претседателот на државата предвидува „големо насилство“ и најавува апсења, Европската унија (ЕУ) вели дека темелните вредности „се во сржта на нашиот заеднички европски проект и треба да се почитуваат“, пренесуваат српските медиуми. Исто така, се додава дека учеството на граѓаните игра витална улога во развојот на здраво и демократско општество, вклучително и промовирање на ...

ВОЈО МАНЕВСКИ Светот се менува пред нашите очи, а кој ќе биде резултатот ќе се покаже како и многу пати во историјата, после одреден рок. Секој систем пропаѓа најмногу поради сопствените противречности вградени во него. Либерализмот имаше една структура, а пост- либерализмот почна да станува негација на основата. Што би рекле моите сограѓани, „на празен стомак торта не оди ,треба прво лебче да се касне“. Популизмот како резултат на ...

Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски. Како што соопшти судијата Ивица Стефановски на рочиштето одржано на 5 март, прв ќе биде сослушан Манев, потоа Видевски, Кешишев, Ѓорчевски и на крај Палевски. На изминатото рочиште одбраната на Палевски ...

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството за дигитална трансформација кои ги добил сопругот на државната секретарка, Гордана Клинчарова. СДСМ го поздрави брзото постапување ДКСК, која, како што велат, оформила предмет за случајот со судирот на интереси, непотизам и корупција поврзан со тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка во ...

Денеска во Џеда, Саудиска Арабија – под милосрдното гостопримство на престолонаследникот Мохамед бин Салман – Соединетите Држави и Украина презедоа важни чекори кон враќање на трајниот мир за Украина, се вели во заедничката изјава за резултатите од средбата на делегациите на Украина и САД што ја објави Украинската амбасада во Северна Македонија. Претставниците на двете нации ја пофалија храброста на украинскиот народ во одбрана на својата ...

Рускиот ракетен терор врз цивилите и цивилната инфраструктура низ Украина не запира и покрај вчерашните американско – украински мировни разговори, во кои Кијив прифати 30 дневно примирје. Во руските напади во текот на изминатиот ден низ Украина загинаа најмалку 14 цивили, а повредени се најмалку 33 , објавија регионалните власти на 12 март. Како што пренесува Кијив индипендент, меѓу жртвите има деца и сириски членови на екипажот на трговскиот ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги посети КФОР, мисијата предводена од НАТО во Косово и Советодавниот тим и тим за врски на НАТО (НАЛТ) во Приштина на 11 март 2025 година, соопшти прес службата на Алијансата. Во вторник, 11 март 2025 година, Северноатлантскиот совет, со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, ги посетика КФОР, мисијата предводена од НАТО во Косово и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека се надева дека ќе разговара со Владимир Путин во следните неколку дена, додека американските власти се подготвуваат да отпатуваат во Москва подоцна оваа недела за да разговараат за понудата за прекин на огнот од 30 дена, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека „топката е во нивниот [руски] терен“. Кремљ допрва треба да даде одговор, но ...

Про-бизнис опозициската партија на Гренланд, Демократит, победи на парламентарните избори во вторникот, поттикнати од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз најголемиот остров во светот, кој е полуавтономна данска територија. Демократит, кој се залага за постепен пристап кон независноста на Гренланд од Данска, обезбеди 29,9 отсто од гласовите, што е голем скок од 9,1 отсто што ги освои на изборите во 2021 ...

Централно – десничарската опозиција во Гренланд победи на општите избори, покажуваат речиси целосните резултати, во гласањето во кое доминираше ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на автономната територија од Данска, објави Би-би-си,пренесува ЦИВИЛ Медиа. Со преброени повеќе од 90 отсто од гласачките ливчиња, партијата Демократит – која се залага за постепен пристап кон независноста – добива речиси 30 отсто од ...

ЕРОЛ РИЗАОВ Секој ден ги гледаме лошите и трагични последици од лажните ветувања на лажните патриоти. Илузијата на власта од „новото нормално“ стана неподносливо ненормално иако сѐ уште прилично немо и исплашено јавноста молчи за институционалниот хаос во државата. Ветија повисоки демократски дострели, остварија неограничена моќ и уривање на уставниот поредок. Се заколнаа на Уставот, а го деградираа политичкиот и економскиот систем гарантиран со ...

Трансплантација на бубрег чекаат околу 160 пациенти во државата. Во моментов на дијализа одат 1.657 пациенти во 23 центри за дијализа, распоредени низ 17 градови. Најмладиот пациент на дијализа имал само четири години и тој, за среќа, сега веќе е трансплантиран. Најмладиот пациент кој посетува центар за дијализа има 13 години. Од Здружението на бубрежно болни „Нефрон“ бараат креирање на глобална стратегија за справување со бубрежните заболувања, ...

ВЕСТ НА ДЕНОТ Кривична за 11 лица, меѓу кои Капушевски, Јахоски и бегалецот Ковачевски, полицијата пронајде пиштоли, муниција, телефони, возила Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал поднесе кривична пријава за Капушевски и Асмир Јахоски и уште против 11 лица кои се сомничат за сомнителна набавка на деривати. Едно лице е во бегство и едно лице е во притвор, а при претресите пронајдена е ...

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба до правосудната полиција да ги уапси претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ). Во наредбата за приведување се товарат дека сториле кривично дело „напаѓање на уставниот поредок“. Наредбата беше издадена на денот кога Националното собрание на РС ...

Тарифите наметнати од претседателот Доналд Трамп за челик и алуминиум увезени во САД стапија на сила Мерката ја зголемува рамната царина за челик и алуминиум што влегуваат во САД на 25% и става крај на сите ослободувања на земјата од давачките Тоа предизвика итен одговор од Европската унија, која рече дека ќе воведе контра тарифи за американска стока во вредност од 26 милијарди евра (21,9 милијарди фунти, 28,3 милијарди долари). Трамп се надева ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
32%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
2.57
39%
1016
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
48%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 28ᴼ
2.06
32%
1016
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
0.72
20%
1014
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 23ᴼ
0.51
65%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
8.75
29%
1013
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
25%
1016
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
32%
1015
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
2.06
46%
1015
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
8.23
100%
1014
Currency

61.535

Currency

52.6621

Currency

71.2087

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14953.50

Рутениум

25334.79

Калај

33.65

Сребро

1251.41

Злато

107918.47

Бакар

11.21

Паладиум

39031.01

Платина

46572.27

Родиум

183259.26

Цинк

2.74