
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Децата се најчести жртви на повреди, трауми и несакани трагедии од употребата на распрскувачки материјали и несовесна употреба на оружје, несакани жртви поради брзо возење под дејство на алкохол или наркотични средства, како и физички пресметки за време на новогодишните празници. ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали децата се безбедни за време на новогодишните празници? Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да ...
ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите дали треба да се забрани ТикТок и во нашата земја? Според пристигнатите над 300 пораките и коментарите што ги испратија нашите читатели може да се заклучи дека речиси сите се едногласни во нашата земја да се забрани ТикТок., додека еден дел смета дека проблемот е едукацијата и домашното воспитување. Обавезно, што побрзо, подобро е за мкадите, иначе катастрофа ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека разговарале со министерката за образование Весна Јаневска и најави можност за реалоцирање средства со цел да се обезбеди бесплатен автобуски превоз за студенти за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)-Скопје. Мицкоски оваа најава ја соопшти од Црешово во Општина Гази Баба, каде беше на свечено пуштање на употреба на спортска сала. – Овие средства во разговор со министерката ги предвидовме за ...
Осум Палестинци, меѓу кои и две жени, загинаа за време на израелска воена операција во два бегалски кампа во областа на градот Тулкарем, на северниот дел од окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува МИА. Израелската армија тврди дека „елиминирала терорист“. Военото крило на „Хамас“ потврди дека меѓу загинатите во операцијата се двајца нивни борци. Израелската армија соопшти дека нивен командир е ...
Доколку трговците нe покажат поголема општествена одговорност и не ги намалат цените на основните производи кои не се во Новогодишната кошница ќе донесеме поригорозни мерки како ограничување на профитни маржи и цени, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што истакна на денешната прес – конференција, екипите на Државниот пазарен инспекторат се на терен и прават анализи како се движеле цените во изминатите три месеци. ...
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска ...
По повод двата најголеми христијански празници, Рождество Христово-Божиќ и Христовото воскресение – Велигден, Свештената бигорска Обител, секоја година се обраќа до јавноста и повикува на солидарност, милостивост и автентично прославување на празниците. За таа цел и сега апелира до сите правни субјекти, односно до сите трговци и сопственици на маркети и на големопродажни објекти, да се вклучат конструктивно и сеопфатно во иницијативите за ...
Пакистански беспилотни летала и борбени авиони ги нападнаа камповите на исламистичките милитанти во соседен Авганистан, убивајќи неколку борци кои наводно стојат зад смртоносните прекугранични напади во последниве недели, изјавија денеска извори. Воздушните напади беа извршени вчера во провинцијата Пактика, која се граничи со Пакистан, изјавија тројца разузнавачи за ДПА, пренесува МИА. Најмалку четири засолништа што ги користеа пакистанските ...
Патнички авион се урна во близина на градот Актау во казахстанската област Мангистау, соопшти Министерството за вонредни состојби на Казахстан. Според медиумските извештаи, во авионот имало најмалку 67 патници и пет члена на екипажот. Авионот на Азербејџан ерлајнс летал од Баку кон Грозни во Чеченија, Русија, но бил пренасочен поради магла во Грозни. from the #Crash site of a passenger plane in #Aktau, #Kazakhstan Preliminary, there are ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ Груби ќе оди во притвор, Кривичен му ја одби жалбата Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор од 30 дена, информираат од Судот. ИЗЈАВА НА ...
Новогодишната честитка од ЦИВИЛ за 2025 година ја носи пораката: За демократија, солидарност и човекови права. Избор на фотографија за честитката е протест во Тбилиси на 28 октомври годинава, по украдените избори со кои прорускиот грузиски режим се обидува да ја задржи власта по пат на брутална пресметка меѓу полицијата и демонстрантите. Фотографијата е од Јелгер Гроневелд CC BY 2.0. На честитката е и кодот кој води кон специјалната веб страница ...
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави мислење до Основниот кривичен суд Скопје за примената на Законот за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“. Во мислењето се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, особено ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани. Како што соопштуваат од Обвинителството, мислењето е донесено врз ...
Денеска се навршуваат 12 години од „црниот понеделник“ кога пратениците на ВМРО ДПМНЕ од Собранието на Република Македонија насилно ги избркаа новинарите и пратениците од опозицијата која се спротвставуваше на владиниот предлог-буџет за 2013 година. На тој „црн понеделник“ пред 12 години, прво собраниското обезбедување ги отстрани новинарите, некои и со употрба на сила, од галеријата каде што беа сместени, наводно поради „безбедносни причини“, ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор од 30 дена, информираат од Судот. На 17 декември Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на поранешниот ...
Беше јуни 2021 година кога мојот телефон првпат заѕвони со повик од руски број. Работев од дома, седев на трпезариската маса во средината на попладневните часови и се сомневав дека е спам. Наместо тоа, тоа беше Пол Вилан. Тој телефонски повик беше првиот од десетината што ги добив од притворениот Американец, бидејќи тој помина повеќе од пет години во руски притвор пред неговото ослободување во август, како дел од историската размена на ...
Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое обвинет за „злоупотреба на служена положба и овластување“ е кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, по пријава поднесена од кумановски градежни фирми за случајот за недобивање дозволи за градење згради во Куманово. На денешното рочиште на предлог на адвокатот на Димитриевски беше презентиран вештиот наод од област на урбанизмот. Вештото лице кажа дека градоначалникот и ...
Невладините организации во Србија денеска поднесоа кривична пријава против полицијата и Безбедносно-информативната агенција (БИА) по извештајот на „Амнести интернешенел“ (Amnesty international) дека српските власти употребиле шпионски софтвер за следење на новинари и активисти. АИ во извештајот од 16 декември наведува дека открила наводна илегална примена на шпионски софтвер кој „на српските власти им пружа големи можности за надзор, кога ќе ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. На денешната седница, ДКСК утврди дека Христовски ги исполнува условите за именување според Законот за АНБ, но истакна дека нема надлежност за директна експертиза на дел од документите. Според пријавите, постојат ...
Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е одложено за 23 јануари откако на денешното судење Јавното обвинителство дало мислење за примена на Законот за амнестија за обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Трајко Вељановски, а истото не се однесува на обвинетиот Владимир Атанасовски. Како што информираат од Кривичен суд за МИА, Судот мислењето го доставил до странките во постапката и рочиштето се одложило за 23 јануари до кога треба ...
Последната анекета направена за довербата на граѓаните во новата Влада што МКД. мк ја нарача од Маркет Вижн покажува дека 38,9% од испитаниците се задоволни од новата власт. Опозицијата ја смета за лажна анкета. Истовремено, медиумите укажуваат и на висок рејтинг на Мицкоски што го покажуваат и анкетите на ИПИС. Но колку може да им се верува на анкетите и рејтинзите, ако се знае дека клиент токму на истите консултантски компании е и Владата на ...
Новата проевропска коалициска влада на Романија предводена од социјалдемократскиот премиер Марсел Чолаку синоќа положи заклетва во романскиот парламент. Полагањето заклетва и свечената прва седница на владата следеше откако парламентот од 466 места ја одобри новата влада со 240 гласа за и 143 против, пренесува МИА според објавите на романските медиуми. Претседателот Клаус Јоханис го назначи Чолаку за премиер откако три прозападни партии ...
Членови на тимот за претседателска транзиција на Доналд Трамп подготвуваат терен за повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО) на првиот ден од неговиот втор мандат, изјави експерт за здравствено право. „Имам сигурни информации дека планира повлекување, најверојатно на првиот ден или многу рано во мандатот“, изјави за Ројтерс Лоренс Гостин, професор по глобално здравје на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон и директор на ...
Германија е наш најголем трговски партнер и секако кризата во оваа држава се одразува и врз македонската економија. Експертите не очекуваат следната година да биде нешто многу поразлична од претходните две во овој поглед, а од текстилната индустрија веќе ги чувствуваат последиците со намалување на извозот за 20-тина проценти. Од Германската стопанска комора, пак, уверуваат дека кризата во Германија нема да се рефлектира врз работните места во ...
Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски изјави дека одлуката на Прага да ги прекине владините консултации со Словачка се покажува како исправна по неодамнешната посета на словачкиот премиер Роберт Фицо на Москва и средбата со „масовниот убиец“ Владимир Путин, објави Укринформ повикувајќи се на страницата на Липавски на социјалната мрежа Х. „Чешката влада беше таа што обезбеди независност од руските енергетски испораки, за да не мораме ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека премиерот на Словачка Роберт Фицо има намера да му помогне на Путин да заработи пари за финансирање на војната. Како што пренесува Укринформ, претседателот Зеленски оваа изјава ја даде на социјалната мрежа Х. Според Зеленски, по средбата во Москва, Фицо и Путин се воздржале од заеднички изјави или да одговараат на прашања на медиумите. Тој сугерира дека избегнуваат јавни коментари за ...
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, кој беше изведувач на изградбата на 400 киловолтниот далновод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница, информираат од АД МЕПСО. -До неодложно раскинување на договорот доведе неисполнувањето на обврските од страна на изведувачот и барањата на изведувачот за дополнителни плаќања поради значителното зголемување на трошоците за материјали и услуги. Тоа доведе до ...
Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) оствари средба со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за можноста за укинување на бесплатниот превоз за студентите во главниот град. – За да продолжи бесплатниот превоз за студентите, потребно е Владата на Република Северна Македонија да донесе поединечна одлука со висината на средства што ќе се релоцираат за таа цел. Со оваа мерка ќе ...
Неколку десетици илјади луѓе се собраа во Белград на голем протест против популистичкиот претседател на Србија, Александар Вучиќ и неговата влада, чие цврсто владеење беше оспорено со неколкунеделните протести предводени од студентите, пишува Јутарњи лист. Собирот во Белград, кој го организираа студентите, започна со 15-минутно молчење во чест на 15-те загинати, а меѓу присутните имаше земјоделци, актери и други граѓани од цела Србија. ...
Кремљ ја засилува својата програма за популаризирање на службата во руската армија меѓу младите луѓе со цел долготрајна војна против Украина и можни идни вооружени конфликти со западните земји, се наведува во извештајот на Институтот за проучување на војната (ISW). Според извештајот, рускиот диктатор Владимир Путин продолжува да ја проширува мрежата на програми за воено-патриотско образование за младите луѓе во Русија и привремено окупираните ...
Американскиот претседател Џо Бајден им ги ублажи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт, менувајќи ја нивната казна во доживотен затвор без помилување. Тројцата исклучени од мерката го вклучуваат бомбашот на Бостонскиот маратон и човекот кој уби еврејски верници во 2018 година, пренесе Би-би-си. Во изјавата, Бајден рече дека е „поубеден од кога било дека мораме да ја запреме употребата на смртната казна на федерално ниво“. Неговата ...