
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Александар Мартиновиќ уби 12 сограѓани во Цетиње, Црна Гора, што претставува најтешкото масовно убиство во земјата, известуваат црногорските медиуми, пренесува ЦивилМедиа. Четири лица се ранети и се наоѓаат во тешка состојба, додека сторителот на злосторството, Мартиновиќ, изврши самоубиство. Жртвите ги убил на пет различни локации. Според анализата на црногорскиот Портал Аналитика, до вчера, најтешкото масовно убиство во Црна Гора беше она што ...
Најмалку 2.200 лица загинаа или исчезнаа во Средоземното Море во 2024 година, при што речиси 1.700 од нив загинале по централниот средоземноморски пат, изјави регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Реџина де Доминчис, пренесе италијанската новинска агенција АНСА. Де Доминчис, која е специјален координатор за бегалците и мигрантите во Европа, изјави дека меѓу жртвите има стотици деца и тинејџери. Податоците беа објавени по ...
Во израелски воздушен напад врз шаторски камп во кој се сместени раселените семејства во јужниот дел на Газа загинаа најмалку 11 Палестинци, вклучително и началникот на полициските сили на територијата под контрола на Хамас, велат медицинските лица, пренесе Би-Би-Си. Според нив, три деца и две жени се меѓу загинатите во Ал-Маваси, западно од градот Кан Јунис. Министерството за внатрешни работи, управувано од Хамас, го осуди, како што го нарече, ...
Учениците во основните и средните училишта се на зимски распуст и на настава ќе се вратат на 20 јануари. Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани. За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се ...
Германија се соочи со серија инциденти во хаосот предизвикан од новогодишните прослави, откако пет лица беа убиени од нелегалните пиротехнички направи, а 400 беа уапсени додека демонстрантите предизвикаа хаос низ целата земја. Низ земјата беа забележани голем број огномети на јавни места, а во Берлин имаше силни детонации на новогодишната ноќ. Од експлозија на нелегална „топка бомба“ е тешко оштетен станбен објект. Меѓу загинатите е и 24-годишен ...
Руските напади со балистички и друг тип ракети и огромен број дронови не само што не престануваат, туку се интензивираат од Божиќ наваму. Ниту на новогодишната, како ни изминатата ноќ, рускиот агресор не мируваше. Додека светот се веселеше и славеше Нова година, рускиот агресор ги напаѓаше цивилите, нивните домови и критичната инфраструктура. Во изминатите 24 часа, руските воздушни напади врз цивилите ранија шест и убија четири лица, соопштија ...
Најмалку 15 лица загинаа, а десетици беа повредени кога возач удри со пикап-камион во толпа луѓе на улицата Бурбон во Њу Орлеанс рано на новогодишниот ден, објави Си-Ен-Ен, Си-Би-Ес и други медиуми, пренесе ЦивилМедиа. ФБИ ја истражува нападот како „терористички акт“ и соопшти дека не верува дека возачот бил „единствениот одговорен“. ФБИ го идентификуваше осомничениот како маж од Тексас и воен ветеран. Роден е во Бомонт, Тексас. Дипломирал на ...
Познат е идентитетот на лицето кое управуваше со пик-ап камионот кога намерно влета во голема толпа која слави Нова година во областа Борбон Стрит во Њу Орлеанс, рано во средата, убивајќи најмалку 10 лица и повредувајќи најмалку 35 други, соопштија властите, објави Вашингтон Пост, пренесе ЦивилМедиа. ФБИ изјави дека крвавиот инцидент се истражува како терористички акт. Возачот е идентификуван како Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишен државјанин на САД ...
Романија и Бугарија, по 13 години чекање, на 1 јануари станаа полноправни членки на Шенген зоната, објави РСЕ. Во март 2024 година беа укинати контролите на воздушните и поморските пристаништа, а кон средината на декември овие две земји добија согласност од нивните европски партнери да ги укинат контролите и на копнените гранични премини. Влезот во Шенген зоната се означува на граничните премини на полноќ на 31 декември. За Бугарите и Романците ...
Ресорот здравство изминатата година го мачеа хроничните болести кои веќе одамна ги има, а патем закачи и нови бактерии, му колабираа белите дробови па сега како да функционира „на апарати“, се вели во анализата на новинската агенција Мета.мк. За сите овие болести, сè уште се бара лек. Годината ја одбележаа низа случувања во најважниот ресор во државата (заедно со образованието), меѓу кои епидемија на веќе истребена болест, колапс на ...
Ако за правосудството во 2023 година се зборуваше низ призма на одложена и застарена правда, во 2024 главниот збор беше – реформа. Единствениот орган за избор, оценка и контрола на работата на судиите и чуварот на довербата на граѓаните кон судството – Судскиот совет, годината ја почна со претседателски „рокади“, а ја заврши со празно столче на функцијата претседател на Советот и закажана седница за избор на нов претседател на 3 јануари оваа ...
ФБИ го истражува смртоносниот инцидент во Њу Орлеанс како „терористички чин“, се вели во соопштението на бирото, објавија Си-Ен-Ен и други извори, пренесува ЦивилМедиа. „Утрово, поединец влета со автомобил во толпа луѓе на улицата Бурбон во Њу Орлеанс, убивајќи голем број луѓе, а рани десетици други. Тогаш субјектот влезе во конфликт со локалните органи за спроведување на законот и сега е починат. ФБИ е водечката истражна агенција и ние работиме ...
Стоејќи босонога во калта со празен лимен сад во раката стои во долгата редица кај водната станица во централна Газа, Палестинката Алаа Ал-Шавиш е исплашена од зимата, се вели во извештајот на Си-Ен-Ен од Деир Ал-Балах, Газа, пренесува ЦивилМедиа. За трагичните последици од острата зима во Газа, известува и Ал Џезира, која објави и ексклузивна видео репортажа од импровизираните кампови на раселените Палестинци, кои се соочуваат со бомбардирање, ...
Нашиот колега, Драган Мишев, е на дочек на новата година во Солун од каде што испрати неколку фотографии. Во кратката размена на пораки во заедничкиот чат, првиот впечаток што го сподели Драган со нас беше – „веќе со часови сум во Солун, а ниту една петарда не слушнав да пукне“. „Луѓето пуштаат лантерни во облик на срце, кои потоа се креваат нагоре, како лампиони закачени на небото“, опишува Драган. 1 - + Нашиот колега вели дека ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето инспиративно новогодишно обраќање ја истакна отпорноста, единството и решителноста на украинскиот народ во борбата против руската агресија. Стоејќи пред споменикот „Мајка Украина,“ тој ги сумираше достигнувањата, предизвиците и аспирациите на нацијата. Еве ги клучните моменти од обраќањето на претседателот Зеленски, објави ЦивилМедиа. Ослободување на заробеници: Украина во 2024 година ...
Тринаесетгодишно дете со тешка повреда на раката предизвикана од петарди е примено во новогодишната ноќ на скопската КАРИЛ. Тоа веднаш е оперирано, но ќе остане со траен инвалидитет, велат лекарите, објави ТВ Телма. Според извештајот на телевизијата, со полуоткинат прст останал и битолчанец кој синоќа палел огномет. И врз него е извршена интервенција во Клиничката болница во Битола, а лекарите успеале да му го спасат прстот. Само за еден месец ...
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, објави дека ќе биде формирано ново тело за владина ефикасност што ќе го предводи најбогатиот човек на светот, Илон Маск. Оваа објава, Трамп ја искористи за да им одговори на критичарите дека Маск ќе ја води државата, често нарекувајќи го „претседателот Маск“, објави ЦивилМедиа. Трамп беше ироничен во својата изјава, и се обиде да ја сврти ситуацијата на шега. Тој рече дека Маск не може да биде ...
Најмалку 10 лица загинаа, а 30 беа повредени кога возач со пикап-камион удри во толпа за време на прославите на Нова година на улицата Бурбон во Њу Орлеанс рано во средата наутро, објавија Си-Ен-Ен и други извори, пренесува ЦивилМедиа. Според понови, непотврдени, информации, бројот на мртви се искачил на 12, а постои веројатност дека ќе порасне. BREAKING: A truck crashed into a crowd on Bourbon Street in New Orleans, and then the driver got out ...
Украина ја спроведе во дело најавата дека ќе го запре транспортот на рускиот гас до Европа преку својата територија, откако во средата истече клучниот договор со Москва, објави Си-Ен-Ен, пренесува ЦивилМедиа. Одбивањето на Украина да го обнови договорот за транзит беше очекуван, но симболичен потег по речиси три години војна за одбрана од руската целосна инвазија. Оваа одлука доаѓа откако Европа веќе драстично го намали уделот на Москва во ...
На денешен ден, на 1 јануари 2012 година, почина првиот претседател на самостојна и независна Република Македонија, Киро Глигоров, на 94 години во својот дом во Скопје. Тој одигра важна улога во процесот на политичкото осамостојување на земјата и за нејзиното меѓународно признавање. По референдумот одржан на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава, Глигоров на 25 јануари 1991 година е избран за прв ...
ВМРО – ДПМНЕ повторно ја води државата. Два нови политички чинители на сцената – коалицијата „Вреди“ и партијата „ЗНАМ“. СДСМ и ДУИ се во опозиција. Високи функционери на ДУИ осомничени за криминал и корупција. Граѓаните на мака како да се врзе крај со крај во месецот. Ретроспектива за 2024 година, пишува Огнен Чанчаревиќ за Глас на Америка. Политичката пресвртница која ја донесоа претседателските и парламентарните избори кои се одржаа во април ...
Гласањето на изборите низ Европа во 2025 година навестува значајни политички промени – предвремените, брзи парламентарни избори во Германија, претседателската трка во Романија и Полска, како и подемот на популистичките сили во Чешка, Норвешка и пошироко. Овие изборни процеси би можеле да ја променат иднината на Европската унија. Еуроњуз подготви преглед на клучните изборни процеси на европскиот континент во 2025 година, пренесува ЦивилМедиа. ...
Рускиот претседател Владимир Путин се пофали со достигнувањата на неговата земја во новогодишниот говор, велејќи дека Русите треба да бидат „горди“ на она што Русија го направи за време на неговиот четврт век на власт, објави Кијив Пост. Путин се обрати до руската јавност точно 25 години откако тој ја презеде функцијата од својот претходник Борис Елцин. Тој не ја спомна експлицитно речиси тригодишната „специјална воена операција“ во Украина, ...
ЏАБИР ДЕРАЛА На 1 јануари 2025 година светот ќе се приближи до средината на најтешката декада од крајот на Втората светска војна наваму. Живееме во декада кога неизмерно богатите и моќните, агресорите и злосторниците, тираните и нивните слуги – направија сѐ за да ги убедат луѓето дека се мали и безначајни. Живееме во декада кога лагите, манипулациите и омразата се претставуваат како вистина, заштита на јавниот интерес и патриотизам. Истовремено, ...
Руски проектили и беспилотни летала повредија најмалку едно лице и оштетија станбени згради и инфраструктура во областите Кијив и Суми на 31 декември, објави Кијив Индепендент. Руските трупи лансираа 21 проектил, вклучувајќи шест балистички проектили Искандер, една балистичка ракета Кинжал и 40 беспилотни летала во текот на ноќта, 30-31 декември. Една жена во Кијивската област била повредена откако остатоци од проектил го оштетиле покривот на ...
ДЕСТАН ЈОНУЗИ 2024 година, како и во сите општествени дејности, беше динамична и за новинарството како хумана професија, која во времето во кое живееме, освен што е опозиција на власта, мора да биде и опозиција на опозицијата. Предизвиците со кои се соочуваат новинарството и новинарите ја прават „борбена“ професија. За Фронтлајн и покрај сите предизвици, годината што ја оставаме зад себе е исклучително динамична и успешна. Ова се 10-те написи ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Потерницата, со фотографија на Ковачевски, е објавена на веб страницата на МВР. -Ковачевски се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈОГОКК Скопје со Наредба бр.KO бр. 108/24 од 30.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.353-в, ст.2 вв ст.1 од КЗ на РСМ, се наведува во потерницата. ОЈО ГОКК ...
Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2024 и ќе ја пречекаат Новата 2025 година. Новата година први ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2025-та последен, 26 часа подоцна, ќе влезе американскиот Бејкеров Остров (1 јануари во 13 часот по македонско време). ...
Бесплатениот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје обезбедени со релоцирање од буџетот на Министерството за образование и наука. – Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната ...
Земјите членки на НАТО донесоа одлука за зајакнување на военото присуство на Алијансата во реонот на Балтичкото Море. Ваквата одлука е донесена на средбата на постојаните претставници на земјите членки при НАТО посветена на безбедноста на критичната инфраструктура во Балтичкото Море, по оштетувањето на подморските кабли што ги поврзуваат Естонија и Финска на 25 декември. Во соопштението од средбата се посочува дека сојузниците изразиле целосна ...